Односот мајка-ќерка

Дискусија во 'Дете' започната од Go-Girl, 11 февруари 2010.

  1. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    Незнаев каде да ја сместам темава...некако не ми е за во категорија брак ниту пак дом....повеќе е за семејство...ама администраториве нека ја префрлат слободно кај треба :)
    Епа вака ме интересира да го пишете вашиот однос со мајките, колку сте блиски со нив, дали ги споделувате тајните, барате совети и слично. Гледам тука има и повозрасни кои имаат ќерки па нека кажат за нивниот однос со ќерките, колкава е нивната блискост. :D
    Лично мое мислење е дека како што може мајка да те разбере и посоветува, ниту една друга личност неможе па дури и да е најблиска другарка. Мајките секогаш го прават најдоброто за своите деца па дури и да погрешат некогаш тоа во никој случај не е со лоша намера.....мајчината интуиција е нешто неверојатно силно ;)
    па повелете споделете ги вашите ставови :D
     
  2. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    609
    Majka mi od sekogas bila bliska so mene...
    Sum i se poveruvala 100% ,bez isklucok...
    Sekogas znaela se za emne ,pa duri i za moeto prvo sex iskustvo....
    Mozebi bila malku postroga nego sto trebalo,ama pak dobro me znaela dek asum"bistra" i deka ke si fatam krivina ,koga ke mozam,pa gi drzela cvrsto uzdite :lol: :lol:
    Sakam da sum bliska ,so kerka mi ,ako imam ,a imam sin,pa se nadevam deka ke bidam bliska so nego...
     
  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    ах да сега ме потсети....да се надпоплнам...на форумов прочитав многу девојки немаат кажано на мајките дека се сексуално активни....ама нека не мислат дека родителите нафта пијат...полесно ќе биде ако им кажат и успат освен евентуален прекор ќе добијат и корисни совети ;) и ќе им биде полесно на совеста :lol:
    babyketi ти посакувам да ти даде Господ и една ќеркичка и да си бидеш блиска со неа и да ја советуваш, а по малку и да ја разгалуваш :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.737
    Допаѓања:
    76.538
    Мајка ми е опседната со моето постоење.Дневно се слушаме 10 пати,а уште 20 пропуштени повици имам во телефон,што намерни,што ненамерни.Срцка ми е,многу е загрижена и внимателна мајка.Кога и да сум посакала нешто од неа секогаш сум добивала,дури и сладолед марс во 1 часот по полноќ.
    Не споделувам интимни тајни со неа затоа што се плашам од нејзината реакција,а и некако сметам дека навистина тој дел треба да се пропушти затоа што и на 40 таа ќе ме гледа како дете на кое му треба заштита и е сосема невино во секоја смисла.Плус,многу ми е шегаџика па мислам дека и ќе го злоупотреби за да ме зеза.А за се останато е комплетно инфомирана,амбиции,желби,планови,случки,односи со луѓе,размислувања и најситни,незначителни детали од денот кој изминал.Уживам во деталните,советувачки разговори кои ми се смешни затоа што секогаш знае да рече,машките не сакаат така,ти си многу груба или не биди толку критична кон себе и останатите,малку попушти и спушти го моралниот праг...хахаха...За неа се е розово,нежно и завиткано,права шмизла.
    За опасна женска како мене ( :lol: ) поразително е признанието дека не можам да го замислам денот без прегратката и бакнежот на мама! Ама еве признавам... :D
    И ги сакам објективните совети и ги сакам дискусиите за книги,ги сакам нашите прошетки во парк и нашите вечери поминати на кафе после театар!И ја сакам смиреноста и тактичноста,ама секогаш бе мамата во погрешен момент не знае да си го заврзе јазикот и да подизлажне и отиде во јабана цела тактика.
    Луда женичка,цел свет ми е!Ама цел!
     
    На Lolo5 и LittleBadGirl666 им се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Мајка ми,всушност ми е најдобра другарка :D Ептен се надополнуваме,во се ,нема тајни,па и таква слободоумна си е и зафрканции паќаат и се.Мислам дека сум најсреќна што е таква.И плус и да сакам да скријам нешто(макар што ретко се случува)дури да помислам на тоа таа знае што е работата ;) А за тоа дека некои уште кријат за нивните сексуални доживувања-мајките знаат,не мислете оти пијат мастило,јас на мајка ми уште одма и кажав кога спиев со дечко ми,и знаете таа што ми рече:Знам,ти се гледа во очите! :lol:
    МНогу ми е мило што со неа можам се да си кажам.Макар што и татко ми не изостанува многу зад неа,и со него сум блиска!
     
  6. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    609
    Moj sovet ,kako povozrasen clen na ovoj forum ,e deka treba da se bide iskren so majkite i SEKOGAS prvo od niv da se pobara sovet....Samo majka..nikako drugarka..
     
    На T-At му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.708
    Мајка ми е.... МАЈКА :lol:
    Значи може човек да има и другарки и се, ама како мајка никој не е, затоа шо таа никогаш нема да ти завидува или нешто да направи за да ти наштети.
    Мајка ми е супер! Порано морам да признаам дека беше некако построга (изгледа и беше страв да не и се лизнам од раце како шо сум луда целата :lol: ), ама сега е супер! Додуша и климаксот си го прави своето... :lol:
    Шала на страна, жената за се знае совети да ми даде, само некако избегнувам за љубовниот живот да и се доверувам затоа шо знае да ме зафркава после до немајкаде. :lol:

    Да напишев само дека ЈА САКАМ нема да беше доволно. И ова не е доволно, ама ни јас не обожавам да читам долги постови.
     
    На T-At му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.330
    Допаѓања:
    36.767
    Па јас со мајка ми немам баш некаков си близок однос. За дечковци и такви ми ти некои работи воопшто никогаш ништо не сум и кажувала. А и жената не напињала многу многу. И така. А и искрено не ми фали некој таков ептен близок однос(можеби затоа што и сум го немала)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    јас премногу блиска со мама што по некогаш и се каам што е таква зс ако имам некој проблем што сметам дека треба да остане меѓу мене и неа и дали зона не знае на кој начин да ми помогне кажува се на сестрите и тоа мн ме нервира зс после они ќе ми солат памет а јас тоа го мразам :twisted: :twisted: :twisted: :twisted: :twisted: и никиад неам слушнато да ме пофали иако знае дека добро сум направила некоја работа само знае да ме критикува па не е фер :( :( :( :( :(
     
    На T-At и Mawata666 им се допаѓа ова.
  10. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    547
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е стварно посебна личност,позитивна е,знае многу да се шегува само не сакам што е многу чуствителна и за се се нервира...мама е стварно неверојатна во секоја смисла,другарките отсекогаш ми завидувале што имам таква мајка :) За мојот однос со неа, да,можам да кажам дека сме блиски,знае за многу работи кога ме мачат,знае и кога ми доцни па ме теши дека се ке биде ок :lol: само за едно нешто не се сложуваме а тоа е мојот дечко,како и секој родител и таа мисли дека заслужувам подобро уствари уште полошо,таа мисли дека ке ја направам истата грешка како неа па затоа е толку против таа врска,до толку што за него и воопшто не разговараме... а знам дека кога подобро би го запознала би биле бест френдс :D ама никако не му дава шанса.Само тоа можам да го каЖам како маана во нашиот однос инаку за се друго ми е СУПЕР МАМА!
     
    На T-At му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.588
    Порано се многу каравме, но фала богу сега односите ни се супер :) Многу е чуствителна и секогаш е овде да ми помогне, а јас пак како да го искористувам тоа... Ај бидејќи има тука многу мајки, дајте ми предлог како да и покажам на мојата мајка дека ја многу сакам и дека сум и благодарна за се што направила за мене.
     
  12. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    147
    И јас исто како тебе Rainbow :D
     
  13. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    majka nikogas ne moze da misli loso na svoeto dete,zatoa sekogas najubavo e da se iskazes i da pobaras sovet od majka si...jas so majka mi imam dobar odnos,i kazuvam so kako mi se desava, baram soveti i sl.megutoa se zavisi do licnosta.majka mi e konzervativen tip,rastela vo edno mnogu poinakvo vreme neli,i so nejze nikogas ne bi mozela da zboruvam za sex,i seksualni problemi.ednostavno ne e takov tip.a inaku za se drugo mozam...imam mnogu dobri roditeli i mnogu si gi sakam :D
     
  14. Katja.efremova

    Katja.efremova Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    73
    Ми се чини единствената личност без која стварно неможам да си го замислам животот е мајка ми!Мајка ми е една луда откачена женска шо на 40 се понаша чат пат како тинајџер :D секогаш ми дава совети кога и побарам и секогаш ама секогаш била тука да ме утеши, да затскрие нешто од татко ми :worried:ilent: :D да преговара нешто со мене...ама чат пат знае да биде ногу строга ама секако не без причина иако ја тоа отпрвин не го признавам пошто сум многу своеглава(особина шо страшно си ја мразам)Воедно е и ногу модерна :D па чат пат зане да ми украде од парталчињата мои :D Јас ја обожавам,брат ми ја обожава,татко ми уште повеќе,другарките мои многу ја сакаат :D и дечко ми ја сака битно :P И сите ја сакаме :) И јас како Лилит демек многу самостојна и силна женска сум ама неможам да си легнам без да добијам бакнеж во чело од мајка ми и татко ми :D е единствено што кријам од неа е дека сум сексуално активна ...ама уште не се чувствувам како да сакам да и кажам иако сум скоро 19 :? ама ке биде и тоа некогаш како и да еона сама ке стане свесна не пие нафта
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Односот мајка-ќерка е еден од најсложените семејни односи. На сите што се заинтересирани за овој однос им го препорачувам филмот Grey gardens со Дру Баримур (ќерката) и Џесика Ланг (мајката), каде што е обработен аспектот на одговорност, грижа и чувството на вина токму во овој однос мајка-ќерка. Мора да се признае дека каде што има позитивни, има и негативни нешта. Тоа не значи дека не треба да ги цениме нашите мајки и нашиот однос со нив. Напротив, фигурата на мајката е многу важна за нашето постоење и затоа е многу страшно што сè таа може да предизвика. Уште еднаш, Grey gardens, за секоја мајка и секоја ќерка.
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.674
    На мајка ми и кажувам се.Кога и да ми е потребен совет,некој да ме сослуша,кога треба да и кажам некои интимни работи таа е секогаш тука и ме сослушува.Ја имам како мајка а воедно и како најдобра другарка.Сметам дека овој однос е многу важен и е потребно да го има секоја мајка со својата ќерка за да ја советува се додека не созрее,но не и да и наметнува работи бидејќи сепак мајките се доста по искуни од нивните деца ;)
     
  17. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    14.678
    Жена змеј.

    Мислам дека растена сум во матријахат. Татко ми е плачко, мирен карактер, а она е таа што решавала речиси секогаш се’.
    Од плаќање сметки, земање кредити, организирање одмори, погреби на баби-дедовци, до пишување домашни со мене и сестра ми.
    Идол ми е, зошто се има изнамачено за да биде она што е. Наставник е по професија, дечар, плачка невидена, емотивец што ретко сум сретнала, ама една и единствена. Од неа имам наследено ген за пишување, пеење... Ме нервира ужасно, зошто во принцип, не сакам кога некој ми кука, ама од друга страна ја сфаќам. Во климакс е, размислува премногу, башка е таква дрдорка, што мислам дека го топи телефонот додека збори со колешки, ама тоа ја смирува.
    Со неа нема табуа! Од разговори за секс, болести, заштита, можни последици, врски, успеси, неуспеси... Сето тоа прошло низ нејзините филтри, мајчински. Некогаш знае да запне и да ме замара со некои нејзини теории, но сето тоа е нормално за нејзината положба - мајка е.
    Рак е во хороскоп, подзнак лав, па некако успеваме да се усогласиме.
    Верна е, оптимистична, секогаш ведра, не знам како и успева тоа.
    Само здравје да ја служи, зошто ќе биде прототип на совршена баба.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    107
    Со мамичка уше од многуу малечка сум многу многу блиска.Буквално СЕ знае за мене.Сите случувања,сите муватори,дечковци,другарувања,искачања,Најубавите доживувања.Јас сум навикната од многу мала да и кажувам СЕ едноставно ме исполнува тоа коа ќе и раскажам се како што било и одма чекам коментар :mrgreen: или совет.Мислам дека не би можела да издржам да не и израскажам се што се случило.Некогаш коа ќе сме лути за нешто(обично за обетки,стаално и ги губам :oops: )И сеа ќе се деси нешо сакам да и раскажам али инаетот не ми дава и ќе трпам неколку дена 2 највише и после коа ќе седнеме ехеее.... цел ден ни е малку.Хаха. Коа бев помалечка на 14 години имав многу прашања се ме интересираше,и за се бев информирана од страна на мајка ми сме останувале до 5часот сабајле така зборејки.Се заборававме и коа ќе видевме колку е саатот :o Хехе. Мајка ми е единствената личност која буквално СЕ знае за мене.да ми фали едно влакно од косата она ќе знае дека ми фали хехе :lol: И многу ми е мило што имам таква мајка и таков однос со неа.Нема нешто поубаво од тоа. :mrgreen: :mrgreen:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    2.581
    Пол:
    Женски
    мајками е мојата најдобра другарка.имаме супер однос и многу си ја сакам се знае за мене во детали,секогаш кога и да ми треба совет го добивам од неа за многу работи ми имаат помогнато нејзините совети.Најмногу сакаме да си муабетиме и кога ке излеземе да шетаме обично се забораваме.Не испуштам а да не се слушнам со неа по 100000 пати во денот и да и раскажам се што ми се случило дента
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    24.717
    Јас не сум многу биска со мајка ми. Знам дека можам да добијам совет од неа секогаш кога ми треба, се гледаме, се слушаме, ама за сексуални искуства и слично не сум и раскажувала. И кажував кој ми е дечко, ама без детали :D
    Сега ако имам проблем некако жал ми е да разговарам со неа бидејќи знам дека ќе се загрижи...
    Што знам зошто не сме имале претерано близок однос, двајцата некако строги беа...

    Aма затоа си го имав брат ми, кој е доста постар од мене, и со него сум разговарала буквално за се' :D

    Сега моите деца се трудам уште од мали да ги научам да ми кажуваат се', ама не ми успева некако... ќерка ми кога одеше во градинка не ми раскажуваше ништо, едвај збор да и' извлечам. Се надевам дека ќе успеам да воспоставам близок однос со нив!