Точно е Оффспринг. Жал ми е за целата ситуација прво, а второ сакам да кажам нешто за нашето гледање на работиве. Во принцип, ке се појави некоја форумџика која одела со женет и ке ја испцуеме сите. Не е таа за пцуење. Таа мене не ми згрешила. Не ми е ништо, ниту ме доела, ниту ме гледала. Ми згрешил родителот мој кој правел глупости. ТОЈ ДИРЕКТНО МИ ЗГРЕШИЛ. Дека не ми бил татко во моментот. Да се тргнела таа на страна, ке одел по друга. Такви се тие особи неодговорни. Не оставил пример, не оставил лице мене некој како добра особа да ме гледа. Мислев дека само него да го имам во животов, и доволно ке ми е за навек. Да му фалеше влакно од косата, се лутев како со куршум да го раниле. Е таква врска имав јас со татко ми. Мојот родител беше пример за сите. Мислев дека кога ке дојде време да барам дечко и да го изложам пред него, претходно ке треба да излезам со список на ергени, па татко ми да ми одбере, за да има зет по мерак. Не дека јас го милував тоа, ама таков беше човекот. Тој ке бараше зет-најзет, образуван, културен, примерен, парајлија, со звучно име, неизвалкано. Сето тоа зашто моето име требаше неизвалкано да остане. Ама баш тој ми го зали името со ракија. И ми остави флека која не се вади. Да ми рече сега, кај си го нашла овој за дечко... ке треба да му речам, арно ке е да најдам било каков маж, зашто ако сметаат какви родители-такви деца, јас или стара мома ке останам или најтешкиот пијаница ке треба да го земам за да сме компатибилни. За моите трошоци на факултет не се интересира. Тоа било моја работа. За трошоците дома, не се интересира, не гледал ТВ, не уклучувал шпорет... значи тие кои му готват јадење НЕМУ мора да си ја платат сметката. Крена раце од подмирување на сите трошоци, за да има повеќе пари за аздис. Нека има.
offspring ме наежи, немаш поима колку ми е жал, ти завидувам на храброста што ја имаш! Ти посакувам се најубаво...по толку маки во животот-дефинитивно заслужуваш.
Многу ми е жал што "татко" ти така се однесува, не ни можам да коментирам од што сум шокирана, јас сум права среќничка со моите родители, ги сакам најмногу и сум им благодарна за све што имаат направено за мене, сигурно ќе ги ценам многу повеќе
воопшто не го ни сметам за татко.. цел живот го немаше беше по затвори и слично а сега се враќа и мисли дека одма ке го има тој однос татко-ќерка епа извини те немаше кога највише ми бепе потребен сега ич не ми требаш... бев израсната од жена што ниту сум можела да ја прифатам ни како мајка ни како татко.. а сега си зема нова жена и си има друго дете од нејзе нас не не ни гледа мене и сестра ми .. за нас никогаш да се немало пари а за детето од 3 години што не ни разбира и купуваат чевли од 3000 па морале да бидат добри затоа што многу е битна ногата како се развивала она како дете. на сестра ми факултетот едвај го плаќа а има за свои срања да шмрка.. па послем нашол мене да ми брани да имам дечко од друга вера а он самиот си зема жена од друга вера од кој ме има мене и сестра ми а сега ми суди дека било грешка .. како грешка? тогаш и јас и сестра ми деца од тој брак сме грешки што сме се родиле така? и фала богу што отидов да живеам со мајка ми.. а жал ми е за сестра ми што таа жена му дури се осмелува да ја удри а не умее газот да си го избрише.. па и вика на сестра ми да си излезе од дома да иде кај мајка ми да живее зошто ова била нејзина куќа? нејзина куќа како не? пред една година дошла да живее а се прави газдарица и што е најлошо татко ми на тоа никако не ни реаѓира се залубил човекот.. ц ц ц место да чека од нас да не омажи да гледа внуци он нашол на 60 години деца да прави.. па тоа дете кога ке порасне ти ке умреш глупак еден.. тоа дете размислуваш ли дека ке расте без татко????
Офии многу ме трогна твојава приказна, но неможам да кажам дека те жалам, не си за жалење, премогу си силна личност едноставно можам да ти кажам дека ти се висхитувам биди јака и ќе успееш во твоите цели, ако не друго ќе ти е мирна душата. Секој човек не го заслужува епитетот татко! Човек кој не се грижи за своите деца, кој не го е гајле дали имаат пари или не, не е татко. Знај само едно како Господ што е никој не е верувај дека животот ќе ти се одолжи за секоја нервоза. Со мојот татко немаме некој ептен блиозок однос многу сум поблиска со мајка ми. Татко ми е позатворен тип, но сепак не можам да се пожалам дека не се грижи за мене.
незнам со да кажам девојки стршно и тажно ......верувам дека ке дојде денот кога ке ве молат на колена за прошка
тато е личносто која ме направи да бидам тоа што сум. тој е заслужен за сите мои победи и успеси. изгледа незаинтересирано надвор но кога е со мене е најзаинтерисаната личност што посто. личност на која можам да кажам се, очекувајќи најдобар совет. за дечковци, за излегувања за се’. Кога ми беже најтешко тој седеше над мојот кревет. ме молеше да станам од постелата а на лицето му течеа солзи. момент кој секогаш ке го паметам. толкавав човек што би рекле старите како Карпа да пушти солзи. Тато е единственото машко за кое сум сигурна дека никогаш нема да ме изневери. Го сакам тато. Тој е најважната личност во мојот живот. си ја сакам и мамичка али тато си е тато, тој е најдобриот тато на цел свет !
не се сложувам со тебе и многу се иритирам кога ќе го слушнам ова. пред се многу ми е жал за сите девојки кој не ја почуствувале татковската љубов и неможат да го осетат таткото во права смисла на зборот. Но јас неможам да живеам без татко ми и пред се тој е оној кој ме изгледал и ми пружил се кога мајка ми не остави без да се сврти дали оставила некој позади себе и и се изгуби и трага и глас без да праша дали сме живи татко ми беше и се уште е мој ангел чувар кој ме води кроз животот.
Многу слично како и една од девојките што пиша пред мене и јас сум раскрстила со татко ми.Знам дека еден ден кога ќе умре, не само што нема да му дојдам на погреб туку нема ни една солза да пуштам.Ништо не ми даде , ни малку татковска љубов, грижа, па јас сега да умрам во моментов, тој нема да знае, затоа што не ме ни прашува како сум...А воопшто да не зборуваме за било каква финансиска помош.Но, секој пат кога ќе помислам на сето ова, сфаќам и уште една работа: Ако татко ми со мене не се однесувал вака ладно, незаинтересирано и нетатковски, можеби од мене немаше да произлезе волку силна, самостојна личност...
Девојки браво за силата која ја имате и храброста да продолжите понатаму и покрај тоа што ви се случувало за сите претрпени работи од некој наречен родител Се надевам дека и покрај се ќе имате сила и среќа во животот. Се наежив кога прочитав што се ви се случува... Сега сфаќам колку сум среќна што имам татко како мојот и покрај тоа што имало моменти кога сум го мразела. Сето тоа што сум го доживеала јас не е ништо. Дури можам да кажам имам прекрасен татко кој прави се за да ни обезбеди удобен живот на мене и сестра ми. Благодарна сум за тоа. И факт е дека за да се нарече некој татко треба да се покаже како таков, а не е секој кој само „помогнал“ да се зачне плодот.
искрено сум многу вчудоневиден од дел од вашите излагања и коментари и ги прифаќам како нормални со оглед на состојбите за кои се тука зборува....не ми оди во умот никако сознанието дека родителот на било кој начин го запоставува,злоставува или го остава и не се грижи за своето родено дете..тоа ми е делува престрашно и не можам да најдам било какво разбирање или пак недај боже оправдување..да створиш и негуваш живот е дар од бога даден,а да го малтретираш и злоставуваш е знак дека тој дар ти е одземен,а поради која причина не знам... ...би сакал само да им кажам на сите деца кои ова константно го трпат да бидат цврсти и да веруваат во себе и да знаат дека ,,тоа што ги повредува а нема да ги убие,ке ги зајакне до крајни граници'',да си ги сакаат своите сестри и браќа(или родител) и да се држат блиску до нив..да си бидат поткрепа...да ги развиваат своите способности,да најдат начин да учат и покрај се..ако е пример...и самиот како дете сум доживеал многу слични работи,тешки,ми се чини понекогаш и претешки,но и покрај се самиот се изградив во ментално многу силна личност,ги направив работите кои сметав дека треба и се уште ги правам секојдневно..тие што се со мене во животот и кои работат со мене велат дека понекогаш ги плашам кога премногу настојувам и јас знам зошто е тоа така...така е и ќе биде зошто немав и немам избор... и на крај зошто пишував..поради моите деца,посебно ќерките...толку ги сакам да сум спремен да прифатам сега и веднаш да ме снема од овој свет ако знам дека им правам некаква пакост...а бог ми е сведок дека сум спремен да го пратам секого на истото место ако сака да им наштети...
Мене мојот татко ми е и татко и мајка. Го сакам најмногу и не можам да си замислам да живеам без него. Тоа е човекот кој буквално цел живот го живееше за своите деца. Со него првпат отидов на депилација, ме чекаше 3 саати пред дискотека бидејки сакав да одам на журка, ги разнесуваше сите мои другарки по дома кога се враќавме од излегување, заспиваше дури откако јас ке се приберам дома,а имаше работа со поприлично бунтовна ќерка Тоа е човекот со кој најмногу се карав во пубертетот, кој не ми правеше цел месец муабет кога ставив обетка на веѓа, кој велеше дека никогаш ќерка му нема да ја пушти да живее со дечкото без да се омажи . Сепак, секогаш ми веруваше и беше со мене, дури и кога грешев. И ден денеска, татко ми е мојот најдобар другар. Сега веќе не се караме.Разговараме, си докажуваме кој е попаметен. Јас создавам нов живот во нов дом. Неговата ќерка порасна . Срцето ме боли бидејки знам дека остана сам, после мајка ми -немаше друга жена. Но тоа е животот. Затоа, жал ми е кога ќе чујам за оние татковци што забораваат на своите деца. Да-нив ги мразам исто толку силно колку што го сакам својот татко.
Штотуку разговарав со мајка ми за тој човекот во соседната соба ко татко нешто што треба да ми биди и оп темава пред мене. Прво да кажам Офи го прочитав твојот пост, ако веруваш добри 90 проценти е исто како кај мене. Само не можам да замислам душата каде ќе им оди на овие луѓе. А ми велат мене треба да го сакаш твојот татко каков-таков татко ти е. Море мрш таму, да ви го позајмам еден ден дома да видите како е. Цела фамилија на психијатар заврши заради то болно суштество, што од денеска не му се обраќам ни службено повеќе. Сакам цела болка што ми ја предизвика мене, па и на мајка ми и брат ми да му се врати. Едно не ми е јасно како можеш да живееш само за свесно да му наштетиш на детето. Ми ги потроши парите за на факултет и јас цело лето рмбав, а тој лежеше ко вол. Мајка ми работи од 8 наутро до 9 навечер, а тој лежи и го раниме ние дома. И пошто на господинот му е досадно само да лежи мора психички, па и физички да не малтретира. Милион работи други има да не кажувам ќе се крстите. Знам дека нервно попуштив на 20 години, знам дека на брат ми му побеле косата на нервна база на 16, знам дека мајка ми не знае ни главата каде и знам дека го мразам од дното на душава. Сакам да успеам за инает за му плукнам в лице и да речам - Ете и без тебе се може. А ти ќе цркниш сам и ќе нема кој да те погреби дури, а може и нема да цркниш туку на раце мене ќе ми падниш. Е тогаш ќе се расправаме.
ме расплакавте сите , жално што ви се случува. И ви се восхитувам тоа што на ваша возраст сте толку многу храбри и силни често викаме старите имаат нервози, а децата? Леле за такви татковци само ...незнам ....аир да не видат од ништо И мојот не беше многу сјаен додека јас бев мала но некако се оправи „фала богу„. Додека јас растев тој пиеше по кафани, секој ден беше пијан. Но после две три години некако се оправи, па кога јас бев пубертет беше добар. Го сакам и сега е супер, знае да помогне да даде совет, помага дома на мама, на секој што може. Но сега знам дека он е добар во споредба со другите и ми е ставрно многу жал за сите што имаат проблеми со татковците (ако моѓе така да се наречат) Срцки само горе глава и гордо напред, јас секогаш викам „господ гледа и враќа„ да биде „колку зло ти наносил толку среќа да те следи во животот„ а него дупло поголемо зло да го снајде од тоа што го направил на сопственото чедо.
Мојот татко...Мојот татко беше најдобриот човек што јас сум го запознала, мојот татко беше најтрпеливиот и најреалниот...Мојот татко беше мојот херој... Веројатно приметивте дека цело време пишував во минато време, мојот татко почина кога имав само 9 години, денот кога тој почина јас пораснав и созреав, ми беше претешко и се уште е. Иако поминаа 11 години од тогаш сеуште проклето многу ми недостига, ми недостига да ме разгалува, да си игра во песокот со мене, да си играме со моите барбики, да му плачам во прегратка, а тој да ме охрабрува, да ме уедува дека не треба да плачам, на моето лице не му прилегале солзи, така ми велеше. Иако останав со мајка ми и брат ми, и тие секогаш максимално се грижеле за мене, ми пружија љубов и се трудеа никогаш да не почуствувам дека го нема, едноставно празнината во мене сеуште постои. Велат дека времето ги лекува раните, но за жал мојава никако да ја излечи, понекогаш мислам дека да беше жив се ќе беше поинаку. Пред се јас ќе бев поинаква, немаше да бидам толку силна и самостојна, немаше да можам сама да се носам со бремето на животот туку секогаш ќе се потпирав на него. Јас бев неговата маза, а тој мојот херој кој сите желби ми ги исполнува, беше мојата прва другарка, беше и мојот прв наставник, ме научи да читам и бројам на 4 години, а целото слободно време го поминуваше со мене и брат ми. Смислуваше игри за и на двајцата да ни биде интересно, не ни дозволуваше да имаме желба а да не ни се оствари... И кога почнував да раснам, научена да живеам во еден таков свет дојде денот кога мојот свет пропадна во вода, мојот херој ненадејно почина а јас... Јас мислев дека нема да можам да преживеам без него, но собрав сили и научив сама да се носам со се во животот. Иако има неизмерна подршка и љубов од брат ми и мајка ми секогаш недостигаше еден дел од мозаикот за да бидам комплетно среќна.
Ви завидувам девојкии... Јас и моите двајца браќа ја изгубивме мајка ми пред 10 години јас сум најстара тогаш имав 12 години Татко ме остана до нас секогаш правеше се за нас ... и му благодарам за се Додека бевме помали се беше супер ... но како јас растам како да се оддалечува од мене - страв му е да сфати дека јас сум веќе голема девојка. ЗА сите работи во домот се грижам јас и мојата баба ( има 78 години и супер се држи за годините немора да ми помага ништо само да биде дома огнот да го запали и руцек да направи ) се одтанато останува на мене. Се трудам многу да помогнам. На факултет одам и веќе 3 години работам се трудам секаде да стасам(пари не му барам за ништо) но тој како воопшто да не е задоволен од мене. Има некаква оддалеченост меѓу нас воопшто не се интересира за тоа кој ми е дечко ( и го разбирам за тоа сепак татко ми е и ни тој ни јас не сме отворени еден со друг за таа тема ) но се прави дека не знае со кого излегувам а всушност знае. Мене ми е многу тешко и многу ми недостасува мама - никогаш со никого не сум била поврзана и затоа тоа го очекувам од него но не го добивам . Секогаш кога сакам да заминам на викенд некаде мора да се караме (затоа и ретко ми се случува да одам) Се обидувам да видам рамнодушна кон се што се случува но неможам Сепак јас го сакам тој ми е единствен родител но таа блискост како татко и ќерка која вие ја имате многу ми недостасува
еве нешто потазе.. му се највив пред некој ден да му честитам роденден.. и како добар татко а и ништо чудно не ми падна ми спушти.. па каков е тој татко што ти спушта телефон кога ти си се јавила да му честиташ?? додуша и јас згрешив што му се јавив зошто он па никогаш не се сеќавал на мојот роденден НИКОГАШ ...а јас па ај како добра ќерка да му честитам.. кога знам дека е таков ич не заслужил да му кренам телефон.. ама викам јас ке остаре ке бара чаша вода.. ај да видиме кој ке му даде.. нека се сили сега ...
Знам дека еден ден човекот кој веќе цела година не го викам татко ќе се кае, ќе се лигави и ќе коленичи пред мојата врата, а јас само цинично ќе му се насмевнам како тој на мене кога ми беше најпотребен.