1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот на луѓето кон бремените жени

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 13 мај 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас си се зарекнав дека откако же се породам, веќе на аздисали старци во вторник/петок и сабота нема да им станам.
    Абре нозе не ме држат, со стомак пред нив и они не мрдаат....а нашминкана баба муабет си прави како ќе шетала. :devil:
     
  2. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Јас со двете бремености имав шанса да видам дека има стварно доста разбирателни луѓе,имаше случаи разни од отстапување на столчина,место понапред во маркетите и слични ситуации,но никогаш нема да си ја заборавам оваа случка:Летно време јас 9 месец,шетаме со мм низ град,а градот на лето полн со семенкари,пуканкари,крофни палачинки и што уште не,па јас не бев нешто изеслија и мераклија за јадење во бременостите(за чудо инаку по природа сум си доста лакома) си ги узминавме и размуабетени ние слушаме некој грми од зад нас,девојко еј девојко,се вртиме двајцата наеднаш и гледаме една жена вика застанете.Во рацете имаше крофни и ми вели земи,ние се популевме се поднасмеав и велам несакам фала ко ми се запна,не мораш ја те забележав дека си бремена и совеста не ме оставаше да не ти подадам,а женава не ја ни знам,ни познавам,но таков впечаток ми остави што не би можела никогаш да ја заборавам и ден денес ја коментираме со мм.
     
    На Lolo5 и Elenota им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.521
    Пол:
    Женски
    Додека бев бремена само 2 пати ми имаа станато во автобус. Имаше луќе кои што ме гледаа со стомак до заби и вртеа глава.
     
  4. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Јас постојано сум по автобуси и можам да кажам дека нашиов народ е многу некултурен. Ме гледаат со стомак до заби и младо и старо и никој не вика повели седни. Во цела бременост дали две жени ми имаат станато друг никој. За бела ноќ еден пензионер за малку ќе ме бутнеше само за да седне.Му викам бремена сум да се симнам , не бе се бутка ко пари да даваат.
    И јас се зареков нема на никој да му станувам повеќе.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ви имам пишано за возачот кој што ми се дереше на сред пешачки, на пешачкиот кај Алкалоид трепкаше жолто и си чекав кога ќе снема коли да поминам, во првата лента немаше возила, еден културен во втората лента ми застана, дојдов до пола и застанав зошто видов дека во трета лента има еден од далеку улетан и нели незнаеш што ќе направи....тој ај да поминеше некако и ќе преќутев, ама да застане и да ми вели што стоиш што не претрчаш, сум се влечкала.....леле кога се свртев :@ каде викам со стомаков да трчам нели гледаш (сега на тој од втора лента не му сметам што му стојам пред кола), овој другиов нашол да се кара.....уххх секакви ги има.
     
  6. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Однос никаков од пензионериве. Мислат нивни се автобусите. Се качувам минатиот петок во автобус после којзнае колку време и нели нормално излегле сите како демек на плоштад бонбони ќе се делат. Абе никој не сака да те погледне, а не па да ти стане. Таман една старка стана да се симне, една друга ќе ме однесеше за да седне. Абе зоврев, :swear: туку ај си викам господ не им дал памет 70 години, јас допрва ли ќе ги учам на бонтон. Абе ич не ми е криво што не сум им станувала и никогаш нема да им станам во автобус.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    многу ретко некој на пешачки да ми даде пропуст да поминам... со некои таксисти имам позитивно искуство кога се качуваат повеќе луѓе кога одам на село... ми даваат предност да седнам од пред или да не се бутам од позади.. иначе катастрофа
     
  8. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Конечно има тема каде можам да си ја кажам каков однос имаат луѓево кај нас кон трудниците. Се качив во двокатен државен автобус на божиќ имав некоја работа па морав да одам. Немаше приватни автобуси видов само еден ама тој одеше на другата насока и го чекав отприлика 20тина минути и да не чекам повеќе се качив во државен а тој ден беше бесплатен за пензионери. Автобусот беше преполн и неможев да се качам горе да не сметам на старците и по 2 3 станици едно девојче се караше со старец и стана да се симне, никој не седна на тоа седиште јас појдов и седнав. Сите старци ме гледаа цел пат до дома а едниот од нив што стоеше и се караше со девојчето ми рече така само седни си. И ме изнервира оти мрмореше за мене а другиве ме гледаа како чума и му реков да ќе седам трудна сум и ќе седам.Многу ме изнервираа оти ме туркаа лево десно а јас треба да се пазам да не ме удрат по стомак или да не паднам некако за да се повредам во гужвата. Секогаш сум стоела во автобус не сум барала да седнам иако ме туркале ама сега имаше празно седиште и несакав да ризикувам. Стварно не се пензионерите луѓе во вистинска смисла на зборот, не те сматраат за жив. Треба сами да се свесни па да станат да прашаат дали ти е добро и дали можеш да стоиш, па и да можеш да стоиш сепак не треба да ризикуваш за повреда. Тие се луѓе кои се прават дека им е тешко а не е баш така.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сега со стомачево поголемко некои кога ме гледат ми честитат :)
    али еве кога бев до продавница си чекав ред како нормално иако пишуваше предност за идните мами :D ма каков предност исто е :^) нема ништо од односот кон бремени се е исто :D :D
     
  10. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Никаков однос.Баш сега пред некој ден кога бев да си земам сини картони во социјално гужва абе мислиш бонбони даваат,возух нема за дишење,па една смрдеа,испотени луѓе...жива катастрофа.Ме гледаат сите со стомак до заби никој не ти дава предност.Почна да ми биде мака и да снемувам воздух па ме виде едно старо човече што и тој одвај стоеше на нозе и ми вели „ајде девојче дојди пред мене и одма излегувај надвор на воздух...“Истото и денес ми се случи кога бев да испитам крв...истата огромна гужва но овој пат една женичка само што ме виде дека сум бремена веднаш ми ослободи место да седнам...и луѓе чекав точно еден час додека дојдов јас на ред за да ме боцкаат...си велам во себе „Добро бре зарем сите овие се болни,зарем сите се за во болница или од пуст страв па прават постојано контроли?“ :^)
     
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Да ви ја раскажам денешната случка!
    Од петокот не се чувствувам воопшто добро, ме фати викенд период кога мојата матична докторка не работи.
    Целата исцрпена што од температура, што од кашлање едвај го дочекав денов да отидам на лекар.
    Во чекалната имаше тројца пациенти пред мене. Всушност двајца, едниот многу близок сосед, останатите две жени беа мајка и ќерка. Мајката околу 60 години, ќерката околу 40 години.

    Седнав, соседот се правеше дека не ме забележува, веројатно пациентот што беше веќе кај докторката долго време останал таму, па сите ги мрдаа нозете од нервоза и туфкаа, ако ме погледнеше ќе требаше од чиста култура да ми го отстапи редот, а се гледаше дека тоа воопшто не го сака.

    Се закашлав и проблемот започна!
    Постарата жена се заврте накај мене и без срам ми се обрати со зборовите:
    Ние сме тука сите стари, најдобро би било да излезеш надвор, просторијава е мала, да не не разболиш.

    Искрено, не ми се веруваше што слушам. И одговорив дека на лекар никој здрав не доаѓа, дека сите тука се болни, па и јас.

    И се обрати на ќерката, ама луто и нервозно: Те молам отвори ја вратата, мала е просторијава готово, сите не фати грипот. |( Ќерката ја отвори вратата и рече: Ете само уште ова ми требаше, јас сега 100% ќе се разболам.
    Како не им текна тие да излезат? Туку најлесно е ајт надвор излегувај, се почувствував како болна од лепра.

    Излезе пациентот, влезе соседот, постарата жена ми рече: Извини, не можам да те пуштам преку ред не сум добра, а и стара сум.
    И си останав да си чекам, запрепастена од муабетот и згрозена од нечовечноста на луѓето.

    А јас, јас сум се спасила од тамифлу, сум го пребродела најлошото.
    Завршив само со антибиотик - пеницилински препарат.
    Со надеж дека броени ми се лошите денови и наското ќе бидам како нова.

    Во аптека, цела редица, ја отворив вратата сите погледи најпрво вперени во мене, а потоа во земја..
    Си чекав, си дочекав, си ги купив лековите и си отидов дома..

    Односот на луѓето кон бремените жени е НИКАКОВ!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Стварно безобразно-па никој да нема осет спрема трудниците!
    Мене на пр.додека го носев син ми во градинка а веќе сум 36 недела, и се створи гужва и му викам на син ми да почекаме па да седнеме на клупа за да ги смениме чизмите со топлинки, зошто мама не може да се наведнува и една жена ми вика " аууу ќе забременат и одма не можат ова, не можат она". И викам па не сум баш малку бремена веќе сум во 9 месец и она ми вика- како не другите лажи ги, јас имам родено две деца....
    Култура.....
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Хммм, океј вие вака што си ги искажувате маките, јас не сум била трудна, допрва ме чека тоа, а ова подолу што ќе го напишам не се однесува на сите трудници, ве замолувам да не ми се џиткате одма со навреди.
    Прво, да, сметам дека треба да се има обѕири спрема трудниците, ако стојам во ред и немам попаметна работа нема зошто да не го отстапам редот на трудница, било за што да чекам.
    Ама, има и многу дрски трудници. Сега она да, трудна е, ама каде се и нејзините манири и разбирање за другите луѓе? Или само една трудница е на светов па сите треба да се прилагодиме кон неа?
    Си чекам јас ред во аптека, таман стигнувам, а бев во ужасно брзање, со трчање од факултет до работа, згора на се ептен настината, а госпожата си улетува, не беше ни со стомакот до заби, па почна да си се распрашува за некакви витамини, ни да праша нешто, ни да рече, цап, ко Господ да се симнал директива пред мене.
    Не бев во расположение за расправање со оглед на околностите, па само и дадов ролање со очи. Да ми речеше нешто не знам дали ќе успеав да си заќутам.
    Друг случај исто, само во продавница.
    Па прашај си културно, човечки, како и за се друго, со стомакот не се добива автоматски предност во се и сешто пред другите луѓе. Животите на другите нема да запрат зашто трудна жена влегла негде.
    Како што кажав, си треба почит кон нив со оглед на состојбата, ама и од нив треба малку разбирање кон другите.
     
    На WarriorAngel, Lolo5, ariela09 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Да додадам на муабетот на RainBow, се согласувам со се што кажа и сакам да кажам нешто од моја перспектива. Исто не сум била трудна, и не сакам да зборам пред рака. Ама јас сите ситуации си ги гледам што ако мене тоа ми се случи. Мислам дека ако сум трудна нема да сум болна, ниту саката, и освен со стомак до заби (или недајбоже патолошка бременост) стварно нема зошто да не можам да си терам со животот како и обично. Од некои побитни работи може жената да се поштеди, како дигање тешки работи, бутање по гужви и слично, ама сето тоа не зависи од луѓето околу нас туку од самите.

    Погоре примерот за на лекар, стварно е глупост невидена, ама немало врска што таа била трудна, него има луѓе што ќе ти искоментирале исто за кашлањето и да не си била трудна. Таа што коментирала била некултурна сама по себе, па ич не и ни дошло дали нашава феминка носи бебе или не, едноставно и сметало кашлањето па си земала за дозвола ред да тура како божем дома си и дошла, а не на лекар... |(

    Како и да е... муабетот ми беше: исто како што сите сме уморни од работа или некогаш сме болни, така и речиси секоја жена во некој период од животот ќе биде со стомак до заби, ама тоа не и дава автоматски специјален третман. Работите кои ќе и бидат напорни може сама да се поштеди, а за се друго нема ништо да и биде да си тера како и кога не била бремена. Секако има исклучоци, ама за мене лично мајки со деца ми имаат поише предност од бремените во секаква ситуација.
    Ќе видиме како ќе биде јас кога ќе шетам со стомакот, ама стварно не очекувам ниту ќе барам посебен третман.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Јас вака ќе ви кажам, не зборете пред време, не знаете какви трудници ќе бидете. И јас бев како вас, се силев дека нема да се жалам и "пекмезам" многу, ама... станав најголема лигла на свет. Буквално. Не дека јас сакам да сум таква, туку така ми налага организмот и се помирив со ситуацијата. Тоа е...
    И нормално е дека многу повеќе ќе се пазиш во текот на бременоста, не знам што ви е тоа чудно. Па не одговарате само за себе, во вас расте нов живот, мора да мислите за него. Да не зборам што тогаш и имунитетот е послаб, па треба два пати повеќе внимание и пазење.
     
    На okcenzi, joy1 и vickyy90 им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    ^Да де, ако почекаше две минути во аптеката не знам што ќе станеше (зборам за мојата случка погоре.) Не е тоа никакво оправдување, чекање во ред не е загрозување на бременоста, мислам да не преминуваме во екстреми.
    И не зборам за кога има некои здравствени проблеми, туку здрава и права трудница.
    А и што имам јас со нечие пекмезење? Мажот ѝ и блиските нека и угодуваат на хировите, а целиот свет не мора. :)
     
    На Lolo5, anastasijaki и Spidy им се допаѓа ова.
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Реин така викав јас пред да останам бремена,ама не било така :) Никоја трудница нема да се скрши од 2 мин чекање во аптека или во банка,продавница или што ти ја знам,ама од кај знаеш од каде доаѓа и дали некаде претходно чекала 2мин.
    Замисли во банка да почекаш ред од два-тројца,во аптека исто така...кога ке бидеш бремена ке видиш како е :!:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Па се надевам дека ќе видам. :)
    Ама сигурно нема да си ги заборавам манирите и љубезноста, се надевам нема да ми се намалуваат со раснењето на стомакот. Подобро прашај си, извинете, ако може да ме пуштите, цел ден сум натаму-наваму, резултатите ќе бидат подобри него ли да се бувнете само напред.
    На крај краева може и јас цел ден сум чекала по шалтери, ако земам да пуштам трудници и стари луѓе пред мене постојано никогаш нема да завршам работа. А моето време се цени ли? Или само на трудниците?
    Плус, знаете ли колку трудници има? Не знам дали дека јас не сум трудна, па само на трудни налетувам, ама стварно се многу. Затоа и тие како категорија мора да имаат разбирање и почитување кон другите, ако сакаат и другите да им возвратат, а не да покажуваат невидена дрскост, а да очекуваат љубезност и отстапување на место.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Па ако гледаме така сите од некаде доаѓаме или треба да идеме, и еве денес јас брзав за на испит и баш влегов во аптека и требаше сите преку ред да ме пуштат :^) Или пред некој ден правев крвна слика и исто бев потоа пазарев и сега крв ми земале ајде пуштете ме преку ред не можам да почекам 2 минути :wasntme: Мислам што е претерано е претерано, побогу бремена е не е болна :) Не сакам да звучам лошо ама некои бремени жени мислат дека ако се бремени имаат предност на се и пред сите, кога може да си шетаат низ град , на кафиња може и 5 минути да почекаат каде и да е. Не рипајте сега одма ама така си е :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе ви повторам, не зборувајте пред време.
    Дај боже сите да си ја истерате бременоста онака како што си замислувате, ама... да сме здрави и живи па можеби ќе ве читаме тука со малку поинакви искуства ;)