Имам сестра поголема и многу често си помагаме ми кажува домашно , знам секогаш за нејзините дечковци,ми дава совети,се дотерувама заедно,излегуваме на шопинг а некогаш се и караме ама сепак сестра ми е многу си ја сакам а имам и двајца братучеди кои се поголеми од мене се понашаме исто како да се ми родени браќа многу сум поврзана со нив и многу си ги сакам
Јас и брат ми имавме многу добар однос пред 6 год. односно пред да се ожени.Од тогаш комуникацијата ни се промени.Повеќе не сум блиска со него.
Брат ми е постар од мене, има 18 години. Како малечки многу се закачкавме, ама сега ретко. Порасна и му дојде умот Абе многу си го сакам
Сакам да имам помало братчеее!!! Сестра ми си ја сакам, но сакам едно мало братче исто така. Од маало едно детенце (сега е прво) има психо сестра и цело време е тепан од неа за безпричина... Многу ми е жал за него, а во школо секогаш кога ќе ме види трча по мене и ме гушка и вика дада. Душичка...
Јас имам тројца браќа и една сестра Со едниот брат сум близнак, сосема различни карактери сме, добро се согласуваме, ама има моменти кога неможаме да се поднесаме еден со друг Со другиот брат имам супер однос! Помал е од мене 12 години, многу личи на мене и во карактерот и во физичкиот изглед Со третиот брат е помал од мене 11 години, исто така имам добар однос со него, иако е многу помалечок од мене Е сега за односот со сестра ми можам ептен многу да пишувам Разлика сме 9 години, и многу добро се согласуваме сега за сега Иако е малечка, имаме заеднички теми, ептен е културна, сака да учи, друштвена е
Имам брат и сестра.Помала сум од сестра ми 11 години а од брат ми 13! Мнооогу несогласици имавме порано кога бев малечка...Со брат ми се карав а сестра ми ме малтретираше многу(во позитивна смисла)ме редела на ѕид мирно да стојам ко војниче и секаде кај што ќе ми речела морало да ја бацам инаку не ме пуштала Брат ми се жени добив и внучиња и се оттргна пажња од мене,арно ама почнав да растам па сакав да излегувам и сестра ми тогаш најголемиот "душман" ми беше Никаде не ме пуштаа да одам без нејзина дозвола Па нерви од моја страна еден куп! И тоа помина и ете сега можам да речам дека сум во сосема коректен однос со брат ми и сестра ми!Со сестра ми џоа другарки сме сега и редовно се присеќаме на карањето околу тоа пусто излегување и искрено и сум благодарна за целиот труд вложен во мене за јас да испаднам како што треба
Ептен добро се слагам со брат ми , порано не зборевме воопшто , ама како пораснавме сфативме уствари дека треба да се цениме и сакаме.. Некако детсткото карање , тепање исчезна..сега нема ден да не се слушнеме и видиме
Брат ми е постар од мене. Супер се сложуваме..не сме како порано да се закачаме за секоја ситница .. Сега веќе е друго.. Па си имам и снашка, хухуху ГО САКАМ, а и тој мене НАЈМНОГУ
Брат ми цели седум години помал од мене, па речиси секој ден го чувам бидејќи нашите се постојано зафатени со работа. Ова не` зближи многу, само на мене ми ги кажува тајните, заедно учиме, заедно и готвиме. Единствено не ме слуша кога се зборува да чистење. Ај, нема везе, постои најголемата во куќа, таа че исчисти. Не се баш сложуваме за телевизорот, тој сака да гледа цртани, јас детективски серии. Но, некогаш како помал знае да попушти и заедно да гледаме серија, или пак јас попуштам кога има приказни во форма на цртани. Тие и јас ги гледам. Мора се што се мора. Сепак, јас сум поголема и одговорноста паѓа врз мене. Некогаш и го бањам, го заспивам, му читам книги, но не ми е тешко. Напротив, прекрасно е кога ќе си дојде дома целиот испотен, стои и ме гледа, а повремено и трепка. Па нема најверојатно да чекам некој друг да дојде да го избања. Го сакам премногу.
Јас и братми сме 6 и пол години разлика.Порано очи несакавме да си видиме ама сега највеќе си се сакаме едноставно свативме дека немоземе еден без друг и дека тој ми е се
Брат ми е постар од мене околу 8 години, и како деца се случувало да се скараме нормално а може и ме закачил, не памтам искрено. Денес имаме добар однос, знае дека пушам/дувам и земајќи го фактот дека ми бараше јас да му средам.. Крај. Понекогаш ќе седнеме, ќе направиме и озбилен муабет и ќе се смееме за нешто, сум патувала надвор од државата со него и ме чувал, ме пазел. Последниве години и не го гледам баш по дома, зошто по цел ден е на работа, јас или во школо или надвор со друштво. Го почитувам и сакам како брат, само не оправдувам некои негови непромислени постапки и планови, и кога ќе заглави сите му се криви. Но ете, каков е таков е - брат ми е.
Постара сум од брат ми 3 години и се караме по 100 пати на ден Премногу ме нервира и се закача и после јас ќе пукнам и ќе го удрам силно и плаче и и кажува на мама и јас кривата после Ама има моменти кога се гушкаме и иако се караме сепак се сакаме највеќе
Мојот однос со брат ми е една голема нула. Помал е од мене ама е многу непедантен, невнимателен и слично. На моја несреќа делиме иста соба. Нему не му е срам ако му дојдат другарчњата и креветот му е растурен и облеката ама мене ми е. Не барам апсолутно ништо од него. Јас 2 пати недлено чистам бришам и метам тој само да си го намести креветот и собере алиштата ама ни тоа не го може. Постојано викам по него ама со кој ќе се разбереш. И онака годините му се малку влегува во пубертет и односот му е малку буктовнички спрема секого несамо спрема мене ама верувам дека тоа ќе се промени со тек на време.
Брат ми е 6 години постар од мене. Како мали многу повеќе се дружевме, но потоа се оддалечивме, тој излегуваше, скоро никогаш го немаше дома, ретко разговаравме. Ама сега, за било каков проблем можам да му се обратам, секогаш ми помага. Тој ми е најважен.
Брат ми е постар од мене 2 години и никогаш не сме биле блиски, ме бара само кога му требам за нешто.
Brat mi e postar od mene i imame poveke od korekten odnos.. Se druzime,imame zaednicki prijateli,sekogas sme tuka eden za drug..
Помал е од мене точно 5 години. Понекоаш се распрааме за глупости, ама воглавно сме најголемата поддршка еден на друг. Љубов ми е.