Па навистина не знам како си земаат за право така да тврдат нешто што не виделе , еве јас никад не би си земала за право така да кажувам на трудница . Ама како и да е , ако погодила госпоЖата ќе ја частам
Снеже жива вистина ќе ти кажам јас 6 месец бремена и знаев дека е машко сите знаевме и на ехо докторот вика машко е 100%. И на форумот знаат дека сите машко носев а на улица луѓе роднини сите ми викаа ти женско носиш 100% Свекрва ми ми викаше те познавам дека е женско ќе видиш дека е женско. Јас свашта мислев и зборев ама навистина женско искочи дека е. Ова независно како заврши ама има случаеви да знаеш. Ќе се редактирам да кажам уште нешто. Колку луѓето знаат да бидат несовесни со бремените жени толку и бремените знаат да искочат ептен некоретни и безобразни. Вчера од такт ме извади прича на две најдобри другарки едната и рекла на трудната знаеш немораш да ја ставаш цела бременост секој ден слика за бебето што купуваш стомакот и слични статии знаеш што се случува почекај нека се роди и прај што сакаш. А оваа да и се сипе ти си ми љубоморна неможеш деца да имаш господ вака ли сакаш да ти дава. Јас од одма останав бремена а ти уште се мачиш. Некои жени не секои да не ме сватите погрешно што имаат останато од прва бремени мислат дека господ за муда го фатиле на извинење.
Да незнаеш кој е покрив ама оваа бременава претерала. Абе брат со брат сестра со сестра се јадат живи а не па другарки.
Во четвртокот, 8ми март нели, влегувам во преполна 19ка која меѓу другото ја чекав бар 20 минути, и нормално никој не станува. Ај си викам може не доледале, не виделе убаво, и си стојам така неколку минути и почнувам да ги приметувам погледите на мене на сите што седеа во близина: две млади ромки со слушалиците во уши, средовечни маж и жена и уште по некој на кој не му се гледаше старост или изнемоштеност на лицето... Подгледнуваат скришно и тргаат поглед. Јас разбирам дека секој има право да седи и здравствената состојба неможеш да ја процениш по изглед, но ниту еден здрав и културен? Маж ми вика глупа сум што сама не си замолам некој да стане, а ја пусто чекам на култура Јадна. Седнав дури откако се ослободи столче.
Sramota...bremenava bez usul..ja da sum.na stranava na nebremenava stanuam.i maam samar i ja brisam od zivot.. Pa i ja bi rekla..so kutis ti pa.
Цццц...тоа не се другарки дефинитивно Безобразно навистина! Можеби и докторката греши исто како и јас ,дека мониторот е пред мене и тоа во боја го гледаме секој преглед па курето јасно се гледаше , а овие тврдат дека е женско и тоа упорно Како Господ никој не е , тој нај убаво знае што има во моето меше
Не можев да ти пишам порака, па затоа тука да те прашам. Дали долната усна ти е подотечена откако си бремена? Ако ти е подотечена тогаш е женско, а ако устата ти е иста како пред бременоста тогаш е машко. И исто ако си повраќала многу во бременоста, особено на почеток, тогаш е женско. Вака имам слушнато, немам сѐ уште лично искуство, млада сум
Мене со страшни неподносливи болки во желудникот во 4 часот сабајле на клиника ДОКТОРИ ме мафтаа на 4 клиники вие сакате некој во автобус да се сожали
Науката најдобро знае. Мислам @cresa-jagoda тоа се повеќе народски муабети. Ако не се лажам има постапка со која се зема материјал од плодовата водичка во која отпаѓаат клетки од фетусот и со анализа на x/y хромозомите најточно се одредува полот. Само дали се прават кај нас не знам баш,а знам дека се скапички,ама најточни. И ехото некогаш лаже,сенка се гледа како куре. Сепак мене лично пол не ми значи. Бебе си е бебе
Не ми е устата иста и очите не ми се исти како по вдлабнати ми се (ама секси) , а устата ми е цела отечена од почеток на бременост И јас исто како и скоро секоја мајка не ми е битен полот како што ми е по битно да е живо и здраво ама народ премногу си зима за слобода па некогаш навистина ги преоѓаат границите
Народот секогаш ќе зборува па зошто трето,па што чекате правете бебе,божем некој не сака бебе,ама не успева од одма,сепак карванот си врви кучињата ќе лаат. Остај примитивен народ примитивни муабети. Гали меше,што сака нек е,здраво и живо бебе. Се ќе купиш што му треба по пораѓај. Тоа што со пари се купува ќе купиш.
Точно така , во право си А за тоа што е трето веќе од старт муабетот од "паметниот народ си го слушаме" дека третото дете ни било направено само за пари од државата да зимаме
Си ги читав старите мислења, и на темава сум пишувала пред 5 години дека кога ќе бидам бремена не очекувам специјален третман. Повеќето коментари на темава се " ај ќе видите кога ќе останете бремени... " Епа еве сега од кога имам дете да си кажам дека баш како што замислив ја истерав бременоста. Ако си трудна не си болна. На работа бев до 9 вечерта, во болница отидов ноќта, се породив следниот ден. Среќа не го родив детето на работа
Да прашам, дали кога одоте во амбуланта,болница се пријавувате веднаш на шалтер и кажувате дека сте бремени? Дека нели,бремени и деца имаат предност? Освен ако очи не ти извадат пензионерите... Баш деновиве одам правам испитувања,пред некој ден толку многу ми се слоши во Институт за јавно здравје на клиника што мислам ќе се струполев во секунда. Влегувам во 4ти месец,уште не ми се познава многу стомак, па не знам дали "да барам" предност, кој знае како ќе бидам сфатена а некогаш на нозе не можам да стојам,исцрпена од повраќање..