Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот брат - сестра

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baby87, 13 март 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :$
    со брат ми (помал е од мене 3 години) постојано сме во променливи односи
    (тако ми ми вика ко куче и мачка сте)
    :lol: :rofl: кога највеке ми требаше , беше тука до мене
    ама ако еден од двајцата не е дома, си недостигаме :sweat: еден на друг

    те сакам братче :* :inlove:
     
  2. FuffyToooU

    FuffyToooU Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    119
    Имам сестра, помала од мене 1 година :) Мн ретко се караме.. ние сме како другарки, дури и дечковците ни се другари.. и нашите пријатели се исти.. заедно излегуваме викенди, одиме на кафе, по одмори и сл :)
    А нашите дискусии највеке се околу гардеробата :)
     
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    ние сме си крвни непријатели 8)
    не дај боже да се погоди некој минувач, тешко нему :P

    Баш затоа што сме си свои, се маваме додека мајка ми не се вмеша... :wasntme:
    Е од тој момент кога мајками ке влези, се браниме, да не ни вика. :D

    неможам да го трпам, нон-стоп сака во центарот на вниманието да ни е. |(
    Или кога ќе земе да римува некои песнички,
    или тоа бит боксот со устата :@


    Ако не е тој кантерот, кој ќе го трпи незнам. :(
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Ах.. Брат и сестра.

    Јас и брат ми, кога бевме помали, постојано се каравме и се тепавме, т.е он мене ме тепаше ;( зашто е осум години поголем од мене и ме плашеше кога бев мала. Сега е доста поголем и посозреан, па секако не се караме исто како порано. А и сега не ни го гледам толку. Преку недела е на работа, а остатокот од денот го минува надвор, па помалку се прибира дома. Јес да му мина она тинејџерското лудило, цел ден да го нема дома, ама и сега нема некоја голема разлика. :D Ама па највеќе ме нервира кога он цел ден ќе си се изнашета, а јас цел ден ќе си тупам глава со учење и на крајот заслужно ќе си седнам на компјутер, тој си влегува дома и веднаш ме тера да станам. |( Е тогаш ни почнуваат караниците. Јас не попуштам, тој не попушта ама на крајот сепак едниот ќе стане, а другиот ќе седне. Во најголем дел од случаевите јас сум таа која ќе стане. |(

    Искрено, дека е позрел од порано, е, ама на моменти знае да стане навистина детинест и ме нервира што многу лаже и кодоши на моите за работи кои воопшто не се вистина. Вечно бара пари од мене, зашто знае дека секогаш имам, а тој упорно никогаш нема и еве, колку време ми дужи пари и никако да ми ги врати. Неодговорен е и сеуште прави глупости и бељи, што страшно ми иде на живци али ај. Како и да е, мене најубаво ми е кога не го гледам - со мирна глава сум си и си уживам. :)
     
  5. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Многу си го сакам брат ми постар е од мене 5 години и обожавам да му крадам од благото и грицките, секогаш ги делиме на пола ама некако неговата половина испарува :lol: :D

    Како мали сме се карале ама не сме се тепале крвнички најчесто на зезанција било. Ама затоа сега би можела да го истепам заради две основни работи: никогаш ама никогаш не ги затвара вратите од плакарите и фиоките што ми оди на нерви ај тоа ке го преживеам некако ама што неможам да спијам од него од што 'рчи :devil: Секоја вечер по милиони пати го буцкам за да се сврти и да прекине или го мавам со нешто што ке ми дојде при рака и пак ништо заспивам дури одкога ке се преморам!!! |-) вечно ненаспана нека се ожени веке да ми ја отстапи собата!!! :) :) :)

    Те сакам батичко и благодарам што и ти мене ме трпиш знам дека не сум цвеке за мирисање и многу ми е жал што периодов спиеш во инкубатор, ама па учам навечер студент сум што да правам! :D
     
  6. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Брат ми..моја слаба страна :)
    За него сум способна да направам се, ама буквално се.
    Постар е од мене неколку години. Уште од мали сме биле блиски и тоа е така до ден денес.
    Секогаш е тука кога ми треба, само единствено ми е криво што не живееме заедно и неможам да споделам некои работи со него.
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сестра- поголема 6 години, значи скроз сме различни, премногу се караме. Но, и се сакаме. :^)
     
  8. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Татко ми вика да бевте комшии повеќе ќе се сакавте и ке се поднесувавте.
    Ама неможам да го поднесам! Посебично сторење од него, на светов не постои!
    Вакво детиште веке не се раѓа. Цели 6 години е постар од мене, ама исто ко да е 6 години помал.
    За излегување, не ме ни прашува дали јас ке искачам да ме префрли до некаде, пали колата и искача. Дали јас треба некаде да одам или имам некаква обврска да мораат да ме носат со кола, не е битно, битно е неговите желби и потреби да се задоволени.
    Кога му требам, најчесто за пари, моли и се жали ко куче, уште го добивам муабетот како ти за мене- така јас за тебе!!
    Ајде си викам, еден брат имам, ке му помогнам, ако не јас кој друг. Ама барем малце бре да ценеше нешто од нешто!!! Не не и не!
    Ваков брат никој нема, себичност и само себичност!
    Организмов не ми го поднесува и крај!
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.393
    мојот однос со брат ми стана уште подобар одкога се верив и некако од што бевме блиски сега сме уште поблиски и поотворени еден кон друг ;)
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас и брат ми. Две пролетни деца а различни како зима и лето.
    Кога ќе видиш јас сум ти различна од цела фамилија, па ништо чудно и да не сум нивна :D Се шалам.
    Со брат ми како мали немаше ден да не се степаме. На мајка ми главата и чуреше постојано од нас.
    Сега вака поголеми според мене имаме совршен однос. Смирен, коректен и добар. Знаеме и да се зафркаваме и да се смееме, и да направиме компромис, и да им направиме некоја мучка на моите, знаеме и да се гушнеме што допринесува моите тие денови во календар да си ги запишат :D Сепак, ако му е тешко знае каде да дојде. Ако го мачи нешто знае на кој да каже. Ако му треба нешто исто така. Не викам не, го размазувам и го сакам премногу. Порано можев да го тепам, но со оглед на тоа дека е повисок од мене и физички појак иако сум апла постара, не се закачам повеќе толку многу. Додуша рака на срце некогаш знае да ме изнервира и да му треснам една до две воспитни по га*от ама ништо страшно.
    Тоа е дете на кое сум горда. Иако имаме различни ставови и гледања на некои работи во животот, сепак се почитуваме. Јас се би дала за него. И до сега за него имам правено се и сешто, меѓутоа порано беше мал и не ме почитуваше за разлика од сега.
    Сепак тој за мене секогаш ќе биде малото батуле по кое трчав и му викав да не пика прсти во штекер. Секогаш ќе биде теленцето што ќе ми биде на прво место во животот. Тој и татко ми се единствените машки кои колку и да згрешат ќе ја имаат сета моја љубов.
    И понекогаш знае да рече уффф колку ме нервираш, ама два дена да ме нема дома одма се јавува, и прво ме прашува кога ќе си дојдеш а после ми вика не се враќај ич ако сакаш што всушност значи ... ми недостигаш дојди си побрзо те сакам дадичке. Јас барем така си го преведувам :D
    И тако то. Не дека ми е брат, ама детето си нема мани. Ниту пуши, по маааалку пие. Добар е во душата. По малку е женкар ама тие му се годините што да се прави.
    Си го сакам најмногу и Фала му на Бога што никогаш нема постов да го прочита па да си ги дигне акциите :D
     
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Братченцето мое најмило помало е 6 години, ама многу многу си се сакаме со него. :) Понекогаш знаеме да се подскараме ама тоа така колку да не ни е здодевно :lol: :lol: Иако е помал 6 години брат ми уште од мал ми е најверен другар, делиме се и добро и лошо си ги знаеме сите тајни, си помагаме. Дури некогаш си се фаќам сама колку сум здодевна (не давам прав да падне врз него :o ). Дека е помал претерано се грижам за него. За него искрено животот би го дала ... Го сакам најмногу на светтт и еве пола саат како си отиде (учи школо во друг град), а мене веќе многу ми фали... Те сакам сонце дадиноооооооо :* :* :*
     
  12. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Имам помал брат (4 ипол години). Не сме воопто блиски и имаме многу различни карактери и погледи на светот. Често доаѓа до конфликти за некоја постапка, но сепак се смируваме за брзо време.
    Тој смета дека е секогаш во право, а јас сум уверена дека премногу лета во облаци.
    Моите се имаат поставено заштитнички спрема него и сега тоа создава проблеми, бидејќи не секогаш можам да се согласам со него.
    Како и да е јас многу го сакам, а и тој мене :)
     
    На Alondra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Јас немам брат,но можам да ви споделам искуства на мои блиски,и можам на сите да ви кажам алал да ви е ако сте блиски со своите браќа...зашто мислам дека е полесно со сестра него со брат ,но мило ми е што прочитав и поинакви искуства...
    Моја другарка комшивка ,има татко алкохоличар.Ама бар не ги замара ќе го нема цел ден ќе се начука,и ќе си легне.Брат и е постар ама тежок лежач.Ги малтретира сите дома,има 26 год,само бара пари а не сака да работи.Другарка ми и мајка и, му се буквално слуги.Во 12,00х требало да има доручек со да речеме помфрит и месо,во 16 ,00 руче со ова ,она а во 19 часот -вечера.Они имаат пари,па он фино лепо си ги троши.Си се вози со такси секој ден,а сега мрчел дека мора да му се купи кола.На друарка ми не и дава да има дечко-иако е 24 години,таа сирота се крие,а мајка и е немоќна нешто да направи...не ја слуша.Секој ден му пегла девојчето по 2,3 кошули,2,3 пара фармерк,блузи ,и и е наредено на закачалка да му ги намести да му висат на шкафот по комбинации за да тој господинот смрден,одлучи која комбинација денес да ја облече за на кафе :puke:
    Другарка ми од сет овој терор заврши на психијатар...пие лекарства а тој ни по сите молби не престанува...ја обвинува мајка му за таткото алкохоличар...и велиме на мајка му да не го тинтари веќе толку и да си ја гледа ќерка и но таа пак по старо-вели и тој ми е син :x
     
  14. HeartlySmile

    HeartlySmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    50
    Имам повозрасен брат од мене една година,па вака постојано се караме не вистинска кавга но некогаш се занесуваме и викаме низ цела куќа ( го правиме тоа на шала, но понекогаш и за да ја видиме реакцијата на нашите родители) ]:)
    инаку иако сме веке поголеми ке ни текне ке земеме да се трчкаме низ куќата да се скооткаме и разни други глупости..нејчесто не "прифаќаат: навечерр...но најважно ,кога ке почнеме да си раскажуваме како сме го поминале денот или сл. постојано има по некоја смешка и кога ке почнеме да се смеееме....неможене да престанеме
    си го сакамм многууу !! :*
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Имам брат кој е постар од мене две години. Не се караме често, особено не сега, а порано беше ужас. Тој дури и често ми попушташе. Не поминуваше ден без ние да се испокараме. Но мислам дека во последно време станавме многу поблиски, и среќна сум заради тоа. Тука сме еден за друг секогаш.
    Многу различни карактери имаме, тоа што јас сакам тој не сака, и обратно. Моите зависно од ситуацијата ме заштитуваат понекогаш мене, а понекогаш него. Во тој поглед се многу објективни.
     
  16. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Имам брат помал од мене година и 9 месеци,многу си го сакам разликата помеѓу годините е многу мала така да заедно растиме во последно многу се караме но тоа ни минува одма (поточно на братми тој е многу попустлив иако е помал).
     
  17. ecen4e

    ecen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    27
    имам брат кој е поголем од мене 4 и пол години.Кога бевме помали многу се каравме ,обожаваше да ме нервира,штипи и да ме корни за коса и јас како што сум плачка секогаш плачев и после се викаше по него ама баш секогаш(малите не се за ништо криви :) ) едноставно немошев да го поднесам дома секогаш му викав замини си од дома,почни на факултет оди во друг град да не те гледам и такви работи а сега кога замина на факултет си го барам секој ден ми фали многуу ама сега веќе сме поголеми и има спрема мене само некој заштитнички братски однос ама сепак знам даа си напрам муабет така чоечки со него и за то многу ми фалии и одвај чекам да се врати од Скопје ( ама да поседи само 2 дена оти после ми станва досаден и пак се караме :D )
     
  18. Lilian

    Lilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Пред некое време имав прилика малку да се дружам со брат и сестра. Тој беше 5/6 годиги постар од неа. Шетавме низ град,се држеа за рака,се смееа,си разговараа за се и сешто,се закачаа (она позитивно закачање,не нашево балканско со навредување),се гушкаа. Од секогаш сум сакала да имам постар брат,а откако ги видов нив двајца...некако ми падна жал затоа што немам поголем брат.
    Како и да е,си имам помала сестра и си ја сакам.
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Имам сестра која е седум години постара од мене.

    Немаме однос кога се си кажуваме, приватни проблеми или не, но не ни барам таков однос од неа.
    Не се тепаме, ниту сме се тепале.
    Другари и другарки ми се чудат што е тоа така. :^)

    Ја сакам најмногу на цел свет. Повеќе од мама, повеќе и од тато.
    Ме нервира, постојано се реметиме една со друга, но го сакам тоа што го имаме. :D
    Се плашам да не ја изгубам и да не и се случи нешто лошо.
    Често пати кога доцнела дома, или ја немало подолго време а била излезена сум паничела дека некој ја киднапирал и нема повеќе да ја видам. |(
    Верувам кога ќе се омажи ќе леам солзи што нема повеќе да ја гледам секој ден.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    си ги сакам :* имам двајца браќа едниот една година помал другиот две години поголем како не правеле нашиве :D :D и со двајцата имам ист однос совети и се пошто јас како девојче поголемиот се однесува баш заштитнички спремна мене и среќна сум што си го имам, помалиот исто само со него често знам да се искарам да збориме за негови девојки и да настане хаоссс, а најубаво коа сме си тројцата заедно онака муабетче коа сме сите расположени мхмммммммм искрено човек би убила за нив си ги сакам и сеа ќе идам да си го бакнам помалиот дур спие и да го чекам батичко да се прибере ооо си се разнежнив ...