Односот мајка-ќерка

Дискусија во 'Дете' започната од Go-Girl, 11 февруари 2010.

  1. lavica23

    lavica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    23
    темата ја погодивте ....има мн да се зборува ..но некогаш и зборовите не се доволни да ги искажеш чуствата ..едноставно прекрасно е да знаеш дека постои некој што постојано е тука за тебе ..за сите тешкотии за сите радости ..мајка ми ми е најдобра другарка но не треба да ги заборавиме и татковците ..јас не правам разлика ..ми се случува да не можам да заспијам ако има нешто што ме мачи или ако ми треба совет ..знам да ги разбудам и после излегување во град за да им кажам што се случило!буквално им се исповедувам за се и сешто, зашто знам дека ниедна другарка на светот не може да ми даде совет како нив ,како прво премногу добро ме познаваат и по погледот ме читаат ,и точно знаат што ми треба ! не можам да го замислам животот без нивно пристуство !
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.378
    Пол:
    Женски
    Јас мојата мамичка многу си ја сакам и ништо кај неа не би сменила .
    Понекогаш пробувам да се ставам во нејзина кожа, и си велам леле како успева: две деца , сопруг , размазена свекрва, работа , па без работа , па нова работа, па смрт на двајцата родители, па здравствени проблеми и што уште не.
    Затоа пробувам да и помогнам колку можам и еден ден кога ќе имам плата и пари обавезно ќе ја пратам некаде на егзотичен одмор :D :D :D
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.466
    Majka mi e najdobrata majka na cel svet! :) Mn sum srekna zatoa so e tolku dobra, moderna, sovremena i polna so razbiranje i se mozam da i kazam. Imam drugarki so ne mozat da zborat za sekoja tema so majkite i mnogu raboti krijat od niv, a mene mi e mnogu lesno zatoa so so majka mi si pravime muabet za se, ama bas se. Ona znae se za mene, nisto ne krijam od nea i smetam deka nikoj ne moze da ti dade podobar sovet od majkata. Sekogas koga imam problem, nikogas ne kazuvam odma na drugarka,tuku prvo na majka mi i ona e sekogas tuka za mene. Mnogu si ja sakam. A by the way :) majka mi izgleda kako da mi e drugarka a ne majka, poso mnogu mlada izgleda i najubava e na cel svet :)
     
  4. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    390
    Мајка ми е предобра жена (не само кон мене, туку кон сите) и ја обожавам!
    Иако не сум толку блиска со неа, знам дека секогаш ми мисли најубаво и дека секогаш е тука за мене кога ми е потребна
     
  5. Bellla

    Bellla Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Добри страни на мајка ми - се грижи, излегува во пресрет кога е потребна нејзината помош, сака да даде, а никогаш да земе... Негативни има повеќе - преголем критичар, се замара со непотребни тривијални работи и другите ги замара и иритира на тој начин, малку неосетлива е кога тоа го прави во време кога мене мозокот ми врие од правење распоред на обврски што треба да ги завршам тој ден ... Ама таа е пензионер, па заборавила како е тоа да се работи :D

    Сепак, мајка како секоја мајка - не може да се занемари нејзината важност во животот на нејзините деца, напротив ... Ми се допаѓа што не сме блиски, не споделуваме интимни муабети и не сум барала никогаш мислење или совет од неа, така што самостојноста оттаму ми доаѓа. Исто никогаш не сме се гушкале и сл. така што и не знам како изгледа тоа, што не значи дека јас сега тоа не го правам со моето дете. Обожавам да го бакнувам и гушкам кога ќе ми дојде ете така :D
    Мајка!!!
     
  6. romanti4na.riba

    romanti4na.riba Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Мене кога ми е тешко мајка ми одма прашува што ми е зошто сум таква, дали се имам скарано со фраерот и сл. и мислам да не е таа се би ми било потешко зошто во тиа моменти ми е потребен некој за разговор да се излеснам и таа ми е секогаш на располагање и секогаш е до мене кога ми треба. Имам и другарки на кои им се исповедам цело време ама кога не сум со нив мајка ми е тука за да ме советува и на прво место ми е нејзиното мислење отколку на другите. Кога таа не е добро и јас не сум добро и кога се нервира ме боли душата и ми се плаче. Многу го сакам нашиот однос и сакам и јас да имам таков со моите деца било да се машки или женски. ;)
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.478
    ЕДНА Е МАЈКА! :mrgreen:

    Ја сакам онаква каква што е. Ми ја подарила сета љубов на светов. Ме толерира, се грижи за мене, ми посветува внимание, никогаш ништо не ми недостасувало. Нема шанси во денот а да не се изгушкаме!
    Не можам да ја сфатам таа нејзина мајчина интуиција се додека и јас не бидам мајка.
    Знаеме да се потскараме.. малце инает од двете страни. Ама поминува. Нормално, нели :)
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    561
    Јас сум многу блиска со мајка ми, како таа што знае да ми даде совет никој не знае. И секогаш е во право што и да каже се исполнува. Слободно можам да и раскажувам се. Денес баш и зборев колку згоден другар имаат комшиите над мене аххххххх колку е згоден и после се освестив викам божеее што ти зборам :lol:
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    Многу ја сакам мајка ми. Жената е многу добра, гледа секогаш да ми угоди и прави се што може за мене и сестра ми да не ни недостасува ништо.Со неа не можам да кажам дека сум ептен блиска, но доволно за да и се доверам кога нешто ме мачи, или кога ми треба совет.Знае за дечко ми, но не и за мојот сексуален живот.Не сум и кажала зошто свесна сум дека таа во мене сеуште гледа дете и некако ми е срам :)
     
  10. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    169
    Нема доволно зборови кои би опишале колку ја сакам мајка ми.Таа е секогаш тука за мене,ми дава совет и критика за се.Секој детал од животот го споделувам со неа.Знае за сите мои дечковци,муватори,симпатии.Дури и кога нема да и кажам за некое момче дека ми се свиѓа додека не бидам и сама сигурна во тоа,таа веќе знае и ми вика планираш нешто со него и јас стојам ваква целата :worried:hock: Разговараме на сите теми.Многупати ме има советувано за машките и за сексот. Многу ми удоволува иако од пусти инает знаеме и да се поткараме-не трае долго лутината.Кога едната е тажна и другата е тажна,кога една е среќна и двете сме среќни.Сакам еден ден и јас да имам ваков однос со моите деца :) МАМ АЈ ЛАВ ЈУ
     
  11. Flying

    Flying Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    не сум воопшто блиска можеби затоашто имам постара сестра па со неа сум по-приврзана, или пак едноставно така се поставила...или па јас затоашто сум екстремно затворен тип не сум ја прифатила како личност на која можам да и кажам се...и верувам и ја прашувам за клучни моменти да ми даде совет плус...
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    487
    Никогаш не сум ја почувствувала мајка ми како „најдобра другарка“ а и тој вид на однос го оставам за друштвото. Сакам мајка во вистинска смисла на зборот и мило ми е што таа така се им поставено кон мене. Не сме којзнае колку блиски, но секогаш знае да ми даде добри совети кога тоа ми е најпотребно. Убаво е чувството кога знаеш дека што и да ти се случи имаш личност покрај себе која секогаш ќе те сака и почитува :)
     
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    2.463
    Мајките даваат најдобри совети во сите ситуации а што е најбитно најчесто и од искуство бидејќи и тие се ги прошле истите работи што ги поминуваме ние, проблеми со дечковци, другарки, школо. Многу ми недостигаат нејзините совети бидејќи не е веќе меѓу нас :( Кога почнав да пушам и правев финти ама ме откри одма од искуство :) значи нема потреба да криеме ништо од нив и тие се биле на наша возраст и тие работи и се познати. Нема ништо поблиско од мајка и затоа треба да го користите секој слободен момент на нив
     
  14. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    265
    se slozuvam so vajletblu, tie se edinstvenite koi ni posakuvaat se najdobro i ni davaat iskreni soveti i kritiki. no sepak jas ne sum tolku bliska so nea,ne znam zosto, znae za decko mi,i kazuvam sto mi se slucuva, za problemite no ne za sesto, mnogu bi sakala da zboruvam mnogu otvoreno so nea kako so najdobra drugarka no ne mozam :roll:
     
  15. BlueEye

    BlueEye Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    29
    so ova so go kaza violetblue za pusenjeto mojata majka me otkri posle 3 meseci ama to e pribidejki predobro me znae i nemozam nesto mn da krijam :/do pred 4 godini bov poodalecena ali posle mn greskiodnosot ni se smeni i sea sme ko najdobri drugarki mn sme slicni t.e skoro isti karakterno dvete sme najgolemi inaeti iako fizicki nemame niedna ista crta :)
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.953
    Не сум блиска со мајка ми..имаме ок однос дури и на моменти знаеме да се судриме во мислења(она е многу поголем инает)..она така се поставила затоа што можеби ете е од постара генерација па и она со мајка и не била нешто блиска..едноставно односот е буквално мајка-ќерка..поинаков карактер е..јас немам намера да бидам ко неа..напротив здравје Боже кога ке имам свои деца ке настојувам да бидам блиска и да имаме другарски однос да ми кажуваат се да ми се поверуваат..нормално и ке бидам мајка во права смисла. :)
     
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Site vie go dadovte svoeto mislenje za vasiot odnos ..majka-cerka ..Jas sum majka no ne na cerka..
    Jas imam dva sina i mojot odnos so niv e recisi sovrsen.Pomedzu mene i moite sinovi nema tabu tema i pokraj toa sto se od sprptivniot pol...Cesto znaam so niv da porazgovaram za licni i intimni prasanja.Zasto da go baraat odgovorot na nivnite prasanja na nekoe drugo mesto- koga jas sum sekogas tuka za niv i mozam strucno i iskreno da gi posovetuvam bilo da se raboti za ljubov, obrazovanie, licni problemi i sto uste ne ..Gi razbiram vo celost nivnite godini,potrebi,pa neli i jas sum bila na nivna vozrast i seto toa sum go izziveala .Moite deca ja imaat celosno mojata podrska vo se nemaat nikakvi zabrani i ogranicuvanja.. no gledam deka od den na den stanuvaat svesni za mojata postapka vo odnos na vospitanieto i mojot odnos kon niv .dovolno mi e da gi poglednam i znaam sto gi maci .Vo celost mislam deka sum uspeala so niv ...da bidam drugar,drugarka,majka,i veren slusatel ,nivni zastitnik vo dobro i loso .Vo nikoj slucaj majkata ne moze da bide neprijatel na svoeto dete .
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    687
    Мајка ми е мојата најдобра другарка, ама во буквална смисла на зборот. Нема нешто што не знае за мене и за се во животот до сега ме подржала. Се надевам само дека и јас ќе бидам таква мајка еден ден... Дај боже.
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    42.884
    Браво озбилнажена.

    Се надевам дека и јас ќе успеам да воспоставам ваков однос со моите деца.
     
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    SE RAZBIRA DEKA CE USPEES PO TVOITE KOMENTARI GLEDAM DEKA SE RABOTI ZA ISKLUCITELNO TREZVENA LICNOST .
    KOJA ZNAE DA GI SOGLEDA RABOTITE OD POVECE AGLI.KOMUNIKACIJA ,OTVORENOST,DRUGAR SO SVOETO DETE I SE CE E OKEJ :lol: POZ