Имаме релативно добар и коректен однос и среќна сум што е така. Иако може да биде и подобро... Се обидувам да не се сеќавам на оние кризни моменти, како што кажаа пред мене, разговори што завршувале со трескање на врати и сакам да сум коректна со него, да покажам колку го сакам и го почитувам за тоа што цел живот се труди и прави се за мене. Не дека сме којзнае колку блиски, има многу, многу работи за мене што не ги знае, но секогаш е тука кога ми треба било што, не е избувлив, трпелив е доста и знае да даде совет во било кое време.
Го Обожавам. Секогаш е тука да ми помогне. Никогаш не ме карал (за нешто безврска-ако тој мисли дека тоа не е правилно само ќе ме посоветува). Едноставно татко од соништата.
Мојот идол. Како да не го обожавам кога секогаш бил тука за мене, знае да ми даде најдобар совет, знае да ме направи да сум горда на себе, да го извлече најдоброто од мене. Како? И двајцата родители беа построги со мене - додека другите искачаа до покасно јас морав порано да си дојдам дома, додека другите ги пуштаа по дискотеки јас не одев, додека другите се чаталеа со слаб успех мене ми префрлаа за секоја намалена оценка. Да, но благодарение на тоа сега ценам многу работи. Знам да имам огранучувања, знам дека се си има граница, знам дека ако сакаш да постигнеш нешто мора да вложиш труд. Неколку години работеше во странство. Најтешките години во мојот живот. Тешко е кога сакаш некого да гушнеш, да го бациш, да позборуваш со него, но знаеш дека не е тука. Тешко е кога ќе помислиш дека тој го пропушта твоето детство само за да ти обезбеди подобра иднина. Тешко е кога знаеш дека на него му е уште потешко. Сега кога го имам тука до мене, ме исполнува. Многу повеќе се сложувам со него отколку со мајка ми. За љубовен живот не знае многу, но не затоа што ми е срам да зборувам за таа тема или не му верувам доволно - туку таков карактер сум, прилично затворен. Се гордеам со него како што тој се гордее со мене. Секако дека освен пофалби добивам и критики, но нели - за мое добро. Убаво е кога имаш некој кој ти носи среќа, радост, кој се грижи за тебе, ти верува, те разгалува, те води низ животов, пробува да ти го олесни, сака да те направи подобар човек, се гордее со секој твој успех, ти помага да го пребродиш секој неуспех, ти помага да согледаш што е важно во животот, ти помага да учиш од твоите грешки, или уште подобро - да ги спречиш, тука е кога сакаш да се исплачеш, кога сакаш да се насмееш, ти е потпора во животот. И најважното - безусловно те сака. Со сите твои маани, со сите лоши кажани зборови, со сите погрешни дела. Никој никогаш нема да биде поголем од тебе. Тато, те сакам.
Односот татко-ќерка е сосема добар кај мене. Една од најважните личности без кои не можам да си го замислам животот и е секогаш покрај мене кога ми треба помош. Знае доста од моите тајни, ама не баш сите На пример како што ги прочитав прашањата поставени на темава , дали тој знае за моите љубови, морам да си признам дека не знае баш се до детал. И баш не сум имала некоја сериозна врска, а и тоа баш и може да го забележи во летниот распуст бидејќи излегувам со 3-4 другарки и БРАТ МИ ( личност која може од време на време да му каже нешто ако ептен го испровоцирам моето батувче ). Всушност ако сакам да имам некој можам ама треба храброст и за тоа ( извинете за оф топик). Инаку ми има речено да некријам и кога ќе имам некој , така што ако имам сигурна сум дека нема да ми прави проблеми. Совети ми дава повеќе од што треба, па некогаш и ми е незгодно А за критики исто така повеќе што треба, тоа некогаш навистина неможам да си го замислам, ама знае некогаш и да не наспомне, ако мисли дека сум сфатила дека сум направила грешка За разлика од моите другарки мислам дека имам добар татко во секоја смисла на зборот, земајќи во предвид дека никогаш не ми удрил шлаканица, ако мисли дека згрешил и дури ми се има ИЗВИНЕТО ( а за многу ова е нешто како понижување да се извини пред свое дете) ,не ми се развикал убаво да слуша цела населба, никогаш не ме омаловажувал и „малтретирал“ споредувајќи ме со другите. Секој/а си има своја мана и сметам дека не треба да ме споредува ама баш со никој поради горенаведената причина. Ако јас грешам во една работа, тие со кои ме споредува грешат во онаа во која не грешам јас. па така си знае дека си сум малку од повеќе импулсивна и ќе му го наспомнам тоа , па ќе забележи дека нема совршени. Оваа особина му ја ценам премногу. Инаку можам слободно да кажам дека се изборил за мене, никогаш не оставил да страдам, да питам, да сум боса или гладна. И ден денес знае да седне со мене и да ми покаже околу училишните обврски. За текот на училишната година е вклучен ама буквално во се. Кога имаме родителска, кога тест, па дури се зачудив кога ми кажа и кој број сум в дневник, ццц изгубив 50 денари ама нема врска Беше ЕДИНСТВЕН родител кој доаѓаше БУКВАЛНО секој ден во забавиште да ме носи нашколо и седеше чекајќи ме пред врата бидејќи знаев да се распиштам и да излезам од училница и да ги барам родителите.Единствен родител кој ме држеше за рака и доаѓаше и покрај што многу му рекоа ОСТАВИ ЈА , ќе оди со поголемите деца од малата. НЕ ГИ ПОСЛУША и ми беше премногу драго поради тоа. Од тогаш односот татко-ќерка некако спонтано се зајачи , го ценев и сакав повеќе. Не бев навикната да одам никаде без нив. Чувствително дете бев и сеуште сум, а додека брат ми близнак беше и сеуште е сосема различен од мене во тие работи околу емотивнсота. Секогаш обезбедувал за мене и храна и вода и прикладни услови за живеење и покрај тоа што и тој и мојата мајка биле невроботени 4-5 години и земале придобивки месечно само околу 3600 ден. ( да не наведувам дека немал помош од неговите родители бидејќи се одамна починати, ни од родителите на мајка ми бидејќи од како се родивме ја „напуштија“, се грижеа само за нјзината сестра и нејзе и помагаа финансиски, ги немам нив видено со години). Не можам да заборавам дека ТОЈ губеше нерви со мене да ме научи да пишам , да читам, да рачунам, ах таа математика си велев. Татко кој многу вложе во мене. ТАТКО кој до петто одделение слушаше како му раскажувам лекции по природа, општество, историја, географија ( во ова беше вклучена и мајка ми да си спомнам), ретко кој татко посветил толку внимание на своето дете. Не дека никогаш не се изнервирал со мене, но секогаш тоа го решаввал на мирен начин, а толку ме болеше кога ќе речеше : „ Не знаеш доволно Даниелче“’. Ах тие моменти ми идеше косата да ја корнам, но тој НИКОГАШ, ама буквално никогаш не ми удри шамар поради мојата нервоза и тупање со малите раце и нозе , протести мора да има . СЕКОГАШ БЕШЕ ПОКРАЈ МЕНЕ кога плачев и сеуште е тука за тоа. Рамо за плачење кое прашува зошто плачеш , и му кажуваш за да те смири. Односот ми беше сосема добар, ма какоков добар , одличен однос имав кога бев настината и се влечев по амбуланти, а не и ретко по болници за ортопедија , коски и што уште не. ТАТКО кој сеуште вложува во мене и сеуште ме совеува. Мојот однос со татко ми е најдобар однос што го имам со било која личност од мојата околина. Можеш слободно нешто да му кажеш ( зависи што и до која граница му кажувам сега, а до 6-7 одд знаеше се за мене, буквално СЕ) и да му се довериш без да знаеш дека тоа некој ќе го разбере. Никогаш не и ги кажуваше моите тајни на мама, а и сега не и кажува кога ќе му кажам нешто и покрај нејзините инсистирања ( а понекогаш и притисоците на бато ) За пари никогаш не ме одбил, ТАТКО кој секогаш ги исполнува нсвоите ВЕТУВАЊА и ОБВРСКИ. ТАТКО кој СЕКОГАШ СЕ РАДУВАЛ на моите успеси и напредоци и СЕКОГАШ МЕ ОХРАБРУВАЛ ДА ПРОДОЛЖАМ НАПРЕД СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА.Односите татко-ќерка од горе наведеното може да се види дека ни биле и сеуште ни се 5+, се надева дека ќе продолжат и во иднина. Баш му посакувам на секое дете да има татко каков што имам јас. Личност која неизмерно ја сакам и почитувам, личност без која не можам да си го замислам животот. ТАТО,да ти речам ФАЛА за тоа што го имаш направено за мене е премалку, не знам соодветен збор за тоа и да имав храброст дека би го издржал тоа и тие не би биле последни зборови кои ги слушаш додека забрзано чука товото ГОЛЕМО СРЦЕ би ти кажала дека секое утро се молам за твоја подобра здраствена состојба и Бог да ти даде поголем век на живеење, страв ми е за твојот живот тато, но секогаш знај НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАБОРАВАМ ШТО НАПРАВИ ЗА МЕНЕ И ТИ ВЕТУВАМ ДЕКА НЕМА ДА ТЕ ИЗНЕВЕРАМ И КОГА ЌЕ ТЕ НЕМА ПОКРАЈ МЕНЕ Ќе ти кажам два волшебни збора кој ти често ми ги велиш и кога ќе ти ги речам ми велиш докажи ТЕ САКАМ И биди сигурен дека ќе докажам и ќе се гордееш со мене каде и да си
Само физички си личиме. Позатворен е од мајка ми, почувствителен, наивен човек што лесно може да избувне. Порано не беше таков, ама животот и тоа што му се случи го направи таков. Немаме некој голем пријателски однос. Секогаш за мене се грижи мајка ми, а татко ми е настрана од сето тоа. Кога бев мала бевме поблиски и играше многу голема улога во мојот живот, а сега се смени се. Тешко ми е што не е среќен и се мачеше за ние да имаме се, ама за една работа нема никогаш да му простам. Ја немам почувствувано таа среќа да ми биде заштитник, а јас да бидам негова галеница. Не памтам кога последен пат ме гушнал, или ми кажал дека ме сака.. може и нема да ми каже веќе. Ме повредува најмногу, и нема поим колку ме боли секој збор што ми го кажува кога е лут, ме крши на милион парчиња. Не можам да кажам дека е најдобриот човек во мојот живот, пример за во иднина, идеален маж или ѕвер. Сега сме скарани, ама пошто сме двајцата големи инати (Бикови во хороскоп) уште држиме лутина и не збориме, никако! Со неговите грешки ме научи на едно нешто - да се борам до крај и да не се потпирам на никого! Го сакам и сакам да имавме подруг однос, ама тоа е.
Татко ми е голем шегаџија .... особено кога зборува со скопски дијалект хахахаах односот со него ми е добар ми дава супер совети за на факултет за во иднина и многу убаво ме советува
Iskreno, ni mojot odnos ne e kakov shto sakam i kakov shto ochekuvav da bide. Tatko mi e lichnosta za koja se bi dala vo zhivotov,isto kako i za site drugi od semejstvoto .. No, nikogash nemam pochuvstvuvano neshto za nego kako shto sum pochuvstvuvala za majka mi. Ne sum voopshto sigurna vo negovata ljubov, nikogash nemozham da kazham deka go sakam .. Ne me sporeduva so drugite, ne me omalovazhuva, nemozham da kazham deka ne me smeta za kjerka ili neshto slichno, ama sekogash kje stoi faktot deka sestra mi e negovata maza. Jas voopshto ne baram od nego da me razmazuva ili neshto slichno. Ne velam deka ne me bodri. Mi ima kazhuvano kako treba da uspeam vo zhivotot i slichno, no mi smeta shto toa se sluchuva premnogu retko. Duri zaboravam deka e tuka za mene, deka postoi od shto tolku retko pravime muabet. No koga pravime, seto toa e mnogu ubavo Nemozham da se pozhalam deka ne me saka, no kako da me saka ednash vo godinata. Mnogu, mnogu retko go pokazhuva toa. E tuka doagja i ona, koga se karame mislam deka se e vo vis. Malku da se podzakachneme,vekje ne zborime so denovi, zatoa shto nemozham da popushtam pred nego a ni on pred mene. Malku kompliciran odnos, koj se nadevam deka kje se izmeni na podobro so tekot na vremeto [mod-kirilicaz003ri6][/mod-kirilicaz003ri6] [mod-tekstz003ri6][/mod-tekstz003ri6]
^ ме оќоре Па се е супер многу сум блиска . Му барам совети за дечко , заедно се смееме ( он ме ребра ) за бившите и така.. Последниве денови само ми вика , ќе станам ќе ти ја лепнам една . А незнам зашто , му одам на нерви Ама ако , знае дека се сакаме Секогаш е тука за мене и со добро ми објаснува , ми да ва совети , ме носи , ме зема со кола , ме чува како принцеза Те сакам тато
Релативно добар однос имаме. Иако понекогаш се води војна помеѓу мене и него.. Сепак океј сме. Татина маза сум, слаба точка сум му.
Односот ми е супер, што се однесува до доверувањето повеќе се доверувам на мајка ми, знае се за мене се и кажувам и поубаво ми е така кога знам дека таа знае, а со татко ми најкоректен однос татко-ќерка, се сложуваме за многу работи имаме слични карактерни особини но се разбира како и кај сите се случува по некоја расправија, знаеме да се насмееме да се пошегуваме и слично, никогаш не сум го излажала ни него ни мајка ми затоа имаат и доверба во мене така да :up: love my parents
Тато......еден од моите херои. Го обожавам. И двајцата мои родители се од оние кои даваат буквално се за своите деца. И повеќе од тоа. Правеле неверојатни жртви и за мене и за сестра ми. И до ден денес ги прават, и знам дека до последен здив ќе ги прават, без разлика на тоа што апсолутно нема потреба веќе од толку жртвување.... Не велам дека немало лоши моменти, кавги, расправии....и ги има сеуште од време на време, нормално е, луѓе сме.....Но никогаш не сме држеле лутина. Не сум можела да не зборувам со него или тој да не зборува со мене. До ден денес ако видам дека нешто сум направила или рекла што не требало, и не ми зборува поради тоа, или пак е поладен спрема мене.....па секунда не можам мирна да седам и правам се што треба да се искупам. Дури и ако не сум јас виновна. Секогаш бил строг спрема мене, но не премногу и не за се. Секогаш сум имала огромен респект спрема него и мајка ми, максимално ги почитувам и ден денес за се она што направиле и прават за мене и сестра ми. Никогаш немал миленичка во некоја од нас две, никогаш една од нас не ја издвојувал на било каков начин.....Никогаш не дозволил да бидеме разгалени, напротив-бил строг за многу работи. Му благодарам бескрајно на неговата строгост во врска со учењето, домашното воспитување, и воопшто животот...Подоцна сфатив колку многу ми помага, и колку ќе ми помогнат неговите совети и сугестии во врска со многу работи кои понатаму ме очекуваат. Маана ни е на двајцата што сме многу затворени. Од него ми е наследена таа особина. И му пречела секогаш, ама кога ќе му кажам дека тоа ми е од него, веднаш се повлекува..... Караниците најчесто сме ги решавале (и ги решаваме) со еден поглед од моја страна преполн со солзи и каење и една најтопла и најискрена татковска прегратка за поддршка од негова страна. Инаку, има предобра душа и понекогаш мислам дека дури и не е за ова време во кое луѓето како него можат само да настрадаат. Мислам дека уште 10000 години живот да имам, нема да стигнам да им се заблагодарам на моите за се што направиле за мене, и нема да успеам да им кажам колку ги сакам и колку ми значат во животот. ТАТО ТЕ САКАМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ 51% ЗА МЕНЕ
Од точка до точка се исто и кај мене и ние сега сме скарани и големи инаечии сме и не попушта никој од нас но само во тоа дека го сакам не сум сигурна бидеќи до сега ме има многу повредено и тоа нема никогаш да му го простам и исто така и јас сакав да имам подруг однос со татко ми но изгледа тој не сака бидеќи не се труди
На добро ниво, два дена ги шетам ко господа со мајка ми по тетки , вујни братучеди и внуци .. изигрував нивни личен шофер ...малку фалеше ,ќе ги слезев и двајцата не се трпеа бе намали ќерко , пази на семафор , кола, врти лево, десно ,застани тука ,таму и на крај допрев.Кој од вас двајца сака да ме вози ? Татко ми златниот... е жено го напна девојчето си знае таа бе не бев ни да се смеам ни да плачам. Ај ги сакам такви какви што се понекогаш знаат да бидат напорни.. ама мама вели за твое добро е , јас си ги слушам ама понекогаш терам по мое... А и живи и здрави им ги вратив на снаата и на брат ми , а бате ми вели . Озбилна ти правеа проблем по пат мама и тато , не бе бате си имам јас своја тактика
Карактерот ми е ист како на татко ми.. не интересираат баш исти работи (дури и "машки" работи) Можам да го кажам се освен за да му зборувам за љубовни проблеми дечковци на овие години.. но знам деќа секогаш е тука за мене.. Еднаш сличајно ги слушнав како зборуваат со сестра ми татко ми и рече: Знам што размислува на тие нејзини 15 год и знам какво прашање сакаше да ми постави таа мисли дека оној првиот дечко мора да биде и последен но не е толку лесно да се најде вистинскиот може да дојде после 2-5 можеби и 10 врски (бидејќи го прашав колку време беа со мајка ми пред да стапат во брак и кога точно стапиле во врска и слични работи, имав уште прашања но не ми дозволи повеќе) Овој период ме забележа како горко плачам повеќе денови по ред и знам дека се загрижи за мене.. ми се допага тоа што додека шетам со него низ град знае да ме прегрне и да ми даде до знаење дека покрај него сум вистински засштитена..
Добар ни е односот иако сме два различни светови! Во се ми помага,премногу е грижлив што понекогаш ме нервира ама ајде веројатно секој човек станува таков кога ќе добие дете! За љубов и такви ствари не дискутираме,малце е старомоден за тие работи затоа тука е мајка ми која е тотална спротивност..со татко ми за се друго зборувам,идеме пазариме заедно,идеме на утакмица,шетаме,си се караме понекогаш што е и нормално,но увек ми се наоѓа за се и сешто и ми помага!
со тато одност , онака повеке другарски, се слозуваме повеке е да ме сослуша отколку совет да ми даде, понекогаш доагаме и до кавга ама тоа ретко
Понекогаш се сложуваме, но некогаш и не. Понекогаш знае да ме искара. Понекогаш се караме како снаа и свекрва. Но, сепак неможеме еден без друг. Момент сме како маче и куче, на момент се сакаме, како што мајка ми милува да рече ПАЈТАШИ ... Па сепак татко ми е, зарем не?! Тато е најдобар татко на цел свет
Татко ми е јас, за едно триесет години. Нормално дека не зборувам за физичкиот изглед, фала Богу. Во тој поглед, демек сум целата на мајка ми. Но, онака, погледнати ние двете како целина. Вистината, сепак е дека, нити една цртка од моево лице и тело дури и не наликува на нејзе. Но, ете... сум всушност, како што велат: плукната на мамица моја, алиас командантот. Од татко ми го имам наследено неговиот незгоден и чуден нарав Спојлер (нормално дека и многу од убавите карактеристики меѓу кои потребата да имам животинка дома, да зборам со неа, да ги давам последните пари на питачи итн.) . Неговата избувливост, нервоза, брз и остар јазик, желбата за доминација, изолација и милиони други слични деформитети на неговата и мојата личност, кои се дополнети со некои мои лични, од Бог знае каде вродени или стекнати други особини, кои се тотална спротивност од татковово. И Лорд, тенк ју фор дет Инаку од кога помнам за себе, со татко ми сме буквално во студена војна. Не успеавме и воопшто и не одиме во насока да најдеме некаков си заеднички јазик. Се толерираме, некако.... до некаде. Главно, заради мир в куќи - мајка ми. Имаме исти интереси, истите работи ги сакаме, исти работи учевме, слични работи работиме, но сме со спротивставени мислења и ставови за секоја една работа. Па кај нас обично е напорно некој да седи и да издржи кога се гледаат вести, политички емисии, дури и филм. Бидејќи само јас и тој се слушаме. Повеќе зборуваме одошто и тие во емисиите или филмовите. Изгледа како да се караме, дури и кога не се караме, а всушност така си зборуваме... со висок тон (мајка ми ни го мрази тоа ). А и кога се караме за нешто, всушност, не се караме него си дебатираме, си спориме за сенешто, макар и да нема причина да се зборува з атоа, но е.... сцената е нешто во стилот на “тате си го вежба синот, неговото кутренце за битки со светот“. Е, таков и ни беше всушност односот, ама отсекогаш. Ко да бев син, не ќерка и ме спремаше за животот, за што искрено можам само да му бидам благодарна, бидејќи многу веројатно дека сите тие негови провокации низ годините допринесоа да станам тоа што сум... многу поразлична од да речеме брат ми, кој никогаш ги немал тие конфронтации со татко ми, борби за било што, а се добивал буквално на тацна. Кај мене беше борба за искачање, беше борба за каде ќе се запишам во средно, беше борба за факултет, беа милиони услови поставувани за да добијам нешто и прашање беше дали ќе го добијам, беа казни и чудесии, беше борба додека студирав, иако не бев дома, беше борба за работа за буквално се. Татко ми си имаше нешто свое што да каже, сосема обратно од она што јас сакав и нормално дека јас си останав на своето, а не со сведнато главче и „да тато, како ќе кажеш ти“. И ок е, не испаднав буквално некој си муши-туши, мекуш човек, што цмиздри за сенешто, бидејќи имав период и кога, како мала го правев тоа. Кога плачев за секое кутре на улица и барав да го прибереме дома, цмиздрев за секој скитник, за девојчето во прво одделение, што не учеше (ја молев мајка ми да си ја посвоиме и да учи заедно со нас, бидејќи дома немала со кого ) Имам сеуште од тоа, ама имам и од она другото... а баш тоа другото ми годи и ми годеше за многу ситуации во животов, пошто борбите со фацава моја беа и потешки. Си се сакаме во секој случај, на некој наш чуден начин. Си се разбираме ние двајцата, подобро одошто не разбираат другите секако . Веројатно ова е истото, што и многу други деца го имаат со својот татко или мајка, а кои не делат и не делеле прегратки, бакнежи, нежности со своите родители, ама отсекогаш знаеле дека тие двајца би го превртиле светот за нив. Е, тоа сме јас и татко ми
Никогаш немаме разговарано како луѓе, никогаш ме нема прегрнато, никогаш ми нема покажано дека се гордее со мене,едноставно сме како туѓинци кои живеат во иста куќа, не ми е пријатно кога сме во близина...жалам што е така. Најмногу од се жалам, им завидувам на оние кои имаат вистински татко.
Со татко ми сме исти значи,и многу се сакаме.Јас сум му миленичка.Кај и да оди ме бара со него да одам,постојано ме гушка,се зафаќа со мене на зезанција...Ако го замолам убаво,а секогаш така го молам...ми дава се што сакам..секогаш кога ми побара нешто му носам и бидејќи сум така послушно татино девојченце и тој многу ме слуша.Најмногу го сакам и е најдобар од ситее )