Братми е постар од мене 4 години. Е јас како мала и уште живеам на таа слава, ако те кажам на бате ќе видиш . Како мали ќе се испотепавме по дома оти стано бевме нинџи, рамбо, каратисти и јас дека помала си го јадев подебелиот крај. Но после петто, шесто оделение престанаа тепачките. До сега уште се немаме навредено, ниту еден збор на висок тон не сме кажале. Секој пат е овде за мене и покрај тоа што има фамилија кога и да го побарам одма лета.
kaj nas odnosot e neprijatelska zona, smrtni neprijateli sme, megjusebno mn se karame (sega sme daleku), ama jas ako slusnam nesto za nego, deka nekoj go cepnal, odma mu stojam vo odbrana ( pogolema de). A toj pa tolku mn me saka i mi se umilkuva ama samo koga ima potreba od pari
Јас имам само сестра , но мајка ми има брат психопат , ископлексиран , нема со никого муабет , не е женет а наполнал 40+ , живее уште на грбот на старите , неработник , право за во бардовци е ! фала му на бога што немам брат посебно ваков !
Имам и брат и сестра со сестрами се е прекрасно и сега кога си има дечко. Со брат ми се беше супер додека не си фати за озбилно женска и само како таа да постои -.-.. незнам му го испи мозокот цела плата за нејзе оди а зема 1000 евренца ... Незнам ама од секогаш ме плашеше ова и ете ти , а толку добро се разбиравме и основно и средни заедно се бевме заедно како деца си игравме заедно едно бонбонче го делевме , се зделевме се е сега едвај ми се јавува... и тоа кога таа не е со него...
@EminemsGirl а тебе што ти е гајле на што тој ја троши платата, негова си е на што сака ќе ја троши, може така ми е ќеф. Не те разбирам прво нешто што спомнуваш е дека откако си фати женска се одалечивме платата на нејзе ја троши. Ако стварно ти е тешко што сте се одалечиле ќе речеш криво ми е оти не излегуваме како порано, не се слушаме често итн, а не платата на нејзе ја трошел боже боже. Нормално е да ср одалечите таа некогаш веројатно ќе му биде жена и со неа сега го минува времето, нормално р да се слушате повремено и да се гледате на по едно кафе или пијачка, ручек.Не може да е како кога сте биле млади без обврски и слободни.
Многу се караме, он е помал, и многу ме нервира. Кога беше на одмор рает бев цела недела а и јас кога бев убаво се одморив. Му помагам за домашно или за учење, ич не ме бива за подучување , а и тој мене..
Па порано се делеле и едно бонбонче, а сега тој плата од 1000 евра не ја дели со неа, туку со девојка му хахахах @EminemsGirl не се лути, ама така звучи од напишаново, верувам дека не си сакала така да кажеш
Сакав да кажам дека кога е со неа тој не смее да ми се јави е залче леб сме делеле за сега кога ке му се јавам да не ми зборува кога е со неа или да не смее да ми се јави? И тоа за платата сакав да кажам дека кога е без пари таа не му ниту звони... не никогаш му немам земено ниту денарче фала богу финансиите мои се по здрави па кога ке се најде во тесно има сестра да го помогне (секогаш ке бидам тука за него) . Од што ми е мака се немам ниту искажано како што треба извини моја грешка ама да поминам 20 години се со братми (буквално 5 денари во џеб сме имале па еден на друг четвртина леб сме си купувале за да не сме гладно) и сега веке 4 месеци јас како брат да немам..одеднаш се.. за сестрами неможам ништо такво да кажам иако е помала повеке се разбира...
Тој веќе не е тука, и никогаш нема да се врати. Кога беше тука,кога беше жив, бев помала. Нормално дека на тие негови години не би сакал да поминува време со неговата мала сестра, која многу досаѓаше. Поминувавме многу малку време заедно. Многу ми е жал поради тоа. Толку многу го сакам. Сакам да се врати, но не е можно. Сакам пак да биде тука
Јас и брат ми се разбираме само со АБЕ и тоа ни значи како си, шо прајш и така. Не излагаме заедно. Многу го сакам, иако можеби и двајцата еден кој друг не покажуваме. Ама за ништо на светов не би го дала, еден ми е брат
Братми е галениче и тоа ме нервира премногу. Си имаме моменти кога сме ОК и си правиме муабет на секоја тема но и многу лошо знаеме да се караме. Сега тој се спремаше за излегување и ми даде да му пеглам кошула и додека пеглав почна памет да ми дели да филозофира и јас збеснав не му ја испеглав, му ја фрлив накај него и си излегов од собата, после го гледам друго облекол инаетчијата, да ме замолеше ќе му ја испеглав ама нека.
Не знаев каде да пишам, зашто нема врска со врски, ако треба нека се префрли. Имам брат постар. Односот не ни е сјаен, особено последниве години. Инаку, кога и да му побарам некаква помош околу било што, на пример некои онлајн плаќања, нарачки, некои програми за даунлоад, и други ствари околу интернет одбива да помогне од чист инает. Ќе го замолам и ќе фати со - сама снајди се, што замараш . А има познавања околу работиве, сам ги прави. Не е до плаќањето или нарачувањето. Ете ќе побарам на нет помош, може ќе се снајдам. Проблемот е што никогаш не се потрудил да ми помогне околу било што, да ме научи. Ко комшиско дете е*ате се осеќам да сум за него, а не сестра. Па јас да имав помал брат/сестра се' што сакаше ќе го научев. Друго, секогаш ми збори не сум готвела за сите дома. Кога он си прави вечера за него сам е океј. Кога јас ќе си направам за мене, ете го во кујна, зашто нема за него. Готвам за сите кога можам, тој многу ретко. Се вади цело време на работа, уморен не знам што,а јас сум имала време за све. И секогаш истиве аргументи и он е во право јер бил постар. Стварно не знам како да се справам.
Ова ми дојде толку смешно, извини али звучи како брат ми да го напишал. Разлика сме 2 год, он е помалиот и реално замара. Мојот изговор зошто не скокам да му помогнам за се е главно бидејќи веќе како помал е многу поразгален и повеќе му се попушта. Не е дека не го сакам, али најлесно е да му дадам или да завршам нешто за него. Ако јас сум морала сама да се научам, ќе мора и он. Некој вид на tough love. И он ми се жалел, незнаел дали сум го сакала, не сум била фер како сестра и слично, но сметам дека вака му помагам за разлика од моите кој ќе седнат со него и некад и ќе му ја завршат работата што и да е. Забележително ни е подобрен односот последнава година, али знае да замара за банални работи како превод на збор од англиски кога е на компјутер, сам може да побара, ама не мене да ме праша Тоа ти е. Со брат и сестра се сакаш али главно е да се трпите А за храна, ах колку караници имало и за тоа Главно ни е ако едниот готви да праша дали сака и некој друг, ако нејќеш нема али ако си рекол да, мора да има барем еден танир за тебе. Мора да најдете договор кој ќе одговара и за двајцата. Верувај секогаш ќе има нешто ново за што ќе се карате, едноставно така е
Тебе ако ти е смешно мене не ми е. Не смеам да му преречам за готвењето зашто знаеш што ќе следува? Погоди од трипати. Или треба да кажам на глас? Не е смешно да живееш со паразит. И во врска со првиот дел идиотски е сопствената сестра да ја третираш ко туѓинец, да неќеш воопшто некогаш да ти е ќеф да помогнеш, да направиш нешто за неа, и тоа од пуст инат. И исто така ако инсистирам да ми помогне зашто знам дека е слободен, истото од горе следува. Ако не погоди пак, ќе ти кажам. И да дополнам, да. Коски тресам за вакви работи пред него. А не би требало нели? Не треба да се плашиш од сопствен брат да побараш помош за било што. Под страв, мислам на сериозен страв, од ќотек страв. Он да не помогне, а јас да готвам, ахам.
Од аспект на постара сестра ќе ти пишам. Често пати и брат ми мене односно за се ме прашува и да не речам замара. Му помагам, но нема разбирање дека и јас имам свои обврски. А, ако го одбијам одма се жали дома и пренесува дека сум го одбила скроз, а не дека сум му рекла малку да почека. И одма моите "леле што инат ќе беше, знаеш, помогни му", а нема врска, работата е само да почека. Некогаш стварно си позафатен, а него го мрзи да побара шо како е. Пола предмети и онлајн настава ја му ја средувам. Ама некогаш и ја си викам зашто нема осет, еднаш да рече ќе почекам, а не одма мора да ми завршиш. Е, сега ја му помагам, не дека не сум му завршила тоа шо побарал. Сепак помал брат ми е, сум прошла кроз тоа. Но, некогаш знае да е досадно да ме бара само да му средам нешто. А сме речиси 7г разлика и пред карантинов не се ни гледавме многу, во различно време различни обврски имавме. Како расте се зближуваме повеќе ама сепак научен е за се да му се помага. Се надевам како ќе расте ќе си ги смени особиниве. Веројатно не сте блиски, можеби е поради голема генерациска разлика. Пробај некако да се зближите, заедно да одите на кафе, заедно вечера на пример правете. Не знам дали од негова страна има интерес за тоа. Можеби и он се осеќа дека го бараш само ако нешто ти треба. Не знам, понекогаш е битно од двете страни да се согледа ситуацијата. Можеби е таков чуден карактер он, може не ти мисли лошо, само ете...