Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос татко - ќерка

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 7 мај 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.154
    Од кога знам за себе мојот татко,секој ден откако ќе се врати од работа при нашата прва средба да ми ја бакнува раката...неговиот изговор е,те учам да бидеш дама! И секогаш рацете му мирисаат на чисто.
    Ете тоа си е татко ми...морав ете да кажам,зошто пред малку си дојде дома и го направи токму тоа. Забележав колку ми влегло во навика тој негов ритуал,што веќе не го ни забележувам како чуден и посебен.
    Нели е мангуп?! Ете зошто имам нереални очекувања од мажиштава,оваа мајка ми била среќна мома,а кога ќе и го кажам тоа,ми вика,да,да,збори ти така,фрлил чорапи онаму,весниците ги оставил,се нешто му смета,кај и да е влакна на ушите ќе почнат да му растат! :D
     
    На senza.parole, sanjaeva, ViktorijaMari и 3 други им се допаѓа ова.
  2. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Нашиот однос-коректен.
    Ме кара за оценки, за учење, ако покасно се вратам дома, ако не си собирам по мене и други ситници.
    Он е тој кој ми ги има измислено надимаците и од ден на ден се во поголем број!
    Се зезаме по дома ама не сме како другари да кажеш.
    Го фаќаат некои периоди малце :x ама таков е.
    Сеа не влечка по ручеци со сестра ми, ни готви. :D
     
  3. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Татко ми ми е како пријател,знам дека никогаш не би ме изневерил и би ме прекажал.
    Тој ми го посакува најдоброто.
    Сака да завршам нешто да си имам школо,ме кара за оценки и за тоа кај и да одам со ум да одам.
    До сега секаде сум пуштена,се ми има дозволено (се разбира во рамките на моите граници),ме има подучувано и ми има совети давано :)
    Кога му кажав дека имам дечко..СЕ РАСПЛАЧЕ :lol:
    Си го сакам татичко,за мене тој е најдобар :hug:
     
  4. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    одличен каков што треба да биде
     
  5. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Застарен, примитивен, чуден, никогаш не разговарал со нас (децата), сомничав во способностите наши, неподдржувач...уф, со самото тоа што побарав ваква тема на форумов за да имам каде да го оставам бесот од вчерашната расправија кажува каков ни е односот, немаме однос.... браво за сите татковци различни од овој мојов
     
  6. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Нормален...имам и брат но кај нас во семејството јас сум поблиска со татко ми, а брат ми е поблизок со мајка ми....иако сум мажена сепак го почитувам и сакам...секогаш кога сум во невоља тој ми помага, се разбира доколку тоа не можам да го решам со мојот сопруг....
     
  7. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    татко ми јас си го сакам имаме добар однос но постојано ми вика за отцените зошто сум имала 4? зошто не петка
    епа толку сум знаела што е сеа иначе јас често се инетам и постојано се караме ама и постојано се шалиме :)
     
  8. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Татко ми го сакам најмногу на цел свет!!!!!!!!! Страшно ми недостига ;( тој беше светлина на мојот живот. Секогаш ме учеше на најубавите вредности во животот, ме тешеше кога ми беше тешко, ме учеше да размислувам позитивно, да не се плашам од ништо. Јас и тој бевме посебно поврзани , со поглед се разбиравме... Ми ја покажуваше светлата страна на животот, ме учеше да се радувам на мали нешта, никогаш не ме форсираше за ништо, јас бев таа која се нервираше ако добијам послаба оцена а тој секогаш ми велеше дека не е важна оцената, да се опуштам и да го пуштам мозокот на пасење. Имаше многу доверба во мене и јас гледав да не го разочарам. Многу бев поврзана со него и ден денес постојано го споменувам зошто остави силна трага во мене...ме учеше да уживам во животот зошто животот е краток... и навистина за него беше краток ;( .... после неговата смрт многу повеќе се зближив со мајка ми.
     
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    8.249
    Не постои кај мене. Само трауми и белези.
    Грозно е да знаеш колку лесно некој се откажал од тебе. Некој чија крв тече во твоите вени, некој чиј физички особености си ги наследил.
    Да немаш кому да му кажеш тато.
    Грозно е кога во цело друштво зборат за тоа како ги галат татковците, како имаат татко-најдобар другар.
    Грозно е кога некој ќе отвори ваква тема а тебе инстантно како некој да ти ја распарал утробата.
    Грозно е кога ќе фатиш дечко, а немаш храброст да објасниш зошто не го спомнуваш.
    Грозно е кога нема со кој да разговараш за тоа колку те боли односот што го немаш со татко ти.
    Грозно е што некои луѓе не сфаќаат колку те боли таа тема.

    А најгрозно е, што сеуште чекаш да се појави од некаде, после една деценија...
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Mојот татко и јас. Iскрено мојот татко и јас не сме многу блиски како сто сакам да сме. Tаткоми е строг цовек секогас ни викал но тоа го правел за насе добро.цесто ми вика па седеме со недели скарани но знам дека не е така лос како сто изгледа и прави. Nакратко тоа е ни мн добро ни мн лосо од 1 до 5 јас сум на 4. Iако од секогас сакав да е како мој другар брат но сепак е о. Cовек во години како сто годините се така и он. Gоспод да ми го цува и он и мама :)
     
  11. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    23
    Мојот однос со татко ми..Ахх многу другарки ми имаат речено дека ми завидуваат на тој однос.Го обошавам,ме обожава.Никогаш ништо ми нема забрането,за се ме има сватено и едноставно немам тајни.Многу пати ми се има случено да му немам кажано некои работи а тој сам дознае...Понекогаш кога се размислам сватам дека сум всушност премногу уалено дете поради тој однос со татко ми ама тоа е што е :))
     
  12. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Го обожавам татко ми.Како единица ме гледаат дома и ептен ме размазија
    Брат ми е на факс во друг град и јас сама дома милениче а и бато воопшто не се јавува последната година само кога ќе си дојде разговарам со него ,ни ми се јавува на тел. а и кога дојде немавме што да зборуваме.Ептен се оддалечивме...и многу ми е крво.Порано нон стоп му се јавував икога видов дека му досаѓам го оставив.истиот е и со моите и така тато му е по малце лут и сега јас сум татина маза.
    Всушност и одсекогаш било така и иако не му кажувам некои тајни тој некако ме разбира и ме советува,како да знае во што е проблемот.
    Со моите дома сум во добри односи,единствено ми е криво за бато,ама ако смета дека не сум му потребна и тој мене не ми е ;(
     
  13. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    татко ми едноставно е најдобриот татко на свет :)
    отиде во странство за маста да му ја вадат за дома да ни донесе парче леб. :(
    една роднина денес ни беше на гости таа е во странство таму кај татко ми и ми кажуваше како од 5 часот насабје до 11 навечер работел на тие огромни вили,премногу се оптеретувал,воопшто не јадел.
    едноставно кога го слушнав ова мислев дека душата ми се кине. ;(
    и пред некој ден повраќал лошо му било се разболел мојот татичко ;( ,од човек цврст како карпа почнал да има проблеми со здравјето ;(
    парите што му ги давале за исхрана тој ни ги праќал тука,јадел само леб и нешто што тој ќе си зготви ;(
    Душата ми се кине кога ќе помислам на него,многу ми е тешко.
    маста му ја вадат а за што?за една плата која не стига за ништо?! :doh:
    толку си го сакам татичко што многу ми е тешко дома без него,дури и повеќе го сакам од мајка ми.
    само сакам да слушнам дека татко ми е подобро дека не е болен,барем малку ама малку ќе ми се смири душата иначе и така немам мир мислејки дека за времето додека јас спијам татко ми работи претешки физички работи... :x :worried:
    едноставно се радувам кога ни се јавува и сакам само са слушам најдобри работи за неговото здравје
    I LOVE YOU DAD. :hug:
     
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Луѓе ја едноставно неможам да се смирам моментално цела се тресам незнам зашто.

    Ми се јави нема везе , ама увек кога ми се јавува ме потресува се тоа незнам, се осеќам ко вулкан а во него лава од бес и гнев . Го мрзам едноставно го мрзам!
    И сака да дојде да ме види, неможам луѓе незнам како ке застанам мирна пред него ја сега плачам од бес а тогаш ???
    И ми збори на тел со какво лице ми збори копиле дека ми бил татко и дека се грижел за мене кога од мои 21 година последниве 9 месеца 10 незнам му текна дека постојам. Се понаша ко ништо да не било. Ме нервира луѓе го мразам. неможам едноставно психички ме убива се ова ради него. Што знам дека немам храброст се да му плеснам у лице , а држам и трпам све осеќам дека ке полудам, ми се гади од тој човек.

    За него нормално било да сум лута оти нели татко му исто го оставил па и он бил лут демек ... НОРМАЛНО ??? Ја психа и живот заебав поради него. Што незнаев како со луѓе да се справувам. Што секад сонував за нормално семејство. Што никад не ми било јасно зашто баш ја мора вака да живеам. Зашто незнае да се јави ко татко нели да праша да не ми треба нешто ?? Да ми се јави на роденден да ми честита ...

    И ја нормално се осеќам ???

    ЗА него мајка ми е крива незнаела како да ме воспита. Со кое лице ми збори вака ??
    Каква таква мајка ми е , знам дека ме сака и дека ме сакала, даде се за мене женава и он уште ке вика она незнаела да ме воспита ??

    Уште ја брани сестра му за која ме рачунаше дека не постојам уопште ??

    И како да се осеќам ? Како да го сакам бре .
    Го мрзам !!!!!!

    Оххх само се надевам на некоја енергија да можам ова да го издржам и да застанам пред него .. Ми иде бре у фаца да му плукнам ...

    И криво ми е , ради копилево осеќам грижа на совест што неможам уште да и кажам на мајка ми дека ми вртел и дека ке доаѓа .. Немам срце да и кажам ... Се осеќам ја крива, ко да ке ја предадам ако се видам со копилево
    А морам да се видам со него да расчистам можда , да се донесам до сам крај на психава моја ама сакам да му кажам се. Сакам да пати .....

    И џабе ми вика дека ме сака џабе му е се....

    Ми спушта муабети за барбика шо ми ја купил да единствено нешто што сум побарала од него И сеа ми спушта муабети како ја незнам да ценам и да чувам од него ????

    Арно му кажав дека е материјално тоа и дека не ми е гајле ...

    Офф леле неможам

    Копиле, уште ке ми спушта муабети како тоа ја само сум ги ценела роднините од страна на мајка ми ?? Па поголем дел од нив они ме исчувале. Ујко ми и Дедо ми ми беа ко татковци, од нив гледав некаков пример ... како може бре да го каже тоа копиле едно.

    Еднаш не се појавил кога ми требал сеа најде да ми збори ???

    Све што сакам е да пати дупло од ја шо сум патела и да плати за се у живот за се!!!!!!!!

    “Тато“ Те мрзам !!!!!!! .!.
     
  15. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Најдобриот човек што постои во мојот живот. Не знам што би правела без него. :sun:

    Ми недостасуваш тато . Едвај чекам уште 1 месец да дојдам кај тебе :l:
     
    На babymama и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  16. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Не да сум поврзана со него,па јас не можам а да не го видам секој ден или да не го чујам,тоа е за мене невозможно,ако ми е тешко се знае прво него му кажувам,ако му е нему нешто тешко и тој мене ми кажува,ушто од мала ептен бев поврзана со него и ден денеска е така,ептен си го сакам мојот татко,никогаш во животот ме нема ниту удрено ниту писнато,ниту прозборено лошо,а јас кога бев во пубертет па душата му ја вадев не знам ни самиот како ме издржа,али нели за џабе е татко,тај е најдобриот татко на целиот свет кој секогаш е со мене и во добро и во лошо
     
  17. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    ТАТО - човекот поради кој денес јас и сестра ми сме тоа што сме.
    Малку знае да се развика кога ќе прашаш нешто но во 99,9 % е во право.
    Знае да го даде најдобриот совет и правилно да те упати за се, можам да се потпрам на него за се.
    Понекогаш му се лутам :!: но и покрај се тој е совршен татко.
    Сеуште пред очи ми излегува сликата кога со метална шипка и по цена на својот живот ја спаси сестра ми од манијакот ;( како ми врзуваше шашави репчина и ме облекуваше кога ми беше скршена раката, како беше над нас кога бевме болни и мн други работи.
    И секој ден додека ручаме (речиси секогаш сами двајцата) си разговараме со тато за се... за факултетот, за тоа каде бев вчера, па се договараме што треба да се сработи...
    ТАТО Е ВИСТИНСКО ЗЛАТО :l:
    ти благодарам татичко :bow:
     
    На babymama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Не сум блиска со татко ми. А не дека не сум сакала близина или нешто такво, често сум ги гледала другарките како се гушкаат и смеат со татковците и сум посакувала да имам таков однос, ама попусто. Татко ми е таков човек, поголем дел од времето е намќор, се фаќа за најмала работа и се лути, се дере за глупости.. И најдобро ми е јас кога си седам во соба, он да е што подалеку од мене.. дури чувствувам олеснување кога тој е на работа. Среќа, него можам полесно да го излажам на пример ако одам со него, му велам одам со другарки, и не ме распрашува дотолку и ми верува, за разлика од мајка ми. А за попуштање, на пример да останам подоцна, уште построг е од мајка ми. Претерува многу, и не може да се разбере од збор ко човек, па затоа неможам да бидам блиска со таков човек.
     
    На Saxobeat му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Artist14

    Artist14 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Најсјаен ни е односот со татко ми.Личноста која најмногу ја сакам,секогаш му кажувам за мои интересни дешавки,му ги покажувам моите симпатии,барам негово мислење,можеме да разговараме за секоја можна тема.Секогаш барам совет од него во што и да било,знам дека само неговите совети можат да ми помогнат и да ми го покажат вистинскиот пат,нормално некогаш и ние имаме некое недоразбирање, но тоа трае само неколку минути.Тој секогаш е мојата поткрепа и е најафторитетниот човек што го знам.Едноставно со него најлесно ги решаваме живвотните проблеми :D :D ,се шегуваме,расправаме и сите тие убави работи што ни го прават односот најдобар што може.Кога не се чувстувам добро само украдам негова прегратка,бакнеж,топлина и најдобар совет,тогаш блеснам со надеж.Незнам што би правела без него.Го сакам !!! ;)
     
  20. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Јас сум татина маза. Без татко ми не знам што би правела. Тука ми е за совети, тука ми е за помош, се би направил за мене и јас за него. Исти сме во карактер, и двајцата јарчиња. Знаеме да се закараме, и после тоа јас паѓам болна а и тој, се до денот додека не се смириме.
    На татко ми прв му кажувам се, и добро и лошо.
     
    На ripkata му/ѝ се допаѓа ова.