1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос Сестра-Брат Брат-Сестра

Дискусија во 'Канта' започната од SanjaKirchner, 11 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    761
    Кога ја прочитав темата „Однос татко-ќерка„ толку многу се раснаежив и ми се вратија многу спомени и болки. Но порблемот кај нас во фамилија не беа родителите туку „брат ми„ (ако може да го наречам така).
    Жал ми е за многу девојчиња што имаат проблеми со татковците, ама верувам дека има и многу кои имаат порблеми со брат-сестра, или пак некои што не можат без нив.
    Некако ми дојде тешко на душа и морав да отворам тема и да се искажам :(

    Брат ми е постар од мене 6 год. Додека бев дете се беше супер, кога наполнив 9 години мојот живот стана пекол а исто така и на моите дома. Тој имаше 15 години и студираше во Скопје средно физичко. Првите месеца беше супер, но одеднаш се се смени и тој не се враќаше повеќе дома. Кога еден ден дојде (тоа беше пеколот на мојот живот) беше тотално издрогиран. Мојте дома почнаа кавга па дури дојде и до тепачка помеѓу татко ми и брат ми. Јас бев мала а се гледав, и плачев и ги молев да не го тепаат.

    Тој продолжи да студира и наредната година во Скопје, бидејќи моите мислеа дека прекинал но тој успеваше да се скрие. Добиваше се што ке посакаше од моите (омилено дете) јас морав се да траам и да добивам тоа што ке ми се даде, а да потражам не смеев бидејќи бато е поголем на него треба.
    Конечно кога дојде тој 2 година средно го фатија уште еднаш, ама тогаш разбрале дека не е само пафкање туку и шмркање. Го вратија назад и го запишаа овде средно. Е тигаш почна и мојот хорор!

    Моите заборавија дека имаат и друго дете што гледа се и дека влијае на мене. Пробуваа да го спасат со тоа што му купуваа се, секакво јадење, (јас сум јадела куфли од 5ден а тој кроасани чоколадни, сум сакала и јас ама ми велеа дека е болен на него треба) тој пиеше џусеви а јас вода, имаше кола, мобилен, облека марка, а јаас се молев за патики нови. Како растев така се учев да бидам самостална на моја глава. Сите си играа а јас мислев како да заработам пари, па се зачленив во орифламе. Сум го гледала со свој очи како се шрица, како шмрка. Ме терал да чувам стража додека он тоа го праве ако не ке јадев ќотек. Крадеше, го продаде сето мое злато од баба и мама. Почна да продава се што има дома...

    Една вечер (откако беше испуден од дома 1 недела) ми дојде на џам со полна вреќа работи крадени. Го фатија го затворија, но јас бев умешана (среќа што не ми се случи ништо). Мајка ми плакаше со денови , неможеше да се смири, татко ми се затвори во себе, никој не се обиде да разговара со мене да ме питат како ми е дали ми треба нешто. но ете ги сфаќав на некој начин (тешко е да го гледаш детето така) но што е со другото.

    Многу пати му се случуваше да се предозира па да паѓа во мој раце а сум имала само 16 год, да ни доваѓаат наркомани на врата , и на крај јас се решив да заминам. Наполнив 18 год , тој беше во затвор , а јас отидов во Германија (деца да чувам), надевајки се на подобра иднина и што подалеко од таа куќа оти не можев психички веќе да трпам. Бев 1 год, за таа година тој излегол и тврдел дека се сменил дека му е ѓал, моите го прифатиле пак дома.

    Си фати женска и кога јас се вратив после 1 год тој се ожени. Беше чист 1 год и 7 месеца. Се ожени доби дете, слатко мало девојче, убава жена.....но мислите е готово.? Еве и јас ке се мажам далеко од очи ан сите (германија) тешко ми е поради мама и тато ама во тај пекол не се живее. И он до ден денес зима дрога и се познава. Успеа да уништи една фамилија сега си ја уништува сосптвената што ја изградил.

    Го мразам од дното на душата и кога ке порасне внуката ке се борам да ја земам кај мене за да не страда како што јас сум страдала.

    *ако има ваква тема простете не најдов, но морав да пишам да се искажам барем малку да ми олекне на душа*
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
  3. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    761
    видов касно дека има, ја пријавив вчера
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Темата ќе ја заклучам дека е дупла, убаво разгледајте ги сите категории пред да отворите нова тема .
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.