Она не кажа што мислат нејзините родители за тоа дали она да се исели. Проблемот е во брат ѝ,а основната вина за тој негов став лежи кај нивните родители.Не го воспитале добро штом си мисли дека му припаѓа станот и дека штом е женско мора да знае да готви и мора да готви. И да се нивните родители на негова страна,она не треба да попушти.Не треба да се откажува од она што ѝ припаѓа ако таа самата не сака.
@Stark Зависи од тоа дали само ќе кажат или тоа ќе го стават во документ. Ако не го препишат на него,она може да си бара дел. А,имало и случаи во кои и препишаното било оспорено на суд,во зависност од околностите.
Јас те разбирам во поглед на ова, затоа што животот не е нешто снимано во Холивуд па така лесно ќе се осамостоиш додека студираш. Особено во нашава држава каде луѓе не можат крај со крај да сврзат со две плати, а не пак студент да се вработи и да зема пристојна плата со која ќе се издржува во целост самиот/та и притоа да успее да се вложи доволно и во студиите. Да, важи. Само зад екран и на тастатура, решението е прелесно за некои. Останува советот Танче да се држиш понастрана од него, додека не ти се укаже можност да си заминеш. Не му готви и не се заморувај да се објаснуваш со него за било што. Само самостојното функционирање без да бараш ничија помош од било кој од домашните ќе ти го одржува мирот додека си таму.
@Tan4ence Тане, ова не е обичен проблем. И искрено не е здраво Прво за тебе и твојата психа. Не е здраво воопшто да се плашиш од брат ти. И таа омраза, тој гнев. Има нешто труло во него пошто да ја мразиш сестра ти е друг левел... Најдобро е да игнорираш. Ама, како може да игнорираш некој кој ти преречува јадење? Јас би ти рекла дај му до знаење. И покажи му многу да не се к*рчи. А, ако дигне рака на тебе пријави го. Јас би постапила така. Пошто очигледно е дека не се разбира со добар збор. Искрено и мојов совет не е кој зне што.Пошто може ако го пријавиш да имаш проблеми со твоите дома... Имам дома чист пример. Дедо ми цел живот ме презира што сум женско. Секогаш на машките внуци им даваше пари, јадење. А, мене ме фрлаше на страна. Твојава ситуавија е озбилна со оглед на тоа што има и агресии. Не може да бидеш фин спрема секој, тоа го научив на потешкиот начин. Не мисли многу на тоа. Учи си, комуницирај со дечко ти. Не дозволувај со него да имаш конфликти ради проблемите дома. Дипломирај си и се надевам ќе си најдеш работа со пристојна плата и ќе се отселиш евентуално.
Братми некако многу сака да се истакнува, а јас секогаш си го покажувам вистинското лице (во некои ситуации не). Се понаша како 10 годишно дете... Намерно го чека моментот кога мама и тато ќе се вратат од работа и почнува да ги брише прозорците да ги мие садовите... Јас и целата куќа да сум ја исчостила тој го проверува секој детал 10 минути пред мама да си дојде од работа и почнува таму да чисти... И мама кога ќе си дојде од работа кога го гушка и му вели 'Така треба синко! А не како *моето име* да дремеш пред телевизорот или телефонот' И за тоа често се расправаме, јас му велам да не се прави паметен само пред луѓе туку да си биди нонстоп паметен и да престане со овие глупости. Па 4 години и 3-4 месеци е поголем од мене... Но пак се сложуваме.
Колку им завидувам на пријателите коишто си се гордеат, си се држат со браќата и сестрите. Што ако ви кажам дека сестрата Теси нема добиено ниту една прегратка? И сѐ си наоѓав изговори, не голема разлика во години, не пубертет, не врска, не не знам што... И сѐ јас виновна оти помека сум и полесна на простување. Не ме сака ете. Прави изненадувања, финти, нешта да се чувствува убаво, сакано, бадијала.
Имам брат, 11 месеци помал. Како мали бевме како куче и маче. Само се тепавме (и крвнички да не речам кога не не гледа некој) , навредувавме, трчкавме околу куќа, улица (и со ножеви се трчавме дури). Леле не можев да го сварам Скроз незрел беше. Јас со книгите цело време бев, тој сосема спротивно - само акнат надвор да игра. Со полиција 5 пати го имаме барано, не се прибираше дома и по 15 саати. Кога ќе отидевме да го бркаме, ќе се скриеше некаде кога ќе не види. Лудница Е сега, би дала и да ме шлакне шамар, само да го видам. Работи во странство, и не сме се виделе повеќе од година време. Со коронава уше толко сме ограничени, сакав да одам кај него, ама нема ни лет ништо. Далечината не зближи ептен. Последно кога бев, колку плачеше тој кога ме испраќаше на аеродром, срцево ми се искина. Да ми речеше порано некој дека брат ми ќе плаче по мене, ќе му се изнасмеав во фаца. Сега сме нон-стоп во комуникација, и најдобри другари сме си. И ми фали страшно многу
Имам брат кој го сакав повеќе од се. Ми го уништи животот и здравјето, не сакам никогаш повеќе да го видам во животот.
Имам брат кој што ми е најдобар пријател. Секогаш тука за мене во било кое време за што и да е. Горда сум што имам брат како него
Имам помал брат и ептен си се сакаме , иако не живееме заедно често знам да го викнам да гледаме филмови или цртани или ако зготвам нешто многу убаво го викам . Голема разлика сме 11 години и на моменти многу знае да ме замара посебно за инсталирање игри или такви работи поврзани со компјутерот што моите не знаат да му покажат ама секогаш му помагам без разлика колку и да замара имаме супер однос и секогаш сум тука да му бидам поддршка за се , да го подучам ако треба и да го искарам секогаш ми кажува дека сум најдобрата сестра и дека многу ме сака .
Јас имам брат, 4 и пол години помал кој по природа е иначе многу, многу затворен, тврдоглав и се буквално чува во себе, а не е интроверт. Има големо друштво и се истакнува, ептен е социјален. Само не покажува чувства и не споделува проблеми. Ние сме два спротивни карактери Тој е четири години помал од мене, моментално има 16 и е во пубертет и според мене е нормално да нема некоја блискост меѓу нас, но има поголема отколку пред година-две. Мислам (уствари се надевам) дека со текот на времето повеќе ќе се зближиме. Го сакам најмногу на свет
Сестра немам, имам еден единствен брат постар од мене 2 год. Ако е потребно за него во оган ќе влегувам
Имам брат, помал 3 години. Уште од мали не се сложувавме, сакаше да се истакнува со тоа што мене ќе ме понижи или ќе ме клевети. Беше тужи баба. Така го викав. И тепачки имаше дома и плачки. Ама бидејќи тој беше малото галениче на мама, а јас татина ќерка секогаш јас бев во ќош бидејќи татко ми ретко беше дома. Бидејќи брат ми имаше здравствени проблеми и едвај преживеа имав разбирање зошто толку го пазат и го разгалуваат. Но ми паѓаше тешко. Се сеќавам еднаш кога јас се накашлав и мајка ми цела преплашена од другата соба праша кој кашла. Кога реков дека сум јас, некако и олесна и кажа дека супер штом не е брат ми. Сега кога пораснавме и кога минавме многу работи заедно поинакви ни се односите. Многу сме поблиски од претходно, но знам дека карактерот не му е сменет. Се уште сака да навредува, да се истакнува и да биде над мене. Веројатно бидејќи уште има 18 год, кога ќе го снајдат вистински проблеми мислам дека ќе се смени неговиот однос и поглед кон светот бидејќи се уште е разгален и се му е на тацна. Сепак го сакам и му помагам, а се случува и тој да ми излезе во пресрет.
Jas doziveav cuvstvo kako da mi soopstile deka nekoj pocinal ili napravil soobrakajna nesreka. Ne znam kako da go opisam toa cuvstvo kako nekoja voznemorena praznina panika. Informacijata mi e soopstena preku poraka ne znam kako da reagiram.