Јас со мајка ми често се расправам и тоа за глупости,но сепак не можам да живеам без неа.Е,сега не можам да кажам дека тотално се делам со неа,ама се што ми е тешко на душичкава го кажувам.Заедничко имаме многу.На пример косата,очите(коа се смееме како полумесечинки ни се),хороскопскиот знак ни е ист,вкусот за момчиња ни е ист(новиот дечко и се допаѓа премногуу)и така...
Сакам да споделам нешто за кое ми треба совет, не знам како да се однесувам или што да направам. Вака, имам постар брат 5 год(24), иначе сум 19 год. Јас сум попримерна, поодговорна и во некои работи дури и позрела личност од брат ми. Он иако има 20 и кусур години сеуште за некои работи е како мало дете. Не е одговорен, има изгубено доста работи, сеуште живее тинејџ години, несреден е, несериозен е и општи навики ко да нема стекнато. За многу работи мајка ми се потпира на мене, значи како јас да сум бејби ситерка на него (дури може и смешно ви е ама мене ми е преку глава од овие работи), да идам позади него за неговите нереди по дома, или некои глупости кога прави јас да средам се колку можам, и ок, често се противам и викам не е мал, а и смешно е јас помала сестра да ги средувам неговите работи што е срамота, што треба да се научени на 5 годишна возраст. Идеме на следново, за кое барам совет: се повеќе се чувствувам како мајка ми повеќе да се интересира за брат ми, секогаш повеќе му прави муабет за работа, факс, другарите сите му ги знае прашува за нив, цело време си го има муабетот со него, а со мене ќе ме праша кај беше, ќе праша за дечко ми што прави и толку. Еве да речам не сум и интересна, како хаотичниот живот на брат ми да е ептен забавен. Многу повеќе како да го зборува него од мене, и више не знам како се чувствувам, секогаш јас седнувам пробувам да си праиме муабет ама онака колку да ми врати е цело време, а он да седне во дневна реди муабети колку сакаш. А смешното е што он ги прави сите нереди, сите проблеми и ќе му се налути она ама ќе биде у смисла ај ќерка ми ќе среди и после си се смее со него за тоа што го прави. Многу се нервирам и се осеќам како јас што сум доста посреден човек да сум грешка некоја овде во домов.
@waterland можеби мајка ти иницира повеќе комуникација со цел да се доближи до брат ти (бидејќи машкоте во таа возраст може да забегаат со многу погрешни работи) и зато покажува поголем интерес да и каже што му се случува во животот. Веројатно во тебе има доверба дека си одгворна па затоа изгледа како повеќе да се и тересирс за брат ти. Сепак секоја мајка би сакала да биде во тек со животот на 25 годишниот син.
Штета што една таква цврста врска успеа да се разниша. Веројатно климакс, можеби и моментот на оформување на мое семејство, не знам.. но мојата независност и сигурност во животните одлуки можеби ја уплаши дека ми е веќе непотребна. Па наместо да е горда што одгледа човек кој може сам да се снајде, таа даде акцент на тоа дека е можеби непотребна, и почна со однесување дека јас сум дете, ништо не знам, а таа е мајка и многу повеќе од мене знае. Наместо да одиме напред, ние се вративме неколку чекори назад. Сето ова ме прави тажна, некогаш и гневна.. повеќе несигурна бидејќи се чувствувам како да ја губам личноста која ми беше потпора за сѐ во животот. Само заради хировити однесувања. И нејзините предрасуди и префрлања ме тераат да се оддалечам од неа, да не сум веќе искрена за моменти во кои ми е најтешко. Многу попуштам, но некогаш ми е преку глава. Не сакам да ѝ кажам за некои работи колку сум очекувала подруго од неа. Но, не ѝ замерам. Таа си има мислење, јас си имам мое мислење. Не значи дека треба да ни се исти. Можеби тоа значи растење. Или пак се тешам така..но ми е многу жал што работите еволуираа во некој непожелен правец. Уште ја сакам премногу и би направила сѐ за неа, но онаа блискост која порано ја имав и ми беше фасцинантна, постепено избледува и ми е сѐ подалечна.
Кај мене односот со мајка ми не е бсш сјаен. На 22 години ми ѕвони по телефони кизнај колки пати, ако не дигнам кај колешки или пријателки ѕвони. Не ми дозволува да се облекувам како сакам, ми кажува што да правам. Ме вреѓа.. И да, довербата не сум и јс изиграла, но ете тоа е понашањето.. Едно ќе кажам, радувајте се што имате мајки кои можат да ви бидат пријателки, бидејќи многу значи.
Со мајка ми сме си другарки многу си ја сакам и почитувам, и многу ми е жал што има тежок живот и е многу оболена а е многу млада (48г. жена вдовица).... Сега имам ќерка и се надевам дека ќе имаме ист однос како јас и мајка ми
Мајка ,прво кога ќе се спомне си мислиш личноста која ќе те поддржи ,која ќе ти помогне кога ти е тешко барем да те ислуша... Ама не ,мојата тоа шо ќе кажеш ќе го прераскаже. Ете денес и ѕвонев да и кажам за бременоста... место да ме смири она врти муабети за сестра ми... Ајде нека се здрави и живи тие ,јас како се осеќам не е важно