не з аџабе се вика одмор.. кога одам на одмор сакам максимално да се одморам да не се ограничувам во ништо, да правам тоа што ќе ми дојде на памет, и секако најубаво да си поминаам.. кога одам на одмор за мене нема замор!
"Одмор во вистинска смисла на зборот плажа, релаксација, станување порано и уживање на утринските зраци, убаво неколку часовно спиење, читање книги, кафиња за уживање, пливање, вечерни мали прошетки и јадење во ресторани и комплетно одмарање на организмот од стресот цела година кој не следи" E дефинитивно ова за мене е одмор.
Комбинација и од двете. Да, сакам да се одморам од се околу мене, да се опуштам на плажа со некоја добра книга, коктел, убаво да се наспијам, да уживам во природата и уште еден куп други работи... Но, понекогаш ми е потребен и "замор" од типот на излегувања до доцна со друштво, некогаш и така си ги полнам батериите.
Kога одам на одмор буквално сакам да си се одморам да одам на плажа,да се сончам да се релаксирам по цел ден,навечер онака да си прошетам да седнам на некои помирни места,избегавам кафичи кога сум на одмор,значи си се релаксирам тие неколку дена на одмор
И таков и таков одмор. Со друштво сакам замор. Да се изнапијам, изнаиграм и о од одмор да не видам. Пиење, журки, дотерување, плажа и единствена нервоза со кои штикли да го искомбинирам ова? Одмор кој ме опушта и ме спрема за во школо ми е со мама и тато. Со прст не мрдам и за ништо не ми е гајле. Ама и тоа заврши, не верувам дека пак ќе може да се дозволи такво нешто.
zavisi so koj si kako si i tn ako si so semejstvo so partnerka togas da toa e odmor no ako si samo masko ili samo zensko drustvo e togas toa e zamor a na odmor na mladi godini ne se odi so devojka de4ko taka da spored mene ZAMOOOOR
Акоо сакате одмор на крастарење 1 месец ке се одморите за цел живот..... Oдмор е: -наспивање -јадење -пливање -плажа -сончање -шетање - журкање -се е дозволено нема граници........
Самиот збор си кажува ОДМОР Лани со дечко ми си поминувавме феноменално,стануваш наспан одморен, одиш на појадок, плажа,ручер, се враќаш дремкаш, па на плажа....се враќаш испружаш нозе малце, се спремамш вечерта излагање, ноќта се враќаш....и се е така прекрасно, тоа е вистински одмор. Замор е кога, одиш готвиш,трчаш, ако одат многу парови....е тогаш е замор според мене.
Јас кога одам на одмор тоа е буквално одмор...Сакам да се релаксирам, да си уживам..Си станувам накај 10часот си појадувам па на плажа, а навечер може вечера во ресторант и после на спиење...Кога одам на одмор несакам журки многу многу бидејки утредента неможам од кревет да мрднам, топло ми испарува алкохолот ужас. Ако сакам да одам преку лето на журки, тогаш одам специјално на 2-3 дена за тоа и се вракам...
ЗАМОР! Ајде бе ќе одмараме кога ќе остареме... Зарем на овие години да си легнам во 10 за сабајле да сум била одморена? - Неема шаансии сакам забава до рано утро...
Замор дефинитивно!! Ако не прошетам се што има да се види во градот и се околу него исто како да не сум била во тоа место. Не сум многу по пливањето и лежењето на плажа.
Дефинитивно одмор ! Уште ако си живееш Охрид па цело лето е одмор нема со што да се замараш Ние постојано сме си на одмор
Дефинитивно одмор, добро спиење, кафенце во соба, одење на доручек, потоа плажа, пливање, уживање под чадор со убав пијалок, потоа ручек, малку одмор, може и кратко попладневно спиење, попладне на плажа, пливање, фотки, музика, убавини..., враќање во соба, туширање, средување, малку одмор и излегување на шетање и каснување нешо лајт ко за навечер. Пред се’, ми значи да одморам добро, пошо за тоа сум на одмор.
Отсекогаш повеќе сум сакала мирен одмор. И онака не сум обожавателка на пиење, ноќен живот и слично. Одмор за мене значи лежење на плажа со ледено кафе, ручек во ресторан покрај море, ноќно шетање покрај брегот, а зошто да не и романтична вечер на плажа.
Пола-пола сакам да си го организирам одморот. Некои денови да шетам и да се преморам уште па и по тие температури во лето е утепувачка, а некои денови само да се излежавам на плажа и ништо друго да не правам.