Немаме некој близок однос. Можеше да биде и уште полошо ако попуштав на секоја работа што се случува дома. Заедно со татко ми се борат и минат низ тежок период последниве неколку години, и речиси запоставуваат и љубов и среќа, и нив тоа им е апсурдно и глупаво. А јас сонувач, јебешга, ко секој млад човек, си имам некоја мечта. Од кога се отселив од дома уште повеќе се оддалечивме. И кога не се покрај мене свесно размислувам и постапувам онака како што сметам дека тие би сакале да постапам. Тешко е да имаат дете ко мене, тоа ми е јасно, но јас одамна се помирив со тоа, и повеќе не можам да се грижам дали тие се помириле со истото. Од емоции никогаш ниту едниот ниту другиот не умеел да ми искаже љубов, или некоја директна милина, се сум си тумачела некоја нивна постапка да дојдам до заклучок што им е на ум, и многу им се лутам за тоа, и никогаш нема да им го простам. У секој случај, се трудам да бидам свесна и разумна за да нема и што многу да и кажувам на мајка ми, кога ќе си станам независна и сама ќе си бидам одговорна за себе нема веќе да ми биде гајле дали знаела или не знаела каде сум, со кого сум и што правам. Без разлика на се, родители ми се, ги сакам и ги почитувам и благодарна сум за тоа што ми пружиле услови за нормален живот, образование, екскурзии, одмори и слично, но никогаш, никогаш нема да им го простам тоа што ги запоставуваат малите и весели нешта во животот и мислат дека се им се урнало, па им останува само да легнат и да умрат.
Не сме воопшто блиски, отсекогаш ми фалело тоа. Сега после толку години пробува да ми се приближи, ама сега пак јас не дозволувам
Мојот и на мајка ми е одличен. Од секогаш сме биле блиски,се сум и кажувала,а нашата близина се продлабочи откога се омажив.Со други очи ја гледам мајка ми сега кога и јас сум мајка. Свесна сум за жртвите што ги правела и што се уште несебично се дава на мене и сестрите. И јас сакам со моите деца да имам однос како мојот со мајка ми (а и со татко ми сум доста блиска). Ќерка ми која има 6 год.знае да седне со мене и да ми рече, мамо ај да си разговараме за нешто.И како да не седнеш и да ја слушаш. А кога навечер ја покривам и ја бакнувам за добра ноќ,кога ќе ми рече,мамо,не си свесна колку Те Сакам,најмногу на свет,принцезо моја....,нема нешто поубаво.
И јас кога станав мајка мојот однос со мајка ми стана уште поцврст и поблисок,некако претходно бев многу поврзана со татко ми и уште сум ,ама сега за се и сешто се допитувам со мајка ми некако многу ми е поблиска сегаод претходно кога бев девојче,и таа е сега многу поблиска со мене па не може да помине денот ако не се слушнеме и видеме едно три до 4 пати
Донекаде се препознав себе си. И јас немам некој близок однос, не дека немаме добри односи, но едноставно немаме близина да дискутираме за многу нешта, а ако се започне подлабока дискусија секојпат завршува со нервоза и глупава расправија. Имаат многу сличен однос меѓу нив како што ти го опиша односот на твоите родители. Имаат некои идеали за животот кои си ги зацртале и бидејќи некои работи не се како што тие мислат дека треба да бидат, мислат дека им останува баш уште да легнат и умрат. За некои работи навистина сум разочарана од мојата мајка, но тоа е што е..
Мојот однос варира. Не знам што е со женава, али на моменти е душа, а на моменти е... Не е во климакс Моите се разведени уште од моја прва година, така да сум израснала со мајка ми и баба ми, единка. И кажував се се се на мајка ми, сега живеам со очув и негови 2 деца,па повеќето работи им ги кажувам нив. Мајка ми е многу чудна жена..барем јас така мислам, алал да и е и пружам рака што и она успеала се сама во животот, образована,сама жена што ме изгледала и се тоа.. али не можам повеќе со неа. Многу многу би сакала негде да идам сама да си живеам, подалеку од неа, да станам независна.. Она до ден денес иде со мене да си купам алишта и МОРА на неа да и се свиѓа тоа за да ми го купи, ако не нема, зашто? па нели јас го носам а не она, да али ОНА ДАВАЛА ПАРИ! и за искачање нема викенд а да не ме изнервира за нешто, само мрчи. И кога е прашање за факултет, коса ми се крева,толку е напорна,сабајле нема да те разбуди и да ти каже добро утро ајде стани, туку АЈДЕ СТАНУВАЈ ДА УЧИШ!! автоматски ми се руши цел ден. Милион пати сум разговарала со неа за овие теми, али не допира до неа, тврдоглава. И уште една многу добра причина што ме натера да се одалечам од неа е тоа што кога нешто лошо ми се дешава дали сум паднала по некој предмет на факултет или нешто љубов, она не знае да те смири, туку УПОРНО ти дава критики и те обесхрабрува и те прави поголем песимист. Тоа ме нервира што не знае да ти каже со мил збор ајде се ќе биде во ред, ќе научиш за нареден пат.. И имам забележано, дечко ми е страшно многу поврзан со мајка му, абе секој ден се гушкаат се бацуваат мене тоа не ми смета да го гледам, али јас не сум со неа така, многу ладна личност сум, затоа што не можам да се лигавам со некој после а пред тоа сум се испокарала, сите овие работи ме натераа да се одалечам од неа. Не знам, мене ми е ок вака, да не комуницирам, да не бидам блиска, а искрено и убаво ми е, не сум очајна. Чудно Али мајка ти е, се додека она те храни и ти дава пари мораш да ја слушаш, а после да завршам со факултет,друга песна.
Во последно време мојата мајка нагло се промени во односот кон мене. Не велам дека има некоја огромна љубов од преку ноќ, но дефинитивно почна да ме напнува со нејзиното преголемо внимание и присутност во мојот живот. Но сега јас не можам да и` возвратам...
Ја сакам мајка ми, и навистина неможам да си го замислам животот без неа.ниту еден единствен ден без да ја слушнам. Знам дека знае некогаш да биде малку напорна и да гњави како и повеќето мајки, знам дека некогаш знам толку многу да ја изнервирам што и се креваат сите влакна на косата, и знам дека некогаш толку многу можам да ја насмеам и расположам. Во последните неколку години мајка ми е мојата најдобра другарка. Секогаш и кажувам скоро се, и не ми е страв како ќе изреагира и дали во тој момент ке плаче или ке се смее. Знам дека таа има право да ја знае цела вистина без никакви извртувања на истата. Ако почне да вика, ќе си ја ислушам и на крајот пак јас си решавам што е најдобро за мене. Знам дека во животот во многу работи не се согласуваме ама...сепак прифаќа таква каква што сум и не е напорна. Едноставно ја обожавам таа жена иако знаеме многу често за глупост да се закараме, за на крај да се смееме
Не живеам со неа веќе две години. Туку со Татко ми. Неможам да кажам дека ми недостасува многу. Незнам како да опишам. Малку сме оддалечени сега, скајп па скајп, ама тоа е. Но овие две години со Татко ми беа прекрасни, се зближив со него во Холандија. Порано, не го гледав со месеци... Ама сега одам во МК, па ќе се зближам со сите, мама особено!
Супер сум со мајка ми. Иако повеќе сакам да сум со татко ми. Ги сакам и двајцата неизмерно,еднакво. Мајка ми бидејќи е женско можам да и ги кажам сите проблеми и таа ме охрабрува или ми дава совет дека тоа не е добро. Со татко ми пак обожавам да си се галам,мазам и зборувам за секакви негови згоди и незгоди, за школо ,оценки и сл. Тој е мојата подршка.Пред неколку години многу се сменив. Започнав да се дружам со одредени девојчиња кои и не беа нешто многу добри. Тогаш ми се смени и однесувањето со родителите. Мислев дека ако ги одбиваш, се правиш важна пред нив ти си јунак, херој и со гордост можеш тоа да го кажеш на секого.Но не беше така... Така само ги понижував и нив и мене.Многу сум среќна што ми се отворија очите и видов што се случува. Сега сме во многу подобри односи. УУште од мала сум по машка работа , дигав тешки работи, помагав на татко ми, ујко ми и до ден денеска сум таква. Сега чистењето на куќата, прошетките со мајка ми се многу по забавни и поинтересни од претходно.Исто како да си ги читаме мислењата. Така да односот мајка-ќерка не е толку лесен... тоа се две личности од женски пол кои различно гледаат на светот , од друга преспектива...Но потоа некој мора да попушти , да се договорат и готово! Само со еден разговор можат да го сменат мислењето и двете да имаат иста цел. И знајте понекогаш и мајките сакаат да има некој кој ќе ги ислуша.Тие тоа го прво бараат кај пријателите/ки, а потоа можеби на ќерката. За жал јас уште ја неам таа улога кон мојата мајка но мислам дека бргу и тоа ќе се исполни.
Во главно добри се. И кажувам повеќе работи,што како,бидејќи таа ми е исто како пријателка. Но многу бргу менува мислења,расположение и може од смеење да удриме на кавга или обратно. На пр. јас и кажувам некоја глупост и таа почне да се дере како сум го направила тоа незнам што, а не размислува дека 17 и 37 не е исто. А ме нервира и кога глуми строг родител пред другите за да се покаже дека не сум толку опуштена. Тогаш ми иде стварно да и залепам една
Мене од секогаш повеќе ме гали татко ми одколку мајка ми Мајка ми повеќе го размазува брат ми ! Ама ако си ја сакам !
Односот ни е близок но не ни е скрос бизок така што јас да можам да му кажам за тоа кој го сакам,кој ми се допаѓа, со кој се имам мувано.. или слично.. но некогаш знае многу да ме изнервира како и секоја.. сега деновиве се караме за да ме пушти да одам на одмор.. имам 15 години и сакаме со друштвото (4 женски сме) да одиме градиште.. на сите им дозволија само мене не..а и сите мои врсници ќе одат...таа едноставно вели НЕ мала си .. и сега незнам како но јас морам да ја убедам.. ве молам помогнете ми знам дека ова не требаше овде да го сместам..но простете ми.. јас само се обрајќам за помош
Добар ни е односот со мајка ми. Таа ми помага за се во животот. Секогаш кога ми треба е домене, и затоа јас и сум многу благодарна!
Мојот однос со мајка ми па и баш не е толку близок. Таа е прекрасна жена,борбена,силна,но сепак сме толку различни.Понекогаш тоа и толку многу ми смета... Проблемите кој ги имам,едногодишната врска со мојот дечко,моите другарки,се постојано на нејзината листа за критики.Нормално,таа како и останатите мајки,се грижи за мене,мојата иднина и мојата среќа,но сепак иде вон Границите..за 12 дена полнам 17 години,а јас за неа сум сеуште малечко детенце ( јасно ми е дека цел живот ке биде така),излез до пред некој ден имав до пола саат после полноќ,мојата врска не требала да биде толку голема,не сум смеела да идам кај дечкото дома,се меша постојано во работи кај што не треба,ги критикува моите другарки,сака да биде се по нејзино,па дури и по сите караници она секогаш била во право.. До некаде ја разбирам за сите овие работи,претрпела многу во животот,па се плаши да не ми се случи и мене истото...но не ми дозволува да застанам на свои нозе,да почнам да размислувам,и да се соочам со проблемите и последиците.Кога и да се караме таа мора да спомне нешто што знае дека ке ме повреди,а тоа многу ми смета.И покрај се ја сакам премногу и ја почитувам,ноо.. ЕДНОСТАВНО МИ ФАЛИ БЛИЗИНА со неа..ми фали додека ми е тешко да можам да и го кажам проблемот и без да ме искритикува уште на првиот збор дека сите ме вртеле,дека мојот дечко е смотан и глупав,дека не ми доликувал и дека треба да си најдам некој што ке ми овозможел добра иднина (финансиска),да ми пружи една прегратка и еден збор за утеха,ми фали нејзиниот мирис и совет кој порано знаела да ми го пружи,аа сега?? сега ништо од тоа нема,секоја реченица- наше карање,тешко знае да го задржи за себе тоа што ќе и го кажам,а бара од мене се да знае.. незнам што да правам..За кај татко ми да се обратам неможам бидејки тој е премногу строг,и секогаш ја сум кривата во било каква ситуација..
Исто... не ми се верува, потполно ист. Само ме навредува, само ме понижува, за да биде задоволна од мене јас се уништив, а во нејзините очи пак гледам дека не ме сака ама ич. Не ме сака луѓе. Имам 27 години, еве сега свадба ќе правам, нема доаѓање по невеста, нема да ми дојде на свадба, и кажувам дека ќе одам на операција за фиброаденом пред Нова Година, она ми вика ја шо да ти правам? Ниту ми се јавила да ме праша како сум, ниту дошла кај маж ми да ме види, ништо. А јас не можам на нозе да се кренам, знам дека не сум к**ва, ама поради нејзе се осеќам така зашто така ме викаше кога го фатив првиот дечко... Да имав 4 партнера, ама тоа не ме прави к**ва...
Јас сум многу поврзана со мајка ми дури и премногу и мислам дека неможам да функционирам без неа ( во смисла за давање совети, кажување проблеми ). Секогаш е тука за мене спремна да ми помогне. ЈА САКАМ НАЈВЕКЕ
со мајка ми имаме другарски однос, односно сосема опуштен е сега, нормално не е се розово.. не поминува ден а да не се караме, и тоа се е за една причина - се будам на сабајле за на училиште и таа одма - ајде да јадиш, ќе падниш, ќе ти се слоши.. знам дека ми мисли добро ама јас на сабајле не можам да јадам и од тоа ми се лоши, а таа пак продолжува.. исто се караме и за мачките, демек не сум ги воспитала, цело време влегувале дома и порано многу ме нервираше кога ќе ми викаше нешто за тогашната најдобра другарка, никогаш не и се допадна, а јас - немој мамо така, таа е супер другарка.. после некое време испадна дека е во право и дека таа само ме користи.. и во многу други ситуации била во право, па затоа сега многу добро ја слушам кога ме опоменува за нешто
Имам 17 години и сеуште ме навредува,моментално сум болна и сум полна со лекарства и антибиотици..примам инекции и инфузии,и она повторно со навредување,леле каква ќе бидеш од лековиве,ке се здебелиш уште поише,ваква,таква ќе бидеш.Го викнав еднаш дечкото дома,моите узбуна кренаа што сме праеле сами кај мене у соба,како тоа ние сами,па дали сме ние нормални,ме напраи лом...Стварно незнам што да праам,сеуште треба да живеам во станов со нив,ама незнам како ќе истрпам..!
Да ви кажам потполно ве разбирам и не сте единствени со таков однос со мајките. Јас буквално коси кубев од мајка ми колку ме уништуваше. Добра ученичка бев, факултет завршив во рок од сите другарки прва бев, не бев некоја раастурена да вртам куп дечковци, отсекогаш работев и сама заработував, АМА, ете нешто не штимаше во нашиот однос. На секаков можен начин наогаше да ми напакости и да ме изнервира. еден ден се спакував и си заминав од дома, заминав во странство, две години се немав јавено кај мајка ми од што бев разочарана туку се слушав само со татко ми. Кога јас заминав брат ми се ожени и дома ни дојде снаата. Сега истото што ми го правеше мене и го прави нејзе. Но, од друга страна пак свати дека само јас сум и ќерка и дека друг неможе да ме замени (таа си мислеше дека со снаата мед и млеко ке тече ама и оваа заби имаше другава) ..но да не должам... сега не знаете после 6 години како си заминав како трча по мене, секој ден ми се јавува...Од оваа гледна точка ке кажам дека ми е криво за сите тие убави моменти кои сме ги немале а сме можеле да ги имаме. сега е веќе доцна за се, јас имам свое семејство и се ќе сторам да немам таков однос со моите деца. ..но и покрај се јас цело време ја сакав и се дробев во мене заради нејзиниот однос, многу ми беше криво....чудна работа колку децата се поврзани со родителите..можеби и таа ме сакаше но незнаеше тоа да го изрази поинаку и тука настануваше нашиот судир. ...така да еден ден и вашите мајки ке сватат дека децата ништо неможе да ги замени ама тоа обично касно го сваќаат, дури откако газот ке им клекне и ке останат сами....едноставно мислам дека нема лек и тие се такви какви што се...а на вас ви посакувам среќа и што побрзо да си тргнете по својот пат и вашето семејство градете го поинаку. поздрав