и јас спагам во категоријата на луге сто ги саакат својот брат или сестра ...... јас имам помала сестра која ја обожавам без пардон
Имам помала сестра и многу си ја сакам. Понекогаш знаеме да се скараме за ситница и таа бидејќи е лутка да не ми збори некое време али на крај се излегува ок.
Јас имам помал брат 18 години има и е многу убав некогаш е многу себичен и тоа ме иритира ама има добра душа и многу си го сакам
Јас имам брат помал 2 години... како мали многу се каравме и искрено посакував мајка ми да го врати на болница од каде што го зела... Меѓутоа кога замина да студира во странство, сфатив колку ми недостасува...и колку го сакам... Да нема со кого да поразговараш, па ни да се скараш...Како празно е дома... За жал, откога замина, станавме поблиски... сега со часови можеме да разговараме на skype...за се и сешто...
јас имам постар брат(3 години постар). Не можам да речам дека не се согласуваме ама па и дека не се караме. ме нервира и го нервирам за се. Ама сепак, зборуваме за се, си даваме совети... Си помагаме колку што можеме, особено тој ми кажува се за негов иот живот, јас не баш. сепак женско сум, не ми е пријатно да му кажувам за интимниот живот. Се караме за ситници, порано за компјутерот или телевизорот, сега веќе нема ни за што да се караме, секој со своето и не се расправаме. Би сакала да имав сестра ама и вака е добро..
значи иам сестра поголема од мене 4 години и мн ја сакам значи незнам што би правела без неа..ја сакам ја обожавам едноставно се си кажувамее.... ја сакаааммм најј на свет!
јас имам сестра помала од мене 4 години и мноооооогу си ја сакам она е во брак веке година дена и верувајте и зетчето си го засакав како братче толку сум си и со него поврзана...сеа се немаме видено скоро година дена прво они не беа во Мк таман јас дојдов во Сло они отидоа за Мк сеа пак се вратија во Гер. така да здравје на лето ке си се видеме во живо мада скоро секој ден се гледаме на Скајп
Имам сестра 9 години постара од мене и многу би сакала да сум поблиска со нејзе. Не знам зошто, но едноставно немаме навика да разговараме за посериозни теми. Поблиска сум со мајка ми отколку со неа... Многу би сакала јас да имам помал/а брат/сестра да го советувам и мислам дека би имале поотворен однос, но нели едно е теорија а друго пракса (сигурно дека помалите знаат да бидат досадни, како и јас некогаш на сестра ми).. Но во секој случај, секако дека многу ми значи и ја сакам
Имам 3 бракја најстариот е две години постар од мене и многу го сакам посебен однос имаме тој многу успеа во зивотот и мислам дека јас повеке се радувам отколку тој самиот,сака да изиграва постар ама кога ке заглави несто прво мене ми звони за совет помалиот е 6 год помлад е со него ми е толку забавно не се описува многу сме слицни и некако судбината се не води на исто место ..ние сме сите некако приврзани иако сме низ светот расфрлени еден преку океан друг преку 10 дрзави ама зивотот би го дала за нив.инаку јас сум единствено девој4е дома ама некогас се цуствувам како заститник ептен се гризам за нив
Имам брат. Постар од мене 4 години. Кога бевме помали, не можевме да седиме во иста соба, постојано се каравме! Се штипевме, тепавме, море лудница беше! Искрено кога бев помала јас многу го нервирав, затоа што многу бев плачка и се кажував по дома (Shame on me) Ама и он мене постојано ме задеваше и зезаше и ми одеше на живци!! И тоа траеше доста долго!!! Може да се каже додека јас не дојдов 8 одд прилично долго... А сега е сосем друга приказна. Буквално како да сме сосем други личности! Одлично се сложуваме, си збориме постојано, он е секогаш тука за мене. Вистински постар брат! Се грижи за мене! Иако понекогаш пак може да се испокараме, но тоа е мнооогу ретко! Секогаш се смееме и се зезаме! Искрено не знам што би правела без него
Бравос бе, што неблагодарник сум. За сестра ми сум напишала само два реда а таа е заслужна за реферати од моја страна. Па еве сега ќе и обрнам поголемо внимание и ќе го опишам по детално нашиот однос. Таа е две години постара од мене, понапред војни водевме по дома а сега баш убаво се слагаме. Кога бев 3-4то одделение постојано сакав да бидам присутна кога другарки ќе и дојдат на гости , а таа ме падеше, не сакаше муабетот да им го слушам а јас инатчика голема бе. ЌЕ СЕДАААМ . И така со тек на време сфатив шо оток сум била ама ајде ми простува таа . Да не била сестра ми до сега кој ти знае што личност ќе сум била ја. Глупка, тупка, смотана у сите погледи. Таа уште кога влегов во пубертет беше со мене. Ме советуваше за симпатии, ме тешеше кога ќе се скарам со другарки и ме научи како треба да се поставувам кон сите. Едно време поради моите глупости таа ми беше единствената другарка. Ја замолував некогаш со неа и да излезам и навечер и на кафе и благодарејки на неа, го поминав и тој период. И сега знам некогаш да ја изнервирам и да се скараме ама пак без тоа не бидува . Воглавном си се сакаме и си се дружиме, си разменуваме се што можеме и не би можела да си го замислам мојот живот без сестра ми. Еднаш сонував дека умрела, после цел ден не можеа да ме смират
Имам брат, помал од мене три години и мноооогуууу ми недостига. Ептен сме блиски, но сега тој живее во странство, го немам видено точно 8 месеци и ептен сум тажна кога треба да зборувам за него. Иако е помлад, секогаш знае добро да се постави, да ме посоветува и заштити доколку е потребно. Не дека како деца не сме се карале, дури и тепале, ама затоа сега... Ептен си недостигаме. Најтажно ми беше кога на скајп ми кажа дека само што си дошол од болница, каде го оперирале од слепо црево. Никој не знаеше од домашните, не сакал да не паничи, а таму скрос сам. Душичка Многу, најмногу го сакам! Братче, одвај чекам да си дојдеш!
Имам сестра постара од мене 10 години, имаме многу различни ставови и различно гледаме на нештата и често доаѓаме во конфликити.Сепак колку и да сме различни и колку и да се караме секогаш сме тука кога нешто ни треба и кога ни е потребна подршка.
Сестра ми е помала од мене две години. Како мали многу се каравме, се тепавме сите комшии не слушаа, потоа не кажуваа на мајка ми и сега знаеме да се скараме некогаш па и дури таа знае и да ме удри Како и да е многу се сакаме, се што имаме дома ни е заедничко, ништо не делиме, се знаеме една за друга. Јас буквално и се исповедувам некогаш и не ме ни слуша, но знам досадна сум ја разбирам . Леле јас баш пред некој ден исто сонував, и станувам цела во шок дома нема никој и право земам телефонот да и се јавам да проверам
Ако го споредам овој пост со првиот што го имам пишано на темава, има огромна разлика. Како и што предвидов со самото тоа што почнавме да живееме заедно овде, станавме дааааалеку поблиски јас и брат ми. Супер ми е со него. За ништо не ми прави проблеми, се‘ делиме, за се‘ ме прашува... кога прави јадење (дури и да прави за него и некој другар кој ни дошол на гости) се разбира дека и јас сум вклучена... абе зборови немам... Моментално не тука, отиден е дома и ми фали...
Ох кога бевме мали со брат ми многу се каравме.... за глупости.... кога дојдов во ск да студирам некако почна да ми фали...а и јас нему.... после еднен стрес кој го доживеавме двајцата многу се зближивме ....не би ми бил животот ист без него...го сакам бескрајно....
Иако брат ми е само 2 години постар ние воопшто не се согласуваме. Најчесто се караме (претежно за компјутерот ) ретко кога ќе седнеме како нормални деца и ќе си направиме некој муабет. Понекогаш јас ќе седнам да разговарам со него бидејќи сум по отворена и по снаодлива од него па ќе му дадам некој совет за нешто ама ретко кога го прифаќа најќесто ми се дере . Тврдоглав е премногу и затоа воопшто не се согласуваме. Ама ова ме загрижува за како ќе биде понатака кога јас ќе се омажам а он ожени дали воопшто ќе се гледаме? Колку и да сакам да си го поправам односот со него он едноставно не попупта и ова им предизвикува многу нервози и на моите родители Веројатно кога ќе излезе од пубертет ќе биде малку подобро и ќе има поголемо разбирање кон мене и кон сите.
^^Ako е пубертетлија што се секираш, периодот на дерење, нестрпливост и неприфаќање совет поминува Сите сме малце такви кога имаме едвај 13-15 години, мислиме дека се знаеме, па така и тој. Охоооо, има да те бара ко ќе се омажиш, ќе нема со кој да се кара, па ќе мора да го занимаваш Јас, да дополнам, како бе не ќе си го сакам кога секогаш ме позајмува пари, а?! Шала, бато си е бато
Имам брат, постар 4 години, и одлично се сложуваме. И покрај тоа што не сме заедно (јас сум на студии во странство), тој ми е многу голема поддршка, но и критика, кога ќе треба. Буквално за се’. Го скрши лактото пред извесно време, и беше на операција. Јас баш тогаш се враќав Македонија за летото. Кога го видов кај шо лежи на болница, толку многу се натажив, шо само го гушнав силно, и ојдов да му купам хамбургер, оти беше прегладнет Да не должам, оти можам многу. Ќе кажам само, ми фалиш дебел