Ја сакам сестра ми најмногу од се. Ќе дадам се за неа.Никогаш ама баш никогаш не сме се карале,а далеку од тоа да се тепаме. Помала е од мене 4 години и баш супер е. Е до скоро немавме плачено заедно,ама и тоа го искусивме на едно кафе-муабет-солза-смеа... Ја сакам многу....
си го обожавкам моето најмало братченце, мислам дека животот би го дала за него. не знам а не ни сакам да знам каков ќе ми беше животот без него
леле кога ви ги читам коментарите едноставно ви завидувам колку сакам да имам брат или сестра а може и двете,единица сум на мајка и татко и не знаете колку е глуп животот без да имате со кого да споделите добро и лошо,среќна сум што имам другарки што ми се како сетри и другар кој ми е како брат али сепак не исто,може еден ден ќе се скарам со нив ( не дај боже да дојде до тоа) нема да си опростиме никогаш а додека имас брат или сестра колку и да си грешите еден на друг секогаш ќе бидетте еден за друг во било која ситуација, најискрено ви завидувам
И јас си го сакам брат ми најмногу на свет Помал е од мене 3 години, совршено се разбираме, иако сме во иста соба, никогаш не сме имале некои поголеми несогласувања.
провери дали има таква тема ако нема отвори и ќе дадеме сите свое мислење за тоа ок поздравче и ова е добронамерно
izvini ama neznam kako da ja otvoram aj ako saka nekoj neka otvori takva tema bidejki veruvam i nekoj drug go ima mojot problem ako moze taka da se narece
Сестра ми е помала од мене 6 години.Неретко се караме и тепаме хахах ама сепак ја сакам највеќе на свет,животот би го дала за нејзе
Имам постар брат од мене 6 години.Со него си споделувам некои мој тајни ,но он зависи за што се работи ... Но сепак си го сакам премногу и жиовотот би го дала за него .. Голем поздрав до него
Имам сестра која е помала од мене 2години и нормално понекогаш се караме али во принцип се сложувам со неа и си кажуваме работи...добра сега јас повеќе и кажувам одколку она на мене али сепак помала е и можда и е непријатно ај ќе се опушти и она бацки до неа
Пред малку пишав во Гушкање за мојата мала братучеда... Јас сестра родена немам, но ова мало суштество (кое има само 5 години) ми е сестра, како таква ја чувствувам и човек би убила за неа.
Си имам 3 години помал брат. Се сакаме, се караме, се подржуваме, разговараме, се советуваме, понекогаш заедно излегуваме... Иако е помал секогаш заштитнички се однесува, а јас па уште го гледам како моето мало братче. Кога еден од нас не е дома на подолго време, оној што останал дома секогаш праќа порака: Дојди, досадно ми е, немам кого да искарам и да натепам Не знам што би правела без него... Брат те сакам најмногу
Јас имам сестра помала од мене 2 и пол години и многу се согласуваме, се поддржуваме, се сакаме. Не знам што би правела да ја немав, иако понекогаш знаеме да се потскараме. Како помали почесто се каравме и се тепавме ама сега не, сега сме сложни, секогаш е тука кога ми е тешко, кога треба да разговарам со некого, кога ми се плаче или смее, а исто и јас сум секогаш тука за неа. Многу сакам кога се смееме заедно и кога правиме било што заедно. Кога сме разделени..е тогаш е тешко...I love you sis
нормално јас сега се прашувам што ќе правам кога сестра ми ќе се венча. Ако отиде да живее некаде ќе се откорнам од плачење...не знам како ќе живеам
Сите оние кои си ги сакаат братчињата и дадичките имам помал брат 7 години и си го сакам најнајвеке ако не му го покажувам тоа ....