1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор на Ибица!

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од supersonic, 13 јули 2011.

  1. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Баш во оваа категорија за патувања и одмори, никаде не видов тема за некоја поегзотична дестинација а баш ме интересира дали некој има одено на Ибица ? И доколку бил, дали тоа било преку некоја наша агенција бидејќи до сега барав кај овие нашиве и никаде не најдов понуда.. Знам мој познаник требаше да оди на Ибица летоска меѓутоа откажа поради свадба на некој од неговите дома.
    Па ако некој бил .. feel free to share the experience! :D
     
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    "Одмор на Ибица" - Оксиморон :)
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ако сакаш добра забава, бегање од реалноста - журки, секс, дрога... тогаш си за Ибица ;). Мал е островот а и убав е, не да не, и освен што има добри журки, диџеи, дрога на сите страни,ок плажи друго нема ништо. Местото е повеќе ,,извикано,, поради ,,добрите,, журки кои траат 24/7 нон стоп.
    Бев, видов, онака на 1-2 дена и толку, повеќе ми се допаѓа Палма де Мајорка. Не е мој стил воопшто а и скапо е.
    Ми остави некаков впечаток дека целиот џган нафуран со евра и долари се собира таму да избега од реалноста, издрогира, испразни издувни вентили, направи хаос позади себе за некој ден и си оди дома со смирени бубачки.
     
  4. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Не сум била до сега, така да не можам да коментирам, меѓутоа ми се свиѓа твоево искуство :D
    Инаку патувањето беше твој индивидуален ангажман или преку агенција ? Зашто од се што барав на интернет не видов ниту една конкретна понуда од нашиве агенции..
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сама си го направив. Имав можност лани летоска убаво да ја прошетам Шпанија (агенциски) и греота ќе беше :) ако не ја видам Ибица и Палма де Мајорка. Островите се еден до друг. Ако се добро сеќавам лани кога гледав понуди Шпанија само една агенција -Орфеј нудеше Ибица ама се полетуваше од Београд. Скапо е и изгледа нашите тешко да закупат хотели таму, а и да закупат треба да ги наполнат со туристи. Претпоставувам дека агенциите кои се поголеми и појаки финансиски од др. држави (Англија, Франција, Германија, Русија дааа има многу руси и таму) ги закупуваат за неколку год. унапред.
    Види преку српските агенции тие сигурно ја работат Ибица, а и нашиве ако имаат некаков договор сигурно е преку српските агенции и се полетува преку Београд или евентуално Софија.
    Подобро направи како мене земи си Шпанија а исплови на Ибица на ден-два. Лесно ќе се снајдеш на секој чекор имаш туристички информатори кои работат цел ден и се што ти треба тие ти кажуваат. Каде да земеш воз, метро, брод, цени на карти....За такви места сама си правам тури и формирам маршути зашто мразам некој да ме брза и да неможам бар едно кафе да се напијам и се да видам онака успат (ако одам таму цел ден сум таму :) ) Би ти препорачала вон сезона почеток Јули или крај Јуни (крај Август) затоа што цените се ок тогаш, за разлика во сезона кога се скапи.
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  6. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Ти благодарам.. сепак ова би дошло во предвид другата година бидејќи за летово Закинтос заврши работа :D ..сега баш разгледав понуди од Орфеј меѓутоа немаше конкретно цени. Можеш да ми кажеш колку отприлика би ме фатил ваков одмор од 7-10 дена ? :)
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ма ни со 7 ни 10 дена ништо не правиш :) , се зезам мене лани 15 дена ми беа малку :( . Рачунај во просек 500 евра хотел полупансион и авионска карта, + 50 евра аеродромска такса. 8 -14 евра ти е повратна карта воз во зависност од тоа каде си сместена. 4-8 евра ти е метро во зависност од кое до кое место одиш. 40-80 евра ти е брод кој поаѓа од Барселона - пристаниште и зависи каде ќе најдеш место....
    Планирај 1 000 еур (500 аранж. и 500 да потрошиш) некој си просек али убаво е да ги имаш во џеб. Едно кафе ќе те чини 6-12 евра, 1 мек доналдс 10 евра, јас лани снемав цигари па плаќав 5 евра цигари :) ....скапо скапооо единствено ефтино и тоа многу ефтино се Зара, Манго...зашто навистина има попусти во лето и ќе си направиш убав шопинг.
    И да не купуваш ништо освен јадење по потреба тогаш е ок, али ако шеташ и плаќаш превози, тури (зависи и што и колку сакаш да видиш) е тогаш не е баш евтино.
    Се е евтино ако отидеш таму и не излезеш од хотел / плажа и потоа колку да се каже дека си бил.
    Ајде уште сега собирај пари ;)
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Со оглед на тоа дека имав преголеми очекувања, ништо посебно. Островот е убав, преполн со туристи, фини плажи ама цените се изгор. И не е дека до толку има журка нон стоп. Ние бевме на неколку плажи и само во неколку кафичи имаше погласна музика, ама никаква посебна атмосфера. Имаше еден куп буџовани, кои уживаа со шампањ на плажа. Како што рече Славица, Мајорка е поубав остров.
     
  9. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Епа скоро секое лето одам на Ибица, бидејќи таму ми имаат роднините викендица. Така да хотел неморам да плаќам! :angel:
     
  10. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Јас секое лето,јули-август одам на малдиви :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :*
    ама немаме ништо таму,па морам во хотел :envy: :| :| :doh:
     
    На kjukli, Sramezlivoto, Angel-Adriana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Јас сум воодушевена од Ибица. Местото е толку релаксирачко ако ти се журка ќе се журкаш ако ти се одмара ќе одмараш, значи во зависност од расположението можеш да си поминеш како што сакаш.
    Скапо е изгор да, освен храната по маркети. Ние имавме среќа што имавме другар кој работи таму па така тој ни го организираше секој ден бидејќи знаеше секој ден каде има најдобра забава.
    Најмногу ми се допадна што лугето не се замараат кој како е облечен, кој каква фризура има кој од каде е, значи сите се релакс, за разлика од Будва каде одеа исфенирани испеглани и нашминкани на плажа и не влегуваа во вода девојките само за да глумат лудило.Ама тоа е нашиот балкански менталитет.
    Ние летавме од Софија, сами си организиравме се. На Ибица останавме 11 дена ги посетив сите клубови, Амнезија, Паша, Дестино, Ушуаја, Харт, Блу Марлин, бевме на Форментера едно прекрасно мало островче, Ес Ведра е едно место на Ибица кај што одат сите да го гледаат залезот на сонцето, исто прекрасно место.
    Значи за да го доживееш островот мора кола, оти местата не се близу едни до други. Влезниците по клубовите се изгор 50 евра најефтино, па до 100 евра. Пијачките на пример пиво 15 евра, џин тоник 30 евра, и такви чудни цени.
    Тоа е тоа, кој може да си дозволи му препорачувам да оди без да се мисли, а за ден и два некој што бил секако оти нема да може да го доживее духот на островот. Еве некоја слика
    Форментера
    22810450_10212872549321935_1393010175_o.jpg
    Ибица -марина 22812728_10212872551361986_527836253_o (1).jpg
    Рока Лиса
    22831336_10212872570402462_1497386648_o.jpg
    Харт дискотека
    22834543_10212872549241933_924101146_n.jpg
    Амнезиа
    22810260_10212872548881924_1613913152_o.jpg 22833735_10212872585842848_804249718_o.jpg
    22850247_10212872548321910_809561836_o.jpg
    Ес Ведра
    22834529_10212872585922850_329555175_n.jpg Дестино 22850109_10212872586842873_905182321_o.jpg
     
    На MissDior, Ketchup, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.564
    Допаѓања:
    5.325
    Пол:
    Женски
    Во вторник одиме на Ибица сами со мм, па некој препораки за плажи, ресторанти и биџ барчиња да каже некој? Сакаме да прошетаме по островот затоа и изнајмивме мотор. Па ако има некој препораки, со задоволство би прочитала :)
     
  13. GoodGirl89

    GoodGirl89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Може ли да споделите искуство и sum-up од одморот, што се исплати да се посети додека сме таму?
     
    На Ivka~ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.564
    Допаѓања:
    5.325
    Пол:
    Женски
    Островот е прекрасен, има многу што да се види. Никако да не го испуштате познатиот Sunset Ashram на плажата Кала Конте, доколку имате можност да гледате зајди сонце таму, преубаво е. Исто и дневна прошетка со брод на Форментера, имаш бродови кои тргнуваат од пристаништето во Ибица градот, картата е од 29€ повратна, зависи со каков брод и времетраењето на пловењето ќе изберете. Јас искрено не можев да идам таму а да не ги посетам и Мамбо кафе во Сан Антонио, Бора Бора на плажа де боса, кафе дел мар... Зависи од вас што сакате да видете. Лежалките се многу скапи, 30 евра од ден за двајца, па така опремете се со ругозинки, чадор. Ние не користевме лежалки. Водата оддалеко е убава тиркизна, ама кога си во морето и не е баш чиста, матна е и со бранови. Ако те интересира и нешто друго, околу бус линии сл слободно прашај
     
    На GoodGirl89 му/ѝ се допаѓа ова.