исто и јас им завидувам на оние кои имаат вистински татко во секоја смисла на зборот татко кој на све секогаш е покрај тебе
Не сум татина принцеза ама го имам најдобриот татко што може да постои на светот. Секогаш знае да ме утеши кога сум изнервирана или разочарана, да ме насмее кога сум загрижена, насекаде разгласува за моите успеси, сите мои другари и другарки го обожаваат (жива легенда е), секогаш знаел да најде пари за да ги задоволи нашите барања, а ме воспитал така да немам многу вискоки барања и скапи желби. Е сега знае понекогаш да филозофира многу ама тоа е таква му е и професијата.Тоа е човекот што го сакам најмногу на светот и навистина му се восхитувам. Не знам што би правела без него. ЕДинствена негова маана е што е многу добар и што многу им верува на луѓето. Среќа што јас ја немам таа негова особина јас посебична сум
темава навистина ми допре до срце. јас со мојот татко имав супер односи се првин на него му кажував мн голема слобода имав со него но се се смени пред минатото лето..! дознав дека мојот татко се швалерисува со мајката на мојата другаркааа..на почетокот не верував во тоа .. мислев дека е се некоја случајност но откако се запнав да дознаам што е и како е.. стварно испадна така.. ги следев и ги фатив на делоо..! на мајка ми и брат ми немав срце да им кажам затоа што знаев дека тогаш се ке се срушеше па затоа бев во тајна отворена војна со татко ми..бунтував по дома не си доаѓав домаа сите се чудеа зашто е тоа така ама добро е не се дозна..не зборев со него може едно 5 месеци.. и мајка ми почна да приметува полека полека и се посомнева.. па морав малце да се смирам! со него постојано бев во префрлања и проблеми му се дерев го пцуев викав цела омраза му ја плескав во лице.. и тоа мн го болеше што еден ден клекна на колена пред мене и ми се извинуаше али тоа не беше доволно..и ден денес ке му го памтам тоа.. еве колку време помина веке една година сега во септември али уште е исто..никад веќе нема да е поразлично. он беше се у мојот живот ама сам заслужи да стане никој и ништо. така и ке остане тоа!
Немам нешо однос со татко ми кој знае каков,де он ќе ми свика де јас,демек ништо не сум го слушала,ништо не сум работела по дома,он изгледа сака по бавча да му копам шега де..ништо не му кажувам повеќе со мајка ми ама не често
Иако не сум татина маза, можам со сигурност да кажам дека тато е најдобриот татко на цел свет. Многу често знаеме да седнеме и да направиме убав муабет на било која тема. Знае да ме поучи, да ме посочи на прави патишта... Со оглед на тоа што имаме исти, ама баш исти карактери (инаети и тврдоглави) знаеме понекогаш и да се потскараме. Но лутината на двајцата брзо ни поминува и после тоа е како ништо да не било. Многу работи, и има денови кога по цел ден не го гледам, но секогаш знае да ме гушне и бакне искрено од срце. И да, секогаш е полн со изненадувања.
Никаков! Јас за него сум едно обично ѓубре,предмет од кој цедам пари,незнам што.(демек незнам колку пари ми дава,одвај за 100 ден. се молам,а нема ден а да не е во кафана) И се додека така се обраќа и тој за мене ќе е обично џубре!! И да можеби и го мразам поради сите "убави" зборови што ми ги има кажано и сите шлаканици што ги имам изедено. НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАБОРАВАМ!!! За родендено ми пиша порака те сакам најмногу на целиот свет....хаххахахах сега ме засмејува!! Тој ме сакал...Да спомнам дека 9 месеци муабет не ми праеше господинот,оти додека ја тепаше сестрами,бранејќи ја неа го удрив односно го допрев. Само сакам да завршам да се вработам некаде,да имам пари да опстанам и в врква ќе се заколнам дека нема да ги видам веќе!!! И јас им завидувам на оние кои имаат вистински родители,барем еден. Јас сум од двајцата оставена! И според нив јас сум кривата!!! А толку сакам татко кој ќе застане зад мене!!! Среќа Господ ми даде други личности кои ќе го заменат нивното место!!
Односот со татко ми за жал е за нигде...Никаков. Пред ете за некој месец десет години ќе се напрат одкако почина мајка ми. Јас имав само 7 години, а брат ми поголем имаше 13. Тогаш на почетокот се држеше, се бореше и за себе и за нас. Памтам ми кажваше дека нема ништо да се смени дека тој ќе биди тука за мене секогаш и дека ако треба секој ден ќе ме носи кај мајка ми на гроб. Ама како шо поминваше времето почна многу да пие и да пропаѓа. Не го познавам, незнам кој е а и тој незнај која сум јас. Прајме ретко муабет површен, никогаш ме нема прашано дали имам некаков проблем или слично. Рака на срце пари секогаш ми дава колку шо можи, има многу грешено во животот јас то го знам го гледав ама јас не сум никоја за да му судам. Само шо незнам неможам целосно да му простам.Свесно му проствам за се, знам дека овие десет години плати за се шо имаше напраено...Ама подсвеста е лоша работа. Немам многу луѓе во животот освен брат ми и тетка ми ...И се разбира другарките шо се до мене цел живот.
Мене тато ме сака мн и се ќе направи за мене бидејќи сум му единствено дете.. брат ми е од првиот брат на мајка ми. Многу често ми се дере и премногу се грижи за некои работи дури и ме омаловажувал и се.. ама секогаш сум можела да отидам да го бацам да го гушнам, па и ден денес. Знам дека порано кога ќе ме удреше а дали ме има 2-3 пати удрено онака убаво, и ако почнам да плачам или да не му правам муабет стално иде и ќе ме баци и ќе каже дека за мое добро ме удрил, оти се грижи за мене. Така да, не ми недостасувала љубов од родителите, само со мама ретко мн ретко скоро ич не сум се гушкала или слично. Знам порано и за добра ноќ ќе ги бацнев на образ па ќе си легнев... и ден денес навечер кога ќе влезе ќе ме покрие и ќе ме бацне Само јас како му враќам... :/ многу сум мрзлива, не помагам мн по дома дека повеќе време го минат на работа и 2-3 реда муабет дневно не правиме..
Охх тој однос татко-ќерка до пред една година не сум ни знаела што значи, не дека не ми фалел, ми фалел цел живот покрај мене, мајка ми колку и да се трудела НИКАД не ми било доволно, сум имала потреба ко сите други деца од два родитела, но з пред една година мојот очув го преименував во татко, зашто човекот стварно се постави со мене како со ќерка, никад не му сметало тоа што не сум негово дете, ме гледа и чува ко негово дете, иако сега на 20години немам нешто потреба ко што сум имала,ама ми е премногу мило што го имам и што за се нешто е тука за мене . Не е родител тој што ке те направи, Родител е тој што ке те исчува и ке ти даде родителска љубов.
Јас со татко ми имаме убав однос иако моите се разведени и тој не живее со нас но сепак доаѓа секој дневно многу ме сака иакоимам брат тој ме смета за едеиница и многу ме размази но јас нео неможам дека го сакам или него сакам спрема него имам чуство на омараза и на љубов но нема да му простам тоа што се разведоа но сепак тој за неме еден од најдобрите татковци ми се наоѓаза се имам се нашиот однос е перфектен според тоа што не живее со нас
Со биолошкиот татко односот ни е онака ,као другарски ,па уште и батка ми вика Ама најмногу ме нервира што сме исти - и фаца и конституција и карактер и се! Никогаш не сум му рекла тато ниту пак ќе му речам некогаш,фаца низаедна Затоа ,пак ,психолошкиот ми тате е петка човек ,си се слагаме ко тој да ме џвркнал ,си се почитуваме и се со ред. Па на крај краева ,тој ме израсна ,ме воспита ,ме научи да бидам човек во секоја смисла на зборот !
Најсилниот маж кој за мене постоел, постои и ке постои е мојот татко! Ништо лошо или чудно. Нормални односи, пошто ... не само што си личиме туку и во карактер сме исти, понекогаш сме тврдоглави (не ти ... јас; како бе ти јас итн) па се скараме. Ама тој е стрелец а јас риба (во хороскоп) така да за некои неслоги си зборуваме, ако се скараме тој ми објаснува итн. Татко како татко си имаме одлични односи
еднаков на нула мојте се разведени одамна, од пред 13 години...од тогаш до денес дали го имам два-три пати видено ама па и ич не ми недостига! никогаш не бил тука за мене, а ми требал не дека не, посебно кога бев помала, ама сега веќе не ми треба и не скам ни да го видам! стјупид пис оф шит само една случка ќе ви раскажам... пред 5 години беше. на тогашниот роденден добив поклон од чичко ми(ианку печалбар од прекуанските земји) авионски билет да одам кај него... и се јавува старецов мој, откако се вратив и ни да праша, жива ли си здрава ли си, него ми вика од кај ти тебе пари да одиш, да не си станала спонзоруша а бе марш у пм и тоа беше последниот контакт...
jas mojot tatko go mrazam najvise na svet i e golem gad [mod-kirilica:1jcoroaa][/mod-kirilica:1jcoroaa]
татко ми е чуден човек.. понекат знае да се напие и да треска глупости.. ко и секој човек .. но понекат и знае да се израдува повеке од мене на моите успеси.. сака коа е горд на мене и го чека денот коа ке рече - е тоа е моја керка ! со одредени мои работи и постапки знам дека го имам разочарано но пробувам да бидам добра и да не се повторуваат истите грешки.. а коа се караме тоа е секогаш заради школо и моите оценки...
односот со татко ми ми е океј..не сме ни премногу блиски ни премногу далечни..секогаш кога ми е потребен е тука,знае да се радува на моите успеси,да биде тажен кога сум и јас..значи сосема океј..си го сакам,е ме сака ..
Почнувам да пишувам и бришам...веќе неколку минути...каде ли да најдам зборови прво да опишам колку ми фали а потоа да опишам каков прекрасен беше тој. Полн со разбирање,толеранција,љубов.Колку беше добар.Душа човек.Не лажам ако кажам дека повеќе го сакав.Се разбиравме со поглед.За се се консултирав со него,со мајка ми не.Дури и за дечковци.Најважно е што секогаш ме подржуваше а некогаш ме пушташе да згрешам и да научам,без да ми рече-Ти реков.Колку убав однос имавме.Си имавме наши денови,кога тој службено доаѓаше во Скопје,и секогаш наоѓаше време да излезе со мене на ручек,на кафе,да си позборуваме за се. За викенди ,секогаш не будеше со сестра ми со бакнеж во челото нестрпливо повикувајќи не да станеме сите заедно на доручек.Тој негов нежен бакнеж во чело,даруван со топла насмевка и љубов голема,ми фали проклето.До неповрат. Секогаш жртва за нас,пример мој.Имам многу да пишувам,толку спомени и убави работи.Но доволно е,да ви кажам колку дека го имав најдобриот татко на свет! Криво ми е што тоа саботно утро кога замина засекогаш,не не бакна со сестра ми.Станал и брзал да купи работи за да припреми мајка ми нешто вкусно за саботниот ден.Не се врати.Доби бакнеж од нас,за последен пат
Како мала бев блиска со татко ми, а сега веќе не тој е многу променет.Разговараме многу ретко,само кога имам некаква потреба а и многу малку се гледаме.Додека со мајками сме доста блиски Штета немам таков татко како што одсекукаш сум посакувала да имамкој би знаел се за мене би се гордеел со мене а јас со него.Тоа е живот неможе се да биде погодено.