1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот претпоставен - вработен и работни услови

Дискусија во 'На работното место' започната од SummerGirl, 22 јуни 2018.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Не читај луѓе од друга галаксија, скокај едноставно или опција игнор стави па нема да глдаш што пишувам. Јас во Македонија живеам, за тебе не знам, може ти е се идеално. Јас не реков дека не ме почитуваат, ми даваат плата редовно, пријавена сум, но тоа е пак миниму, даваат само тоа што мораат, затоа што како работник им требам. За почит, денес ретко кој кого почитува. Светец да си, па лош ќе бидеш за луѓето.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Не сакам да угодам никому. Темата не е за мене, туку е за односот газди работници. Јас нити сум ви газда, ниту работник на вас. Ај оладете, темата не е за чешма муабет, туку за реални искуства.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Пробав да објаснам дека си културна, ама згрешив.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Погледни што си напишала - те почитуваат колку толку...

    Не не, од оваа галаксија си ти, ама со оглед на тоа дека сите околу тебе се лоши, од другарки, од роднини, до газди, претпоставувам и комшиите не чинат, а само ти си коректна, можам да заклучам дека не припаѓаш овде. Кажав ли нешто погрешно кое ти самата го немаш напишано?

    Еве јас не сум светица, можеби сум малку дрска, ама далеку од лоша, и луѓето ме почитуваат. Не сум го барала тоа, ниту пак сум се карала со некого за да се здобијам со вештачка почит.
     
    На theowndemon и DAngel им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Како тоа те почитуваат? Не е самобендисано да кажеш самата за себе такво нешто? Да, тоа е тоа што боде очи, не само со мене, газдите се „опуштаат“ и со други. Пишав за колешката, и други примери имам, ама мнгоу се за набројување. Јас сменив три работни места во мојот живот, и секаде, ама секаде имало луѓе што никого не почитувале и се „шлепале“ на туѓ грб. За мене е некултура да каже газда „ај не го тупи“. Така ни овчар не разговара, а не газда. Платата исплатена на време, придонеси, к-15 е еден знак на почит, но тоа е задолжително со закон. А каде е човечноста? Еднаш газда за колега рече пред сите личел на полжав. Дали е во ред газда да коментира туѓ физички изглед? Секако дека не. Дали е во ред да му праќа во групна порака текст каде има секс поза, пример му дава што да прави со девојката. И сега? Ја виде другата страна на приказната или да ти цртам треба? Јас сум дел од општествено- политичкото живеење на оваа држава, а со тоа имам акумулирано многу информации. Дел од јавниот живот сум, знак како стојат работите и сакам да биде подобро. Сакам фини газди, културни, се по закон и пропис, сакам да се напредува со знаење, а врз основа на непотизам. Што не ти е јасно?Си ме читала, ама не си ме дочитаал сегде. Ако забележуваш, имам и некои подлабоки анализи дадено во некои теми, а тоа не е од чешма муабет како што се фаќате за сламка и критикувате кого ќе стигнете да се испразните од негативна енергија и да мислите дека сте навредиле некого. Човек што навредува без причина на психолог да се упати, јас само мислење кажав. Ако ти пречи и не ти се допаѓа некој член по некое твое субјективно видување, игнор опција има, користи си ја, не прави драми по темите. Сите сме должни да читаме што ти си сфатила или си помислила.

    П.С. Вештачка почит не постои, тоа е твој некој новитет и изум
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Сериозна е темата, не е за сарказам.
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Работниците и не треба да ги интересираат проблемите со кои се соочува работодавачот. Придонеси, плати, казни, даноци, к-15...тоа се работи кои треба да се вкалкулирани уште пред да се почне со бизнис и нема што работникот да го боли глава за тоа. Ако не му излегува есапот на газдата нека си затвори, а не да малтретира работници да му работат за двајца оти не одел бизнисот па да му остане него плус плата или две.
     
    Последна измена: 26 јуни 2018
    На SummerGirl, lovestoneddd, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Чекај, самобендисано е да кажеш дека те почитуваат, а не е самобендисано да кажеш дека никој во фирмата не вреди, туку само ти вредиш? Oh, honey...

    Мене до сега секогаш ме почитувале колегите, и оние со кои работам, и оние со кои освен што сум на исто работно место - немам ништо заедничко. Зошто? Затоа што си ја гледам работата и не им се мешам, не знам колку плата зема никој друг, никогаш се немам со никого скарано (ниту претпоставен, ниту вработен). Ако не ми годи, ќе си ќутам и ќе си барам друга работа, ама нема да се расправам.
    Не пробувам да ги сопнам колегите, не се трудам да им ја отежнам работата за да излеам јас подобра од нив, и замисли, сите ме почитуваат. Е сега, има некои што им смета што никогаш не сум се нервирала, како тоа сум била смирена и никогаш не сум се скарала со никого, како сум можела да ќутам. Ами... култура, ништо друго не е.
    Нема да дозволам никој да ме гази, ама многу ми е ниско да се карам на работа. Ако не ми годи - ќе си барам друга, ама нема да се карам и со колеги и со газди.
     
    На SummerGirl, crazylady, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Не се карав во буквална смисла, туку кажав како стојат работите и ми дадоа плус бенефици. Но, ако кажеш такво нешто секој газда го сфаќа како карање. А ќе ми дадеа мислиш ако не ги заслужувам тие бенефиции? Ако не побарав немаше ни да ми дадат. Тоа газдите ги прави нетранспарентни и искористувачи, додека се може, додека трпиш и молчиш. Па да, фирма ќе менувам веднаш, како да таму рози цветаат. Знаеме каде сме, дека сме дупка, и дека газдите имаат одврзани раце да искористуваат работници. Многу е важно како ќе се поставиш. Така човек учи нови лекции. Под култура не спаѓа да те гази, некој што се успива секој втор ден така? Тоа ли е култура, да се успива секој втор ден и уште да има одврзани раце од препоставени да шефува? Нормално дека реагирав, покажав незадоволство. Сега е ок. Но, не е ок да се каже НЕ ГО ТУПИ, на било кој, не е во ред да се коментираат приватни животи НА БИЛО КОЈ, тоа што се газди не ги прави Господ. Викнале човек на прослава, па после некој ден мајтап тераат со него на Фејсбук, а соработник ни е. Човекот да чита недолични коментари, НА ШТО ЛИЧИ ТОА? КУЛТУРА ЛИ Е ТОА?

    НЕ СОПНУВАМ И ЈАС НИКОЈ, ИМА КАРМА. ТОЈ ШТО СОПНУВАШЕ СИ ЗАМИНА СО ТУЖБА НА ВРАТ.
     
    Последна измена: 26 јуни 2018
    На SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Taка е. Обично самите газди кукаат за да не даваат повисоки плати, се жалат дека едвај собираат плати да исплатат, а трупаат богатство вусшност на грбот на работникот на кој маст му вадат.
     
    На SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Машки
    Се надевам наскоро ќе имам можност да вработам, сега несакам да вработувам затоа што не сум во можност на вработениот да му обезбедам најмалку 600 евра нето плата, а со оглед на сериозноста на работните обврски кои би ги имал мојот вработен, совеста не ми дава да вработам некој за помала плата.
    Многу луѓе претежно мои колеги кои моментално не се вработени прифаќале да ми бидат вработени и за 300 евра, но јас сум им откажал, затоа што како што наведов совеста не ми дава, сакам тој/таа што ќе ги вработам да ги плаќам достојно, да бидат мотивирани, со други зборови да бидат задоволни од работниот однос.
    Инаку, срамота за оние ,,газди" кои злоупотребуваат со своите вработени, и кои ги гледаат како ,,модерни робови", кај мене вакво нешто нема никогаш да има, работните обврски на мојот вработен ќе бидат точно наведени во договорот за вработување, со точно утврдена бруто и нето плата со точно наведени додатоци, бонуси и точно наведен според закон К-15, и точно наведен годишен одмор, неделен одмор, точно определено време за работа, и сите останати права.
    Инаку за споредба во фелата кај што работам просечно ги плаќаат вработените по 250-350 евра, но според мене тоа е премалку и недостојно, инаку сум бил и од другата страна и знам како е да работиш за без пари како ,,роб" и си дадов на себе ветување дека никогаш нема да бидам таков работодавач, а и општо познато задоволни вработени - успешен бизнис. :)
     
    На eliesaab, SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Така, убаво и фино, без да се карам или да барам од нив, луѓето околу мене ме почитуваат. Самобендисано можеби е, ама ти истото го пиша неколку редa погоре. Или тоа не се важи?

    Јас не сум била 'жртва' на такви газди, ама доколку некогаш во иднина се сретнам со такви работодавци и доколку сметам дека работното место не ми одговара, платата ми е мала, газдите ме понижуваат или навредуваат, нема ниту секунда да се мислам дали треба да дадам отказ. Во едно сум сигурна, нема да се карам со газдите. Со прости луѓе не планирам да влегувам во дискусија. На газда кој мисли дека е океј да прати таква слика во групна порака, или да ме нарече полжав, и да му кажам дека е кретен, нема да има ефект. Јер да е нормален, не би го направил тоа.

    Види, јас немам причина да те игнорирам тебе, ама дај престани да глумиш жртва. Никогаш од тебе немам прочитано нешто позитивно, ништо не ти е погодено, во секоја ситуација ти си жртвата.
    Длабока анализа? Ти сите ги гледаш како искористувачи, ти си највредната во овој суров свет. Шмрц.

    Прво, да сме да чисто дека јас никаде не реков дека газдите треба да го права тоа. Ама од друга страна, кога некој нема доволно храброст да побара повисока плата, да пријави во инспекција или да даде отказ и да бара друга работа, нека си трпи.

    Не чини, ама секое утро станува и оди на работа.
     
    Последна измена: 27 јуни 2018
    На theowndemon, DAngel и manja666 им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Да бидеме реални и да се приземјиме. Ова е Македонија, и работа не се наоѓа секој ден, туку некој ја чека со години. Мене еве плата и придонеси ми уплаќаат редовно, но не ми се допаѓа тоа што газдата се однесува некултурно. И сега, еве нека биде и дека звучам како негативец, но ако барам друга работа, и ја најдам, а таму ми доцнат плати по 3-4 месеци, што сум направила? Што сум постигнала? Ништо. Како можам да знам дека таму тимот ќе биде подобар и покултурен? Скопје е мало, во една фела сите газди се знаат меѓу себе. Сакав да кажам дека не е идеално ако само имаме плата редовна, која и онака е под просекот на државата од 380 евра. Ние се задоволуваме со малку, и тоа е лошото. Ќути демек барем платата ти е редовна, а што го жртвуваш и приватниот живот за неа, како што пишала една феминка, тоа ништо. Не сопнувам луѓе, но сум имала сопки и тоа од оние кои се помрзливи и те доживуваат како конкуренција. Ако одиш по пат на култура и докажување овие луѓе да ги тргнеш, ќе ти треба месеци, година можеби, да не те насанка некој колега. Мене ме кодошеше еден, бев виновна и кога не бев, на крај работите се свртеа против него, си замина со анрушени односи со сите и со газди, и плус со тужба оти имаше сериозни пропусти направено. Но, дали тоа е начинот на кој треба да се работи? Не. Вие кои раскажувате бајки имам впечаток дека никогаш не сте биле вработени. Луѓето со подли методи сакаат да стигнат до повисока плата, не им се чека по подолгиот пат со работа и труд. Тоа е тоа, колку и да звучи црно.

    Ќе си одам од работа, ќе си барам друга, не се карам - да бе во Парламент пратеничко место те чека со 1000 евра плата плус патни трошоци. А ако имаш дете кое треба да го храниш и сметки да плаќаш? Може ли тоа дете да не јаде со месеци додека најдеш нова работа и сметките ќе ги плати ли некој? Темава е сериозна, не е само површно нешто да се каже. Ретки се компаниите каде има фер тим и каде се се исплаќа по закон. Ретки се во Скопје, а за малите местам па таму работните места се мининални, а платите никакви.
     
    Последна измена: 27 јуни 2018
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    [​IMG]
     
    На esperansa777, joy1, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Факт е дека ако сакаш да си го задржиш работното место, мораш да ќутиш и да трпиш. Така е во оваа наша држава. Ако се расправаш, ќе си добиеш отказ. Катастрофа од држава.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Машки
    Зависи, на кој како ќе му се погоди.
    Ако..имаш некоја врска со претпоставениот, нормално..ќе пазат на тебе, и нема да те задеваат.
    Иначе да, ако немаш врска, лошо е. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Точно. Се сложувам целосно. Јас кога ги кажав аргументите мои, очекував само кога ќе добијам отказ. Мислев готова сум, чекав минута, час, но се свртеа обратно работите во моја корист. Не може некој работата да ја сфаќа сериозно, а за друг да му биде како хоби, па кај некој не е професионален уште и да те понижува.

    Aко си молчиш, ќе добиваш само плус обврски, но не и бенефиции.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Кај обичната работничка класа е всеан страв од отказ, заради каква таква поср*** плата,која допринесува ако не за повеќе бар да се јаде парче леб и нешто да се намачка врз него и најбитното постои огромна недоверба во синдикалните организации,кои се искорумпирани и подмитени до срж.
    Kуманово е чевларски град, со многу фирми за производство на чевли, каде вработените ги третираат како стока.Познавам доста постари женички што работат во такви фирми, што се не сум се изнаслушала.
    Плата испод минималец, враќање пари на рака, к15 исто, пријавување еден ден, одјавување наредниот, зимуска греење кога има кога нема, ај што мизерна па и платата не ја зимаат од месец за месец, знае и да касни по 2 месеци, сечење од платата за неостварен план, а од друга страна ниту празник им плаќаат, ниту прекувремено, ниту еден слободен ден,претење со откази, заплашувања. Робови на денешницата буквално.
    На една роднина исто во чевларството, со плата им касни 2 месеци. У инспекција идење,од таму наидуваат на одговор дека и за нив може да има казни зашто работеле на црно ( иако не знаеле ), на цел живот супресирани особи уште тоа им фали. Молење за нивни пари кај газдата. Знаете на што одговор наишле?
    Додека не направам свадба на ќерка ми,во тек е, не сакам ни да чујам пари да ми барате. :x

    Македонијо, вечна да си.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Лош ти е впечатокот, работам речиси три години. ;)

    Значи колегите те гледаат како конкуренција каде и да отидеш. Само да те потсетам дека ова е реален свет, конкуренција има и овде и во Германија и во Америка. Да не очекуваш сите на раце да те носат и да ти пеат песни додека ти работиш? Или сакаш да дојде мајка ти да им каже да не те дираат?

    Целосно се согласувам со ова. Сите се загрижени дека доколку ја изгубат платичката со која едвај преживуваат, нема да најдат работа. А реалноста е дека немаат стискавец да најдат подобро платена работа.

    Сум правела муабет со луѓе кои работат за минималец, и на прашањето зошто не побараат друга работа, тие велат дека им е страв, не знаат дали ке се снајдат, не знаат ова, не знаат она...
    Кај платата е ниска, кај газдите се однесуваат ужасно, па замини си де, нема ништо да испуштиш.

    Се чини дека луѓето не знаат и не сакаат да ризикуваат, макар тоа значело преживување со 200 евра кои и не ги добиваат секој месец.
     
    На Annath, DAngel, Avery и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Јас од моето досегашно искуство во приватна фирма, можам да кажам дека успеваат само гзолижачите и оние што се цили мили со газдите. Тие постојано добиваат поени и секако се "подобри работници" од другите.

    Ние другите.....кој не тркала.
     
    На crazylady и Tanjamm им се допаѓа ова.