Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор на планинско место

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од kuklicka55, 13 август 2011.

  1. Milla989

    Milla989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Ми треба препорака за некој убав хотел на планинско место во Македонија. Со добра храна и место за релаксација. Поздрав
     
  2. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Хотел Аурора Спа, Берово. Перфектно за одмор и релаксација.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Dahliaa

    Dahliaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Имате ли некој предлог за сместување на Пелистер, Пониква, во Берово или Маврово од кој сте задоволни?
    Со помирна околина да е, ама сепак во близина да има по нешто. На booking и airbnb претежно од хотели има понуди, а не знам каде на друго место да побарам.
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Берово на браната - вила Иван, вила Марија, Хестиа, Вила Лина 1&2, Чиплакова колиба, Вакане..на абланица има некои ако сакаш ..
    Има и во градот ..
    Ако сакаш и бројче од некои ќе ти дадам..
     
    На Tajnaotrovna и Dahliaa им се допаѓа ова.
  5. Dahliaa

    Dahliaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Може бројче :) Фала ти!
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.607
    Допаѓања:
    201.939
    Пол:
    Женски
    Моја топла препорака за вила Аспен, Голак, близу до врвот Мала Чавка, оддалечено околу десетина километри од Делчево.
    Местото е прекрасно за сите што сакаат да одморат далеку од градската врева и жештина во лето, да уживаат во снегот во зима.
    Одлично е и за remote workers, ги имате сите услови за работа.
    Цени не би знаела да ви кажам, бидејќи ние бевме дел од организирана поголема група за викенд, со ноќевање и два оброци. Имате опција за јадење во самата вила, домаќините готват. Имате опција и сами да си готвите, апартманите имаат мини кујни. Има заедничка просторија за јадење и дружба, како и за презентации, интернет конекцијата е одлична.
    Има и каде да се прошета човек, нема потреба од екстра активности. Ние поминавме еден прекрасен викенд со многу забава и убава дружба, домаќините се многу гостопримливи и љубезни.
     
    На riba79, Aschenputtel, SanelaS и 2 други им се допаѓа ова.