Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос татко - ќерка

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 7 мај 2010.

  1. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    ех...да ви кажам дека дури и кога го пишувам ова се нервирам...а ако почнам од почеток ке ви се смачи од читање.Ај само почетокот и крајот.Кога сум се родила,му кажале дека има керка.Одговорот бил..
    НЕКА ЈА НОСИ КАДЕ САКА ДОМА ДА НЕ ЈА НОСИ.и така сум завршила кај баба.во 4одд му текна дека е татко па ме зема за да го трпам неговиот котек и затварањето во подрум за ич ништо..зашто шалерката му се налутила или нз што и да го гледам котекот кој го јадеше мајка ми и која ден денес пага у несвес за него и заборава дека има керка.Сепак керка ми има татко каков што јас можам само да сонувам.Многу сум горда на нив двајца и воопшто ме ми е криво што е поблиска со него отколку со мене.Па до скоро време мене ме викаше тато а кога ке ја прашаа а мама??Е мама ми го брише само газето.
     
  2. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Односот со татко ми е ОДЛИЧЕН!!!!Не дека се фалам но навистина е така,значи можам да кажам дека сум поблиска со татко ми него со мајка ми,со неа можам и да се скарам и да не зборувам неколку дена додека со татко ми тој проблем го немам,ако имам потреба за пари од него барам,за било каков проблем него му се обраќам,ако треба некаде да дојде родител или нешто слично секогаш него го викав,многу ми е срцкаст татко ми,мајка ми му се лути кога тој на мене и сестра ми ќе ни купи парфемче кога ќе се врати од патување или некој друг подарок а на неа нешто по обично :lol:
    Не носи на депилација со сестра ми,на третмани,кога под некој околности не можеме сами да одиме и сл....
    Кога сме со дечко ми во нашиот стан освен преку моб комуницираме и преку фб,ептен сме како пријатели,пријателките и колешките ми велат дека треба да бидам среќна што имам ваков родител,ептен е добар и пријатен од мали со сестра ми бевме негови мали принцезички....
    Но сепак треба односот татко-ќерка малку и да биде дистанциран,тоа не значи дека се што сме посакале се ние е дозволено знае некогаш и да биде озбилен како и секој друг родител и неговото НЕ да биде последно!!!! :^)
     
  3. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Искрено - никаков. Едвај и да постои таков однос. Кога бев мала не се одвојував од него, но како што пораснав сосема се оддалечив. Ама не беше по моја воља туку грешките што ги направи ме направија комплетно дистанцирана од него, и од луѓето. И ме направија посурова :| И секогаш кога ја слушам Because of you од Кели Кларксон ми доаѓаат солзи во очите зошто таа песна опишува дел од мојот живот...
     
  4. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Neznam sto da kazam za mojot tatko. Cel zivot covek domakin no preterano skrzav i so izbuvliv karakter.
    Znaci so majka mi ne iscuvaa, stan, odmori no doma znaese da napravi tepacka zosto na nekogo slucajno mu se skrsila casa. Doma krajno se stedese i nas dinar ne ni se davase a rabotese vo dobra firma inzinjer a i majka mi inzinjer so dobra plata. Znaci edni konduri i dodeka ne se skinat nema drugi, se sekavam ne terase da mieme zabi so soda bikerbona a ne davase da se kupi pasta za zabi. Mene baba mi sto ke mi dadese pari ke si kupev pasta za zabi i ja kriev i so nea skrisno se miev,racunajte devojka vo pubertet.
    Iskreno nego go obvinuvam za smrta na majka mi, bidejki kako site stecajci koga ja izbrkaa od rabota doma pravse strasni kavgi zosto ona ne bila sposobna i ja otpustile, pa sega ke trebalo on da ja rani.I taka tie sekojdnevni prefrluvanja, koga ke zemese majka mi da jade i prefrluvase kako ne go zasluzila lebot traeja dve godini. I odednas na majka mi i se slosi i pocina. Iskreno go mrazev. Koga pocina majka mi, jas i sestra mi se omazivme i on ostana sam vo stan od 96 kvadrati. Togas bidejki imal mnogu trosoci go prodade i raka na srce si kupi garsonjera i ostanatite pari ni gi podeli. I jas i sestra mi si uplativme stan.
    Ama sega e krajno sebicen. MU se rodi vnuka i dve nedeli ne dojde da ja vidi. I eve nekogas ke go zamolam dojdi te molam da ja pricuvas eden saat sve nemoze, sve ima rabota. Doaga na gosti edns vo mesecot na pola saat. Nemozam da kazam epten loso, no treba da svati deka parite ne se sve vo zivotot.
    [mod-kirilica:316kbzog][/mod-kirilica:316kbzog]
     
  5. jasic

    jasic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    БИДЕТЕ СИТЕ ВИЕ ШТО ГО ИМАТЕ ТАТКО ВИ СРЕЌНИ ШТО ГО ИМАТЕ .
    МЕНЕ МНОГУ МИ ФАЛИ СЕГА КОГА ВЕЌЕ ГО НЕМА МАКАР И ДА МЕ ИСКАРА, МАКАР И ДА МИ СЕ НАЛУТИ
    САМО ДА ГО ВИДАМ И ДА ГО ГУСНАМ АМА ВЕЌЕ ГО НЕМА
     
    На maca99 и fighter им се допаѓа ова.
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    И јас исто.Ах да ми е...да можам барем уште еднаш да го прергнам.Премногу го сакав прерано не напушти
     
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    навистина многу ми е тешко кога зборувам на оваа тема и пишувајќи ќе протркалам некоја солза која никогаш не ја заслужил...едноставно кажани односот ни е никаков, не м ие јасно ни зошто ме напраил кога не му е гајле за мене...

    уште од малечка имав татко само за да јадам ќотек и да сум омаловажувана пред сите и ништо друго. односот за никаде...солзи пролеани и неспани ноќи еден куп, не им се знае ни број, страв од него, бегање, молчење, криење....одсекогаш сум сакала татко каков што имаа моите другарки, личност која што секогаш ќе биде не моја страна а не него му текнуваше дека постојам само кога скроз на скроз ќе паднев и ќе завршев на интензивна нега...и ден денес е истото...само што фала Богу неможе ништо да ми направи на овие години поради што му е срам дека ќе го осудуваат другите (се правел и се прави сеуште најдобар пред другите) иначе и ден денес ќе јадев ќотек со паперка од пченка :(
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ко мојов татко нема никаде и да посакав ваков човек да ми биде татко немаше да најдам.
    Душа човек е, посебно кога сме во прашање јас и сестра ми.
    Секогаш се однесувал заштитнички кон нас дури и претерано едно време ама добро , многу се грижи кутриот, едно влакно не смее да има на нас.
    Ист хороскопски знак како мене, претерано сличен карактер.
    За мене и за сестра ми живот би дал или би одзел дефинитивно (памтам како мала тоа и можел да го направи).
    Секогаш е расположен за разговор, ми вика ти си ми син (и знае на шала да ми рече сину :D и се смееме) .
    Тој е карпа човек, од 16 години е заминат да учи средно во друга земја (во соседна) ама сепак, сам одделен од сите се снашол и е тоа денес што е .
    Се гордеам со него, тој е мој пример и идол и го обожавам.
    Ме разбира секогаш и во секој момент знае како се чувствувам дури и кога молчам.
    Инаетливи двајцата и ако се заинаетиме ако не попушти едниот до утре можеме да се инаетиме.
    Си има и тој негативни страни (ама добро е тоа што сме отворени и можам и на индирктен начин да му кажам ако некоја особина или постапка ми сметала, не ми се лути мене :wasntme: )
    Татко ми е личност на која сум и благодарна што постои и што е присутна во мојов живот, тој ми е поддршка (заедно со мајка ми), подпора, столб на кој можам да се подпрам во секое време и фала му на бога што е така.
    Пријателско-татковски однос би го крстила нашиот однос, секогаш е тука за мене, ми се наоѓа во секоја ситуација баш како пријател, ама взаемната почит и неговиот заштитнички родителски став спрема мене се секогаш присутни.
    Знам дека има моменти кога сум го изнервирала и јавно му се извинувам, ама за тоа што го прават за мене со мајка ми ќе им бидам вечно благодарна и должна. :bow:
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Тате е многу мирен човек, емотивец - за него секогаш ќе бидам несудениот син. :)
    Затоа и ме учеше вештини за самоодбрана како помала. Од него научив да месам пита, да дишам планини и наследив талент за танцување. Кога ми раскажува како сакал да учи географија а дедо ми и баба ми го терале да запише некое средно стручно, многу ми е интересен. Не си ги остварил соништата како што посакувал, и секогаш мене и сестра ми не советувал да го правиме она што го сакаме.
    Дупка е математика, впрочем како и јас, и кога требало да ни покажува пред писмени, повеќе се нервираше самиот, отколку јас или сестра ми :)
    Сме имале опасни караници околу мојата своеглавост, еднаш толку му се налутив кога ми рече дека за мене треба дисциплина само во војска, што мислам дека ферка ќе имавме да не беше мајка ми.
    Се гордееше со мене кога му кажав дека ќе имам прв настап со бендот, ми купи Милка и ми направи пита, зошто не можеше да дојде да ме гледа. Кога се вработив, трубеше низ цела фамилија, кажуваше како сум била снаодлива, самостојна...
    Ми е жал што не можел да постигне повеќе од тоа што го сакал во животот, затоа му ветив дека еден ден ќе му купам куќарка на море, со градинче, таму да си стареат со мајка ми :)

    Во животот, никогаш ништо не ми забранил, кога имав љубовни проблеми секогаш знаеше да каже - што се секираш, ќе дојде вистинскиот за тебе, ти си имаш се`.
    Си го сакам и му се извинувам што понекогаш сум била класично детиште :)
    Те сакам тато.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Таткоми е многу мирен и сериозен човек и односот ни е незнам како да речам чуден.Пред него секогаш треба да пазам што зборувам,што правам едноставно не сум опуштена како што се некои други.
    А од друга страна премногу се труди да не ми недостига ништо секогаш кога ми треба нешто мајками ќе се бунтова а тој само ќе ме викни на страна и ќе ми речи се ќе биди или ако се работи за пари го вади ќесето и одма ми дава.
    Многу го сакам и на секој му пожелувам таков татко само би сакала да бидам поотворена со него,тоа е единствено :!: а иначе ретко се наоѓаат татковци како мојот можеби поради тоа што ми е мене татко ама што да правам :D :D
     
  11. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Незнам.
    Пробувам да биде подобро, сакам добра комуникација со него и кога ќе ја добијам, ми изгледа дека сето тоа е глума и прекинувам.
    Ми залепуваше по некој шамар како помала, знам тоа памтам го правеше едно време почесто, можеби тоа сега се рефлектира кон односот со потенцјалните ми партнери во животот... т.е избегнувам физичка блискост и ми треба многу време да се опуштам.
    Всушност ние немаме ништо заедничко...
    За мене е чудак.

    Јас не можамд да сватам како некој не ги сака Пинк Флојд а имал 17-18 години кога биле најдобри... Не можам да сватам како не може да ја цени уметноста и убавината на живеењето. Не сваќам како нечиј живот е затрупан во пари, фактури и сметки. Не можам.

    Знае да се издере без причина, колку да му биде поинтересно.

    И, најфина работа, го победив потсвесното во мене, т.е таа глупа потсвесна желба да бирам партнери со негативните карактеристики на татко ми.

    Само би му се заблагодарила за тоа што ме направи отпорна на шамари и слични тракатанци и тоа што погрдните зборови, не само негови, веќе не допираат до мене.

    Сега ми е само дел од инвентарот. Фала, чао, приватно.
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Татко ми целиот мој живот бил покрај мене, секогаш кога ми требало нешто, ми помогнал, никогаш не дозволувал некој да е неправеден спрема мене, секогаш кога ми било тешко, ме советувал и ми давал сила за понатаму, не знам, тој за мене е најдобриот човек во светот. Ily Daddyy!! <3
     
  13. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Мојот однос..

    Тежок е за разбирање.
    Всушност, ни јас не можам точно да го дефинирам. Да речеме дека се` се одвива периодично, во зависност од расположението на двајцата.
    Порано беше многу лош, а денеска би било доволно да речам дека е сасвим океј. Задоволително е.

    Никогаш не сме правеле работи што по правило ги прават таткото и ќерката. Сите тие работи ги учев со дедо ми.
    Почнувајќи од оние најпростите, со учење на возење точак без помошни, до некои сериозни муабети што се однесуваа на пубертетот што ме мава.

    Поради него, многу работи сум пропуштила во животот. Пробувал да изиграва добар татко, но безуспешно. Многу пати ме казнувал за ситници, поради него сум поминувала цели денови седејќи на прозор, гледајќи ги децата во паркот пред зградата како си играат, додека солзите непрестано се тркалале по моево лице. Сум плачела до тој степен што доаѓало до гушење.

    Порано, единственото прашање што го поставував пред спиење е дали некогаш ќе имам нормален однос со татко ми, дали некогаш ќе го предизвикам тоа чувство на сатисфакција кај него, дали некогаш ќе станам доволно добра за да се гордее со мене.

    Денеска пак, сфаќам дека не вреди замарањето.
    Не е дека имам којзнае колку лош татко, баш напротив. Татко ми има златно срце, добар човек е. НО, најчесто не ги покажуваше тие свои карактеристики во начинот на кој што се однесуваше со мене. За жал, го доживував како лош лик од некој цртан филм, му посакував се најлошо, порано да изгине за да ги остави другите да живеат среќно.
    Предоцна сфатив дека не е и толку лош како што го замислував.
    Предоцна, затоа што целата слика во мојата глава за него веќе беше оформена.

    Жал ми е што не можам да изнапишувам куп убави зборови тука, жал ми е што не можам да се „пофалам“ дека имам добро изграден, цврст однос со него. Сето тоа би биле празни зборови како кога лажев пред неколку години дека имам најдобар татко во цел свет поради тоа што во друштвото сите зборуваа за тоа.
    Немам потреба од тоа.
    Не повеќе.
    Пораснав.
     
    На Gunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Не се чувствувам како да можам да се отворам пред него и да ги искажам своите чувства и емоции,но односот не ни е лош. Сепак би сакала да имаме нешто подлабоко би сакала да го разбирам,а и тој мене ова ми изгледа многу површно. :( А за другото како подршка секогаш е биден покрај мене да ме подржи да ме насочи по вистинскиот пат. Го ценам неговиот труд,но едноставно... Не знам...
     
  15. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    имам супер однос со татко ми но знам дека може и подобро да биде. Не знам ама едноставно не ми е толку удобно да му се отворам за се, за многу работи ми е полесно на мајка ми да и ги кажам отколку на него.А имам доста другарки кај што ова е сосема обратно.
    Многу сакам кога ќе почне да ми раскажува за работи порано што ги правел, навистина ми е интересно, и остануваме да збориме со часови така, но потоа ќе улета брат ми со неговата негативна енергија и ќе не прекине и толку е-.-
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Aко мислев дека имам некои несогласувања со татко ми ... а и сега ги имам, знам дека се за мое добро. Секој ден се повеќе сфаќам дека тоа што некогаш бил малку построг со мене било за мое добро. Сега секој ден се уверувам дека има премногу доверба во мене и имаме изградено другарски однос. Денеска посебно ми даде поддршка за нешто што многу ми значи и ми беше потребна и тоа секогаш ќе го ценам и не го заборавам!
     
  17. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Никаков однос туку еднаш ќе ти прави муабет и по некое време ќе почни да вика се нешто му смета просто да не можиш да се изначудиш какви глупости се му идат
    Па после ќе се налути нешто што нема врска ќе се развика и лебот што го купувал отровен ми се чини некогаш толку што дури да не претерувам ама кога сум налутена навредена си мислам поубаво да го нема да не ни го загрозува животот, што речи уште недокажано ќе се развика, се само тој работел ние другите сме лежеле за ништо не не бивало, секој ден прави ручек чисти бриши со добра намера зошто само за да те нервира да вика др ништо не знај :devil: порано не беше таков толку сега охооооо само нешто му смета само некој му е крив се не му чини служи го за да вика масата не ја раскрева кај што ќе јади :x со мене не се чепка многу ама со сестра ми многу и досадува јас не му дозволувам да ми се доблизи никаков допир веке несакам со него ко нема разбирање што сака нека прави не е живот некој постојано д а вика не реагирам ама ич :rock: Што сака нека му е никаков :@
    Порано дури помагаше подбро се рабиравме не дотолку добро ама не како сега без врска повеќе се грижи оти некој бил болен умерл некој познат :x просто не може да му се каже нешто да се има проблем од кога знам сама си решавам проблеми
    ај доста е само подобро утре за помалите деца да видат љубов разбирање :)
     
  18. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Јас со мојот татко имам многу добар однос на релација татко-ќерка.Знае да ме ислуша секогаш кога и да ми е тешко знае совет да ми даде.Секогаш значи секогаш бил и ќе остане тука за мене кога и да ми треба, ги поддржува моите ставови ( не секогаш ) али во принцип 70 % ме поддржува за СЕ.Со мајка ми немам толкава комуникација како со татко ми.Мајка ми повеќе е со брат ми.Се знае дека машките се миленици на мајките а ќерките на татковците.Со татко ми разговарам за СЕ за љубов, пријателство, учење, работа буквално за СЕ па дури и некогаш за секс што е многу нормално родител да се грижи за детето, но секако дека не му кажувам што сум праевла со дечкото, каде и како :) Но сепак ми кажува да се штитам од болести и од ред други несакани работи.
     
  19. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Ми надоагаат солзи на очите кога читам како имате убав однос со вашиот татко, но исто така и многу ми е мило поради тоа.А вие што немате и баш добар однос бидете среќни барем што имате татко.Се би дала само за миг да го видам и да ја почуствувам неговата прегратка,се би дала да е тука со мене па макар и да ме кара.Ме напушти, прерано ме напушти. ;(
     
  20. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Happygirl13 жал ми е :( И сега кога го прочитав ова што го пиша мене ми дојдоа солзи на очи.
    Биди среќна ти животот оди понатаму, незнам како ти е како се чувствуваш сигурно ти е многу тешко и знам дека нема утешни зборови кој би можеле да ти ја намалат болката или да исчезне за секунда, само ти посакувам ти да си среќна, насмеана, ведра, позитивна и да зрачиш со убавина.Знам дека го можеш тоа.Знаеш дека некогаш животот е неправеден и мене ми недостигаат многу луѓе што прерано и мене ме напуштија, и секогаш се прашувам зошто ? Но не добивам одговор, само решив да се помирам со судбината, ти не си сама сигурно имаш околку тебе луѓе што те сакаат многу.Ти посакувам се најубаво во животот и тоа што било поминало и тоа што иде и тоа ќе помине.
    Поздрав :* :hai: