По правило бремени жени и деца треба секаде да имаат предност, и да не им кажеш во дијагнозата под која те праќаат на упатот стои дека си бремена. Ама за жал не секаде е ова испочитувано. Јас со слична ситуација се соочив на трансфузиологија пред една недела, иако на неколку места има залепено лист дека трудници имаат предност, јас со закажан термин чекав еден час во преполна чекална со пациенти. Тоа е нашето скапано здравство.
Си имала само среќа да истераш лесно. И јас викав ако останам бремена до крај ќе си одам на работа, и пробав ама ете не сакало така да биде и морам да одмарам. Инаку чекам да поминат овие денови и да се породам, бидејќи се чуствувам врзана за кревет,воздух не може да ме фати да шетам. Искрено им завидувам на оние трудници кои можат да бидат активни да шетаат и да уживаат во тој период. Ама ја немаат сите таа среќа за жал.
Јас не одам на работа, не одам ни со автобус, почна со проблеми бременоста па дома останав на боледување. Морав. Ама сум била во банка да завршам работа еднаш, и сум била повикана преку ред. Не сум барала но ете, во лабораторија исто. Во ДМ, еден фин дечко секогаш ме зема преку ред. Освен кога пред мене се пензионери во маркет, ме пуштале младите. Не се рашетавам многу но некогаш мора да пазарам. Дури еден дедо пред некој ден ме удри по стомак, со една работа бил да не чека, ај ок, ама не пафтај. И пред да бидам бремена секогаш и секаде а видам бремена, сум ја пуштала, било каде. Не дека се болни, ете така, ми било кејф, јас ќе почекам за било што. Сега не барам, ама ме пуштаат. Им се заблагодарувам. Дури некогаш и незгодно ми е.
Со мене сите се генерално ок. Не очекувам нимој да ме пушта преку ред, а и доста сум активна и не ми е проблем да стојам. Се случува да ме пуштат преку ред ама ретко или да станат за да можам јас да седнам. Зошто не можам баш секогаш да возам, се губам или не гледам добро, па некогаш одам со автобус, ми стануваат најчесто иако има место да се седне. Еднаш една бабичка од 80+ се понуди да стане, душичка. Е маживе се малку без осет. Приметувам дека се затрчува за да стигне пред мене на ред или да влезе пред мене некаде. Ако сум отишла за некој документ, обавезно некое мажуле се туфка да не поминам прва. Не ми смета, само ми се смешни
Не сум очекувала да имам различен третман кога сум била трудна, ама сум го добивала ме чекале на тесен тротоар да поминам прва (мислиш проаѓа мечка, не трудница ), на вежбање ми ги прилагодувале вежбите специјално за мене, се нуделе да ми ги носат ќесите од маркет до дома (и мажи и жени)... ептен добивав royal treatment ) може има врска што не сум у Мк...
Како почнав да те читам, прва мисла ми беше каде живее женава. Бидејќи во Скопје на пешачки у 9ти месец наместо да подзастанат, подзабрзуваа колите. Не знам што им беше филмот...
Сега се сетив на една ситуација јас кога бев некаде 8-9 месец не знам точно. Одиме ја маж и меот 5 мин пред мене и поминува цистерна што чисти улици и прска со вода. Тој не гаси ни намалува вода. Мм му се пушти се напна ќе се кара,тој уште по напнат пцуе,мм му вика па нели гледаш дека е трудна??? Ауу леле ауу извини не видов извинете многу.. Па се чудам дали некој/а воопшто треба да биде избањат од нив? Инаку не сум била мн мн примена преку ред. Имав лесна бременост и немав гајле. Еднаш у банка ме викнаа од страна ама јас бев убедена дека меше не се гледа.