Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот брат - сестра

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baby87, 13 март 2010.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Имам помал брат кој кој никогаш не сме се сложувале, а во последно време па ни толку. Забега човекот во животот, мислејки дека е најпаметен од сите, си пропадна. Ама тоа ти е, треба да си ги признае и прифати грешките наместо да ме вреѓа кога му зборувам за негово добро, за да може да се оправи. Единствено ми е жал за мајка ми, психички ја малтретира.... :(
     
  2. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ми недостасува да ми каже ајде нагази малечка а јас постара од него и на штикла колку него :)
    Знаев да го искарам а тој да ме бакне во чело , да ме повика на по една а да станат и повеќе :) да ме налути и да ме насмее ... Секогаш тука за мене, секогаш тука за него...
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Имам и брат и сестра ама брат ми повеќе си го сакам можеби заради тоа што е помал од мене една година а сестра ми осум. Супер имаме и комуникација и разбирање со него :D се тепавме како мали за глупости ама сега си се сложуваме :D
     
  4. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Имам брат помал од мене неколку години многу си го сакам секогаш кога се разделувам најмногу од семејството ми фали тој. Тој ги знае моите тајни и јас неговите .. Често пати бидејќи е помал бара совет од мене јас секогаш сум тука за него често пати кажува "леле сииис стварно си во право така е" :l: на дадичка си го сакам :*
     
  5. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Имам брат поголем од мене не цели 4 години.
    Порано кога бев помала темите за разговор не ни се совпаѓаа.
    Тој сакаше да збори за повозрасни работи, а јас за некои си глупости. :D
    И никако не зборевме ко луѓе, само се каравме :lol:
    Е сега кога потпораснавме се повеќе се согласуваме, а воедно и супер комуницираме.
    Можам се да му кажам на него, а и тој на мене, па и по некој совет да си поделиме. ;)
    Па така да сега можам да кажам дека
    Братот е најдоброто нешто што можеш да го имаш во животот :angel:
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Си имам една сестра, постара од мене 2 години. Си ја сакам бескрајно. Кога бевме мали многу не се поднесувавме. И плус не ми даваше да носам нејзина гардероба. :lol: Ама денес не можам да се замислам без нејзе..
     
  7. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Имам постар брат од мене цели 15 месеци =)
    не знам што би правела без него, на моменти очите ќе си ги извадиме, ама без него не можам. Уште од мал се има поставено заштитнички спрема мене, без разлика дали сум се расправала надвор со некое машко (како мала) или со дома моите (и ден денес), секогаш бил на моја страна. Кога дипломираше пред 5 месеци јас бев 10 пати посреќна од него :lol: :lol: ЕЕЕЕЕј брат ми станал електро инжињер . Горда сум на тоа што е паметен и успешен, и не дека ми е брат ама преубав е 8) (штета што има кокошка за девојка :@ ). Секогаш се грижи за тоа дали ми треба нешто, од првата плата ми даде пари божем девојче сум била да сум си купела нешто што ми требало да не згрешел он па да ми купел глупост некоја! А јас сум секогаш тука за него, хахах колку пати го имам вадено од дотичната :devil: :devil: ,колку пати сум му пишувала семинарски зошто он бил на фудбал, и последните 2 месеци како е на работа дома кога ќе се врати има ручече лично подготвено од мене без разлика дали имам јас за учење или не, бато треба да јаде :)
    Дефинитивно животот не би ми бил ист без брат ми
    Те сакам :*
     
    На spellbound му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Имам полу брат со разлика од 10 години. За сега добро се служуваме, но сеуште е мал... Навистина незнам што ќе биде за неколку години ... :lol:
     
  9. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Имам помал брат 2 години и одлично си се сложуваме,да не е тој не знам како би живеела.Многу ми е интересно со него иако сме веќе големи (јас 19 тој 17) уште си имаме исти хобија,исти зезанции и интереси.Обврските не ни дозволуваат многу времеда си поминуваме заедно,но и покрај тоа секогаш наоѓаме време за слободни активности што и двајцата ги сакаме.Неколку пати си го имам земено и со мое друштво кога сум излегла и супер се вклопува,а и срцата им ги освои на пола мои другарки :D Се на се премногу си го сакам тој е најголемиот и најзначајниот дел од мојот живот! :l: :hug: :)
     
  10. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Исто како јас да сум пишувала се, само со брат ми сме 3 год разлика :D
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Имам помал брат.Разлика сме 6 години.Многу го сакам а и тој мене.Интересно ми е кога го гледам него помал и се навраќам во времето кога и јас сум ги правела/сакала/кажувала тие работи.. Си помагаме и се почитуваме бескрајно.Често има и расправии ама онака за обични работи..собата да си ја среди да си ги прибере работите и така..А инаку односите ни се многу добри. :D Нашата мајка е заслужна што сме стекнеме
    почит и разбирање.Не родила на постари години.Мене на 29 а брат ми на 35.(кажав и во друга тема)
     
  12. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    имам помал брат,разлика 5 години,го сакам многу да ама колку што го сакам толку многу може да ме изнервира ]:) :angel:
     
  13. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Имам постар БРАТ
    Пред се многу си го сакам, иако често се расправаме.. :call:
    Мразам коа некој ми вика лошо за него,ми иде да го убијам ама ајјт то е.. Такви се луѓето.. а можеби и од љубомора.. ;)
    како и да е - Среќна сум што го имам во мојот живот :inlove:
     
  14. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас имам брат постар две години. Кога бевме мали и јас кога ке скршев нешто, ке ми се случи нешто да се скарам или да се степам во маало (сум се тепала често :)) брат ми секогаш ме издаваше. И плус ми ги крадеше парите што си ги чував во касичка, секогаш се умилкуваше кај моите и бидејќи јас сум погласна и повеќе се карам по дома, секогаш он беше во право. Еднаш дури со нож ја беше изрецкал вратата во кујната (онаква на лизгање) и отпосле, кога видоа моите мене ме окривија. А он ќути како ороспија. И ме запнаа леле знаеме дека си ти, зошто не признаваш. И така ме мачеа пола саат и после он виде не виде, призна. Многу го мразев како мала, и сега знае да биде напорен и да се однесува како идиот, ама пак е подобро од порано.
     
  15. selly.gomez

    selly.gomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    42
    Јас порано бев сама. И јас многу сакав брат или сестра, па еве сега имам брат. Само проблемот е во тоа што сме 12 години разлика, па е труле невидено. Дури и некогаш неможам да излезам само за да го чувам :/
     
  16. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Имам постар брат но не сме премногу блиски, можеби е така поради разликата од 4 и пол години а можеби е тоа и до нас кој знае, тој спрема мене има само некој заштитнички однос кој му доликува на постар брат иако на моменти знае толку да ме иритира. А кавги за кавги немаме да речиш некој кузнај колка ви онака за основни глупости како и сите други, кој да седи на пц (додека не замина да студира СК) кој да расчити собата и такви работи. А за тоа што се сакаме се сакаме но не си ја искашваме љубовта потајно и сами знаеме дека се би направиле еден за друг :)
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Супер однос имаме. Многу ме сака, и јас него. За кавги, има кавги, па и тепачки. Еднаш лежевме заедно и почна да ме кубе, да ме штипе, да ме удара и гребе. Јас јас му вратив, а тој легна врз мене и заспа на крај. Мочло. Многу се караме за компјутерот. Кога ќе почна со тоа неговото брм, брм, тоа значи да ја пуштам Сакам кола убава, па игра, шиза на неа. Или пак стиска на тастатурата и глувчето. Оди па симни го од стол, ќе врекне одма.
     
  18. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Па не сме воопшто блиски брат ми е поголем од мене 13год. (што е многу многу е) ете повеќе одностот му е повеќе заштитнички и од секогаш сум имала некој страв од него (непотребен се разбира) незнам како да објаснам не разговараме многу не се дружиме многу ....ама едно знам дека многу се сакаме и имаме желба повеќе време да поминуваме заедно ама околностите се такви какви што се .
     
  19. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    Имам помал брат 6 и пол години сме разлика и едвај се разбираме
     
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Не сме којзнае колку блиски, брат ми е постар од мене 10 години, ама „благодарение“ на еден немил, тежок период во кој животот на брат ми беше во прашање, сега сме многу поблиски од порано. Го сакам најмногу на свет и тој ми е се’.