Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос татко - ќерка

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 7 мај 2010.

  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.442
    Допаѓања:
    17.088
    Како помала го сакав најмногу за свет, дури повеќе од мајка ми. Жал ми е поради тоа.
    Сега кога пораснав и почнав да сфаќам некои работи, сфатив колкав глупак е он, колку го мразам. Избегнувам да комуницирам со него. Поголемо ѓубре од него на овој свет нема. Толку.
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Немало јагоди во септември?!
    :D
    Тато мене донесе, погали по ушенце и бакна по слепоочница :)
     
    На Ariel, Maroon5, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Мојот однос со татко ми не е ни приближно до тоа каков би сакала да биде.

    Уште од малечка татко ми го гледам еднаш неделно. Кога бев помала ме земаше на спиење, сега се гледаме дури еден час неделно. И тоа не е по моја волја. Да требаше јас да бирам, би сакала да можам барем неколку дена да бидам со него.

    Кога бев помала имавме поблизок однос, а сега сме некако ладни и резервирани. Не ни имаме некои посебни теми на кои би можеле да разговараме, нашата главна тема е моето образование, сестра ми и тоа како го поминувам денот. Никогаш не бил доволно добар татко и никогаш не ми обрнал доволно внимание. Да, знам дека треба да сум среќна што воопшто имам некаков однос со него затоа што некои ни тоа го немаат, но мене тоа не ми е доволно.

    Со години ми нема кажано дека ме сака, со години ме нема гушнато. Јасно ми е дека можеби немаме шанса да се гледаме почесто, но барем нашето гледање да биде подолго, да не се заснова само на еден час во кој ме носи на доручек, ми прави три-четири реда муабет и ми дава пари. Не ми требаат ниту неговите пари, ниту неговите одобренија за некои работи, ниту ништо материјално. Сакам да се потруди околу мене, онака како што се труди околу сестра ми. Сакам да издвои време кое со задоволство ќе го помине со мене, сакам да се заинтересира за мојот живот, дали имам пријатели и како се согласувам со нив, дали сум заљубена, дали имам некаков проблем, а не само за тоа колку ми оди математика, а колку македонски. Сакам да ми покаже дека ме сака. И да, љубоморна сум и на сестра ми бидејќи таа го има постојано околу неа, го има целото негово внимание, го има сето тоа што јас никогаш не сум го имала. И тоа ме боли. Ја сакам и неа, но него го сакам повеќе.

    На крајот на краиштата, можеби ни јас никогаш не сум била доволно добра ќерка. Но сето тоа е негова вина. Тој направи мојот однос спрема него да биде таков каков што е, тој ме натера да не му кажувам колку го сакам и колку ми значи. Срцето не ми дава да го гушнам и да му кажам дека го сакам.

    И покрај тоа што никогаш не ми било тешко да кажам дека моите се разведени и дека не успеале да функционираат како што треба, татко ми ми е болна тема и слаба точка.

    Колку што го сакам, толку и го мразам. Ми буди убави спомени, но дупло повеќе лоши. Но сепак, татко ми е, крв ми е, иста сум на него и некои работи му ги простувам.
     
  4. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    За мене е херој и сум приврзана повеке со него отколку со мајка ми
    дали тоа е резултат на тоа што секогаш ми дава добри совети,ми ги опростува грешките
    ме жали,ме разбира....како и да е тој е најдобар,си го сакам многу и ке се трудам повеке
    да не го разочарувам....те сакам татенце :)
     
  5. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Не сме баш другарчиња и често се расправавме за глупости ама сега ми недостасува. :(
     
  6. Chuck-Bass

    Chuck-Bass Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    21
    Односот ми е најдобаррр... татка мој е закон ;) ;) .... многу ми недостасува.... веке 3 години не живеам со моите , живеам во друга држава... и сега со душа ги чекам да ми дојдат на гости..... :inlove: :inlove: :inlove:
     
  7. catsruletheworld3

    catsruletheworld3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    27
    имаме мноооооооооогу слични карактери, значи јас сум плукната на него, и поради тоа баш не се разбираме баш најдобро... а и факт е дека цел живот сестра ми е во прв план за него, се што сака добива, а не дека нешто заслужила повеке од мене...ама ај. за тоа сите ми викаат дека тресам глупости, така ми се чини и сл. ама така стојат работите тоа е... а мајка ми е топ. Без неа до сеа ке не немаше цела фамилија хаха.
     
    На whit3.cat91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    добар ни е односот....не се караме мн си се сакаме :D
     
  9. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    односот ни е онака без многу муабет не сум толку блиска со него а и често знаеме да се скараме за ситници он не попушта а јас уште помалку и мјка ми знае да не зафркава цела е на тебе метната инати енвидени еден да попушти нема шанси .
     
  10. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Jас и татко и комуницираме еднаш до два пати во годината (значи скоро ич),Кога би почнале да дебатираме за нешто одма се караме и неможе кај нас да се има еден нормален муабет.Како помала бев татинна маза но,со тек на годините сфатив дека било кој и да е неможе од мене да прави будала,не кога сум возрасна и кога се разбирам.Господ нека го чува татко ми и цела мое семејство али ... што е тука е :)
     
  11. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    Татко ми... мислам дека подобро ке ми беше воопшто да не знаев кој ми е татко, отколку да живеам вака како што живеам. Со татко ми воопшто немам некоја си нормална комуникација, а и не сакам да имам после сите работи кои ми ги има направено. По цела недела не зборувам со него, потоа еден ден да, па во тој еден ден пак ќе се скараме и се е по старо. :(
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sar4etooBe

    Sar4etooBe Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Многу го сакам таткоми што се вели сум тамина маза :D Нема нешто да ми е забрането од негова страна најчесто ме брани :D
     
  13. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Многу добар однос имам со татко ми.Сите велат дека сум татина маза. :D
     
  14. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    На таткоми се му кажувам,а со мајками не сум толку блиска.
    Многу го сакам татко ми,иако понекогаш знае да ем изнервира! :))
     
  15. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Со татко ми сум многу блиска.Секогаш ако имам некој проблем прво на него му кажувам и барам совет.Секогаш е тука за мене.Секогаш сака да ми погоди,да имам се.Имаме сличен карактер,заедно гледаме фудбал,игравме тенис.Со еден збор имам совршен татко.Те сакам татичко :l: :l:
     
  16. jagotka.99

    jagotka.99 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    Со татко ми имам многу добар однос.Си имаме некоја златна средина.Ни сме премногу блиски ни сме премногу оддалечени.Можам да кажам дека повеќе сум блиска со мајка ми што е сосема нормално.Се труди да ми обезбеди се што ќе посакам,нели она што можеме да си го овозможиме.На моменти ме нервира.Е сеа малку се караме али не се тоа некои големи кавги.Најмногу се караме за компјутерот и за искачање до колку саат бла бла.Се на се многу добар татко е и многу си го сакам. :inlove: :*
     
  17. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Иако поминаа многу години од кога го нема, секогаш кога ќе помислам на него, солзи ми навираат :( Ми недостига премногу....тој беше мојот идол, мојата потпора и единствено сеќавањето на тоа колку се гордееше со мене ми помогна да станам тоа што сум денес и се надевам дека не го изневерив во ниту еден момент. Ах бре татичко... ми постави толку високи критериуми за тоа како треба да изгледа еден сопруг и татко, што незнам како ќе најдам во денешно време некој барем приближно блиску до тоа што беше ти...
     
    На senza.parole, SimonaTino, Xepp и 4 други им се допаѓа ова.
  18. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Немам никаков однос со татко ми. Онака само како познаници некои. Не го чувствувам близок, а ни тој мене. Формално. После толку дискусии на кои јас бев иницијатор, после толку изразување желби за остварување на некаков однос, се е џабе. Знам, така е научен. Да биде дистанциран од мене. Колку убаво. Имаш татко, а исто како да го немаш. Прашуваш за совет и така „гордо татковски“ ти вели: Па како сакаш ти/ Ти си знаеш голема си.
    Абе ајде, не заеб*ај.
    Јас па не знаев дека сум голема, да знаев што сакам и што треба, ќе те прашав тебе ко постар.
    Абре некој на улица да го сретнев повеќе ќе ми помогнеше.
    Којзнае, има од животов уште, можда ќе му се згреши некогаш да постапи поинаку..
    Само мислам дека повеќе пластично ќе биде се, бар јас така ќе го доживеам..
    И да, ме боли, срцево ми се кине кога ќе видам совршен однос помеѓу татко и ќерка. Не, не сум љубоморна, само ми е криво што јас тоа никогаш не сум го имала.
     
    На senza.parole, fatamorgana123, molikaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Никаков однос немам со татко ми. Ретко разговараме, кога ќе се видиме одма се караме....
    Како некои познаници сме онака.
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Мојот однос со татко ми е онаков каков што сакам...Кога ми треба помош совет секогаш е тука ...али многу со него не споделувам пошто ми ее напријатно... :)