Какво е вашето искуство, дали сте биле во непријатна ситуација? Ви стануваат ли во автобус? Ве пуштаат ли преку ред? Или слични случаеви?....пишете го своето искуство.
Јас морам да се пофалам, имам многу позитивни искуства на оваа тема... Искрено кога забременив, читајќи по некои форуми добив впечаток дека ќе биде хорор да се справувам со околината за време на бременоста. И психички се припремав за тоа...па можеби и затоа сум многу пријатно изненадена. Луѓето се многу пријатни, многу по љубезни, имаат разбирање. Веќе пишав, непријатно ми е кога постари стануваат во автобус за јас да седнам (иако има исклучоци, средноколците на пример, се каде каде по не обзирни) Административни работи завршувам веднаш, на инсистирање на останатите штом ќе ме видат, инсистираат да отстапат место, и до сега никој не се побунил ниту направил проблем. (Мм дури и се шегува дека одкога ќе се породам ќе ми купел перниче за стомак, за да обавувам шалтерски работи ) Значи, во глобала задоволна сум многу, не се баш сите најобзирни но поголемиот дел се`. Можеби и затоа што бев спремна да се справам со многу лоши реакции, па сум вака пријатно изненадена.
Се додека не е видливо ама баш видливо дека некоја е трудница логично ништо од тоа. Ама и кога се гледа ништо посебно.Еве уште 10 дена ќе влезам во 7 месец и само еднаш еден човек ми стана во автобус повозрасен и тоа јас таму застанав понатака имаше можеби места (од дуплите автобуси). И толку засега ,а кај мене од 4 месец се гледаше бременоста
толку убаво се почуствував денес кога влегов во автобус одеднаш 6-7 пензионери срипаа за да седнам, но само се насмеав им се заблагодарив и продолжив да стојам сеуште можам и не трчам да барам слободно место . уффф колку ми беше убаво на душата што ете иако мн. постари од мене ме испочитуваа и ми отстапија место
и мене претежно ме пуштаа да седнам во автобус, а понекогаш и преку ред некаде, ама и не беа секогаш многу многу љубезни, кога чекав да се сликам за возачката имаше млади пред мене и никој не ме пушти може пола саат и повеќе се додека не им свика една тетка па ме пуштија да влезам, исто и во автобус еднаш незнам кој ден беше пензионери кога се возеа, абе мислам дека ќе ме потепаа...
Незнам што фаца сум ама и со првата бременост и со втората никој да не стане ниту еднаш Само некој познат и толку а тоа 1-2 да се случило од 9 месеци-трагедија ми се смачи во 8 ми си земав боловаље неможев веќе Си ветив дека освен да на трудни на никој друг не станувам
Денес ужасно ме болеа нозете,а и плускавци ми излегоа, и влегувам во автобус, гледам жена 50тина години, седи на првото столче на второто 2 торби ставила. Културно и велам дали може да седнам на второто столче. А она уште дрска: неможам да ги земам тешки се. Добро велам спуштете ги доле. Вели: ааауу нема шанси. А ти да не си трудна па да ти станам? (не дека ми се познава,далеку од тоа - само така носев широчка блузичка), ама ми пукна филмот и и викам да! И не и не ги тргна торбите. Жената зад неа го слуша муабетот и ми вели седи девојко слободно... Абе да не ми беше лошо немаше ни да ја прашам за да седнам на другото столче.
Jas ovde kaj sto zivejam obavezno stanuvat Koga Ke vidat trudna zena a ima i mesta posebni Za trudni Za invalidi i stari luge kaj sto mozat da sedat Ali da se sluci da nema mesto Ili da Ne si vo Toj del od avtobusot Ili ubanot togas odma stom Ke vidat trudna zena stanuvat vednas so toa Jas Ke nemam nikakov Problem
На почетокот мнооогу се припотресував за односот на колегите (имав и тема отворено овде за тоа, дека во време на грипови морав да носам маска на работа ради неодговорни колеги), арно ама како поминуваа деновите почнав да враќам во иста мерка и престанаа да претеруваат. За во автобус, можам да кажам дека пензионерите се одвретно себични, мене ми се случило со стомак пред една недела да ме тера да станам (имав ташна пред стомакот) и еден дечко од страна му се развика на пензионерот:"Ако е Вторник не значи дека и трудници треба да ве тинтрат у автобус" и замислете стариов низ заби опцу!!! Научив да игнорирам и коментари и нагаѓања на пол, и разочарувања дека не било машко, и напорни дебати за веќе решено име на бебето, и бабини деветини и СЕ! Мнооогу убава бременост си терам и не дозволувам ама никој со ништо да ми ја расипе. Си имам неверојатна поддршка од мм и за се е тука со мене. Уживајте и искористете ги сите привилегии особено во слаткарници периодов. Во Џино на пример кога и да ме видат да дојдам по сладолед, ми ставаат малку повеќе истото ми се случи и на пазарче во Буњаковец. Во месара до сега неколку пати добивам најубави парчиња месо. Не е се така никакво, има и убави работи во бременоста. Искористете се!
Мое искуство во врска со темава мислам дека не како порано катастофа е односот со трудниците..Немам искуство за во автобус бидејки на почетокот коа останав трудна беше зимен период и секако со тоа доаѓа и период на гипови и ептен се пазев да не одам по автобуси. Пред некој ден бев до социјално да си земам плави картончиња и коа да влезам внатре кај шалтерите ужас, ги расипале апаратите со бројчиња и гужва еден тон, надвор се спремаше да врне а внатре мислиш облеката ти е мокра од влага и мн народ што заборава да се бања, ке паднев во несвест. И чекав ред како и сите други, коа останаа уште едно 4 души пред мене ми викаат ајде оди напред и во тој момент ми се избаци еден со едно мало дете и ми вика ај ја пред тебе ц ц ц ми вика ај демек јас со мало дете ауу и му викам а ја што сум трудна и сеа што прајме???и фино лепо си се бутна пред мене ни а ни б...(а да не зборам колку смрдеше ке умрев на бајата пот)....и други случки има ама ова ми е нај тазе...
мене многу ми пречеше кога некој ќе искоменитраше за мојата тежина или за потеченоста,ми се случи на два пати наеднаш да качам килажа( земено вкупно се поправив таман) и беше очигледно дека сум се поправила 2-3кг наеднаш и некои реагираа и сум забележала дека веднаш штом ме видеа веднаш за тоа колку сум се поправила или колку не сум се поправила па да ме пофалат или сум била потечена или не сум била потечена како за трудница абе веднаш да се реагирало за телесната тежина штом ме видат па коментирање за други бремени и за нивната телесна тежина,тоа им беше главен муабет на моите познаници ало им велам! јас си имам лекар кој ја следи мојата тежина и отоци( што сосема малку ми се познаваа на крај од бременоста) ако некој треба да коментира за тоа тогаш лекарот треба! дали јас имав таква среќа или ви се случува и на вас? мислам дека на секоја трудница треба да и се даваат само комплименти и да не е ситуацијата таква А за културата на народов (посебно во автобус ) не сакам да коментирам. има секакви луѓе ама поголем процент се немарни,невнимателни за жал
од моја гледна точка катастрофа прост пример во продавница таа пред мене напунила количка а јас со леб и кисело млеко а стомакот до заби 9 месец бев ме виде и ништо си реков ај да не се карам а во кам маркет знаете како е па си седнав на столчето од другата каса и си чекав а таа ја колнев кесите да и се скинат
Вчера пред шалтер се наредиле 7-8 луѓе, а една жена седната на столче близу, одам јас и си застанувам во ред нели, одеднаш станува таа нервозно и се бутка пред мене, ме гледа бледо, немој редот ќе и земам или ќе завршам 3 минути пред неа после си се смеам, ајде жената побрза да стане да ми го отстапи столчето кога ме виде со стомаков, се сожали да не стојам толку време
Да бидам искрена до сега добро се однесуваа Секаде имав привилегии, дали во маркет, на шалтер, на улица... со исклучок во лабараторија кога требаше да проверам крв и еден стар дедо се направи како да не ме виде и застана пред мене да влезе е тогаш ми зовре крвта и го предупредив дека јас чекам пред него и јас сум на ред ( а порано не бев таква, давав предност на сите па ако треба јас и цел ден ке чекам, многу безобразна сум станала )
досега ме изнервираа газдите кај шо работам поготово газдата.. нема разбирање дека сум бремена и сака да ме прати да работам у трафика на +40 степени нема ни клима ни вентилатор кај шо нема ни вц ни кај да се измиеш плус за да одам у вц треба да ги дигам весниците со тешката стојка и ламарината да ја влечам за дја затворам трафиката.. ама убаво му дадов да разбере... голем кретен
Никој не ги почитува трудниците а најмногу им треба внимание,љубов,нега и разбирање кога ке надојдат емоциите кај трудниците можат да бидат емотивни на било што на пр јас мн плакав ко ке видев дете да плака,некој кој починал и да не го знам си го оплакував кога ке се стемни ко ке фати нокта си плакав од некој си страв дали ке се разбудам сабајле и дали ке го дочекам денот да го видам моето дете бидејки имав најлоша бременост.Имав една случка која ме иритираше до бесвест седиме друштво во кафеана и една од другарките исто бремена ама беше таква што сакаше да е центар на внимание во нервите ми бркна ко ме мавна со тапа по стомак зашто не сум ја слушала па и ко и викнав и реков ке те истресам ко пепелник полн со цигари ако го направиш тоа уште еднаш сите на масата се обрнаа кон мене да се смирам бидејки ако се изнервирав малку одма породилни болки.Најмногу ми беше крив мм кој ме трпеше 24 саати со моите лелекања рикања нервози за се е он крив не ме сакал вака онака секакви муабети си се изнаслуша и фала му на господ што е трпелив па ми немаше нисто речено.Мразам дебили што им се дерат на трудници и што сакаат да бидат центар на внимание и прават испади као они можат се да истрпат.
Катастрофа! Не дека не добив предност за ништо, па фала и не мора ќе се чекам ред секаде, но оваа недела кај матичната 2 пати ми го зедоа редот, прво една бабетина утредента јас правам чекор да влезам еден „господин„ преку мене прелета и влезе. Инаку за муабети за тежината и јас се ежам, како тоа да е најбитно нешто во бременоста на една жена, за блиските ајде коментирам за се и сешто но некои кои не ги знаат основните работи за тебе, како си што си каква бременост имаш, прво нешто што прават е коментар за тежината, макар и да е позитивне коментарот како на пр. е супер си не ти се познава не си се порпавила мене ме вади од такт, знам јас колку се имам попавено, или внимавај тешко се симнува бла бла, како што реков овие муабети ми се нормални со луѓето околу мене, но луѓето кои те сретнуваат на улица после 100 години и си дозволуваат вакви муабети мене ми се
јас искрено сум воодушевена од односот на лугето кон мене секаде каде што ке се појавам откако почна да ми се познава мешето.отстапуванје место,побрзо завршувам работа секаде,ми се нуди помош во маркет или на пазар....а и на работа.работам во детски бутик и мислам дека ми се зголеми продажбата откако ми стана видливо мешето.може им е жал на муштериите непотребно да ме малтретираат па повеке купуваат од претходно
сега за сега се забележувам малце дека сум бремена,тие што ме знат викат не кревај тешKо,не работи многу,јади повеке,одморај камо вака порано да се грижеа понатака ке видиме за други случки