1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однесувањето во Црква

Дискусија во 'Религија' започната од Bitter-Sweet, 9 октомври 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Има тема за облекувањето при одење во црква каде сите се согласуваме во тоа како треба да влегуваме таму, сега да видиме за однесувањето. Ќе споделам еден текст, преземен од mvpcsvjk.org (сајт на Македонската Верска Православна Црква)

    ЗА ЦРКОВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ
    Под црковно однесување се подразбира односот кон иконите и светите предмети кои се наоѓаат во храмот, односот кон самиот себе како учесник во црковните богослужења и односот кон црквата како храм на Светиот Дух. Црковното однесување е односот кон богослужењата, кон сите предмети кои на овој или оној начин се поврзани со христијанското учење. Црковната посветеност е израз на правила, канони, традиции на Православната Црква. Црковното однесување почнува со односот кон црквата. Ако човек доаѓа во црква со стравопочитување, со безусловно почитување на светите предмети, тогаш таквиот човек ќе биде примен од се срце. И независно од тоа дали тој човек умее да се однесува во црквата, тој нема да се чувствува како странец. Но, важно е да се знаат правилата на црковното однесување.
    ПРЕД ВЛЕЗОТ ОД ЦРКВАТА
    Пред се, приближувајќи и се на црквата, православните христијани се прекрстуваат и прават поклон до половина завртени кон светата купола и светиот крст.
    Прекрстувањето треба да се прави со стравопочит. Прекрстувајќи се човекот врз себе го изобразува симболот на Христовите страдања за човековите гревови. И заради тоа крстењето треба да се прави со најголемо стравопочитување и најголемо внимание. Невнимателно осенување со крсниот знак е грев.
    Треба да се знае дека сите православни цркви, според древната традиција, се звртени со олтарот кон исток – влезот е наспроти олтарот, на запад. Некогаш има и отстапувања, но тие се условени со градски планови на градба или други околности. Постојат цркви кои се поставени во правец југ-север, но тоа се исклучоци од правослвните правила.
    ВО ВНАТРЕШНОСТА НА ХРАМОТ
    Влегувајќи низ портата уште еднаш се прекрстуваме зошто тука веќе се наоѓаат свети икони. Не е морално секоја икона да се целива, но важно е човек да се однесува како во свето место. Откако луѓето ќе влезат во црквата, треба да се прекинат сите разговори, особено оние кои не се однесуваат на храмот. Поминувајќи ја портата, влегуваме во црквата. Откако ќе направиме неколку чекори, за да не им пречиме на оние кои зад нас влегуваат во црквата, одиме кон олтарот, т.е. кон исток и правиме три поклони до нашата половина прекрстувајќи се. После може да се оди кон делот каде се продаваат свеќи, книги, ситни црковни предмети. Може да се размени поздрав со некои познаници, или нешто да се праша свештеникот. Но, ако сте дошле во црквата за време на богослужењето, тогаш не смеете да се поздравувате ниту да разговарате се до завршетокот на богослужењето. Откако сте ги купиле свеќите, може да се запалат пред иконите, но под услов ако е слободно да се пријде на свеќниците кои се поставени пред нив. Ако во црквата има многу луѓе, тогаш е подобро некому да се дадат свеќите кажувајќи пред кои икони сакате да бидат запалени. По правило, свеќник стои пред секоја голема икона. На анолојот, во средината на црквата, се наоѓа иконата на празникот, на која е насликан празничниот настан (на пр. Христовото Воскресение), или светител чиј спомен се врши во црквата тој ден. Во првиот ред, по можност, пријдете и на таа икона, целивајте ја и оставете прилог. Иконата се целива на следниов начин: двапати се прекрстувате со поклон до половина, побожно целивајте ја иконата и повторно се прекрстувате и се поклонувате на светителот или празникот. Кога ќе почне службата, треба да се наоѓате на она место каде ви е пријатно да стоите и да се молите. Во нашите цркви, мажите обично стојат на десната, а жените на левата страна. Не треба да се преоѓа од едно на друго место во текот на богослужењето.
    МОЛИТВА ВО ЦРКВА
    Откако ќе влезете во црква, помолете се без брзање. Нека помине некое време, а кога во душата ќе настапи мир, можете сосредоточено да ги изговорите во себе оние молитвени зборови заради кои сте дошле. Можеби е подобро во почетокот да запалите свеќи пред иконите на оние светители на кои сакате да им се помолите или пред кои сакате да оставите прилог. Тогаш ќе го почувствувате она неопходно духовно расположение во кое лесно и благодатно ќе ја кажете молитвата. Потрудете се никому да не пречите и никој да не ви пречи. Не треба да се борите за место пред иконите – подобро е да го отстапите на некој друг. Поголемиот дел од времето, кога црквата е отворена, во неа се вршат обредни богослужења и најдобро од се е да земете молитвено учество во нив. Полезно е да се доаѓа во црква заради богослужењата, зошто и така е уредено секоја наша потреба – духовна или телесна – да најде свое остварување во православното богослужење. Православното богослужење го опфаќа нашиот живот во целина: нашиот живот во светот и нашиот внатрешен живот, нашата радост и нашата тага. За време на богослужењата има простор и за внатрешна и заедничка молитва. Ако времето во го дозволува тоа, никогаш немојте да заминувате пред завршувањето на богослужбата. Часовите поминати во црква секогаш ќе ви се вратат со стократна полза – духовна и телесна. Дури и да не го познавате богослужбениот јазик, но имате длабока внатрешна потреба да се вклучите во заедничкиот тек на богослужењето, да бидете заедно со свештеникот и сите кои се молат, останете во црква, доживувајте го молитвеното расположение кое во неа живее. Дури и кога само стоите молчејќи, со своето стравопочитување учествувате во заедничката молитва. Во случај да ви се чини дека ви е непозната содржината на молитвата или мислите почнуваат да ви се расејуваат, трудете се да се молите со Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“.

    Е сега, во правилникот за однесување во храмот каде јас најчесто одам стојат малку поинакви правила. На пример, дека при влезот најпрво одиме пред првата икона што е поставена, тука напред, и дека прво пред неа се молиме. Јас го практикувам тоа. Некогаш се случува прво свеќи да купам па потоа да им пристапам на иконите.
    Дали вие се придржувате по дадените правила, овие погоре, или се однесувате на поинаков, свој начин?
     
    На LegallyBlonde13, Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  2. Nebitno21

    Nebitno21 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    47
    Еве и од мене нешто :)

    IMG_20200701_111124.jpg

    IMG_20200701_111158.jpg

    IMG_20200701_111238.jpg

    IMG_20200701_111324.jpg

    IMG_20200701_111404.jpg

    IMG_20200701_111423.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 27 јули 2020
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сега, во време на корона, посебно битно е убаво да се целива иконата.
    Тоа од најголемо значење е.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nebitno21

    Nebitno21 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    47
    Оваа книга е од пред 7 години... Кој знаеше тогаш дека ќе излезе чудово????!!!
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Може чудово излезе да не научи на основна хигиена :D
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nebitno21

    Nebitno21 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    47
    Епа можеби... Јас за време на коронава не ја бакнувам иконата, само ќе се прекрстсм пред неа. И така во нашата црква не одат многу луѓе, и има одбележано дистанца, па така да се е супер...
     
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Абе коронава треба да ве научи дека нема Господ, или пак не му е ич гајле за вас што го величите, си пие коктел негде и ви се смее на темава и на тоа како се правите јаки верници. Од лажичката за причест не се заразува, икони не да се бакнат, абе убаво да се лижат треба како сладолед. Ви се молам. Какво однесување, јас во црква кога бев приморана да одам отидов ама ниту еднаш не се прекрстив. На венчавката свештеникот три пати ми повтори да се прекрстам и да бакнам на иконата, јас само си стоев и ништо не правев.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Па што се венчаваше у црква?
    Благослов од Бога се добива ако го почитуваш Бог и црквата.
     
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    Може маж и сакал па нашле некоја средина.
     
    На Biljarkata, buba4e89 и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Бидејќи на сопругот му беше важно.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.