Не сум блиска многу со мајками... ја сметам како многу искомплексирана личност, нестабилна не можам едноставно да му се отворам бидеќи место совет ке добијам кодошење... и тоа е тоа ни она мене ни јас неа ..секој различно.
Јас сум премногу блиска со мајка ми, не само што неизмерно ја сакам, многу учам од неа, (заедно со татко ми, тие ми се двајцата идоли во животот) сакам како неа да бидам. За се си зборуваме, дури и проблемите кои треба заедно ги решаваме, но никогаш не ми се замешала во одлука, туку само ми го кажала своето мислење од нејзина перспектива. А мразам кога нема да ја послушам, а на крај ќе испадне дека е во право! Те сакам мамичке! Спојлер само ме неривра кога ќе ми каже, "ај доста не се мувај више со никој, не се фаќа така дечко"
Морам да дадам реплика и да се согласам со горенапишаното од Хипи. Дали ние се' повеќе растеме, созреваме, не знам до што ќе да е, ама годинава согледувам голема, ма огромна промена во нашиот однос. До пред само година ипол не ни помислував да зборувам за посериозни работи со мајка ми, си мислев дека нема да ме сфати озбилно, само ќе ме сослуша и пак ќе ме убеди дека треба да биде по нејзино. Немам поим од каде вакви мисли, ама дефинитивно не е така. Во последно време се' повеќе си ја чувствувам како другарка, пријателка, знаеме и да си излеземе двете, да си седнеме некаде на кафе, јадење и да си муабетиме цел ден, а до пред извесен период ми беше искрено срам и си мислев како јас сега ќе седнам некаде со мајка ми, на пример в кафич и што ќе помислат луѓето, демек јас немам другарки и уште изигравам мамина мазичка ... Глупости или не, така беше. Дури и мајка откачува бре, скајпови мајпови, среќа што не е до тој степен па да ми пишува срциња на фејсбук, ко броооојните примери што ги гледам секојдневно - среќа моја!
Мајка ми не можам да ја опишам со зборови, личноста што најмногу ја сакам и почитувам. Кога ќе ми текне од колку работи се откажала заради мене, колку ноќи не спиела кога сум била болна... нема што не би направила за неа и знам дека еден ден ќе ја направам најгорда на свет. Речиси се што сум посакала сум добила, ме разгалила до максимум, повеќе е попустлива отколку строга. Имаме најопуштен однос и можеме да збориме на сите теми. Најдобра другарка со мене, ама другарка е и со моите другарки. Многу е креативна и паметна. На сé знае да најде решение, секогаш знае да ми укаже на грешката и дава критика на вистински начин. Се караме многу често, но повеќе од еден саат не можеме да си останеме лути. Или она ќе дојде кај мене или јас ќе почнам да и се пикам и да ја гушкам и едноставно не може да издржи да не ми се смири. Понекогаш мисли дека не можам сама да се грижам за себе и порано знаеше кога сум подолго време отсутна од дома да ми се јавува на секој пола саат, ама сега полека стекнува доверба во мене и се навикнува на фактот дека веќе не сум мала. Не можам да ја гледам натажена, во тој момент ми се кине срцето. Не сака да ме оптоварува со нејзините проблеми и се повлекува во себе. Не знам што ќе правев да ја немаше. Цела фамилија ќе се распадне доколку таа не е тука. Носи огромен товар врз себе. Многу ми е страв да не ја изгубам. И го должам животов и ја сакам најмногу на свет. (ова звучеше како првооделенче)
Мама зна најбоље. Така вика еден колега, смешно е кога он ќе го каже тоа, но така е, да. Во пубертетските почетоци кои веќе ги оставам зад себе, си мислев дека никој не ме сфаќа на светов, дека јас пуста од дома нема да излезам, си мислев дека еднаш ако излезеш во неделата во кафич/дискотека дури ни еднаш дека ќе мислат луѓево дека само дома седам и сл. муабети поврзани со некоја строгост. Но тука всушност станува збор за татко ми. Мајка ми не била строга со мене, туку била реална и само сакала да ме истера на прав пат. Моето неслушање ме кошташе многу. Во смисла да морам да го искусам искуството со „најдобри другарки“ кои после некое време ќе станат само странци во мојот живот. И морам да кажам дека се што востановила дека ќе се случи или пак некој впечаток и мислење што ќе ми даде за некоја личност, кога-тогаш станува вистина. Да, мајка ми знае се. И е во право, во 80 % во случаите. Другите 20 % гледам да ги направам повеќе, за да и јас имам некогаш право за нештата. Нејќам да зборам од какви све каши ме нема вадено и криено за да нели не дознае татко ми, но за оваа жена треба да и се додели орден за заслуги за семејството. Стварно заслужува. Не знам што би ја без нејзе, нејќам ни да помислам, зошто кога помислувам, почнувам да плачам, да се потресувам. Стварно една е мајка. Најмногу те сакам, мамичке.
Со таа личност не сакам да одржувам никаков контакт, кога таа не се грижи за мене, нема ни јас да се грижам за неа. Убаво си го најде тој што си го најде, нека си го гледа него, а не да ми доаѓа два пати годишно да ме види демек. Ако не ме сака таа доволно има други кои ќе се грижат за мене. Не знам зошто некои луѓе имаат деца ако не планираат да водат сметка за нив.
majka mi e mnogu cudna zena.nemozam da a opisam so zborovi. nekogas e mnogu dobra fina kulturna se naj naj znae da sedne i muabet da napravi.. ama nekogas(kako denes na primer) znae taka od takt da me izvade ufff nedostavno edvaj se vozdrzuvam da ne i stanam i da a otepam od kotek za da i se smirat strastite. sekogas mora da ima zrtva za karanje i nekogas duri i mi paga zal za tatko mi go so maltretira so gluposti. nekogas mnogu ja sakam ama nekogas kako deneska na primer ne sakam da a gledam. Спојлер a za tatko mi nemam zbor najdobriot tatko na svetot i najmnogu go sakam [mod-kirilica:28wdi6h1][/mod-kirilica:28wdi6h1]
јас и мајка ми сме како две другарки знаеме да си зборуваме со саати и баш убаво си се изнакажуваме многу често двете си седиме,си пиеме кафенце,па ми гледа баш е убаво...се додека не се рчнеме за нешто
Мојата МАМА е најдобрата мајка, таа е мојот столб, знам дека секогаш можам да се потпрам на неа за се. Кога и да ми треба совет тука е мама, кога и да ми требаат пари тука е мама, кога и да ми треба рамо за плачење тука е мама, знам дека секогаш, ама баш секогаш е тука за мене. Моја најдобра другарка. Си ја сакам најмногу.Сакам да можам и јас еден ден да изградам таков однос со моите деца. И јас и сестрами сме многу блиски со неа. Те сакам мами
Мајка ми мене всушност ми е и најдобрата и најблиската пријателка. Таа е најдобра мајка на цел свет. За што и да е, јас на неа и се доверувам и таа секогаш има совет за мене (морам да признаам скоро секогаш е во право со советиве). Кога и да сум била тажна, среќна, разочарана или понижена, мојата мама била покрај мене. Да ги сподели моите чувства и да ме утеши или да се радува со мене! Мајка ми секогаш ми дава поддршка за она што го правам. Никогаш не ме обвинила или казнила за нешто, туку гледала тоа полека и смирено да го објасниме и заедно да најдеме решение за ситуацијата. Но не постои совршеност, нели!? Така и во нашиот однос. Понекогаш знаеме да се караме, но тоа е за ситници, како на пример "Зошто не сум ја средила собата?!" или "Пак терам инат и не сакам да одам до продавница." Сепак, јас знам дека сето ова што ми го зборува е за мое добро, и како секоја мајка така и таа го сака најдоброто за своето дете. Затоа, и благодарам на мојата мамичка што е секогаш тука до мене и ме води на правиот пат. Те сакам мамо.
Имајќи ја неа, го имам светот! И благодарам за се. За сите спомени, за сите совети, за сите моменти кои што ми ги има пружено. И благодарам за тоа што секогаш е тука за мене, и благодарам што верува во мене како никој друг. И благодарам што никогаш не си замина. И благодарам што ме израсна во добра девојка. Мамо, извини за сите кавги досега, за сите непреспани ноќи поради мене. Знај ти си моето се- моето срце, мојата душа.. Не знам што би правела без тебе. Знај дека премногу те сакам.
Тоцно така. Многу убаво кажано од твоја страна. Така е и кај мене. И јас сум сега мајка на две деца и знам колку се сака мајка а исто знам колку се сакаат децата, децата за мене секогаш ке останат деца. Поготово керка ми. не затоиа што ми е керка него син ми ке може да се снајде а керка ми малку потешко ке биде.
Како секоја керка со мајками сум поврзена и кажувам во веза со другарите, школо но никогаш не и кажувам во веза со симпатии, дечковци многу ми е срам. Би сакала да и кажувам и за друго но премногу се карам не за некои големи работи но за глупости многу ме нервира кога ке почне да се дере заради тоа што не ја исчистив собата или не ги измив садовите мислам дека претерува понекугаш ме нервира и заради тоа што стварно знае да ме осрамоти пред луѓе но пред се е важно што неможам да си го представувам животот без неа и си ја сакам најмногу на свет
Подобра другарка од мајка ми-нема! Мајка ми е секогаш тука за мене. Секогаш знае да ме ислуша и да ми го даде не секогаш најдобриот совет, но најкорисниот. Таа уште кога ќе ме погледне знае дали сум тажна или среќна. Знае како да се однесува со мене, знае да ме сака на начин кој никој не може. Таа е единствена. Вечно ќе и бидам благодарна за сите работи што ги направила за мене. Ќе и бидам благодарна за тоа што секој ден се бори за јас да бидам среќна, за ние да бидеме сложно семејство, да имаме што да јадеме.. да имаме среќа и радост во домот. Таа прави да кога ќе отидам некаде, едвај да чекам да се вратам дома.. Те сакам мамичко.
Многу ми фалела таа близина, да можам да кажам мамо се заљубив, или тажна сум, успеав, или слични работи. Не знам зошто можеби поради татко ми што имаше психички влијание на нас, за се се тресевме тродупло, можеби затоа не сакав и не можев да се отворам никогаш. Плашејки се да не дознае татко ми, и ошла работава во неповрат. Ама вистински родителски совети како помала немав, сега откако ми се случија многу работи во животов, одкога му се спротиставив на татко ми, одкога виде колку се трудам и сама успевам, станувам поблиска, добивам пораки, ми фалиш чедо, се гордем со тебе.. и за прв пат ја видов пред неполн месец како му се спротистави на татко ми ако уште еднаш изговори или направи нешто против мене, дека ќе превземе нешто, ја видов и доживеав како лавица во вистинска смисла, да се спротистави на стравот.. ја сакам енормно многу, оти кога беше болна и на операција, цело време даваше осмех за да не приметиме дека и тешко. Но сепак имам убава лекција, како не треба да се однесуваш спрема дете и колку мораш да бидеш отворен и во блсика комуникација за да не направи грешки.. Имам ќерка и нашата комуникација е најмоќното нешто, уште сега ја учам дека треба да биде отворена, и мислам дека засега го постигнуваме сите тие работи, си кажуваме тајни, се поучуваме, се караме што треба, а што не.. а таа е мојот заштитник, секогаш кога има маж в близина на мене ми забранува да зборам, и ми има кажано, само моја си, со мажи зборење не, само со другарки може.. хух.. моќна комуникација во секој поглед..
Сјаен не е. Ние сме целосно спротивни карактери: таа е брзоплета, не може да мирува, педантна. Додека јас сум сосем спротивното. За мене да побрзам значи да сум готова за половина час, додека за неа да е спремна за три минути. И настанува караница. Кај неа се мора да е под конец, раска да нема да тепихот, чисто-да блеска. Мене не ми пречи ако садовите не се измиени, ако не е исмухано, ако алиштата чекаат да бидат испеглани, ако собата не ми е сосем средена. И пак караница. Плус нејзината брзоплетост, мојата груба искреност и неможност да се скријат вистинските мисли=добитна комбинација за нова караница. И тоа е тоа. Повеќето караници се за ситници, ама за една ситница, за друга ситница, на двете преку глава ќе ни дојде. Ја гледам само за викенд, два дена неделно, во тие два дена 5 пати ќе се скараме. Тоа ни е најголем проблем во односот. Освен тоа лесно се лути. Не сфаќа шала жената и не. Одма носот до небеси го крева, како сум можела така да и речам?! Тоа уште толку ни одзема на комуникација. Не се чувствувам слободно да и речам се од страв дека ќе се налути. Постојано сум воздржана пред неа. Совет од неа никогаш не сум побарала-ако ми рече нешто добро, ако не здравје. За моите проблеми не можам да и раскажувам бидејки и да сум право ќе рече „ти си крива.“ И? Што да трошам зборови залудно кога одговорот си го знам?! Да си кажам за некоја моја амбиција или желба за понатака, ќе рече „еее, многу леташ ти, чекај смири се, ти не можеш тоа да го направиш.“ Мотивација никаква. Татко ми е тотална спротивност од неа и со него односот ни е одличен, прекрасен. Не е лоша личност, но карактените разлики не ни даваат да сме блиски како некои мајки и ќерки. Знам дека ме сака и јас ја сакам неа, но можеме да имаме и подобар однос...
Како и со татко ми,така и со мајка ми имам еден преубав однос.За првата љубов,желбите,идеите прво има дознаено таа...Поради страшното минато во моето семејство ме имаат учено никогаш да не се исповедувам на другарка туку на мајка таа никогаш тоа нема да го искористи.Ни се има десено да го поминеме целииот ноќ зборувајќи или кога ни е најтешко да отидеме во дискотека да се изнаиграме пивнеме и да си се вратиме како се да е нај нормално...
http://www.youtube.com/watch?v=Ed2uQJHV ... re=related Самото видео трогнува.Ова е вистински начин на покажување љубов спрема мајката....Исто би постапила и јас,кога мајка ми ја нема само пола ден.Не можам без неа,единствена НАЈДОБРА ДРУГАРКА,учител кој успеа да ми го покаже вистинскиот пат во лавиринтов на суровоста од животов,и пред СЕ` МАЈКА за која не постојат такви зборови на светот со кои би можела да ја опишам цела нејзина љубов,разбирање,верба и среќа.