Имам одличен однос со татко ми и многу сум благодарна на тоа. Ретко кој од моето друштво се разбира добро со татковците, јас сум една од ретките. Си имаме израдено супер однос, се зезаме кога е за зезанција, правиме сериозни муабети кога треба (сеа не мислам за женски муабети, до толку не сме блиски). Никогаш не ме повредил, никогаш не кренал рака на мене, знам дека ме сака повеќе од животот (ми иде да се расплачам додека го пишувам ова). Можеби овој супер однос е резултат на тоа што имаме колку-толку слични карактери, ама јас сум претежно свој човек, иако нормално имам некои карактерни особини и на родителите. Благодарна сум што ме разбира, што ми верува, поважно нешто од тоа мислам дека нема. Не сум татина маза, разгалена принцезичка, кога нешто не треба, не треба, веќе знам како функционира, па затоа за работи за кои знам дека ќе добијам негативен одговор не го ни прашувам. Како и да е јас не знам што би правела без овој човек, не знам што би правела без двајцата, дефинитивно не би била човекот кој што сум (а за себе сметам дека сум добро оформена личност). Да ме праша некој сега да си ја пресечам раката за него, би го направила тоа.
Иако ретко се гледаме низ дома, т.е само на верер, но кога ќе ми треба за помош секогаш е тука за мене.! Ми ги дава најдобрите совети што може, и секогаш вика мое е дали ќе го послушам или не.. Сега за сега го слушам се, а понатака ќе видиме.. Кога сме со пријатели кога разговараме секогаш ме фали.. (баш ми е убаво тоа), и да не сум во право нешто тој си ме брани
Имам одличен однос со татко ми секогаш кога требаше да одам некаде на екскурзија со другарите од училиште никогаш не ми забрануваше и секогаш ќе ми каже дека сама треба да одлучам дали сакам да одам или не.Секогаш ме поодржува кога ќе донесам одлука за нешто.
Повеќето ќерки имат подобри односи со мајките, а најчесто се карани од татковците, а кај мене е обратно Имам одличен однос со татичко, и со мама, ама тато е подобар Се обидува да ми овозможи се што ќе посакам (океј не се, не сум до толку татина принцеза ), иако не сме во толку добра финансиска состојба а 3 деца сме (од кои едниот брат ми е во Америка за студирање, а другиот има 26 години а ништо не заработува).. Кога и да посакам да одам на екскурзија или кај другарка, или на вечерно излегување, секогаш ме пушта, за разлика од мајка ми која секогаш прво се противи, ама потоа омекнува Ама добро, не е се толку розово, и ние се караме понекогаш а најмногу ме нервира кога ќе се онесвестам или разболам и ќе почне да ми вика зошто не јадам, зошто не се пазам и др. такви работи.. Кога и да се случи тоа, само игнорирам и бројам до 10, некогаш му возвраќам, некогаш си ќутам Само да се надевам дека сега кога повеќе ќе навлезам во тинејџерските години, нема да му правам многу проблеми
Ми закажува прегледи на гинеколог Сериозно! Мојот матичен гинеколог му е пријател уште од времето, по некоја линија и колега, а бидејќи е доста зафатен и има многу пациенти, тато кај него ми закажува прегледи преку ред Не сме премногу блиски, нормално поблиска сум со мајка ми кога станува збор за женски муабети. Меѓутоа она што повеќе ме врзува со татко ми е тоа што сум целосна копија на него. Физички личам премногу на него, но и карактерно. Имаме исти интереси, делиме исто хоби, на ист начин размислуваме, и поради тоа разговорот со него ми е пријатен. Можеме да се разбереме. И секогаш си велам - ако најдам маж како него, ќе бидам пресреќна!
Јас имам одличен однос со татко ми.Целосна копија сум на него,физички но и во катактер.Секогаш се разбираме,размислуваме исто,никогаш не сме се карале,секогаш се сложува со моето и мислењето на мама,понекогаш готвиме заедно и ми ѓи исполнува сите желби.Навистина многу си го сакам ТАТО
И јас сум цела на него,и физички и карактерот.Се разликуваме само што јас сум женско,ама мн личиме.Нашиод однос така-така,некогаш добар,некогаш,ама битно знаеме да се разбереме,и битно не е строг,ми дозболува мн работи и кога да му побарам пари ако има дава,ама мн не збориме,кога како.
татко ми го гледам многу ретко 1 во годината затоа што моите се разведени......немам некој баш посебен однос се и кажувам на мајка ми....
Никогаш не сум го запознала мојот биолошки татко, а сега ниту ми треба. Но затоа сум многу приврзана со мојата мајка.
ако со некој се согласувам најдобро тоа е мојот татко и затоа го сакам најмногу од се ма светот буквално за се сме исти.
Па, мојот татко е мојот херој... Тој е навистина одличен, добар е со сите, секој го знае, знае се, од историја до билогија, тој е како што велам јас Универзален. Мојот сопствен идол! Love you DAD!
Си имам супер однос со тато...секако не збориме за женски проблеми ама си го имаме разговрот,физички сме исти и карактерот ни е ист збориме за фудбал заедно гледаме и други работи и можам поубаво да зборам со тато отколку со мамаа кога ќе се запречкаме му возвраќам и он знае дека никогаш не му ќутам и си се разбираме ние...
Најубав однос на светов . Него се можам да му кажам, никогаш на косо не ме погледнал за нешто. Е сега добро сигруно нема да му кажам еден ден кога ќе имам дечко и што се ќе правам со него, нели хахахахахах, ама би му кажала дека имам дечко, не би криела од него, како што прават често девојките и нивните мајки. Имаме зборено за СЕ. Се што можете да си замислите во главата, дури и за женски теми, за се се се !!! И многу го сакам татко ми . Тој е мојот херој, личноста која секогаш ќе ме разбере и личноста на која се можам да и кажам без да се плашам дека ќе каже некому. И со мајка ми секако имам одличен однос, нели мајка - ќерка односот е поретко да се види дека дека не е добар отколу татко - ќерка ! Многу ги сакам !
Поголем ропак од него нема. Немам ама баш никаков однос со дотичниов. Гледано од комуникациска гледна точка, избегнувам да зборам со него. Полесно ми е на мене, не за друго. Сличности имаме огромни, што ми е многу, многу жал. Ама и покрај ова, чувствувам голема одвратност! Одвратност од душата што му смрди на гревови!
Секогаш ме поддржува, ми помага за се и знам дека се ќе направи за мене и семејството. Имам многу сличности со него и физички и карактерни и многу се согласуваме. Ништо не ми скратил и не ми забранил и никогаш не ме разочарал. Абе најдобар е. LOVE YOU DAD
Па татко ми само работи по цели денови и не сме мн. блиски. Не сме се виделе повеќе од 1 месец. Тој само ми дава пари и ми плаќа кирија, и толку. Најмногу се гледаме на семејни средби(за празници, родендени и др.). Односот ни беше подобар пред да почине мајка ми, а откога почина таа како да изгуби волја за живот... Се помалку се смее, само работи и ништо друго....
Како што сум блиска со мама така сум и со тато.Можеби не дотолку али сепак блиска сум многу. Му кажувам се,што мислам дека треба да му кажам.Секогаш е тука да ме советува и да ме поучи.И да,секогаш е покрај мене кога ми треба било каква помош.Ајде да не речам ама ќе речам татино галениче сум. Во врска со љубовта,му го кажувам само тоа што мислам дека треба да го знае. Како и да е јас си го сакам тато најмногу
Јас сум татина маза. Т.е бев. Со мене секаде, само ме носи, ме префрла со кола, ми купува работи. Сега кога порснав и станав девојка, почна и на шопинг да ме дружи. За матура ми бираше штикли За првиот дечко ме сфати, ми дозволи да имам, само со памет во глава. Некако ме разбира повеќе од мајка ми. Мајка мие повеќе со сестра ми. Сега веќе кога станав повозрсна, татко ми се отргна некако, и ретко правиме муабет. Секој ден работи, јас на факс, и не се ни гледаме. Мака ми е што, сам се отргна од мене. Не ме ни гушнал оддамна, не правиме муабет за дечковци, за мене. Незнам дали сам се отргна бидејќи пораснав или таков си е човекот. Кога наполнив осумнаесет не ми ни честитше роденден. Најверојатно човекот е под притисок некое време, па малку се олади. Мајка ми пак, тврди дека цел живот бил ладен кон сите. Не верувам! Бидејќи до пред некоја година, беше супер. Сепак, он за мене е најдобриот татко, и си го сакам најмногу на свет. (Иако кога јас и он се караме, цела населба слуша ) http://www.youtube.com/watch?v=_D1QDfyIgLU
Ептем сме блиски, ептем ме разбира скоро за све му кажувам, и со мајками сум блиска ама со таткоми малце повеќе и за шопинг некогаш доаѓа со мене Немам ни најдобри другарки пред кои можам да плачам да се искажам што ми е како се чувствувам да добиам совет не ми се ни потребни го имам него тука секогаш за мене Неможам ни да го замислам животов без него до толку сум зависна.
вчера плачев, ме повреди татко ми на никој друг не му се љутам било што да ми каже ама на татко ми не му дзволувам да ми каже ниту еден лош збор зошто премногу го почитувам и го сакам и го ценам дури и повеќе од мојот сопруг ете таква сум вчера неможев да се смирам од плачење денес глава ме боли сопругот ме тешеше ама не заборавам ,еден прост збор да ме навреди татко ми мене ми се ствара тешка болка во душата неможам да ви ја опишам само со него е така а никогаш во животот не сум му згрешила ни развикала како јагне сум кога сум со него вчера некој да видеше за која ситница зборам ќе ми се смееше ама за мене не е ситница на пример и крава да ме нарече или глупа јас му се љутам зошто не сакам да очекувам тој така да ми каже а ако нешто повеќе ме навреди ми е страв дека никогаш нема да му простам се натажувам и кога ќе ми се развика ама повеќето незнам дали е нормално ова девојки што толку сум осетлива и строга спрема татко ми