Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот брат - сестра

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baby87, 13 март 2010.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А НИКОГАШ да не помогнеш на сестра? И тоа во денови кога цел ден дремеш на телефон, од инат само, од инат.
    Прочитај го мојот пост над твојот. Не му даваш ќотек ако му треба нешто нели? Не сметаш дека само тој треба да готви, а ти да чекаш секој ден на готово?
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.318
    Пол:
    Женски
    Не, не се тепаме. Дури не му ни викам, се е со разговор најнормален...
    Кај нас дома нема такви работи. Ни нашите не кренале рака на нас, ни ние не се тепаме...

    Да не случајно од мал има трпено од дома ќотек ако барал нешто, па тоа му е copy mehanism на постапување?
    Веројатно има нешто подлабоко психички во ваквиот однос.
    Ова стварно не е во ред, семејно насилство е...

    Колку години е? Колку години сте разлика? Од мал ли е таков? Сте биле ли некогаш блиски?
     
    На Alisa22, BlackMistery, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Чекај малку, првиов пост го сватив како типичен проблем, ако е посериозно, не сваќам дали те тепа или зошто ти е толку страв, зборувај со твоите.
    Не е океј дома да си под постојан страв. Поправи ме ако не сваќам добро.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    27 годишно теле е, јас сум 21.
    Не е од мал и не знам од каде му е. Битно мисли дека е постар и дека јас треба да го слушам све што ќе каже он. Нека ти звучи смешно проблемот, јас ради тоа се осеќам ко туѓинец према него, не како некој на кој можам да се потпрам, зашто секогаш било гајле ми е, снајди се.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.318
    Пол:
    Женски
    Не ми е мене смешно ова, напротив, ти реков семејно насилство е.
    И човек шо на 27 вака се понаша, немам коментар.
    Мислам дека треба максимално да го избегнуваш чим е таков. Не значи дека ако со некој сме роднински поврзани, мора да сме блиски.
    Ова е стварно нездрава средина за живеење.
    Да не е он поради нешто исфрустриран, можеби нема работа, нема девојка или нешто, па бесот така го исфрла и покажува сила дома?
    Можно е и вакво нешто да е во прашање. Агресија според мене се појавува ради внатрешни конфликти и чувство на немоќ, па сака да е доминантен врз некого.
    Жал ми е кроз што проаѓаш, сигурно не е лесно да живееш со ваква личност...
     
    На Alisa22, Moon.Girl, MrenaRiba и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence

    Жал ми е, но мислам дека не можеш апсолутно ништо да сториш за да го средиш односов со брат ти.
    Kога некој на 27 години наместо да ја зацврснува врската со сестра си, избира да се однесува како ѓубре (извини за изразов), мислам дека тука нема што да се поправа.


    Дрим во реченицава убаво ги доловила можните причини за такво однесување и сосем се согласувам со пишаното.
    Но никако не се и оправдувања и сите тука го знаеме тоа.
    Едноставно не комуницирај повеќе од потребното и завршувај си се' сама, за ако ништо друго барем да си скратиш од нервирање.
     
    Последна измена: 22 април 2020
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Ист брат имам и јас,има 23 години и ништо не ми помага,не ми обрнува внимание,се караме понекогаш дури знаеме да се затепаме го научив дека е таков и избегнувам муабет да му правам.Би требало да ни се средат односиве може ме смета за уште мала па затоа немаме некоја блискост,и стално ги буцка моите како јас сум била најмала и сум требала да чистам дома и јадење да правам
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Работа има, девојка не. Дури ми љубомори и што сум во врска. Не кажал директно, ама во некои ситуации можам да насетам дека е така.
    Океј, и јас во врската лошо се однесував едно време ама кога сфатив што правам се сменив.
    А на него збори му цел ден, пак е он во право. Збори му уште - следува тоа што следува.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    9.245
    Пол:
    Женски
    А што е со твоите родители?
    Зошто му дозволуваат да се однесува така спрема тебе?
     
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Исто велат.
    Постар е, слушај го, мисли на тебе.
     
  11. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence Точно знам за што збориш. Жал ми е што поминуваме низ вакви работи.
    Помеѓу мене и брат ми никогаш немало согласување или пак за чудо помош.
    Причината е јасна, се осеќаат супериорно и помоќни од нас, нѐ сметаат уште за деца.
    Кој е крив? - Родителите. Станува збор за љубомора која се јавува при самото раѓање на второто дете, очигледно е дека поголемо внимание ти обрнувале на тебе кога си се родила, па несвесно придонеле родителите да се развие таа љубомора кај него, а со тоа и желбата повторно да биде вниманието свртено кон него.
    Понатаму како што одат годините, таа несвесна љубомора не е приметена и е прерасната во детски караници и тепања.
    Ти сакаш да си играш со него и со неговте другарчиња, тој те брка и ти се заканува дека ќе те истепа, за да се осеќа супериорно, нели.
    Родителите го приметуваат ова, но не реагираат. Нели прво дете, машко е, треба да се почитуваат неговите желби. Ти си кривата што сакаш да си играш со него, што мајка бараш??
    Со текот на годините се развиваат недоразбирањата, доаѓа до целосно непочитување и несогласување помеѓу брат и сестра. Сестрата упорно пробува да се доближи до братот, сака да го подобри односот, но братот научен да ја омаловажува, го отфрла тоа и одбива било каков добар однос. Да ѝ помогне не доаѓа предвид, да и даде совет - што по ѓаволите е совет?...
    Нешто што би можело многу одамна да биде превентирано од родителите, со тоа што не би дозволиле да се развие првичната љубомора кај првото дете.

    Решение? - Моето решение е целосно одалечување од него. Како да не постои, при тоа веќе не постојат навреди, закани, развикувања и лажна надеж за боље комуникација. Барем јас ова го применувам, не ти викам и ти тоа да го правиш. Ако мислиш дека можеш да го средиш ова со муабет, feel free to do so.

    Би ти рекла да не очекуваш од никого ништо, да си бидеш најнезависна личност што си ја запознала. Сам свој пријател.
    Тешко дека ќе добиеш помош од човек што те третира како го*но.

    Знам дека е жално што дури и сопствена крв може да ти биде најголем непријател, ама тоа е. Луѓето се срање.
     
    На Purplelilac, *Amethyst*, Juicy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Немаш обврска него да му готвиш. Никогаш. Не е неспособен ниту мало дете. Ама ниту еднаш. Пошо ако се тресеш од страв од ќотег од некого, тој човек не заслужува да го погледнеш, а не да му готвиш. Не барај помош никогаш за ништо од него. Што повеќе бараш помош, тоа повеќе ќе мисли дека и ти треба нешто да направиш за него. Не треба да се потпираш на него. Огромен проблем си има тој кој треба на психијатар или психолог да го реши, проблем со гнев и дома да се плашиш од член на семејство е нешто најлошо. Можеби е љубоморен на тебе бидејќи постарите деца се често љубоморни на помалите, што не е воопшто твој проблем. Не барај помош и не му ги исполнувај желбите. Јас кога би била на твое место кога би можела би се иселила од тука и нема да му кренам ни телефон, не би зборувала со него, кога би ме прашале, не би кажувала дека имам брат. И родителите треба да преземат нешто, а не да стојат со скрстени раце. Физичко насилство е нешто кон кое имам 0 толеранција.
     
    На kim.k, *Amethyst*, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @martiiinna @Mantub се трудам да бидам фина и никогаш не го замарам коа има работа. Коа нема, за банални ствари сум го прашувала, онлајн плаќања и такви ствари. А економски заврши, не може да не знае да помогне. Всушност и сам завршува такви работи за него, ама за мене е ја нисам одавде. Ми се има дерено, и тоа многу што го прашав за едно обично бројче што се бараше да ми каже кое треба да го пишам. Нормално е ова?
    Дури цело време вика - оди дечко ти речи му да ти помогне. Ми се потсмевал и за него дека е низок, имал мали раце, ваков таков. Затоа и либе не го носам дома, зашто неќам да се сретнат, толку ми е незгодно.
    И сум пробувала да го игнорирам, еднаш на пример се вратив покасно од што требаше и не му кревав на тел и дома кога дојдов ми викаше другпат да не сум правела вака зашто немало веќе да излегувам

    А ако си готвам за себе само, одма се жали на мајка ми себична сум била, не ми било гајле за него, брат ми бил требало да делам. И она ќе дојде и истото ќе ми го збори.

    Еве не сум се осмелила да бидам уште похрабра, зашто не знам исходот кој ќе е, а студирам, немам ни свои финансии освен стипендијата која не е којзнае што.
     
  14. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    9.245
    Пол:
    Женски
    Да се отсели и да изгуби контакт со него е најдобрата опција ама најтешко остварлива, па каде ќе оди со 21 година. Ете дури и нејзините родители се на негова страна, а таа колку и да се труди да оди против желбите на брат ѝ тешко дека ќе може да го направи тоа.
    А и како да го игнорира кога до него е 24/7? Сметам дека девојчево најпрво треба да разговара со нејзините родители и да ги придобие на нејзина страна.
    Убаво да им објасни дека не е во ред однесувањето да брат ѝ.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence

    Како што и претпоставив, се поставува како татко спрема тебе. Ужива да те контролира и сака да зависиш од него, сака да ги слушаш неговите команди.
    Да не го има ова научено од некој близок? Ова е однесување е стекнато, не вродено.
    Како и агресијата што ја има покажано.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Си има и тој некоја мака, и нема на кого па на тебе се истура дека ти го трпиш, а друг нема. И така...
    Не е совет ова ама колку за утеха. Зашто ти не можеш да го промениш него, тој таков е, секој со својата дијагноза... Само да го избегаваш, ако можеш.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кој е бе оној да ти кажува кога да се враќаш дома. А бе браќа сестри се во иста позиција дома. Никој не смее да се понаша ко родител на друг. Не знам за тебе, ама јас на таков човек на улица би го оставила не би го прибрала. Никаква помош не би му пружила во животов, најмногу да му треба да плачи да ме моли од мене би добил тресната врата. За мене не би постоел повеќе. За ништо не му барај помош. Така го редиш и за момент во позиција на моќ. Исели се што поскоро. Учи не паѓај испити. Малку е тешко сега ама учи за да биде подобро после. Со дечкото некако да направите заедно нешто? Како ми се гади од вакви луѓе.

    Абе како да ги придобие. Затоа се родители. За очите 4 да им се отворени кога детето им страда. А не детето да моли за помош.
     
    Последна измена од модератор: 23 април 2020
    На kim.k, *Amethyst*, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Остајте ги родителите, не можат ништо они да решат. Човеков има 27 години!! Тие не успеале како мал да му дадат до знаење дека сестра се почитувс, сега на стари години ќе го оправуваат.
     
    На Purplelilac, *Amethyst* и Tan4ence им се допаѓа ова.
  19. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    9.245
    Пол:
    Женски
    Во ваква ситуација не ѝ преостанува ништо друго освен да моли за помош. Се согласувам со тебе дека родителите треба да се грижат подеднакво за своите деца ама ете во случајов тоа за жал не е така.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Покасно од 12 ипол никогаш не сум била надвор, иако ме знаат каде сум и со кој сум.
    Срамота било од него да сум до касно кај дечко, свашта он ќе помислел. Ова од мајка ми.
    Дури еднаш исто требаше да се видиме кај либе дома, мајка ми исто ми збореше срамота било брат ми да знае дека ја и либе сме биле сами дома.
    Учам, добро ми оди факс, ќе почнев и дипломска да не беше карантинов.
    Дури едвај чекал да се иселам јас (читај да се омажам) за он да ми ја земел собата. А има своја, голем ни е станот.
    Веќе не му барам помош. Па луѓе со кои онлајн се знам само повеќе ми помогнале од него што покрив делиме 20 години. Неќел да злоупотребувам, затоа не ми помагал за ништо.

    Либе ми е мислам единствена подршка, ама и он на тежок факс, засега не знам некое сигурно решение.
     
    На SummerGirl и GirlRose им се допаѓа ова.