Пред околу година си ставив на листа повеќе филмови со Џад Ло и си ги изгледав.Овој ми остави преубав впечаток. И се смеев и плакав на сцената кога ликот на Камерон успеа да заплаче за прв пат а потоа скокаше од радост поради тоа . Добро филмче а поготово ако го гледаш во зимските и празнични денови.
Најпрвин мајка ми го пушти филмов, но цело време и зборував како е здодевен, смотан, безврска итн. Ама од кога го гледав околу една недела го гледав по неколку пати на ден Прекрасен филм, немам зборови
Прекрасен филм. Еден од омилените ми е. Кој не го гледал задолжително да го погледне, нема да зажали.
Ми се допаѓа филмов, ама одамна не сум го гледала. Таман е сега за на ладново, од кревет не ми се станува ќе си го пуштам одма (фала на идејата).
Колку добар филмммм. Па овој ми е еден од најомилените. Камерун Дијаз ја обожавам а Џед Лоу после овој филм го засакав и уште ми е симпатија за озбилно. Се беше убаво, атмосферата таму во Англија кога отиде и снегче и камин, романтики. “Соске нервоза дикеле романтика“