Добро се сложуваме..неа и на сестрами...се му кажувам ништо не кријам од тие две особи...тие се луѓе на кои најпоќе му верувам..иако некогаш се караме со мајка ми за глупости сепак си ја сакам и најпоќе си ја слушам..и да имам утре моја ќерка би сакала да имам таков однос
Хмм.мојата мајка не е како повекето мајки,насиот однос е пријателски дури немозам да го наречам ни другарски,таа го носи називот мајка само затоа сто ме родила.Колку и да е чудно но така е.Таа прифака се сите тајни сите не толку добри работи сто ги имам направено буквално се.Таа ме сака но како другарка да и казувам кај сум излегувала дали имам дечко,а многу ретко ме прасала сто правам у зивотот и како за во иднина,во една прилика ме терасе да се тетовирам и знаете како е кога некој ви брани или ве тера да правите несто-го правите спротивното.Сите ми завидуваат и сакаат да имаат мајка како мојата зосто нејзе сите ја сакаат,но искрено мене ми фали мајка која сто ке се гризи па дури и ке ми забранува некои работи само колку да осетам љубов и гриза,еве сега сум во странство а таа до вчера незнаесе зосто сум тука и во која дрзава сум,сепак ја сакам и постојано ја барам мајката во неа но ете лугјето не се менуваат таа си е свој карактер и таква ке си остане.За разлика од неа имам татко кој ги знае сите мои тајни,прв дозна за првата менструација,првиот сексуален однос,првото разочарување,буквално се.. со него сум толку блиска сто со мајка ми никогас не сум била
На мајка ми и кажувам речиси се, но најсочните детали понекогаш ги прекривам Искрено воопшто и речиси за ништо не се согласуваме но одржуваме некој однос, иако во денот најмалку 5 пати ќе се скараме и изнавреѓаме Но сепак таа е личноста за која животот би го дала и би сторила се само за да биде среќна
Со мајка ми не сум блиска како што сте повеќето ме порасна мојата баба која многу си ја сакам затоа што брат ми се роди и мајка ми му посветуваше него повеќе внимание, сега онака сме не можам да речам блиски како со баба ми но сепак мајка е и ја политувам
со мајками сум прилично блиска и по карактер и по однесување сме скоро исти ама сепак не сакам да и кажувам се што правам како права онака површно кажано доволно бидејки ако знае секакви детали одма ке почне со севети со критики па кој ке ја слуша иако знајме како и сите да се караме ама многи на моменти ми иди наживци ама еден сат ке помини и пак се смируваме. И да си ја сакам најмногу на цел свет
Мајката - единствениот пријател без интерес Со мајка ми сум ептен блиска... За мене е скогаш тука и секогаш знае добро да ме советува.. Немам никакви тајни пред неа...
Со мајками сум многу блиск,било што и да е тааа за се прва дознава,секогаш сум отворена пред неа не се пазам што зборувам,слободно разговарам со неа за поинтимни работи,а истото го прави и таа,сека кога сум повозрасна се споделува со мене,а ретко некоја мајка да се отвори пред своето дете,но само во едно не се сложуваме,кога одам на шопинг со неа имаме различен вкус и постојано се караме,ама нема гајле
Мајка ми е дефинитивно мојата најдобра другарка, знае се за мене, немам тајни пред неа. Секогаш ме сфаќа, ми помага во се, секогаш е на моја старана... Ја обожавам мама
Многу сум блиска со мама. Не викам дека немам тајни, но прилично се знае. Знам од кого можам да очекувам да ме разбере, да ми даде најдобронамерен совет, знам кој може да биде секогаш на моја страна. Мајка ми
Чудно до сега не сум коментирала на темава. Тоа е така зошто немам доволно време за да го опишам односот со мајка ми. Кралица е мал збор.Не ја опишува доволно. Не постојат зборови во човечкиот јазик со кои јас би ја опишала неа и нашата поврзаност. Би измислила нов збор кој би го користела само да ја опишам неа. Не. Постои веќе збор. Мајка. Таа е се што една мајка треба да биде. И многу повеќе од тоа. Пријател, соговорник, противник (кога ми треба), рамо за плачење, најдобар советник... Се чешам за главата и не ми текнуваат вистинските зборови со кои би ја опишала. Велат ќерките се олицетворение на мајките, само во подобра верзија. Да. Јас сум таква каква што сум благодарение на нејзината упорност и воздржаност. Горда сум што секој ден се повеќе и повеќе потсетувам на неа во однесувањето. Посакувам и јас да сум таква мајка како неа. Ќе се потрудам да бидам. Солзи ми се насобраа во очиве. Ја сакам. Не знам што би без неа. Ми се кине срцево што е далеку од мене... И нејзе исто... Живот...
Нема да излажам ако кажам дека таа е моето СЕ'. Мојата мајка,другарка,мојот поддржувач,критичар... Многу,ептен многу сум поврзана со неа,посебно од мојата 18та година па наваму нема нешто што не сме споделиле. Пред4ри години ми се разболе и беше во болница една недела.Не знам како преживеав.Чекав само да се осамне и да трчам во болница за да ја видам мамичка која ме чекала 7 години и сите лекари ги поминала за да ме добие... Знаеме да разговараме со часови,а татко ми ни е малце гневен кога имаме вакви моменти и кога го праќаме да си легне зашто и така е уморен од работа али се рабираме на крајот. И сега ми фали да ме гушне и да ми каже дека мојата среќа стои таму некаде,а нема да биде до мене уште скоро месец. Во нашиов однос само едно не функционира-јас не можам да чистам со мојата мајка..Таа мора се да префати по мене,а тоа ме нервира И нормално,мама не би била мама ако не рече дека ако јас се омажам во друг град,тие ќе го продадат станот и ќе се преселат во тој град.А татко ми само и се чуди на оваа нејзина мудрост
Не сум баш премногу блиска со мајка ми едноставно немаме исти ставови и мислења за нештата но некогаш може да се најде некој компромис и да се согласиме за нешто понекогаш кога сум расположена ќе и откријам по некој детал ама во глобала не сум многу блиска
Стицај околности немам близина со мајка ми. На моменти понекогаш ми фали таа мајчинска љубов која не ни знам како изгледа. Заради тоа не сум обесправена си имам јас друг столб во животот. Имам син на кој сега за сега сум му се и сешто. Премногу е поврзан со мене. Можеби јас свесно или несвесно сум делувала така на него, ама таква сум, си сакам близина и моја контрола. Бар додека можам и додека не се целосно осамостали во животот.
ПА со мајка ми блиска сум но сепак онака иам некоја дистанца и неможам све да и кажам.Гушкање и такви работи само на бајрам ! Добра е знам дека ко шо таа ме сака и ми мисли добро никој нема,ама ме нервира онаа нејзина загриженост и што 100000000 пати звони на тел и треба да и дадам цел извештај за све ! Сепак сега некои нејзини совети и забелешки ме нервираат ама знам...некогаш ке и бидам благодарна
Јас и мајка ми-НЕМАМЕ ОДНОС!!! Таја зборува јас муци бројам,затоа што ништо паметно немам слушнато од неа. Каква е таја мајка која на своето дете му рекла: Заработувам и ќе си ги трошам парите за себе!!! Невидено нешто!! Да ми се јави да праша како сум,а НЕ!! СИ немаме со така. Па 10 пати во ден..тоа ни а сон,ни во моите најголеми фантазии. Што очекувам од жена која сестрте не си ги сакала,која секој пат кога ќе се обидам да ја гушнам ме трга од себе,а некогаш толку мн.ми треба да ме слушне. Но,таа не го знае тоа. А нема ни да го направи. Никогаш!!! И овде ќе пишам,ФАЛА ИМ НА КАЛСНАТА И НА УШТЕ ЕДНА ПОСЕБНА ЖЕНА ШТО СЕКОГАШ МЕ СЛУШАА,СОБЕТУВАА И НАПРАВИЈА ДА ИЗЛЕЗАМ НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ,БИДЕЈЌИ СЕГА БОГ ЗНАЕ САМО КАДЕ ЌЕ БЕВ!!!
Мајка... Мојата мајка... Мама... Како и некои други погоре што имаат коментирано ниту јас можам да ја опишам мојата мајка, ни со еден ниту пак со сите зборови и сите јазици на планетава Земја... просто едноставно ја обожавам, не можам да замислам на ден барем еднаш да не се чујам со неа(а се слушаме преку 10 пати кога не сме заедно), Знае буквално се за мене од многу мала сум поврзана со неа и од секогаш се и кажувам, а и да не и кажам таа сама ќе знае дека нешто ми тежи на душа па само ќе ми рече “Ајде мило на мама кажи ми што те мачи“ јас за да не ја загрижам ќе речам се е во ред а таа фала му на Бога секогаш е упорна па јас се си кажувам Никогаш никој не може да даре таква љубов, безусловно подарена без да ја бараш или без да се трудиш да ја добиваш. Ја обожавам оти е откачена на моменти и знае да ме насмее кога ми тешко, ме знае на памет, знае како дишам и денес сум тоа што сум благодарение на нејзините прекрасни совети... леле можам да си пишам до утре за неа и пак нема да довршам... едноставно ќе речам едно...........МАМО ТЕ САКАМ! И тоа ќе ти го кажувам секој Божји ден сакам некако да ти вратам за цела љубов што ми ја имаш дарено за се во животот. Постојам поради тебе.... Уфф сега ќе одам и ќе си ја бакнам.....ако спие нема да ми се налути, таа е мојата МАЈКА
Не би знаела да дефинирам тука. Дефинитивно не ми е ко другарка, а на моменти не се однесува ни ко мајка. Мада, и јас ја претерувам и не се однесувам ко ќерка спрема нејзе некогаш. Едноставно, не се разбираме. Не сме нашле заеднички јазик и мислам оти никогаш нема ни да го најдеме. Значи, се секира за мене, ми готви, ми чисти, ме пегла, и сите тие глупости, но јас нејзе не можам да и кажам ништо. На тенки нерви е, и не знаеш во какво расположение ќе ја најдеш. Затоа, избегнувам муабет со неа. Не можам ништо да и замерам, освен тој нестабилниот однос кон мене што го има, али јбг, тоа е тоа. Така да, односот, ни е малце подалеку од близок.
Мајка ми.. некогаш ме нервира, затоа што е премногу добра. Однос имаме повеќе другарски него строго како мајка и ќерка. Така знае да ми плесне во лице кога не сум право, и јас после 10 дена ианетење ќе и признаам дека е во право за се што кажала. За мене има претрпено многу. Во целина имам супер однос, за се можам да разговарам, за ништо не ме осудува. Да даде господ ако имам ќерка, и нашиот однос да биде таков.