Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот брат - сестра

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baby87, 13 март 2010.

  1. ragazzamacedone

    ragazzamacedone Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Брат ми... мојата најголема љубов, мојата најверна поддршка, мојата најголема гордост-МОЈОТ ЖИВОТ!
    Имам поголем брат со кој уште од мали си имавме развиено прекресен однос брат-сестра. Кога бев мала сакав многу и сестра, но брат ми за ништо на светот не го давав. Кога бев мала за мене идеално беше да имам поголем брат и поголема сестра (јас да сум најмала, а братот најголем-типично галениче :lol: ), бидејки немав поголема сестра си ја молев мама да ми роди сестричка :lol: леле колку бев досадна хахаха :rofl:
    Значи како што спомнав со брат ми имам супер однос откако знам за себе. Малку е чудно (бидејќи имам многу другарки секој ден се караа со браќата) но ние никогаш не сме се карале нити пак тепале, секогаш е тука за мене и јас за него. Тој е мојата најголема поддршка, на него можам да му кажам се и да добијам најискрен совет. Уште од мала бев свесна колку сум јас богата, а како одминува времето се повеќе и повеке го потврдувам истото. За него би направила се, ама баш се! Убаво е кога знаеш дека не си сам во проблемите и тешкотиите што мораат да се поминат во животот и пред се убаво е кога имаш со кого да ја споделиш среќата, кој да се радува заедно со тебе на твојата среќа.
    Здравје, кога ќе се омажам и кога ќе створам свое семејство сакам да имам најмалку две деца за да си бидат поддршка еден на друг и безусловно да се сакаат и почитуваат.
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    хаххахахахах имам сестра и односот со неа мие одличен :P :P
     
  3. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    Имам брат, и премногу ме заштитува.. ме сака најмногу а и јас него. Иначе постар е од мене..
    Морам да ви се пофалам феминки, спортист е, многу добро граден (тело уау), со црна коса и темно кафеави очи..и така чоколаден тен.. Е може ќе изгледа дека ви се фалам ама премногу го сакам и сами така ми идат зборовите..
    Па....која сака да ми биде снашка нека повели (слободен е сега засега, ама многу е немирен, шара :D ) па мислам дефинитивно му треба некоја девојка да го спушти малце и да го прибере хехеех :lol:
    Го обожавам бе! : :lol: Бате мое најубаво

    P.S само што наполна 22 години... :D млад е, млад :rofl:
     
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    епаа јас и брат ми сме приказна сами за себе :P...Ако некој дома требаше да биди МАШКО тоа требаше да сум ЈАС а не братми...али ете...Ама прилично си се слагаме, добро кога бевме мали се тепавме и цела куќа идеше наопаку(поминаа и тие времиња)...иначе сме си голема поддршка еден за друг и си се сакаме :))....
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Батенцето мое помало :worried: .
    Ко мали бевме двајца браќа, сложни во секоја игра, пошто делевме играчки, коли, камиони, војници, џамлии, топки за фудбал итн. Куклите во куќава фаќаа прашина и беа за играње за девојчињата гостинки во куќава :nod:.
    Се гледаа исти филмови, се сркаше сок и се мезеа сендвичиња и заедно се цепевме од смеење на истите глупости, на истите смешки, се потресувавме на истите стравотии во хорор филмовите кои ама љубевме до превртување по земја и унитарно хоровско цмиздрење за мајка ми да ни дозволи да останеме покасно и да си го изгледаме Фреди на пример. Да, па после се будевме еден со друг за да идеме заедно на мочање, па или јас или он, некој чуваше стража :wasntme: да не дојде Фреди бре, еден треба да вика на помош :D
    После имавме период кога, наместо јас да трчам по силеџиите што ми го тепаа малото батенце да ги натепам, се тепавме меѓусебе, се бркавме околу маса ко да имавме нешто многу битно да делиме, но е го поминавме и тој период кога се јадевме еден со друг.
    Дојде после период кога почнавме во различно друштво да движиме, го напуштивме гнездово и се одалечивме. Не бевме веќе двајцата браќа, ама богами не бевме ни „на себе си го убивал“.. кулиравме сакајќи си се и почитувајќи си се еден со друг, онака на растојание, пошто само на ручек се гледавме :D надвор бе цел ден шо да правиш.
    Во времето кога бев надвор од кучи и земјава, му недостигав :worried: ми недостигаше, па за враќање купував што ли не за него, стипендиите ги стегав до последниот ден дур си стасам дома да не ги потрошам, туку да ми останат пари за батето мое да му купам некоја блуза и благички, чипсови, чудесии, ко да нема кај нас. :wasntme: Ама филингот е ипак друг кога ќе ме пречекаше на станица, а јас во куферот освен се друго носам и сто ствари за него. Ма му светеа очите ко на мало дете на Нова Година, така да цели 6 години иста пракса беше секое доаѓање дома.
    Сега сме блиски за раскажување на работата, пошто и двајцата си имаме работи кои не поврзуваат со работата, особено порано па расмотрувавме теми ли теми... а и таква фамилија сме, за ручеци, вечери, за време на вести, емисии, ма и сериски филмови, кај нас се дрдори од ситуацијата во земјава, до глобалното затоплување и гладот во Африка и сме ко раштиман оркестар, пошто сите сме со различно мислење и никако не се погаѓаме... парламент не ни е рамен, па и коалиција сме си бе, мама и тато, јас и бате. Ја него го бранам, тој мене, овие старциве меѓусебно си се оправдуваат, како они се родителите во куќава да се знае! :D
     
  6. in.love.girl

    in.love.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Со брат ми од секогаш сме се добро сложувале. Многу го сакам и среќна сум што го имам. Незнам дали тоа е резултат на тоа што сум само 1 год. и 10 месеци постара, но навистина незнам што би правела без него. Gи знае речиси сите мои ,,тањи,, (и јас неговите, барем така мислам) и секогаш ми дава добри совети иако е помал :D
     
  7. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Ако ви кажам дека имам одличен однос со брат ми ке ве излажам.Не можам да кажам дека односот ни е лош,но не можам да кажам и дека е супер.Ни јас самата не можам да го сватам нашиот однос.Имам мала омраза која ја чустувам спрема него во одредени ситуаци.Од тоа што толку многу сака да заштити не гледа дека само ми наштетува.Сака да ме контролира да правам се као што он ке ми каже,за мое добро.Но никако да свати дека со тоа повеке ми прави лошо,пошо сум личност која мрази да ја притискаат и да ја контролираат.Во некој по жестоки караници сум му кажала дека го мраза и дека не ми е брат.И знам дека тие зборови го болат до коска но тоа никако да го покаже па и он ке ми го каже истото.После некое време ке дојде ке му гушне и ке ми каже колку ме сака али многу мразел коа сум го нервирала.Но проблемот е во тоа што он секогаш ги почнува караниците, лесно пагам на провокации а и он,малку да ме подбуцне и почнувам да вракам.Еден ден се караме, друг ден се сложуваме одлично..Може некој ден и да го навредам им да кажам дека го мразам и се но далабоко во себе премногу го сакам!И знам дека он ме сака многу.
     
  8. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Епа јас немам ни брат а ни сестра :) хахаааа
     
    На K-a-t-e-n-c-e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Значи, да имаш брат/ сестра е најголемото богатство на свет!
    Секогаш имаш поддршка, од кого да побараш совет. Да делите и среќни и тажни моменти... СЕ!
    Имам поголем брат. 4ри години е постар. Тој ми е како заштитник.
    Кога бевме помали, од играчка- плачка беше се. Но сега имаме развиено многу убав однос. Знам на кого можам да се потпрам. Секогаш. Знам дека никогаш нема да ме остави на цедило. Бидејќи тој ми е пријател без интереси. Како што вели една демотивација Братот е... - ветување oд Бога дека ке имаш пријател до крајот на својот живот. Баш така. Не би можела да го замислам својот живот без него!
     
  10. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Имам 2 сестри..Со помалата имаме повеќе недоразбирања,знаеме за ситници да се искараме :lol: |( ,а со поголемата спротивно од ова,досега никогаш не се имаме искарано,и ако се имаме за ситници ама за 5 минути поминувало...Ама двете си ги сакам подеднакво,и им благодарам за поддршката која ми ја дале и ми ја даваат кога ми треба..Bе сакам! :* :inlove:
     
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас имам постара сестра...ме има научено на многу работи и постојано ме кара ако направам нешто погрешно...има големи влијание врз мене...инаку многу често се караме ко маче и куче сме :lol:

    Она ќе ми каже нешто и јас инаетот и одвраќам и така ќе се закараме ама и покрај тоа си се сакамее :inlove: :inlove: :lol:
     
  12. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    луге имам мал проблем со брат ми ;( пред некој ден и кажал на моите родители дека повеке не ги сака и дека сакал само да пие незнам што е проблемот и што се му има флезено во глава нејкел никој повеке да му се меша во животот се обидувам да разговарам со него но тешко ;( ;( ;(
     
  13. Miss-dior

    Miss-dior Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    126
    Па кога бевме помали се расправавме нон стоп,сега кога веќе сме големи знаеме и озбилен муабет да напраиме дури и на кафе д аидеме негде двајцата :lol: што поанпред беше невозможна мисија,иако е помал од мене 4 години.Така да имаме некоја рамнотежа
     
  14. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Имам брат поголем и воопшто не сме блиски онака само заштитнички како што рече Хипица.
    И до разликата е голема 6 и пол години е постар.Алли ипак брат ти е го сакаш :)
    Секогаш ке ти помага кога ти е најтешко и да имаш брат или сестра е вистинко богатство :wasntme:
     
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Имам постар брат и односите не ни се баш добри. Мислам дека порано многу повеќе се согласувавме и си помагавме. Во последно време некако се одалечивме.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Имам сестра помала од мене 6 години и 1 месец
    На овие години немаме ништо заедничко, ниту досега сме можеле да имаме заеднички муабет.Се надевам дека за неколку години,кога ќе порасне односот ќе се смени.Инаку една за друга сме многу поврзани-емотивно, ме почитува, за се нешто бара помош од мене,и дури се радувам што барем нешто од нешто имаме-некаква комуникација, зошто и изглед, и карактер и стил-се ни е различно.
    Но како расте се гледа дека малку по малку имаме поголема блискост. :)
     
  17. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Јас имам помал брат и многу сме блиски,што ме радува многу :) .Буквално за се може да му се довера,ме советува,отсекогаш ми кажуваше какви се машките,што треба да направам ,како да направам.Епптен си е интелигентен и добар,срцка е :inlove: .
    За него би го дала и животот ако треба :angel:
     
  18. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    јас имам помал брат,некогаш мн ме нервира ама си го сакам многу :) :l:
     
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Имам постар брат и толку многу не се разбираме, абе чудо... ама сепак, си го сакам најмногу, секогаш е тука за мене колку и да грешам .. :* за бато :)
     
  20. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Имам помал брат и поголема сестра... брат ми многу ме нергираше кога беше помал но многу си го сакам :* :* :* , а сестра ми... :D чудо но многу добро се сложувавме
    (затоа што ми беа големи нејзините алишта :D )