Постар е од мене 5 ипол години, ама супер се согласуваме, секогаш го слушам му помагам.. и он мене исто, многу ни е убаво заедно, дури неговите најдобри другари како и мои другари да се по цел ден сме заедно и се си кажуваме утре му е роденден полни 19 години , па му спремам изненадување, се надевам ќе му се допадне :geek:
Имам постар брат од мене 3 години. А за односот..премногу ладен. Иако јас би сакала да сме поблиски,и освен формалната комуникација да можеме да разговараме и за суштински работи што не засегаат.Ама тоа е..
имам двајца браќа и односот кон едниот ми е сосема поинаков од односот кон другиот.. со тој што е 8 год. постар од мене, имаме супер однос, порано не беше така (кога беше во тинејџерски години) ама сега кога е повозрасен односот ни е мноогу сменет.. кога и да сум тажна, или имам некој проблем, тој секогаш е тука за мене и секогаш ме развеселува.. кога играме игри или се шегуваме, никој не би помислил дека има 21 година, како дете е, најдобар другар ми е ама за жал, студент е во друг град, а преку лето е на работа во САД, па ретко се гледаме ми фали, ми фали многу со другиот па скоро и да немаме никаков однос постар е од мене 12 години и кога бев помала секогаш бев поблиска со него, секогаш ме бранеше.. ама сега ништо од тоа, многу ладен однос имаме.. некое време не ни зборувавме воопшто како и да е, среќна сум што имам браќа, и без разлика каков однос имам со нив, тие секогаш ќе бидат заслужни за личноста која сум денес.. за ништо не би ги заменила, благодарение на нив, имав супер детство
има постар брат 9 години ја има 15 тој 24 порано многу се растепувавме ко помали, ама ко што врвит времево се поќе се разбираме. неможа без него многу си го сака
Бате мој! Брат ми е поголем од мене 6 години и сме најнајнајблиски. Ко бевме малечки почина мајка ми, јас имав 7 години тој имаше 13. На татко ни не можевме и уште не можиме да сметаме, така да еден со друг тука си сме. Се зачудвам колку ми е лесно да зборам со него, а и него со мене. Толку е затворен тип, а со мене е баш братче. Најмногу го сакам на светот и би умрела за него !!!!
Брат ми е две години поголем од мене Се сложуваме, си ги кажуваме тајните, си помагаме, заедно поминуваме многу време.... Најмногу си го сакам Спојлер Ма се шалам Секој ден се караме, ама не онака вистинско карање туку за глупости само ме нервира
Мал е брат ми, скоро 7 години помал од мене, значи сега 10 има. Однос имаме нормален за брат и сестра мислам дека. Што значи карања за лап топ и телевизор, рчкања, нервирања, тепачки, кодошења и сл. Тоа дека е мал де. Муабети сериозни некои не ни можеме да правиме, повеќе на филмови и игри сме. Мало другарче ми е де. Порано повеќе си игравме, кога и двајцата мали бевме, сега големиот маж демек. Хаха некогаш се осеќам ко помала и од него да сум
Јас и мојот брат. Хахаха , веднаш се изнасмеав..Многу го сакам.Постојано се тепаме,се нервираме еден со друг,ама неможеме да си го замислиме животот еден без друг
И ние како и сите се тепаме за компјутерот,иако мојотбрат е 7 години поголем од мене.Сепак неможеме еден без друг,тој кога оди за Скопје на факултет јас или брат ми мораме барем два пати да се слушнеме преку телефон или на фб.
Во контакт сме, само поретко. Тој се плаши од мојата сиромаштија и ме избегнува.Јас пак и ако сум сиромашна не сакам да му се наметнувам и нарушувам семејниот мир.Затоа не сме блиски а се немаме скарано, Парите не разделија без оглед што ниту сум побарала, ниту пак самиот се понудил да ми помогне.
Многу си го сакам брат ми најмогу сега ке оди да стурдира во Бугарија тешко ке биде без него..КАКО мале кога некој ке се закачкаше по мене брат ми сегокаш ме брани постар е 5 години од мене...малку и се караме ама како и да е Ај луб хим <33 Koга мислам карање и тепање за компјутер..телевизор..кој ке чести чоколада се влкучува
Си го сакам братми,како помали само се каравме и тепавме,но одамна престана тоа,можеби за тоа е заслужна снами,таа не дозволува расправии и кавги Мир и љубов во куќата
Брат ми е постар од мене 4,5 години. Многу сме поврзани. Се караме за банални работи, ама многу ретко. Знае понекогаш да ме искара, знае да ме ислуша за се и сешто, ме учи на нови работи.. Многу си се сакаме.
Не сме некои блиски,ама не си посакуваме ништо лошо,знаеме да си споделиме и среќа и тага,кога ќе фати на спортска знае да ми даде пари кога сум непослушна да ме искара,се на се имаме ок однос
Ви завидувам на блискиот однос со браќата ваши Јас и брат ми сме разлика 3 години. Немаме некој близок однос,освен формален.Во смисла разговараме за проблемите кои не засегаат сите како семејство.Надвор од таа тема,т.е неформална комуникација немаме. Искрено не би сакала да е така,сакам да имаме мн близок однос. Тој е мн затворена личност,можеби и поради тоа е. Инаку си помагаме финансиски,од секоја плата ми дава пари,никогаш ама баш никогаш не ми е рекол дека нема.Кога слабо стое финансиски,јас сум таа што го подмогнува. Го сакам бескрајно,дури и животот би го дала за него. Никогаш му го немам тоа кажано.Но сигурна сум дека го знае.
Јас имам помал брат од мене, помал е 3 години , си го сакам брат ми и чувствувам некоја сестринска празнина кога не е тука . Понекогаш има моменти кога се поткаруваме, но брзо поминува, сепак среќни моменти има многууууу.