1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односи со родителите

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Little-Mk, 5 јуни 2014.

  1. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    327
    Ако има веќе ваква тема слободно под клуч.Јас колку што можев да видам нема.

    Ме интересира какви ви се односите со родителите?Дали добро се разбирате или си имате само по едно здраво?Со кого сте поблиски со мама или тато?Што би била причината што не се разбирате/разбирате?Би сакале да имате подобри односи?

    Кај мене дома живееме сите сложно и мораме најмалку да поминеме пола саат на ден заедно.Слободното време сакаме да го поминеме заедно и не не е правило него чисто инстинктивно.Кавги дома има, но се' пробуваме да решимеме на мирен начин.
    Јас лично сум поблиска со мајка ми, затоа што татко ми првите шест години од мојот живот беше во странство, па ми беше и како странец и ми требаше време да се навикнам на него.
    (Ако има некои грешки поправете ме)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Јас со моите не сум блиска. Особено со мајка ми. Никогаш не ја чувстувам онаа мајчинска љубов од неа, врска мајка-керка. Со татко ми сум поблиска, затоа што е интересен, го разбира друштвениот живот итн. Тајни или сл. никогаш не им кажувам и не им откривам детаљи од мојот живот. Затоа и не ме познаваат, не сакам да ги разочарам повеќе, особено мајка ми, бидејќи не сакам да го живеам нејзиниот живот и имам спротивни интереси од тие што таа очекува да ги имам. Слободно време не поминувам со нив. Кога бев помала не ми беше посветено доволно време од нив, можеби беа преокупирано со работа, ама тоа не е никаков изговор. Сега ме бркаат за малку мнимание, ама готово, ја пораснав.
    Секако ги почитувам и двајцата :)
     
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Како мала бев поблиска со мајка ми, татко ми беше постојано на работа и немав некоја блискост со него, после имаше период кога бев поблиска со татко ми, се разбира со него не можев да разговзрам за се, ама за некои работи повеќе ме разбираше од мајка ми.. Taa како да губеше доверба во мене, кога и да сакав да раговарам со неа постојано беше зафатена или нерасположена, сега не сум блиска ни со едниот ни со другиот со текот на годините научив работите да ги чувам во себе, да не им кажувам ништо, понекогаш знам да седнам и да им кажам што ме мачи, или што ми се случува ама за поголемите работи премолчувам..
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Како мала бев поблиска со мајка ми, татко ми беше постојано на работа и немав некоја блискост со него, после имаше период кога бев поблиска со татко ми, се разбира со него не можев да разговзрам за се, ама за некои работи повеќе ме разбираше од мајка ми.. Taa како да губеше доверба во мене, кога и да сакав да раговарам со неа постојано беше зафатена или нерасположена, сега не сум блиска ни со едниот ни со другиот со текот на годините научив работите да ги чувам во себе, да не им кажувам ништо, понекогаш знам да седнам и да им кажам што ме мачи, или што ми се случува ама за поголемите работи премолчувам..
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас сум поблиска со мајками, отколку со татко ми.
    Со мајками можам полесно да се разберам за некои работи но и со татко ми ако не можам со мајками.
    Моите се добро ситуирани родители да не кажам конзервативни но сепак се грижат за мене колку толку што секое дете би го посакало тоа.
     
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Со моите не се карам многу, одржуваме некоја дистанца на блискост секако. Поблиска сум со мајка ми, иако и со неа ги заладивме односите. Обично секој си тера своја работа, кој кај му текне јаде. Нема некоја фимилијарна зближеност. Ги нема веќе оние денови кога цела фамилија ручавме заедно во Сабота и Недела. Разговараме само за пари и шопинг, во кој секако главна тема е:" Колку планираш да потрошиш?". Онака, заедно филм да гледаме или слично, нема. Понекогаш не се гледаме по цел ден. Јас и сестра ми на еден кат, тие на друг и така. :)
     
  7. Avokado

    Avokado Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    363
    Моите родители се срамат од мене, премногу се чувствувам осамено од ден на ден се повеќе и повеќе мислат дека сум неспособна ме понижуваат секој ден многу тешко го доживувам тоа од причина што сум многу чувствителна . денес си го отворив профилов со цел нови пријателства. :,( многу сум тажна феминки :worried:
     
  8. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Па татко ми умре кога имав 4 години,шо значи дека немав шанса да го запознаам многу добро.Со мајка ми главно односот не ни е лош ама не можам да кажам дека сме нешто ногу блиски како другарки.Имаме различни сваќања и ставови и не и ги кажувам проблемите.Ама сепак блискоста постои шо е добро.Можеби е и до самата личност.Ја уште на мали години копнеам по независност. :D
     
  9. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Мој совет е да разговараш со нив.Кажи им како се чувствуваш,дека ти треба подршка и дека очекуваш од нив како родители да ти бидат поткрепа.Исто имај самодоверба.Ако се сака се може ;) Докажи им дека си способна и одговорна.Среќно! :*
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Avokado

    Avokado Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    363
    Сум пробала Стефании ама неоди веќе немам сила да се борам пропаднав и со самдоверба и со се.... :(
     
  11. Jinx

    Jinx Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    74
    Со татко ми сум премногу блиска,знаеме со часови да дискутираме на некои сериозни теми,да си раскажуваме се што ни се случува,има голема смисла за хумор,и едноставно убаво се согласуваме. Со мајка ми понекогаш сме на дистанца,а понекогаш и не се трпиме баш баш. Никогаш не сум ја почувствувала онаа мајчинска љубов или однос мајка-ќерка,а многу сакам тоа да било така..
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Најпрво ќе почнам со мајка ми.Ретко за нешто да имаме исто мислење, мора секогаш да ме искритикува, ама баш секогаш.Милион пати и имам кажано да ме остави да правам што сакам, па потоа сама ќе си сфатам дека сум погрешила.Кога одеме на шопинг ме брза секогаш и ме тера да ги гледам оние старомодни парчиња облека и оние што се ефтини.Јас сфаќам дека мора да има и таква облека по бутиците бидејќи секој си има свој стил, ама најмногу ме нервира кога ќе ми каже за нешто дека е скапо, а не е.И неможе да ме убедува дека нема пари бидејќи за се друго ќе изнајде.А и ако ми купи нешто поскапичко има да се утепа после од зборување.Се имаш, за ништо не си благодарна бла, бла...Она мисли дека може со пари да ме купи.Ехх како денес да се оние денови кога ќе си дојдеше од работа и ќе ме изгушка и избацува, ама за жал повеќе не е така.За се што ќе направам ќе ми се дере, за се сум била неспособна и ретко да ја почувствувам таа мајчина љубов.А ми фали и тоа многу.Колку се само натажувам кога ќе видам мајка и ќерка како се сложуваат толку убаво, одат заедно на кафе, на јадење.Е кај мене тоа го нема бидејќи каде и да појдеме не сме живи ако не се испокараме.Што се однесува до татко ми, тој е посовремен.Знае да се насмее со мене, никогаш не ми се дере за да разбере цело маало и знае што е тоа што ми треба.Работата е само што не поминувам доволно време со него.А нешто што ми смета и кај двајцата е тоа што сите ги пуштаат до покасно во град, а мене веднаш зошто касниш.Ама добро имам среќа што утрето повторно ќе ме пуштат.Се на се, во некои работи ги обожавам и ги сакам најмногу на свет, ама не секогаш. :(
     
  13. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Главно добро.Но сепак понекогаш не се согласуваат со моите одлуки и тоа малку ме нервира.
     
    На Emilia.Attias му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jovananana

    Jovananana Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Моите се многу опуштени. Често знам како со другари да си направам муабет со нив,и им кажувам за повеќето нешта кои што ми се случуваат и за тоа ми е ептен мило бидејќи никогаш не ме осудуваат и се свесни дека времињата се променети. Но,тие двајца се сосема различни луѓе. Мајка ми е домаќинка,и тоа баш онака македонска домаќинка и не е нешто модерна но е ептен срце жена,целосно си е посветена на семејството. Татко ми пак,има фирма,образован човек,модерен,секогаш тој ги носел парите дома ама што се важни парите кога многу ретко дома е? Сега и јас учам средно се префрлив во друг град,дома само мајка ми и сестра ми се,татко ми цело време работа тера. Јас ептен сум си приврзана со семејството и воглавно,со сите сум си добра и со мајка ми и со татко ми и со сестра ми. И иако мислам дека семејството е најважно од се,го сфаќам татко ми,мора пари да носи за жал колку и да нечинат парите не се може без нив... А што убаво би било кога би можело. Како и да е,кога е дома,а за викенд и јас и тој дома сме и супер си поминуваме :)
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Па прилично добар однос,имам многу опуштен однос со моите,можам да им кажам речиси се.Се зафркавам со нив,се смеам ама и се карам :D
    И со двајцата сум блиска.
    Не го поминувам многу времето со нив,што малку ми е и жал,ама јас во мојата соба,тие обврски,работа и сл.
    Ги почитувам како што ги почитувам сите луѓе на овој свет,не им давам привилегија тоа што се родители и можеби сум лошо дете поради тоа,но ете родена сум со голема гордост и никогаш не сум им наведнала глава кога мислам дека не се во право,но,кога се во право си знам и ја прифаќам критиката.
    Но,тие и не се толку строги спрема мене,имаат доверба во мене и често ме оставаат сама да одлучам за некои работи.
    Често се караме,но поминува тоа,си ги сакам највеќе на свет. :D
     
    Последна измена: 20 ноември 2014
  16. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Со мајка ми сум многу блиска. Секогаш е тука да ме ислуша и да ми даде совет. Секогаш е на моја страна. Многу ми попушта и понекогаш ме разгалува, затоа и толку ја сакам. :D Главно, има доверба во мене и затоа е опуштена кога се работи за некои работи, иако некогаш знае да биде строга, ама ретко. И многу често ме советува за повеќе работи, бидејќи влегувам во тинеџерските години, па сака да бидам безбедна. Со татко ми немаме блиски односи. Тој долго време беше во странство, и баш кога ми беше најпотребен, не беше тука. Минатата година се врати, и слаба комуникација имам со него. Он ми ги црта цртежите по ликовно. :rofl:
     
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Јас со мајка ми се слагам подобро, а со тато и така и така.
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Строги се, а порано имав чувство дека татко ми не ме сака. Никогаш не сум можела ништо да им кажам. До ден денес не можам слободно да одам каде сакам и да правам што сакам иако имам 21 година. Од нив научив каква не треба да бидам и се она што јас го немав ќе им го пружам на моите деца.
     
    На Red Flower му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LadyKaneswaran

    LadyKaneswaran Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Кога веќе е отворена оваа тема не можам да се воздржам а да не си кажам што имам. Би можела да кажам дека татко ми е строг и конзервативен, со мајка ми сум блиска ама сепак некои работи ги задржувам за себе, а тоа ме гуши. Секако поминуваме доста време заедно ама никогаш не би можела отворено да зборувам со татко ми, му значам секако но тоа го покажа на многу погрешен начин, кога го запознав со дечко ми циркус направи. Често има караници и ние децата секогаш сме во средина и постојано под стрес. Ако еден ден имам деца, што секако би сакала, дефинитивно ќе се трудам да бидам што поблиска со нив и да не чувствуваат страв да бидат отворени пред нас родителите. Моите имаат сфаќања од "прошли век" и некакви предрасуди посебно татко ми, односот е за никаде и мислам дека кога ќе дојде време да се мажам ќе ми биде страв да му го соопштам тоа. За други работи да не коментирам ама ова е главно што ми пречи.
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Семејните односи се многу битен дел од животот на секоја личност.
    Се поставуваат во најраните години и се градат во текот на животот низ растот и созревањето. Блискоста не значи дека во нив треба да гледаме како исповедители затоа што постои парче од приватноста што секогаш треда да се трудиме да го зачуваме како дел од себе. Почитта, грижата и довербата се клучни за одржување на меѓусебните контакти. Се може да постигнете и да имате што се однесува до материјалноста, но местотот на родителите е едно и незаменливо.
    Чувајте ги и сакајте ги. Тие се се што имате и поседувате од бесценета вредност.