1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот на луѓето кон бремените жени

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 13 мај 2013.

  1. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Не тука не станува збор за оние трудници кои се нашминкани со еден тон пудра на нив кои шетаат по кафиња цел ден а сакаат безобразно да се буткаат секаде преку ред,се познава одма по лицето ако на некоја не и е добро или диши отежнато,па кога ке ја видиш си викаш нека заврши работа побрзо и нека оди да не се породи тука :D Не викам дека нема безобразни кои ја користат бременоста како изговор,али не се сите исти.

    Мене ми се има случено во банка со стомак до заби сите луѓе(4-5) што чекаа ме пуштија преку ред,таа на шалтер вика ти не си на ред девојче почекај,и луѓево викаат нека го девојчето ,таа упорно се дере и вика тука си има ред. Значи збориме за исклучоци.
    Е сега за муабетот дека секаде каде што ке налетате на трудница да ја пуштете преку ред...
    А еве пример на клиника за трансфузиологија нели одат секакви болни па и трудници,ама трудниците не чакаат ред,значи има нешто штом е тоа така.
     
    На Lolo5 и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Не држи вода тоа луѓе. Трудниците не се болни, за разлика од некој што можеби е стварно болен и чека ред.
    Баш за таквите станува збор, што безобразно се буткаат сегде. И затоа реков уште во првиот пост дека не зборам за сите трудници. Туку дека овие треба малку да се свестат. Вие што не се пронаоѓате во категоријата нема потреба да ги браните, кога ете, и самите сте свесни за таквите. А не се малку.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.695
    Пол:
    Женски
    Да ама не е убаво кога трудница во 8-9 месец стои, чека.
    Мене барем ми е глупаво да чека да се малтретира.
    Греота е така.
    Имав професорка, ја видов кога одеше во 8 месец, жената неможеше да стои никој абер нема да ја пушти или нешто да направи.
    Сеа и секоја жена различно ја доживува бременоста и секој организам е различен. Некоја на нозе не може да стои 2 минути, а не па редови да чека.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.631
    Пол:
    Женски
    Конкретно за случајот во болница со оглед на тоа дека пред 3 години прележав свински грип и само јас си знам како ми беше кога од превисока температура се онесветував на секои 30 мин,кога од таа температура бубрезите ми се расипаа сега се пазам и се чувам повеке од било кој. Сега здравјето си го чувам себично.Во аптека каде скоро сите се болни не сакам да се задржам ни минута повеке од тоа што треба па макар позади мене да има 10 трудници со стомакот до заби,затоа што како што на нив им е битно нивното здравје така и мене ми е битно моето. Во банка во сезона на грипови со имунитетот како мојот да ми кивне некој лежам месец дена дома болна со должна почит према трудниците ама не отстапувам ред затоа што пак ке кажам моето здравје ми е скапоцено,моето здравје вреди пари кои и тек како коштаат кога го немам и кога треба да купувам лекови,моето здравје вреди и нерви кои од стрес ги губат моите дома гледајки ме како се препелкам во кревет од болки.

    На крајот од денот како што останатите себично се грижат за себе без разлика дали се трудници,стари,млади или било кој така и јас себично се грижам за себе па макар и да станува збор за едно избегнување на чекање ред некаде.

    Никогаш не би се дрзнала да судам некоја трудница дали е размазена или е распекмезена зошто нејке да се помести ,да се наведне или сл. ама не сакам ни мене да ми судат зошто не сум ги пуштила преку ред на некое место.

    Како што кажав како што трудницата се грижи за нејзиното здравје така и јас се грижам за моето.Како што нејзе времето и е скапоцено така и моето е скапоцено.Не носам живот во мене ама за мене јас сум мојот живот .
     
    На Lolo5 и Spidy им се допаѓа ова.
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Точно, се согласувам со размислувањата дека има трудници кои се ептен свилени.
    Пример способни се цел ден да шетаат, а не се способни да застанат на ред во продавница и фино - културно да си го дочекаат редот и да си го платат прозиводот.

    Не секогаш е морално на трудница да и се отстапи место!

    Точно е и дека има разлика од бременост до бременост. Јас до 7 месец викав: Бре какви свилени трудници има, еве 7 месец сум а јас можам се! Трудна сум, не сум болна!
    Стигнав на крајот и еве ме сега не можам од кревет да станам, да се наведнам, да се свртам, како топка сум. :) Рамнотежа губам, стомакот ми е голем, кичмата ме боли.
    Згора на сето ова и болна, а како што кажа vickyy90 кога на една трудница не и е добро по лицето и се познава.
    Во аптека да слушнам трудница да кашла, да ја видам изнемоштена и пропадната во очите јас не би наведнала глава, би ја пуштила преку ред. На лекар - во чекална, во автобус исто.

    И да, не треба да се исклучи можноста дека ако не кашла, не и се познава по лицето дека е болна, дека навистина не е болна.
    Има трудници кои имаат страшни проблеми со отоци, потечени вени, тромбози и сл. и нив убаво би им дошло некој да им отстапи ред на лекар, во аптека или пак место во автобус. Иако делуваат здраво и се на почетокот на бременоста.

    Има и вакви и такви.. И многу распекмезени трудници, но и многу безосетни луѓе!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Не се болни, точно, ама сепак им треба многу повеќе внимание од обично. Нов живот расте во тебе, не знам како да ви објаснам. Имунитетот слабее во текот на бременоста и нормално дека треба 2-3 пати повеќе грижа од обично. Кога ќе се соочиш со ситуација дека еден обичен грип или настинка може да предизвика секакви компликации кај плодот, нормално дека себе си т.е здравјето на бебето ќе го ставиш на прво место и воопшто нема да ти биде грижа како некој друг ќе те доживува.
    Секакви луѓе има, не значи дека ако си труден, веднаш свеста за култура се зголемува кај тебе или пак обратно, веднаш стануваш некултурен. Тоа си е до карактерот и нема врска со нечива состојба.
    Јас лично од никого не очекувам посебен третман, си добивам дома тоа што ми треба ;) Реагирав на вашите предрасуди или предубедувања, чисто како совет. Не мора да ме послушате.
     
    На ariela09 и leona83 им се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Извинете што ќе се замешам ама би кажала и јас нешто. И 100 стапа по туѓ грб не болат.... Сит на гладен не верува. :) Така е за се и ќе биде и колку и да очекуваме од некој да ја разбере нашата ситуација и да се стави на наше место, никој нема ни да се обиде а не да успее. За се е така, општо мислам.
    Живеевме во свет во кој никој не гледа подалеку од носот. И да осетат на своја кожа пак ќе си речат: Мене никој не ме третирал посебно, зашто јас да третирам други? И пак се се врти во круг.

    Најдобро, од никого не очекувајте добро и нема да има разочарувања. :) Сите треба да се грижиме сами за себе колку можеме, ако чекаме на други, тешко нас..... За во болница мора, ама за банки и слични работи веројатно може да се поштедат трудниците од страна на домашните, а не да се чека на милост и немилост на другите. Од што има луѓе што злоупотребуваат луѓето станаа вакви. Мислам на форумов читав за некој во банка што се преправал дека има инвалидитет некој и слични ситуации.... како и јас што почнав да не давам милостина на никој од причина што има луѓе што од тоа се богатат само, а не го прават за да опстанат. Или ти бара 10 денари а во меѓувреме скришно ти посегнува по мобилниот.... |( абе свашта има свашта, ај после имај желба да направиш нешто добро. Последен пат дадов 40 денари на една женичка за автобус, баш за време на празниците.... не дека бев сигурна дека не лаже, туку изгледаше скромно а и во години си беше. Но изгледот знае и да излаже некогаш. :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Кои предрасуди? Дека постојат такви трудници? Мислам дека не ме разбираш што сакам да кажам ама баш ич. Немам јас никакви предрасуди, кажувам за тоа што сум видела. Ако ти не очекуваш никаков посебен третман што ми реплицираш на моите постови? Мислам дека се изјаснив за кого станува збор.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    има секакви примери,имаш трудници на високи потпетици цел ден шетаат натаму-наваму,ама кога ќе им дојде ситуација за било какво чекање у ред(тие си го сваќаат како залудно потрошено време),па пробуваат да си го искористат џокерот нели?A во случај ако не им успее го надурлуваат носот,али углавно секоја бременост си е приказна за себе.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    8.284
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека не треба да има разгалени трудници,но јас секогаш од почит им отстапувам место на сите,се на фини трудници налетувам ,дури и муабет си правиме :D Колку и да не и е лошо на трудницата,јас прва ќе и пристапам ако треба,ако зависи од мене да дојде на ред.Со другарка ми многу им се восхитуваме на трудниците,она посебно како што се топи кога ќе виде стомаче,срцка е :) .
    Инаку,јас иако не сум била трудна,се случува често да ми отстапат место,само по автобуси ме туркаат :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    аман што сте се настрвиле толку против трудниците, читајќи го муабетов и коментариве мислам дека уше малце и ќе почнете намерно да ги буткате или нивниот ред дури и да им го земате (неверојатно со каква негативност пишувате :worried:ilent: )

    здравје боже кога ќе бидете трудни ќе пишувате исто на темава и ќе се жалите како тоа некој ве изнервирал со своето некултурно однесување, па од чиста култура се знае на трудни, стари лица, болни, мајки со деца се станува во автобус, за во чекална исто..... али тоа е до културата и домашното воспитување :x
     
    На Lovely93, Beautiful-Princess, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    глуварче,не мислам дека тука се искоментираа "сите" трудници,убаво е објаснато по постовите за кој тип станува збор.
     
    На Lolo5 и leona83 им се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Женски
    Не сакам никој да ми се притресува и да ми отстапува место само затоашто сум бремена.
    Разбирам бременоста не е болест. Не се ни однесувам како болна.
    Се е до културата . Ретко денес и некој да ја има.

    И не се однесува само на односот кон бремени , воопшто нема веќе човечки меѓуоднос.
    Секој се брза да си заврши работа набрзински , секој некаде брза , на никој не му се отстапува своето место во автобус , безразлика дали е бремена, стар изнемоштен ...

    Јас исто како и во првата бременост си имам здравствени проблеми . Притисокот ми е низок , имам вртоглавици , несвестици и сл.
    Неможам да достојам на каса , затоа и не ни одам да пазарам . Два пати ми се случи да припаднам ... никому ништо ...
     
    На Lovely93 и Glasna им се допаѓа ова.
  14. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Ееее мила моја SuperGirl24 ти сега збориш вака и кажуваш дека си се пазиш од се и сешто,а замисли каква трудница ке бидеш.... :x
    Затоа не збори предвреме.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Точно MacenceEna, нигде веќе нема љубезност, ама кој е крив за тоа? Ако културно се праша не верувам дека некој ќе ти се испораздере со оглед на состојбата.
    Љубезно, фала, чао, пријатно и готово. А не, јас сум трудна, ќе одам преку ред, ни прашувам, ни погледнувам некој, мислиш Мојсеј се симнал на земјата, па народот да се раздели како Црвеното море.
    Толку само имав да кажам на темава. :hai:
     
    На Lolo5, Glasna и Giovanna им се допаѓа ова.
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    А што па вие толку им се нафрливте на Реин и на останатите кога ниту генерализираат за сите трудници на куп, ниту рекоа дека никогаш не би отстапиле место или ред? Проблемот како и за други работи е начинот на којшто е побарано нешто.
    Се согласувам дека во некои ситуации како тие во автобус треба без збор да се отстапи место затоа што сепак автобусот се движи и знае да биде доста голема гужва, затоа и има посебно предвиден и обележан простор, но има милион секојдневни обврски каде што се чека ред и верувајте дека нема секаде да можете да го добиете истиот третман.
    Ако навистина не можете да постоите во редица заради разни причини тука што ги набројавте, а не само поради тоа што сте бремена, тогаш љубезно прашајте, верувам дека секој што е барем малку човек дека ќе ви отстапи место, но верувајте дека кај истата личност ќе предизвикате револт ако некултурно се буткате. Па сите ние си имаме некоја нервоза, мака или се брзаме некаде во текот на денот. Ќе жртвувам 5 минути, но ако сум културно прашана.
    Тоа е тоа. Ако сакате љубезност, понудете ја и вие.
     
    На WarriorAngel, Lolo5, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  17. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    до сега не сум имала позитивно искуство напротив имав неколку негативни, во микробиологија кога ме повикаа мене бидејќи бев на ред една жена ме избутка како демек она се брзала пред мене да завршела јас сум можела да чекам, па да можам да чекам и пред тоа чекав 30мин бидејќи ме фати пауза можам и тебе да те почекам само требаше културно да ме прашаш. Исто за водици една постара ме бутна со сета сила да види кој го фатил крстот како божем животот и зависи од тоа така дивјачки ме бутна што ако не ме фати мажми или ќе завршев во река или на земја и којзнае какви последици можеше да ми се случат и кога изреагирав полека госпоѓо ме бутнавте она само ме погледна со презир и ми вели ти трудна си што мајка бараш тука требало дома да си седиш, леле ми идеше да и плеснам една ама ајде постара и крајно невоспитана па си преќутев попаметниот попушта, божем ние трудните сме заразни и несмееме од дома да испаднеме свашта
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    Јас па имам позитивен однос од другите луге...Во автобус стануваат, ако чекам на ред за плаќање ме пуштаат преку ред да одам, сегде имам предност...Хахахахахаха Работи свеста кај луѓето уште значи .....Сега за додуша има и исклучоци ама ретки се, а и не ни сакам да ме сожалуваат пошто на крај краева не сум болна туку сум бремена 8)
     
  19. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    И јас воглавном не можам да се пожалам на односот од другите луѓе кон мене за време на бременоста. Сега веќе последните неколку месеци стомакот неможе да помине незабележан :$ па благодарение на него ми даваат предност во маркети, на пешачки, во болница и сл ;) .
    Јас и не очекувам некој посебен третман од луѓето околу мене, се чувствувам добро и не сакам да ме третираат како не дај боже болна! Очекувам само малку човечност кога е во прашање мојата состојба... и за среќа засега не ме извадил никој од кожа со својата безчувствителност. Можеби по малце колегите од работа подзабораваат дека за некои работи повеќе немам сили, ама и тоа некако се надминува па ним им паѓа понезгодно кога ќе им кажам зошто не можам дадена обврска да ја завршам.
     
  20. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    А каде живееш ти да се преселам јас кај тебе??