Имам брат помал 4 години. Честопати знаеме да се зар’чкаме и закараме за некои глупи и банални работи, но ништо озбилно. Како помали се тепавме, се млатевме - ама сепак тоа беше онаа детска тепачка, без трајни и опасни последици. Сега сме многу поблиски, честопати си разговараме на интересни теми што не интересираат двајцата. Тој е многу поповлечен од мене така да за да ми довери некои работи потребно му е повеќе време отколку мене на него.
Имам постар брат со кој растев одвоено, јас кај мајка ми он кај татко ми, и воопшто не се трпевме како мали. Сега сеуште живееме одвоено ама сега имаме подобри односи, можеме и муабет да си напраиме и се
имам 2 помали браќа,и добро се согласуваме,имаше караници само порано кога ја делевме собата. значи колку смрдеа,чудо едно. им викам да водат хигиена,тие испотените алишта наместо за перење да ги фрлат ги ставаа да се сушат. не поднесувам така,највеќе ме нервира кај едно машко кога нема лична хигиена.... ама сега ајде,се оправија малце јас сепак ги сакам какви и да се
имам брат постар, .. имам искачано со него, он со мене и така но секако дека и некогаш знаеме јако да се спукаме ...
Имам помал брат. Еднаш го земав со мене и сите ги забавуваше со неговите глупости Некад си се дружиме нај ок ни е се а некад знаеме да се испокараме и тоа многу ....
Јас постојано се карам со него зна4и некогаш ми иди да го удам.. ама некогаш е многу сладок ии помал е од мене 3 год. СЕПАК ГО САКАААМ! Иако се направи да ме повреди..
Имам 4 години помал брат. Односот ни е коректен, не сме нешто многу блиски. Иако јас за него животот би го дала. Често пати знае да ме повреди со неговите коментари, но сепак си го сакам многу
Јас имам сестриче помало од мене 6 години,но како да сме иста возраст се ме разбира и сите тајни си ги делиме,ме сака неизмерно и душа би дала за мене како и јас за неа и секогаш ме подржува.........поздрав до мојата душичка со ја сакам највеке на свет
Сестрами е помала од мене 2 години, порано како мали се тепавме,каравме ама кога пораснавме станавме многу сложни, и си се сакаме,си делиме тајни, некогаш си излегуваме заедно и си ја сакам највише на свет и се би дала за неа а и она за мене
Со брат ми сме голема разлика, постара сум од него речиси 8 години, а тоа според мене и не е некој фактор Х за фалење. Би сакала да бевме помала разлика, барем 4 години и сигурна сум дека и повеќе ќе се сложувавме. И еден ден кога ќе имам деца, ќе настојувам да бидат тука некаде со годините, зашто не сакам да ја имаме истата ситуација како со брат ми. Јас веќе лека-полека си созревам и си терам напред, а него тек го фаќаат „бубачките“ и не можеме да излеземе на крај во никој случај, па секогаш завршуваме со кавги. Си живее во некој негов пубертетлиско-детски свет, па до таму да е. Сепак не можам да си го замислам животот без него, иако најчесто знае да биде претеризам. Знам дека е уште мал и незрел, ама за мене дури и кога ќе порасне, пак ќе биде малото детенце кое секогаш сака да води инает. Понекогаш навистина има некои работи за кои не сакам да разговарам со мајка ми или татко ми и тогаш ужасно посакувам да имам некој сличен на мене, кај кого би ја олеснила душичката бар за некое време. Е да, брат ми е тоа тоа, ама се сомневам дека би сфатил нешто од моите „муабети за големи деца“, како што и самиот ги вика. Кога и ќе подразмислам, обожавам да му бидам дада, па колку и да умее да ме вади од такт. Цел живот ќе си останам со најомилената улога - дада, а и искрено - многу ми е мило и убаво што ме вика така, а не како некои - си ги викаат браќата и сестрите по име. Колку и да сме си лути еден на друг, кога ќе ми каже дадо се топам од милина.
Односот брат-сестра е посебен.Јас имам брат кој е мнооогу постар од мене,цели 28 години.Во него имам и татко и брат.Се ќе направи за мене,не се двоиме ама е премногу заштитнички настроен кон мене,дури преоѓа во голем проблем.Добро брат ми е и малку посебен имам пишувано во друга тема зошто,кој прочитал знае.Ама слабост ми е како и да е,а јас на него да не правиме муабет
однос брат и сестра Имам сестра една година поголема од мене. Кој и да го чуе ова, ќе си рече -алал да и е, сигурно они две се најдобри другарки, си делат облека, си разговараат итн итн. И јас би сакала да е така, меѓутоа не е . Почнувајќи од физичкиот изглед она плава јас црна, она поситна јас покрупна, јас повисока она пониска, завршувајќи до внатрешниот како на пример мене повеќе ме интересираат фустанчиња, шминки, вечерни искачања, дружење, дискотеки, галама, голем степен на социјализација, додека пак она е повлечена, мирна, спортски тип, не сака гужви. Никако неможеме да се погодиме за ништо и за ништо немаме исти мислења. Тоа е тоа штета
каква би била вашата реакција ако се наогјате во иста ситуација како мене - значи вака пред 2 години мојот брат ми даде ултиматум од 24 часа да се иселам од дома, тоа беше после 40 дена од смрта на мојот татко. ме сметаше мене виновна за тоа што и тој и татко ми изгубија работа и беше принуден да се врати во мк. виновна за тоа што студирав на приватен универзитет и дека ако јас не потрошев толку пари за приватен тие ќе имале повеќе пари за да останат подолго во странство и да бараат работа. од како се вратија јас и мајка ми бевме постојано под психичка и физичка тортура. додека татко ми беше во болница мојт брат постојано ми велеше да излезам од таа куќа дека не може да ме гледа, отидов во болница кај татко ми и му реков дека овој ме пуди од дома и дека чекам од него ако тој ми рече да излезам дека веднаш кога ќе се вратам дома ќе се спакувам и дека никој нема да слушне ништо повеќе за мене. тој ми рече да се стрпам уште малце дека кога тој ќе си дојде нема да прави никој како што сака туку секој како што треба, а јас да не одам никаде зашто не сум имала ништо лошо направено. но татко ми не се врати дома тој почина после операцијата и само после 40 дена од неговата смрт мојт сопствен брат ми даде ултиматум од 24 часа. јас се иселив и отидов кај една моја другарка живеев таму 3 месеци со мајка ми имав контакт но за брат ми не сакав да слушнам заминав во странство еден мој пријател ми најде работа работев 4 месеци мајка ми ми велеше преку тел како мојот брат се кае за тоа сто го направил ... бев принудена да се вратам во мк за да средам некои док. кога и кажав на мајка ми дека доагјам таа ме молеше дојди си дома немој да одиш во хотел и брат ми го збори истото са кае .... се мислев многу но знаев дека ако не отидам тогаш дека нема да можам да го симнам тој товар од моите гради никогаш повеќе. отидов дома пред се и за мајка ми.. му опростив сега е овде кај мене му испративме пари за карта,работи со мојот сопруг но постојано се е насила како за инаает да работи му скрши две машини на мажот ми... тука ништо не плаќа, за неполн месец работа мажот ми ќе му даде 1500 евра плата а тој за него ќе земе 1000 и овој уште незадоволен... не знам што да правам ми ја руши хармонијата во домот, треба сега да оди за мк и после пак да се врати кај нас за да работи. мојот сопруг не знаеше каков е карактерно зашто никогаш му немам зборено за тоа што ми има направено.. гледам дека тој човек не се е променил воопшто све гледа како цифра и преку интерес... извинете што ве удавив но морав се да објаснам за да ја разберете ситуацијата во која сум сега. ваше мислење што е најдобро да направам
.. ..........го имам најдобриот,најхрабриот брат на светот...... . ..разлика сме 7 години,јас сум постарата,плус тоа јас сум мажена и живеам во друг град а тој со фамилијата во друг,ама тое не е пречка за се што треба и не треба да се слушниме,секој ден по милион пати,секој момент знаам кај е и како поминува исто и тој за мене,ако нешто само малку не штима пали кола иди кај мене да ми помогни,јас исто така,имаме исто среќа што и нашите брачни другари ја гледаат таа посебна врска меќу нас и само се смешкаат и не се осеќаат запоставени....немам зборови,едноставно,,,,мислам дека ова е редок случај....... ...
Тепање до даска се шалам бе..не дека го нема тоаа ама се помалку и помалку..па и големи све вење иначе не сме нешо мн мн блиски ама сепак стануваме поблиски...пошо ја во пубертетов може да зарибам некаде ама он се распрашува иначе има доста гушки смешки по некоја тајна и то е то.
Јас немам брат ама имам две деца ,машко и женско.Разлика се неполни две години.машкото 19 а девојчето 17.До пред 6 месеци имаа една детска соба а сега имаат секој своја соба.Мажми демек големи биле и им овозможивме посебни соби.Ама џабе било.Или едниот е кај другиот или обратно.Поврзани се многу,често заедно излегуваат,имаат исти другари и другарки.Ама кога ке се здружат за некоја нивна желба ние секогаш го јадеме.Сами на одмор,па викенд во Прилеп,па пивофест незнам каде.Да мерак ми е што се поддржуваат еден со друг и си помагаат .Како помали се закачкаа по малце ама сега веке не ,незнаат да се скараат.Вероватно малата разлика во годините ,а и воспитувањето има голема улога.
супер кога ја видов темава, многу ми е тешко...вака со брат ми и немам некаков однос, сакам да воспоставам убав однос да ми се отвори да знам се за него помал е од мене 4 години, и дека немаме мајка и кога јас бев помала го отфрлував, не му обраќав внимание и сега ми е многу криво за тоа. тој стана многу затворен не знам ништо за него, и сега почна да пуши марихуана, многу се плашам таман ќе почнам да зборам со него дека тоа не е добро тој само ќе ми рече и што??... еднаш ми рече јас и ти сме цимери, не ми воспоставувај однос на мајка, тоа никогаш нема да ми бидеш, брат има 19 години, поради финансиски причини не се запиша на факултет и е многу затворен. многу пати пробав да ја подобрам ситуацијата неможам да допрам до него. и јас сум крива што порано кога беше мал не му обраќав внимание и жал ми е за тоа, тогаш и не размислував за него туку само за мене, и тоа му го имам речено и тој ми има речено касно ти е, многу се плашам ми е страв многу а на татко ми ако му речам тој ќе западне ептен психички, човекот е веќе уморен од проблеми. сакам да го подобрам односот со брат ми да го исправам на прав пат а не сум моќна...пробав со разговор не можам, тој веќе не н разговара со мене ќе го прашам нешто општо или било што ќе ми рече да не работиш ти во МВР, или ништо нема да ми одговори....
јас си имам помала сестрича 7 год од мене порано и немавме некој однос ама сега даде ај нашминкај ме помогни ми да се облечам па муабети за симпатии ова ина се сака да знае малава со нејзините 12год но сепак некој работи неможам да и ги објаснувам
Каков гад бил брат ти,извини,ама ако навистина е точно мислам дека тој НЕ заслужува ништо од вас! Како можел така да те испартали од соптвениот дома,а мајка ти што направи тогаш? Мој совет ти е да си што подалеку од него.Гледај си го мажот а не овој,што воопшто нема срце а не пак осет .Само за корист е