мојот однос со тато е солидно добар...значи не се караме ниту сме многу поврзани...знае да ме советува кога му дозволувам..секогаш е тука кога ми треба,ама сепак јас сум со мама многу повеке поврзана...додуша тато и секогаш дознава нешто втор-мама е прва....за многу работи во животот бил покрај мене кога ми е бил потребен,но некогаш е знаел и да не се потруди да ми помогне-со објаснување-чекал јас да кажам дека неможам сама....сепак фала Бога што го имам и што секогаш е бил тука кога ми е потребен,порано покасно не е битно-битно е тука!!! Инаку да кажам една негова често употребена реченица: Покрај мајкати јас не ти требам ( во превод мамина галеница )
Според мене совршен однос, на татина галеница.....се што треба да се направи тато е тука, за секој совет( не за интимен наравно ) но за дечко, друштво убаво понашање.....ТАТО Е СЕ ...можам да разговарам до сабајле на различни теми...телефонска врска 24/7...кога би имала ќерка би сакала да има ваков татко
Мојот однос со татко ми????? СО еден збор не постоечки. Цел живот само мајка ми била покрај мене и брат ми. Типот си се шеткаше наваму натаму, демек да заработи за нас, а ништо нема дома дадено. Во цело моет детство не го ни паметам. Кога дојдов јас четвро одделение, се врати и почна да работи приватно. И му оделе супер, само што ние тоа никогаш не го осетивме затоа што мајка ми не издржуваше. Он цел мој живот се понаша бетер од тинејџер, си се прибира дома во 4 саат сабајле, не се интересира за ништо. И уште ни набива грижа на совест, ние не сме го сакале, не сме му правеле муабет. За што да му зборам кога он не знае ништо за мене, а не го ни интересира. Од сите глупости што ги направил последната нема никогаш да ми ја простам, затоа што ја загрозува мајка ми, мене, брат ми и кој уште не. Фала богу, мајка ми реши да се разведе. Најмногу ми е жал за неа, 20 години му посветила на ѓубрево а он не и возвратил за ништо. Се надевам дека ќе успее да надокнади и да ужива во животот, а за овој демек татко не ме интересира.
Татко... Човекот кој премногу го сакам Не би можела да опишам со зборови што тој претставува за мене... Мојот однос со мојот татко е одличен.. Татино галениче.. Тоа е човекот кој не знае да ми каже НЕ.. Просто го обожавам.. Тука е секогаш за мене, што и да посакам(во одредени размери) ми дава, а најмногу љубов (иако е )... Кога ќе ме гушне и баци се чувствувам пресреќна.. Тоа е единствениот маж на кој бескрајно му верувам... Татоооо
Порано додека бев во зенитот на адолесценцијата, ми беше најголем непријател.. Едноставно не се поднесувавме еден со друг, си бевме одбивни. Постоеа периоди од 2-3 месеци, кога не правевме муабет, или секој муабет водеше до ВОЈНА дома ( буквално) .. знаевме да се скараме за најмала работа.. Беше премногу строг и конзервативен.. Со текот на годините немо ги решивме тие ПРЕПРЕКИ, станавме потолерантни еден кон друг, едноставно си дозволивме да се запознаеме еден со друг, и да се прифатиме како такви.. Денес ми е огромна поддршка и огромен дел од животот.. знае да ме орасположи, да ме ислуша ида ми најде решение за секој мој проблем.. Го обожавам!
Јас уште милион пати да се преродам и уште милион пати да имам можност да бирам татко, мојот ќе си го одберам. Ако на некој човек сум горда, тоа е тој. Кога ме прашуваат кој е мојот идол, него го кажувам секогаш за пример. Тој е сосема спротивен од мајка ми, мајка ми е бучна, саркастична, лесно искажува емоции и е тврдоглав човек. И неа ја сакам премногу, на исто рамниште ми се со татко ми. Тој е тивок човек, понекогаш затворен, повеќе купува отколку што продава. Не знам како се нашле со мајка ми, комплетно 2 различни карактери. Мене ми велат дека и физички и карактерно наликувам на него. Поубаво нешто не можат да ми кажат. Татко ми е човек кој се што правел правел за јас и сестра ми да имаме подобра иднина. Од многу работи се одрекол, само за да можеме јас и таа да уживаме. Има посебна, несебична љубов кон мене, најсреќен е кога гледа дека јас напредувам, најгорд е кога може да се пофали со некој мој успех. Секогаш вика дека се препознава во мене кога бил млад. Кога има некој проблем дома, мајка ми најчесто може прво да изреагира, а подоцна, кога светлата ќе се изгаснат, да дојде да ми пристапи и да ми направи таков муабет што целиот проблем тогаш ми изгледа преминорен. Секогаш знае што да рече во вистинско време, никогаш не избрзал па потоа да му е жал за нешто што го рекол. Иако знам дека срцето му се скрши кога ме остави во градов а притоа мораше да замине, беше среќен за мене затоа што знаеше дека со тоа само прави добро за мене. И се што правам правам за мене, за јас да бидам на некое ниво, но и заради него, затоа што е мој пример, идол, затоа што сакам да се гордее со мене. Едноставно го знае најдобриот лек за кога сум тажна, уште од помала ми давал безусловна утеха. Ако ми побараат да се поклонам некому, нему ќе му се поклонам. Најмногу ме мотивира со тоа што верува во мене и сигурна сум дека никогаш нема да направам нешто со кое би ја изгубила таа верба која ја има во мене. Најверен другар ми е и секоја круцијална тема во животов сме ја дебатирале. И кога ми е тешко, сакам првин со него да си се слушнам, него да му се исповедам затоа што знам дека ќе го добијам најдобриот совет. Едвај чекам да го видам и да го гушнам. Едвај. И да, целата сила која ја имам како личност е негово дело. И еден ден дај Боже кога ќе имам деца ќе ги воспитувам тој како што ме воспита мене. Тој ме направи силна личност, тој ми ги покажа вистинските вредности во животот. Татич I you!
Мислам дека не сум пишала во темава, а и ми треба ваш совет девојки. Мојот однос со татко ми цело време е онака формално само. Кога бев 10 години тој замина во Италија, демек по подобар живот, беше 10 години таму и никако да се снајде со стална работа и сл. Доаѓаше и пак одеше, ама се декем, тој немал среќа во работата и газдите таму. Пред месеципол пак отиде, и бидејќи му требаа пари за пат, побара од мене од стипендијата. Му дадов 6000 денари, а и пред да оди му позајмив 3000, значи вкупно ми должи 9000денари. Од цела стипендија само едно фустанче си купив јас, другите нему му ги дадов тогаш. За вториот пат што ми ги пуштија парите не кажувам дома бидејќи пак ќе ми бараат сигурно, а првите не ми се вратени. И сега се слушнав со татко ми, му велам на 25ти јули ќе одам за Ох на одмор со дечко ми и друштво, треба да ми ги вратиш парите. И ми вика немам моментално, ова она, ме мота. Викам не ме интересира, јас ти дадој пари кога ти требаа, сега ти си на ред да ми ги вратиш. Тоа се мои пари. И ми вика, како твои пари? Епа велам, јас учев цела година за просек да земам стипендија, сум заслила да одам барем до Охрид нели? Му велам, засрами се, тоа се мои пари и да ми ги вратиш! И му исклучив. Не знам што да правам, како да го натерам да ми ги врати парите. Ѕф, се нервирам, ќе пукнам!
Јас би ти препорачала да разговараш смирено со него и да го замолиш да ти ги врати и објасни му дека ти се потребни.Не се карај со него затоа што тоа само ке ги влоши работите.Те разбирам дека тие пари се твои и дека сакаш да ти ги врати но разговарај со него и договорете се.Можеби навистина нема пари во моментот па прашај го кога ќе е во можност да ти ги врати.И мене ме нервира многу кога на родителите им позејмувам пари а не ми ги враќаат веднаш туку постојано одлагаат.
Со моите родители општо јас немам никаков однос.Но ке зборувам конкретно за татко ми... ...конзервативец со сфакања непроменети од времето на дедо Ное.Човек кој од дното на душата ги мрази хомосексуалците, кој вели дека вреди да бидат убиени,запалени на клада, набодени на колец и уште многу други навреди кои ми ја распараат душата а не можам да се сетам на нив во моментов.Човек кој знае само да ми упати навреда и критика.Што и да правам него не му е доволно, сепак наоѓа маана никогаш не му е доста.Не е задоволен од оценките во училиште, не е задоволен од моите резултати на натпреварите, не е задоволен од ништо и вели дека се срами што сум му ќерка.А уште не знае дека сум лезбејка, тек тогаш како ли ке се однесува спрема мене?
Мислам дека јас со татко ми имам однос 50 - 50 понекогаш знае да даде и по некој совет ама некогаш ме вади од контакт со неговото однесување . Незнам мислам дека не можам во целост ни на мајка ми ни пак на татко ми да му се отворам.Можеби ќе се смени тоа со текот на годините но за сега тоа е
Мојот однос? Не е никаков. Никогаш нема да најдеме заеднички јазик, премногу сме различни, а секој смирен започнат муабет завршува со усмерување на темата во друг правец и со самото тоа со врискање и трескање на врати. Ми има кратено многу, со изговор дека сака да ме воспита правилно. Ми го има уништено детството, а некои работи колку и да сакам не можам да ги заборавам. Секое сеќавање на нив е како да си мавам повторно шамар, а солзите одамна престанав да ги леам. Ги немам повеќе. Неговата прегратка никогаш не ме смирувала, туку предизвикувала вознемиреност. Во неговото присуство пак, никогаш не сум се чувствувала сигурно, а никогаш не ни поседувал некоја способност за да ми каже некој убав збор. Чисто онака, колку да знам дека и од негова уста еднаш во 38 години може да потече мед и млеко. Сега во последно време, како демек се труди, како демек му е жал, сфатил што правел и како психички ме тормозел. Само, доцна е. Премногу е доцна, ама се правам дека му е простено. Поради мајка ми. Се на се, пробувам да одржам некој кул, нормален однос. Не е дека ќе го засакам најмногу на цел свет и дека премногу ќе ми фали ако го нема 2 дена дома, ама пробувам да се однесувам зрело и пристојно со него за свои 16 години. Повеќе не можам и да сакам.
Татко ми е најголемата душа од човек, го обожавам!! Не можам без него ни да дишам, и да ви кажам уживаме и да се караме заедно, секогаш на крај од кавгата ке дојде ќе ме гушне, ако сум тажна ќе ме утеши... ми се насолзија очите, тато е моето сонце Те сакам !
Па океј однос шо знам .. не му се исповедувам за љубовни проблеми итн итн.. зашо не е таков тип шо знае да теши.. за било какви други работи секогаш ми стои на располагање знае убаво да објасни и да ме ислуша.. ипак татко си е татко .. него го гледам како мој ангел чувар .. што и да ми се деси он секогаш ке ме штити и ке ме брани .. и бар знам дека он ми е единствениот но и најдобриот цувар на грб така би го нарекла !
пробав мн.пати да го поправам односот со него ама не вреди не вреди повеќе никаков контакт немам со него никаква подршка никакво разбирање никаква помош не осеќам дека имам татко повеќе покрај мене не ни зборувам повеќе со него и не ми е жал никогаш нема да заборам колку ме повреди со неговите зборови и неговото оговарање незнам ни како не му беше страм не го сакам повеќе понекогаш мислам дека и го мразам... му завидувам на тие што имаат татко без разлика што и да се случи што и да направат тој ќе биде тука и ќе му ја подаде раката тоа е татко...
Кога бев помалечка бевме тим...Заедно гледавме карате филмови со Жан Клод Ван Дам и Брус ли, па Рамбо, Роки...Седевме до касно во ноќта и разговаравме, за неговата работа, за младоста, за моите проблеми на училиште...го обожавав... Во средно кога почнав да правам некои мали ситни глупости (тинејџер ко тинејџер-ништо страшно), тој се разочара во мене...Имаше слика за мене која не требаше да се руши, требаше да останам истата паметна, добра татина принцеза инаку нема да ме сака...И така се однесуваше, баш како да не ме сака... И јас се разочарав во него бидејќи мислев дека имам некој на кој секогаш можам да се потпрам без оглед на се, а не само партнер за гледање филмови и заедничко вртење на очите кога мама викаше по нас-јас да си ја средам собата, а тој да не пуши толку многу цигари... Цели две недели пред спиење си плачев тивко за нарушениот однос, за неговите ладни погледи и остри зборови...помина... Пораснав, пак си бев паметна, добра и на место, а тој сакаше да го врати времето и пак да сме тим...sorry daddy, не оди така тоа...Сега имаме коректен однос, онака 'службен' што на мене ми одговара, а за него не знам...уствари знам али не ми е баш многу гајле...
ПРИКРИЕНА ТОРТУРА и ЛАЖНА СОВРШЕНОСТ . Никогаш не воспоставивме однос како што треба ... Ме боли тоа признавам .Осеќам празнина , и да искрено им завидувам на сите кои имаат ТАТКО во вистинска смисла на зборот . Од него сум била и повредена , навредена , сум патела , сум ги доживеала најтешките трауми ... Колку само стресови ми приреди колку само солзи исплакав и тоа без моја никаква вина ... Тоа НИКОГАШ нема да му го простам ... Ама никогаш . Вистински пекол поминав во детството . Зошто зошто тој бил нервозен , пијан , или имал проблем кој нема врска со мене. Никогаш не ме земал од улици , нит сум скитала а ме немало со деново , ни сум го зсрамила пред народов . И пак неблагодарен јас се добро кога на него му е денот се е ок кога не му е тогаш ... Ја обвинувам и мајка ми , што не ставила крај кога било време . На момент е човеков час е расположен час никаков . Само што не сум физички малтретирана ама затоа сум психички . Поточно бев . Од него имам само ПАРИ ама тоа не може да ми надомести што цел живот не добив ни еден единствен совет , ни една солза не ми избришал , ни едно тапшање по рамо , ни една прегратка за утеха . Ме боли ми фали тоа , гледам какви татковци има . Кои прават се за своите деца . Да наизглед јас сум татиното галениче зашто секогаш бев насредина и јас најмногу патев како најмало , најневино . Голтав , голтав и голтав ама и на тоа и дојде крајот . Моите црвени линии тој одамна ги помина и прегази нема повеќе да му одам по ќејфот нема повеќе реков еднаш видов дека се е залудно а јас овој живот допрва го почнувам .Нервите ќе ми требаат за моите деца , за мојата иднина ако Бог даде . И моментално не разговарам со него дури ни роденденот не ми го честита тоа татко е ? ! Се правам дека не ми е гајле ми е ,,, Ама го чуствувам од ден на ден се подалечен ... Се подалеку од срцево , и овој пат не сум крива . Еден ден ќе расчистам со него ќе му кажам се што сум мислела сите овие години ... Си ветив никогаш нема да дозволам ако имам деца да го гледаат и поминат она што јас сум го поминала НИКОГАШ Не знам што ми требаше да ја отворам темава , болна точка ми е