1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот мајка-ќерка

Дискусија во 'Дете' започната од Go-Girl, 11 февруари 2010.

  1. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Значи многу убава тема :)
    Да пишувам 2 дена,мислам дека нема да изнапишам се за мајка ми и мојот однос со неа.
    Прво сакам да кажам дека мајка ми е најважна личност во мојот живот.Таа ми е и мајка и татко и се за мене.Бидејќи јас не ја осетив татковската фигура во мојот живот,таа успеа успешно да ја надополни и да ми даде љубов и за двајцата.За мене таа е најблиска личност во мојот живот,најголема пријателка,личност која со мене е и во добро и лошо.
    Таа се радува на моите успеси и ми дава поддршка и ме охрабрува кога ќе бидам поразена или се чувствувам лошо.Нема зборови и начин за да и се одолжам за се што направила за мене.
    Ја сакам најмногу на цел свет и мислам дека Господ и да сакаше немаше да ми подари подбра мајка од неа.
     
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам!!!!!!!!Ја сакам највеќе на свет!!!!!!!!Да не должам, мислам дека ја доловив сликата со 2 реченици.
     
  3. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Мајка ми е личноста што ја сакам и ја почитувам највеќе на светот.
    Личност што ја сметам како најдобра другарка и знам дека нема никогаш да ме изневери.
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    како на тато и на мама ке и посветам едно мислење кое никогаш нема да го прочита.

    Тотална спротивност сме како што веќе пишаа погоре.
    Млада е. Млада стапила во брак.Таков и бил животот и такви и биле условите. На мои години таа веќе ме родила мене. Постојано тоа ми го повторува и на глава ми се качува само зашто се плаши да не одам по нејзините чекори.
    Немаме некој посебно близок однос но некогаш знае да ми рече гушни ме силно ми треба тоа.Без збор веднаш го правам тоа.
    Сака се да знае. Се ја интересира. Може 25 пати на ден ке се јави да ме слушне. но јас не и кажувам многу. Ги знае за мене оние основни работи кои што ги знае и татко ми. Сепак двајцата ми се родители.
    Но мама за разлика од тато знае за мојот сексуален живот. Секако знае само дека не сум невина и денот кога дозна ми даде совети од тогаш не ме рчка. Знае дека ги применувам.
    Некогаш знае да ме извади од такт ненормално. Јас не се отварам лесно на никој.Таа тоа не го разбира. Дека некогаш не мора 3483948390 пати да праша што ти е туку може само да ме гушне и ке помине се. За разлика од тато кој ме разбира и не ме напнува.
    Секогаш ке ме смета за дете иако е свесна дека сум голема девојка.
    Со неа на купување ни под точка разно не би отишла ке треба косата да ми се крене во сред продавница.
    Јас ја фризирам ја фарбам ја тинтрам ја чупам и ужива во тоа време поминато како мајка и ќерка.
    Заедно си гледаме све за љубов и плачеме како мрднати.
    Ме нервира што кога е нервозна не допираат до неа зборовите и прави постапки за кои подоцна се кае.
    Нема некој особено успешен пристап до мене и моите длабоки чувства.
    Едноставно различни сме. И во мислења и во стил и во скоро се.
    Ми верува и постојано потенцира дека мајката е единствен искрен пријател дека таа знае се.
    Се мачи деноноќно за со брат ми да имаме се.
    И засвидувам на силата што ја има и на психата. Претрпено има многу.
    Некогаш знае кога сме сами да ми се отвори да заплаче да сака да ја гушнам и да не ја пуштам никогаш.
    Животот не и бил многу розев но цврсто се држи на нозе.
    Таква сакам да бидам и јас.
    Многу пати ме поддржала и ме извадила од густи ситуации кога бев помала и незрела.
    Секако дека знаеме да се испокараме. Некогаш и со денови да не зборуваме но јас знам колку ми се кине срцето тие неколку дена. Но ако не е во право не можам да и попуштам зашто не сака да слуша и да се потруди да разбере дека иако е мајка не е секогаш во право.
    Порано ме нервираше учи учи учи а мене тој ден учењето последна дупка на кавалот ми била ама сега си знае дека нема потреба да мисли за моето учење.
    Само ми ивка кажи ми ако ти треба нешто. Како си помина на факултет.Што правевте? Се случи ли нешто.
    Пред излегување кај ке одам со кого како се прашува како божем не знае каде ке излезам. И ке и речам излегувамм де мамо што е битно каде и ке ја сврти главата па демек лута ке рече уф а ти праша некој и ке и речам мамо кај и да одам ако ми се случи нешто ке слушнеш на вести . Е тогаш стварно ми се лути и му вика на тато еве ја ќерка ти со нејзините филозофии пак почна- исти сте. И стари луѓе мои ке почнат да се смеат.
    Премногу се нервира за пари и слично а јас и викам мамо додека имаме да јадеме заедно ке јадеме кога ке немаме да јадеме пак ке бидеме гладни заедно. Тоа е што е.
    Таа со брат ми е така поприврзана повеќе се разбираат а јас сум си накај тато повеќе. Иако подеднакво ги сакам и почитувам.Благодарна сум им за се.
    Нежна е,емотивна,борец,инаетлива,дрдорлива,најубава ми е,добра е и некогаш наивна ама за тоа не и пререкувам таа си знае како да се однесува со луѓето но многу пати се изгорела а памет не и доаѓа. Во тоа сум на неа за разлика од тато шкорпијата и не ми е криво верувам дека чистата совест е безценета.... Каква таква со своите мани и доблести мајка е една ... Ја сакам највеќе на целиот свет би си го дала животот и за неа.
    Ми ја сака косата виткана кога не ја пеглам. Сака да ме тинтра и гњавуцка сака да ме мази и разгалува кога сум болна и сака демек да покажува строгост кога е потребно.
    Ме нервира зашто пуши цигари и ми иде рацете да и ги исечам.не ми е за друго ама не смее да пуши! Ама ајде оди докажи се.
    По малку е забегана ( позитивно ) се смее се зафркава. другарките ја обожаваат и се газат од смеење кога ке ми рече Туу не знам како тој твој дечко те трпи на глава ке му се качиш човек треба коњски живци за тебе да има. ЕЕ да на моја сметка зафрканции прави. Ама јас на тато си ја издавам па после сите си се смееме.
    Двете сме си по црвено вино друго ништо алкохолно не пиеме. И си обожаваме убав неделен семеен ручек со вино и смеење. Тоа е она вредното во животот. Тоа е она потребното. Таа го знае тоа. А на тоа ме научи и мене. На вистинските вредности во животот.
    Единствено нешто во нејзиниот начин на воспитување што не ми се свиѓа мене е што не почнала од порано да ме учи да и кажувам се. Сега касно е кога веќе имам 19 години. Ама добро е и вака. Не е здраво да знае се.
    Секако дека ми е добар пример. Секако дека ако ја изгубам ке полудам.
    Каква и да е таа за мене е најдобра.
    Иако знам да бидам идиот и јас понекогаш (како деновиве)
    Мамо знај дека те сакам. Извини за секоја рана на срцето од мене што ја имаш а јас свесно или несвесно во минатото ти имам нанесено болка знам. Затоа пак ме изгради во ваква личност со која се гордееш и се надевам дека нема никогаш да се разочараш од мене.
    :* :* :*
     
    На Lolo5, Go-Girl и Snowdrop им се допаѓа ова.
  5. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Ау, ѕверка е мајка ми...
    Така интересна, зборлеста жена, со добра претстава за реалноста.

    Водолија, подзнак Близнаци.
    Треба нешто повеќе да кажам? :D
     
    На Snowdrop му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас и сестра ми ја обожаваме мајка ми и сите другарки ни викаат блазеси ви каква мајка имате. Секогаш е насмеана, ведра, позитивна. Обожава да готви, ги сака цвеќињата, а секогаш пред да излегува се распрваме затоа што мрази да се шминка и да се дотерува, а јас па обратно. И двете сакаме да читаме и да гледаме добри филмови. Ги обожавам часовите поминати со неа кога разговараме и си гледаме серии. Знае да ми се развика кога ме мрзи да учам и кога немам измиено садови :lol:
     
    На Snowdrop му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Односот со мајка ми е значително подобрен, откако не живееме заедно. Ќе се видиме еднаш во неделата, а секој ден збориме по еден саат на тел :)
    Не се нервираме веќе, само си недостигаме и кога ќе се видиме нема кога да се искараме. Да знаев дека вака ќе се сменат работите одаааамна ќе се отселев :lol:
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Мојата ситуација е иста како ан ВИножитка, немам дополнителен коментар :)
     
  9. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Мајка ми-кога ќе го изговорам овој збор веднаш во срцето ми разгорува пламенче.Веднаш ме асоцира на грижливост,нега,бескрајна љубов.Веднаш ми се појавува сликата на жена со ангелска насмевка и грижа во очите,жена која е спремна да го направи и невозможното за мене!Навистина незнам дали постои човек кој е толку поврзан со мајката како мене.Јас сум и единствено дете,галено,пазено,размазено и што уште не.Од секогаш имаме живеено сами во куќата(јас,мама и тато),тато оди на работа а јас сум со неа по цел ден-никогаш нема работено поради мене,да не бидам сама а веќе имам 14 години но не сака да ме остави сама.Од мала сум премногу приврзана за мајками,до 9 години се немав одделено од неа повеќе од 4-5 часа!И ден денес неможам да бидам развоена од неа,неможам да го замислам животот без неа.И се доверувам за се,и не верувам дека некогаш ќе бидам способна да и кажам лага.Многу сме отворени една спрема друга-таа е моја постара сестра,најдобра другарка,најискусен советник.Само таа е онаа која секогаш ќе ме брани и ќе се бори за мене,таа е таја која ме поддржува во одлуките,таа која знае да ме ислуша кога нешто ме мачи-таа е онаа кој може да ми ги оттргне камењата од срцето,онаа кој ме разбира и ме чита,онаа која ја чувствува мојата тага и тагува со мене,ја чувствува мојата среќа и се смее со мене!Таа е личноста која најмногу вреди во мојот живот! Те сакам мамичке! :l: :nod:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Мајка ми и сестра ми се женските личности што ги сакам најмногу во животот. Од кога се осамостоив, навистина видов што значи мајка. Толку ми недостасува, што ако не е скајп мислам дека ќе полудам. Секогаш е тука за мене, за секој пад тука е да ми даде рака да станам, секогаш ме ислушува, и најдобрите совети во животот се од нејзе. Нема зборови да искажам колку ја сакам и колку сакам физички да е тука до мене. Само тоа ми фали во животов, ништо друго, ништо!
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Па...што знам....
    Отворена сум со мајка ми онолку колку што можам да бидам. Т.е. колку што ми наложуваат годините.
    Јас не барам совети од неа, туку таа бара од мене. И незнам зошто, но речиси секојпат кога ќе се закараме нешто на крајот испаѓа дека јас сум била во право :lol:
    Премногу ја сакам, знам со неа да се искарам и малку да се затепам :$ (малку онака) ама после веднаш трчам кај неа да и се извинам и секако, мајка како мајка секогаш простува.
    Односот инаку ни е ок иако сме различни како небо и земја. Работите за кои се сложуваме можат да се избројат на прсти :!:
    Но, најверојатно тоа е така затоа што јас сум малку послободоумна и поразлична, додека пак таа е малку поконзервативна во однос на денешните сфаќања и навики.
    Во секој случај мајката е најпотребна и никогаш не треба да се запостави. Без неа сум никој и ништо...
     
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Колку убаво сте напишале сите ;( солзи ми надојдоа.
    Јас немам многу близок однос со мајками, воопшто не сум блиска со неа, и само 2 реда муабет да направиме одма не се поднесуваме, природа :( Одма на кавга. Предобра жена е, и поминала низ многу и се восхитувам, и би сакала да и подарам однос каков што заслужува но ете не ни оди никако. Понекогаш мислам дека не ме разбира, и никогаш немам почувствувано да ме одбрани за нешто, или да застане на моја страна, еднаш само за некоја ситница знам беше што застана на моја страна, колку ми беше мило премногу, како силна се почувствав ептен. Кога бев помала ја гледав како прв нпријател, сега гледам дека не е така, но едноставно не се разбираме, тоа е се. Можеби во мене е проблемот, и јас многу не кажувам што ми се случува ни дома, ни со другарки, само си слушам. Како и да е, знам дека ми мисли најубаво, и дека сака да сум среќна. Мислам дека веќе ја имам разочарано и тоа многу, така да се што можам да направам е да остане на тоа во иднина. Ја сакам многу, и многу сакам да сум блиска со неа, бидејќи некогаш толку се мачам самата, или пишувам овде некој трет да ми каже, но тоа е, имам пробано но некако како да ме обвинува одма и се повлеков. :( :( :( Многу ме растажи темава ;(
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Вистинска среќничка сум што ја имам мајка ми.
    Навистина ова го кажувам затоа што го мислам. Имаме ние некој посебен однос, не само нормална поврзаност како мајка и ќерка , туку како другарки.
    Нема некоја работа на светов што и ја немам кажано, и секогаш ми е полесно после еден долг муабет со неа. Во недела наутро имаме ритуал со мајка ми и сестра ми да пиеме утринско кафе заедно и да си раскажеме што сме правеле за викендот и како сме си поминале. Се случило и таа да бара совет од мене понекогаш за најразлични работи.
    Бидејќи моите се разведени, јас сум со мајка ми, претпоставувам и дека е нормално толку да сме блиски и да градиме таков однос. Мене ми е сосема природно и нормално да ја прашам било што, дури и најинтимни прашања. Секогаш ми велела дека е подобро неа да ја прашам , одколку некој друг. И не сум се покајала ниту еднаш што го применувам тој совет.

    Сега е во фаза на климакс.... не е лесно да трпиш жена од 40 и кусур што се однесува како тинејџерка. Постојано носи дома ќеси со гардероба, а во последниот месец се поднови со неверојатни 12 пара чевли. Не ме заборава мене и сестра ми, напротив ни купува и на нас парчиња што веројатно еднаш ќе ги облечеме и никогаш повеќе...
    Многу ме замара кога сака да се умеша во мојата врска и да ме контролира, ама за моја среќа , тој авотитет веќе го нема. Така да, често знам и да и потфрлам шала на сметка на бланшот во косата. Плавуша, ама многу бистра женичка, со одлично држење и тело, спремна да направи било каква жртва за мене и сестра ми. Три жени сме си, сами на себе оставени, па при смиот влез кај мене тоа се гледа.
    Луда е по малку, пати за нејзиното “златно доба’’ и ужасно ме нервира кога ќе пушти некоја песна од нејзините и ми шизи низ стан. Притоа ме тера да и покажам како играм во диско. И цело време ми ја нагласува важноста и улогата на сексот во животот.
    И да, одлично готви, па има тенденција да ме тове со храна, и да ме тера да седнам да и правам друштво додека јаде, за да ме распрашува и ми досадува.
     
    На Lolo5, rossonerka и Phyramide им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Еднаш кога бевме кај тетка ми на гости (сестра на татко ми) се спречкав малку со мајка ми...после некое време тетка ми искористи шанса кога бевме на само и една реченица ми кажа „Слушај ме, едно ќе ти кажам, мајка ти е ЦАР. Не и се лути, не ти мисли лошо.“
    Да, мајка ми е цар. Со тоа би го започнала овој пост.
    Необична, современа, со неверојатно широки и модерни сфаќања. Искрена, чесна и бескрајно добра. Знае што значи зборот пожртвуваност и секогаш го спроведувала во пракса. За своите најблиски душа дава, да имаше уште една - и таа ќе ја дадеше. И пред се силна жена. И се восхитувам за тоа како се однесувала цел живот со мене, и како се справуваше со претешки ситуации...и сеуште се справува.
    Борец! со еден збор.
    Уметник. Несекојдневна појава. Водолија....бреее две водолии една до друга, кој да не трпи! :tmi:
    Единка сум и уште од мали години си создадов неверојатно близок и необичен однос со мајка ми - знаев и сеуште знам да си направам со нејзе муабет како со најблиска пријателка. Знае да даде совет на место. На мене, на сите. Знае да слуша, да разбере, да насочи. Кога одев на одмор, другарките мои и доаѓаа на кафе - ми велеа, дека уживаат во муабетот со неа. Постепено сфатив, дека не сум пристрасна туку дека луѓето кои ја познаваат навистина ја сакаат...и сигурно имаат силна причина за тоа.
    Ме научи да се смеам кога е најтешко. Ме научи да сакам. Да подадам рака кога е најпотребно.
    Сурова понекогаш, оф како знае во фаца да ми го плесне. А откако ќе настане куршлус си ја чукам главата во ѕид - ах бре што не ја послушав мајка ми! А таа потоа знае да ми ја погали и да ми рече тажно - зошто бре ќерко не ме слушаш кога ти кажувам искрено како да постапуваш?
    Отсекогаш кај неа ми се допаѓало тоа што не ме фалела само затоа што сум и ќерка. Кога знаеше дека сум направила грешка и те како ме караше. Кога гледаше дека нешто правам погрешно, ќе ме спукаше и ме мотивираше со тоа кон повисоки цели.
    Би можела со денови да пишувам за неа. Заслужува, и многу повеќе од тоа.

    Ти благодарам мамо за твојата несебична љубов, за твоите остри и искрени критики и зборови, за твоите реални пофалби. За тоа што ме научи да слушам блуз и џез заедно со тебе. Откачена си, си знаеш. Забавна си до бескрај. Скршена си сега од тага и болка, и тоа знам. Ама јас сум тука, за тебе, до тебе!
    Те сакам е премалку да се каже, и не ти го кажувам тоа - ми велиш секогаш „ајде доста со тие американизирани сра*а“. Ама си знаеш, дека те сакам, нели?
    Да, тетка ми беше во право, мајка ми е цар и мило ми е што ја имам.
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    однос јас-мајками далечен и официјален но сепак никогаш нема да заборавам кога од најголемата каша во својот живот мајками ме изваде ти благодарам мамо
     
  16. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Се сеќавам дека како дете страдав од недостатокот внимание на мајка ми,секогаш беше зафатена.Многу ми беше криво кога гледав каков им е односот на другарките со нивните мајки(вистиниски пријатели) :(
    Но со текот на годините почнавме да се зближуваме,сега имаме многу добар однос ама сепак неможам се да и кажувам :^)
     
  17. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    111
    и јас сум како тебе аллана со моите 19 години сеуште не сум се зближила со мајка ми како моите другарки....криво ми што другарките можат со нивните мајки да разговараат на секоја тема да се шегуваат и излегуваат...мајка ми е деловна жена и кога ќе си дојде дома изморена е несакам да ја гњавам со моите глупости ја разбирам донекаде ама како мајка и она би требало да се заинтересира за мене повеќе...се надевам дека со текот на времето ќе тргне на подобро нашиот однос мајка-ќерка и дека ќе ме поддржува во моите одлуки :)
     
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    ;( Да не имаме иста мајка..Ова феаралес се наежив ко го прочитав..ко јас да сум го напишала од збор до збор...незнам каде грешиме..или можеби ете различни сме до толку што ете никој не е крив, незнам..знам само дека секогаш ко ќе видам мајка и керќа низ град за рака или на тв кај се гушкаат нешто се крши во мене ;(
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.392
    Пол:
    Женски
    Пораснав само со неа, ми беше идол. Но, како поминуваат годините постојано се разочаруваме една со друга. Можеби зошто сме исти. Мајка ми е најпожртвуваната мајка, сестра, ќерка, да не пишувам што има направено за татко ми додека бил жив. Но ние две едноставно не можеме заедно. Јас сум нејзина слика и таа очекува од мене многу, а јас не се согласувам со нејзините желби за мене. Кога бев помала ми беше најдобра другарка и јас неа, но пред 6, 7 год. го направив првото разочарување, се запишав во средно што не го сакаше т.е. го сакаше училиштето но не и мојот смер, истото го направив и за на факултет. Продолжив да ја разочарувам со дечковците. Таа сака некој богат дечко, кој ќе ми пружи се, но јас сакам љубов не пари. Сега не зборуваме, криво ми е поради тоа, но за да биде таа среќна треба јас да не сум. Од најдобри пријателки, сега сме непријателки. Жал ми е за неа, се дала за мене и сестра ми, се откажала од се, но не ме сфаќа. Ја сакам многу, знам и таа мене, но...
     
    На Lolo5 и blond им се допаѓа ова.
  20. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Мене мајка ми многу ме нервира кога ми се меша во врска , сега едно дете ми се допаѓа , ама таа запнала не е тој за тебе , немал факултет , не знам не бил од некоја фамилија и ја искрено не го поднесувам тоа , признавам многу пати ми помогнала , ама сакам да ме остави на мира од таа гледна точка , разговор не помага бидејќи имам пробано , и не оди ... ;( ќе почне да плаче му се жали на татко ми дека не ја слушам никогаш , а знам тоа го прави само внимание да привлече , бидејќи не и е прв пат :sweat:
    дали некој знае некое решение воопшто ???
    имам 22 години , и ова што таа го прави е срамота , барем за мене ...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.