и + повлечи ја мајка ти во мир и спокој да чува внучиња Величина на човекот е да прости ама никогаш нема да биде исто како што било. Секогаш ќе се голтаат некои кнедли ако станува збор за човек, а ако е нечовек во душа, и ти настапи сурово како што и тој постапил кон тебе.
мајка ми ми велеше да останам а од друга страна ништо не превземаше кога овој ме провоцираше, ме навредуваше.. значи ми велеше немој да одиш а не ме заштитуваше. но не ја обвинувам знам дека не му се спротиставуваше директно зашто сакаше да се заштити. иако мислам дека јас да бев на нејзино место никогаш не би дозволила таква неправда.
токму тоа и планирам да го направам ќе си ја донесам мајка ми покрај мене мислам дека заслужува мирана старост, а што се однесува до брат ми ќе се обидеме да му најдеме работа и стан за да биде независен од нас не го правам тоа зашто заслужува туку за мајка ми. а инаку никогаш на никого не би му посакала да му се случи она што јас го поминав. немам јас душа за да враќам со иста мера.
Мајките се слаби кон своите деца. Немала доволна подршка и храброст да ,,лупне со рака во маса,, и да го реши проблемот, а на кого не му одговара може да си излезе слободно. Сурово е знам, ама и дваицата сте нејзини деца. Грешки се прават ама твоја величина на карактер е што си опростила. Еве чекаш бебе ( ве читкам во ,,труднички куабети,, ), па ќе биде поинаку, верувај. Гледај си го семејството и ВАС да ве биде, а на друг ако не му одговара да не ти е гајле ич. Знам дека ќе те копка и понекогаш нервира, ама си имаш свој живот и голема храброст што сама се бориш во животот.... ..живот-компот....
брат ми е 4ипол год постар од мене,моите отсекогаш го ставале на прво место,секогаш се труделе да му угодат,исто и јас,паметам кога бев осмо требаше да ми купат фармерки а брат ми се лутеше бидејки не му купиле број на телефон,а немаа пари,им реков несакам фармерки купејте му број. Два пати се има случено јас од мои заработени пари да си купам нов телефон и прво на него да му дадам да го користи додека не си купи поубав додека јас со негов стар се служам,и двата ми ги има расипано,ништо не му реков. Ако нешто не му е по волја се лути 2-3дена(ако има 27год)и моите се трудат да му угодат мене секогаш ме ставале на второ место ама така правев и јас самата,бев многу послушно и вредно дете,прво во класот,најмирно,најпримерно,додека братми со помош на таткоми заврши средно уште од мала разни комплекси ми набиваше,ме тепаше секој ден,беше навикнат да му служам,не ми даваше да зборувам пред другите деца,ме навредуваше,понижуваше,другите секогаш ги правеше подобри од мене,се чувствував безвредна,а бев мн осетливо дете,тоа ми се одрази врз однесувањето и мн.тешко комуницирав со лугето,се плашев од нив,секогаш бев со наведната глава ми наби комплекси кои и ден денес неможам да ги средам посебно оној на помала вредност Имам зборувано и во друга тема за ова: заради него ја изгубив мојата најголема љубов,истреска 300неточни глупости пред татко ми ,ми се закани дека ке ми ги искрши коските ако ме види уште еднаш со него (а ништо чудно,се може да се очекува),ме натера да ги избришам сликите од фб со него,сум плачела и сум ги бришела,многу ме беше страв,не го било гајле за мене туку на него да не му се смееле,потоа неможев во лице да го погледнам дечко ми,несмеев на тел да зборувам со него ,кога се видовме не смевме да излеземе за да не не види брат ми,ми беше страв што сум со него,со тоа му создадов слика дека не го сакам,што не беше точно,се оддалечи од мене,повиците беа се поретки,на крај си најде друга(инаку беше далеку од мене)а јас останав сама со скршено срце во рака се сум му простила на брат ми ама ова НИКОГАШ,чувствувам омраза кон него,не го поднесувам во моја близина,што да правам?
Значи тој е 3 години а јас 13, тоа се цели 10 години разлика. Кога и да го слушнам, ни попуваше дома, си се смешкам. Толку паметен неможеше да биде, се интересира за се. Моментално е со мајка му и со тато во Холандија, јас бев па се вратив тука. Секоја вечер мораше да дојде кај мене во соба, да каже ДОБРА НОЌ ДАДЕ, и да сам да ја затвори вратата. А јас да глумам ненаспана и уморна, да се увери. Кога се роди, бев малку љубоморна, нормално. Не ми се верува како сум можела сега. Има моменти кога се караме, но тоа е ретко. Жити карањето, шо зборам... А итар е исто, се шали, има хумор на таа возраст. А кога ќе се насмее, аууу, прекрасен. Го испофалив, ама искрено ми фали многу. Ќе видам за две-три недели па ќе пишам пак... Знам забегав од темава, ама ете. Со три годишен палавко тешко е да излезеш на крај, ама па ќе видиме што ќе биде понатаму. Засега само убави нешта има =)
Односот со сестрами ми е баш нула. Не се согласуваме во ништо,имаме многу други размислувања и сваќања на некои теми. Таа ништо не ми кажува а исто и јас неа,не сум се отворила ниту пред мајками ниту пред сестрами а и не планирам. И онака сесстрами ќе си замине за 1 година во Скопје,па аир да си видам,хе хе хе
Братми е највредното нешто за мене. Помал е од мене 5 години. Има и кавги меги нас што е нормално. Но секогаш гледам да заштедам некој денар и кога ке му притребат да му дадам затоа што е голем трошаџија па ретко свртува денар кај него , ама ако пак си го сакам. Односот ни е близок, е сега не седнувам да го испрашувам се и сешто ама сепак има близина мегу нас. Се можам да поднесам ама не и да е тажен. Јас по природа ретко плачам дури и кога сум сама не испуштам солза, ама кога го гледам дека се нервира и дека е тажен плачам и тоа како, како пред некој ден.
блазе си ви на сите сто имате брат или сестра,јас сум сама немам ни брат ни сестра а отсекогаш сум сакала да имам.маж ми има брат близнак и сестра,и кога ги гледам нив како се дружат,едноставно имаш некој близок и кога што се вика ке не напуштат родителите.така некогаш сум многу тажна и се расплачувам кога ке ми дојдат некои глупави мисли,како нема никој да има во куката на моите нели кога нив ке ги нема ,ке остане празна ке немам никој нели свој близок и тоа ме .мајка ми ме имала после десет години брак,не можела да остане бремена инаку сигурно ке имала уште едно дете,јас имам керка и во никој случај ако даде господ нема да ја оставам без брат или сестра.
ии јас кога бев мала плачев затоа што немав ни брат ни сестра...повеќе сакав сестра но сега благодарна сум што имам брат...разлика сме 8 години и сеуште го гледам како детенце се случува да се подскараме ама тоа е нормално...некогаш знаеме ии да се забавуваме кога сме сами дома...Засега имаме супер однос па кога ќе порасне се надевам дека нема да се сменат многу работи
имам брат-5 години е постар од мене, многу си го сакам понекогаш се караме за банали работи ( кој да ги намести креветите....) ама нормално е тоа ништо страшно
Јас имам брат помал од мене 2 години. До пред некое време многу се каравме, но еве како што поминува време и како растеме се повеќе се сакаме и сме посложни.
Јас имам мало братче кога има 6 години. Доста разлика има помегу нас во годините. Многу е срценце и си го сакам највеке на свет. Со него се навракам во детството
Имам брат,ама 5 години помал од мене и нормално очи си копаме.Ама каков уценувач е ауууу,еднаш ме виде како вежбав кореографија (минатата година де) за еден настап и ме снимал бе,и ми рече дека на сите ке го покажел видеото , ако не сум направела нешто треснато.. И исто имам сестра, 10-11 години постара од мене (малку е ) и за нејзе имав пишувано,со нејзе односот ми е прекрасен,можете да видите од тоа што веќе сум го кажувала.Премногу ја сакам (не дека брат ми не го сакам де, подеднакво ги сакам,ама сепак,со нејзе израснав,и она се ме научи итн итн)
со брат ми нема ден да помине а да не се скараме за нешто,најчесто се караме за банални работи.... многу сме тврдоглави и двајцата(за мене е логично да бидам тврдоглава-овен сум во хороскоп си го мраза карактеров мнооогу)...инаку,тој од мене е помал една година,поубаво ќе беше да е помал хаха....се надевам дека со тек на време ќе се сложуваме повеќе
Имам постар брат 5 год.,иако вака на изглед ретко кој би ја приметил таа разлика меѓу нас Кога бевме мали многу се чувствуваше тој генерациски јаз! Тој секогаш имал заштитничка улога кон мене,сме си играле по дома,ама толку... Сега,кога веќе сме над 20 год.сосема е поинаку! Знаеме да излеземе заедно,да си кажеме што ни лежи на душа,да се убациме у друштво заедно..се се смени на подобро и мислам дека како ќе поминува времето се поблиски ќе стануваме! Повеќе си се разбирам со него сега отколку со мајка ми или татко ми и стварно не знам што би правела без него!