Вака,Ние бевме 4 верни другарки но имавме во класот 2 девојќиња така по ''рокерско'' настроени и се случи нешто се разделија па едната од нив дојде во нашето друштво и од кога почна школската година и ние се разделивме и сега сме јас тоа девојче и уште едно девојче(значи 3).Се,тотално се правиме заедно но денес на училиште се одделија од мене.Тајно си зборуваат,прават планови како и каде денеска...Кога ни завршија часовите брзо си заминаа...И не им е прв пат вака да направат. на Вас ви се има нешто вакво случено? Што да правам? Дајте некој совет! Фала однапред
Чекај малку... сакаш да кажеш дека некоја трета рокерка сака да ви го уништи пријателството... па немој да дозволиш. Постојано биди во контакт со таа другата другарка, а ако запримети дека тие те избегнуваат значи дека има некаков проблем. Поразговарај со нив и прашај ги зошто постапуваат така.
Ne ne... rokerskoto devojce nema takov karakkter tuku onaa drugata drugarka ona ima do sega se druzeno so mnogu koi i bile kao "verni"drugarki a na kraj pak kaj mene se vrakase...isto e i sega jas sum i vtor plan a so i da se desi jas sum prva so nejze...neznam...ona ima mnogu cuden karakter
Паа зборувај со твоите другарки надминете го ова. Ако ти немаш ништо згрешено не би требало така да се однесуваат со тебе. Зборувај, на тој начин ке решиш се наместо овде да бараш совети и да седиш со скрстени раце. Ти си ги познаваш најдобро другарките ти знаш што треба да направиш. Не е во ред да те избегнуваат на тој начин.
Значи имам 3 најдобри другарки, ние 4 те се дружиме од забаваче а една од другарките ја знам од кога памтам за себе. Значи се правевме заедно, во ист клас до основно бевме, петок се собираме кај некоја другарка, сабота излеваме и се така, арно ама ете сега почнавме 1 година гимназија и повторно сме во ист клас(се местевме за да бидеме заедно) ама иако сме во ист клас има една другарка што како да не учи со нас значи добива такво чуство да кога и да има шанса таа да има нови другарки таа не остава нас 3те и си продолжува по патот, значи ништо не е како што беше , знам дека луѓето се менуваат, но како да не ја изгубам другарката? (инаку оваа другарката отсекогаш беше онаа како ''главната" и што кажеше таа тоа правевме и на нас тоа не ни сметаше)
Епа зборувај со неа, прашај ја зошто се однесува така. И велиш дека секогаш ве остава. Тоа е несериозно од нејзина страна и мислам дека сака да се оддалечи од вас. Оставете ја нека одлучи таа, ако ве смета за вистински другарки таа никогаш нема да ве напушти. Незнам. Тоа ми е најлогично. Во тие години друштвата најчесто се несериозни, релативни, се создаваат за момент се рушат .. Имаш време ке научиш
Девојки јас денес имам еден проблем за кои сакам да се советувам со вас. Мојата другарка(стално менува дечковци) во последно време се врткашре со еден дечко кои воопшто не и одговара,имаше многу згоден и добар дечко и го откачи токму заради овој новиот. Претходниот беше мирен дечко, пристоен,а овој е сељак( секоја вечер е пијан,силеџија е).Е сега се би било ок кога би бил само уште еден од многуте но таа претходните врски ги криеше,а овој новиот не, толку е вљубена што не гледа каков е тој. Што да правам јас? Дали да ја оставам да се глупира и да се резили пред цел град ?
Имам 6 другарки со кои постојано се дружам.Но на само 2 од нив им се доверувам со моите тајни.Јас живеам во една населба,а училиштето ми е во тотално друга.Па затоа едната другарка ми е од училиште,а другата од населба.Јас мислам дека тие две ми ја знаат целата биографија,како и јас на нив. И со едната и со другата сме неразделни,и односите ни се супер.Никогаш ме немаат изневерено,односно кажано нешто за мене што не треба,па затоа се надевам дека ќе ми останат доживотни другарки.
Во нашево оделение имаше точно поделени најдобри другарки,оваа година дојде едно девојче и се испреврте.Ама ми се допаѓа бе тоа,сега сме луди деца.
Убаво е да се има најдобра или најверна другарка, ама дискутабилно е прашањето колку ќе трае другарството и дали е вистинско. Со некои другарки што сум била најблиска некогаш, сега немам никаков контакт. Околностите се менуваат и другарството некогаш е релативна работа.