Ма колку и да се рчкаме и караме,сепак многу ја сакам.Единствена личност коа ми претставува најдобра другарка и можам потполно да и се доверам.Таа е мојот идол
Јас со мајка ми воопшто не сум блиска и никогаш не сум ни била. Од 1 до 3 години пак имавме добар однос, барем колку што паметам и гледам на снимките, потоа таа смени работа и целосно се смени. Одеше повеќе смени, јас бев или до баба ми или со чиче. Мајка ми стана понервозна, време не ми посветуваше. Однос - никаков! Според мене работата не и' е никакво оправдување да не ми пружи љубов. Рака на срце, секогаш работела за мене и за сестра ми, никогаш од ништо не ме двоела, ама додека растев ми требаше само љубов од неа и прегратка, близок однос, ама тоа не го добив.
Една е мајка.....мојата мајка е жртва за мене, секогаш прави се за мене и ден денес кога и јас сум мајка
Абе душо те читам секаде низ постовите постојано зборуваш за мајка ти. Разбери ја сакала се да ви пружи, да не сте подолу од другите, постојано работела по неколку смени. Мака си имала жената разбери ја, немала време колку можела ви посветувала внимание. Што мислиш, таа не сакала да седи дома покрај вас и сите задоволни и среќни. Можеби и ќерка ми некогаш вака ќе мисли (или мисли веќе) ама јас не можам да седнам дома со неа и да ја галам. Морам да работам за таа да ужива во благодетите на денешното општество.
Порано никогаш ама баш никогаш не бевме блиски и ништо не сум и кажувала буквално ништо не знаеја дома за мене. Последниве години откако почнав врска со дечко ми се зближивме некако и постојано сме заедно, секаде одиме заедно, седиме заедно, разговараме за се (освен секс тие теми не ги спомнуваме) и некако поблиска ја осеќам и покрај тоа што можеби некои работи не треба да ја засегаат од мојот живот, едвај чекам да дојдам и да и ги раскажам. И си викам ова нема да и го кажам- не треба се да знае, но после нема да издржам и сепак ќе и кажам. Можам да осетам дека и таа многу се радува што така се отворив со неа и се зближив и почнав да комуницирам. Дури почна многу работи да ми дозволува што порано не ми ги дозволувала велејќи дека сето тоа е заслужено поради мојата искреност кон неа, некриењето, не лажењето и слично. Иако многу често се караме за ситници и кога ептен сака да се меша, поготово ако осети дека сум се карала со дечко ми а не сакам да и кажам е има на трепки да ми седи и да ме напиња за да и кажам и многу ме нервира тогаш, претерано. Не знае кога е доста да ме остави сама да размислам, мисли го има решението на секој проблем. Ама сепак си ја сакам.
Мојата мајка и јас никогаш не бевме блиски,не само со неа нит со татко ми едноставно имав бес кон нив и така.Мајка ми е доста голем сплеткар па секогаш имав самоконтрола најмногу пред неа не сакав да личам на неа тоа ми е најголем страв.Преоптеретена со работа,пари и забави како и нејзиниот изглед.
Јас и мајками сме блиски ама неможам за се да и се доверам тоа го правам со мојата најдобра другарка.Иначе за зафрканции сме најдори другарки
Никаков. Не ја сакам воопшто. Север и југ сме. Ниту пак сум била блиска со неа. Никогаш. Нема ни да бидам. Вака е најдобро.
Мајка ми е мојата најдобра другарка,никогаш,во никого не сум имала поголема доверба.Одсекогаш сум имала друштво,за излегување и дружење,кога била потребна моја помош,но во секој случај таа е единствената пред која можам да кажам буквално се,а притоа да знам дека нема да бидам издадена,оговарана итн.Добивам нај добронамерен совет,без лицемерие,исмевање и сеир.
Со мајками немам многу близок однос,а многу би сакала да бидам поблиска и да можам да и кажам се и да побарам совет.Ми треба некој толку близок.Бaш сега во овие години како да се зближам со неа?
Незнам дали е во ред тоа што ќе напишам ама јас воопшто не ја сакам мајка ми. Никогаш не сум ја почествувала како мајка некоја што ќе сака да зборува со мене да ми даде некој совет или да ме праша како сум. Од мала имам лоша слика за неа. Има моменти кои никогаш не сум ги заборавала ниту ќе ги заборавам. Како помала, како дете од 7-8 год ќе згрешам со домашната задача од училиште таа се дереше на мене дури и ме удараше со цел да сватам задачата, а всушност тоа ме тераше да не ја сакам. Траеше со години тоа се додека не тргнав во средно школо е тогаш ми кажа нешто што не сакам ни да го спомнам. Искрено им љубоморам на девојките кои со своите мајки се како другарки. Сега сум веќе возрасна, а јас сеуште не ја чуствувам како блиска. Незнам понекогаш посакувам и да ја немам....
Порано бев многу блиска со мајка ми, постојано и кажував се што ме мачи, ги знаеше сите мои тајни, ама како растев сваќав дека моите тајни не остануваат само помеѓу мене и неа, дека многу од тие тајни знаат и некои небитни луѓе. Порано како повеќе да ме разбираше, како повеќе да знаеше да ме утеши, сега ако и кажам нешто веднаш почнува со дерење, веднаш ја префрлува кривицата на мене, така со тек на време си се повлеков, се што ме мачеше го чував за себе, престанав да и кажувам многу нешта..
Леле бре деца. Обидете се да им укажете не грешките. Зборувајте со нив каде грешат и зошто вие ја немате близината како спрема најверна другарка. Многу ми е жал што постојат такви стереотипни родители. Не дека јас сум совршен родител и ќе подвикнам и ќе урлам, ама таа знае дека е за нејзино добро и за се се советува со мене. Понекогаш знам дека сум и досадна со моите прашања ама подобро со мене да зборува отколку со некој друг. Обидете се девојчиња ништо нема да ве чини еден отворен разговор.
Јас со мајка ми никаков однос не сум имала. 5 минути била добро расположена, 5 минути најужасната мајка со најлоши зборови и физичко насилство и многу сум ја мразела, сега не бидејќи веќе сум возрасна личност и научив да живеам со тоа и да продолжам со животот ама поради тоа се, никогаш самодоверба не сум имала бидејќи во очите нејзини секогаш бев лоша ќерка и јас си создадов таква претстава за себеси ама ајде бидејќи ми е родител сум и простила иако никогаш нешто лошо не сум направила, одлична бев во училиште, еден дечко имам цел живот од 18 год.па натака, ни пиење, ну пушење цигари ни ништо стварно немало причина за тепање и тие лоши зборови ама ете така швркнувала без причина. После толку многу години сака да станеме другарки и се обидувам стварно ама тешко оди, не можам да се опуштам со неа никогаш и да бидам своја личност.
Најголема грешка на мајките е што си умислуваат дека се најдобри другарки на своите деца, особено ќерки. Другарка и мајка се два различни поими.
Па сигурно нема да кажува на мајката пикантерии од сексуалниот живот! Меѓутоа мајката треба да знае ако ќерката и е сексуално активна, за добро и зло. Другарката да не ќе ја заштити од несакани ситуации. Јас како мајка сум овде додека Бог не ме земе. И цврсто стојам на ставот дека нема да дозволам влакно да и фали на главата, затоа што јас најдобро знам како ја чувам, школувам и се што е потребно додека не се осамостои. Тоа е мојот став сепак секој си знае за себе.
Јас и мајка ми... За нашиот однос само позитивни зборови имам да кажам. Мајка ми е најпрекрасната личност во мојот живот. Мојата поддршка и мојата сила. Таа никогаш не ме повредила и се што направила и се што ми кажала знам дека било само за мое добро. Една е мајка и сакајте си ги своите мајки онакви какви што се. Не постои мајка која би му мислела нешто лошо на своето дете. За своите проблеми барајте само совет од вашите мајки. Тие барем вистината ќе ви ја кажат и правилно ќе ве упатат во некои работи. Имате доверба во вашите мајки, а не во вашите другарки. Нема никогаш да згрешите. Било да станува збор за нешто лошо или нешто добро мајката е таа која секогаш ќе ве заштитува и искрено радува на се, за разлика од другите ваши блиски личности. Мојата мамичка да ми е жива и здрава долги години, само тоа го сакам.
Мајка ми е жената со која се гордеам,мајка ми, ми е идол за тоа како сакам јас да изгледам во иднина Кога бев помала признавам дека се лутев за се и се карав со нејзе мислејќи дека намерно ме кара и ми забранува некои работи но како повеќе созревав ја сваќав нејзината цел. Во секоја ситуација досега ми била моја голема подршка и секогаш сум добивала најдобар совет од неа. Никогаш не ме издала на сестра ми а не пак на некој друг, нашите муабети се само наши. Секс е единствената ема за која што не разговарам отворено со неа,не дека не ме советувала и не ми кажувала некои работи за да ме подучи но никогаш не сум и се отворила туку кога нешто сакам да знам ја прашувам од околу Незнам дали моето такво однесување е од почит кон неа или пак од срам навистина незнам ... Знам дека таа е единствената жена која ми мисли само добро и која што живее за мене,знам дека јас сум нејзината среќа... Ја сакам многу и се што сакам е да живее уште многу многу долго