немам буквално никаков однос со него,кога и да прашам нешто се однесува со мене како со непознат,неможам да му кажувам тајни пошто немам доверба во нив,милиони пати ме има вреѓано така да...се си кажува самото.Понекад ќе си биди се во ред,си разговараме како нормални али за минута подоцна ја излегувам крива за нешто шо не сум напраила или рекла.отсекогаш сум сонувала за семејство кое живее во мир и среќа али изглеа не ми било судено..
и јас тука некаде се пронаоѓам не сум блиска со татко ми воопшто не разговараме за лични работи само онака да речеме службено општи прашања и одговори кратки, не е тоа до мене туку до него е, он е многу ладен незнае да ги покажи неговите чувства, се гушкаме или бакнуваме само од роденден на роденден- тоа значи два пати годишно, штета. криво ми е што е така, тој постои во мојот живот само како личност фигура и на збор татко. баш би сакала кога ќе се мажам да имам срекно семејство и многу блиски односи меѓу нас, сонувам за тоа, сонувам за вистински дом, каде што ќе има слобода и доверба и многу љубов
Имам обичен однос со татко ми Еден ден "Мнооооогу ме сака" а следниот само ми се дере Изгледа до расположението е И кога нешто во мојот живот не оди како што треба скоро секогаш мене ме обвинува Но, тој секогаш е тука да ми дава поддршка и надеж и знам дека многу ме сака
И нашиов однос "не" е совршен, но си има причина за тоа.. Не затоа што не се согласуваме, туку затоа што има проблеми со нервите и секогаш нервозата ја истура врз мене.. А иначе е прекрасен татко, можам слободно да кажам дека имав детство од бајките Секогаш е тука за мене Животот ми го направи приказна Вечно ќе сум му благодарна
Со татко ми имам добар однос. Не разговарам со него за многу лични работи ниту пак споделувам некои големи тајни. Но сепак тука е кога ми треба, ми помага, ми дава се што ќе посакам, секако ако е во граница на нормала. Сепак не се жалам, мојот татко е прекрасен.
Имам најдобар татко.За мене херој.Човек кој секогаш бил спремен да ме ислуша,да ми помогне и утеши.Со него имам префектен однос.Едноставно е мојот идол.Го обожавам!
Предобро се сложуваме иако некогаш не можам да речам дека се е во најдобар ред...нормално расправија или несогласување се дешава некогаш ама на крајот сепак тој е тој што ме варди
Не ми дава да просперирам во животот. Му смета што покажувам знаци на независност. Затоа што додека уште ми го плаќа животов неможе да ме контролира, а не пак кога ќе станам независна. Се води по политиката ако му дадам пари на детево се ќе е супер. Теле се воспитува, не вол. Неможе да ми се спротистави ако не е со неколку промили алкохол во него. И утре дента кога ќе свати дека изел многу гомна претходниот ден, се извинува. Абе како тинејџер. А тој има 56 години. Се води по политиката, се во животот мора да се заслужи. Да, и јас тоа го оправдувам, али чекај малку. Да сакам да си купам нови балетанки треба да ги заслужам. Да сакам да си купам нов телефон треба да го заслужам. Да, сето убаво, имам мотивација, али мајка му стара, не се купуваат нови патики додека старите не се искинат. И секогаш ми вели дека ништо не ми е забрането, а секогаш се јадат гомна а посакам нешто. Додека студираш не смееш да живееш. Почекај е неговото мото. Почекај нека ти помине сесијата, па оди кај сакаш. Почека да дипломираш па да почниш да работиш. Почекај нека ти помине животот додека да почниш да живееш. Тој мисли дека оти тој има 56 години, а јас оти имам 21 дека имам цел живот пред мене. Не татко, немам цел живот пред мене. Оти годините минуваат додека да трепнеш. Срце ќе го фатеше кога дозна дека пијам и пушам цигари. А што очекуваше од тебе да испадне, кога и ти си таков? Татко ми е едно големо разочарување за мене. Не ми е јасно, како од такви родители како неговите, излегол таков нечовек. Баба ми има кажано дека дедо ми во скоро 40 години брак во колку беа, тука некаде, не ја опцул ниту еднаш, а не пак рака да кренел. И кога му го зборувам ова, неговото оправдување се годините на баба ми, нели стар човек не знае што зборува. Бегај бе од тука. Едно нешто што научив од него е каков сопруг не сакам да имам. Не сакам моите деца да неможат гости да си донесат оти мојот сопруг се настегал лук па цела куќа мириса, па е незгодно. Ама на него не му е гајле. Не сакам сопруг пред кого децата ќе неможат муабет на телефон да си направат, оти тој ќе мисли кој на кого се јавил, кој колку ќе потроши. Па мораат децата да одат во другиот крај од куќата, среќа голема куќа имаме. Не сакам сопруг пред кого треба да се правдам за парите, кај сум ги истрошила, како мајка ми. Не сакам сопруг кој нема да може да го поднесе фактот дека има жена која е независна од него. Мајка ми има два факултета, била директор на фирма, уште пред мене, ама фирмата отишла во стечај и таа остана 20 години домаќинка. Мајка ми е светски човек, а заврши во таков брак од кој мене ми се повраќа. Се вработи пред три години и него многу му смета тоа оти мајка ми си има плата. Да, не го кажува, ама јас го гледам. Оти на мајка ми ако и прдни си купува алишта, си купува чевли, што и да е си купува. И заслужено и е. Оти после 20 години на континуирано трпење на неговите гомна, редно е. Не сакам сопруг кој после дваесет години брак ќе крени рака на мене. Не сакам сопруг на кој детето му има пиштол ставено на главата оти ја зашамарил неговата жена пред детето. Јас на десет години му ставив пиштол на татко ми на главата. И тоа неговиот. Оти веќе не се трпеше. Не сакам сопруг кој се понаша како се, освен како глава на фамилијата. А да, и во случај да не се свати од напишаново, немам јас никаков однос со татко ми. Фала му на Бога што мојот идол, дедо ми, е веќе десет години во рајот, за да не гледа каков нечовек постанал син му. Нека ми пиши грев Господ, ама јас ова ќе го зборам дур сум жива.
Навистина ме потресе напишаново. Многу жалосно Ја сум блиска со татко ми и тој е мој идол, и си мислам дека на сите ќерки татковците им се свето нешто ама кога го прочитав ова .... немам зборови Зар навистина постојат вакви ситуации? Жалосно, се наежив цела
аа си го сакам татко ми + си излегуваме на кафенце во кафич и секогаш право ме части некое парче облека
Принцеза на тато Слабост ми е, што да правам. Ме вози како сака и ич не ми е гајле Единствена жена што вистински ме сака таков каков што сум, И никогаш не ми суди, И стално ме прашува како сум, И секогаш ќе се насмее кога ќе ме види, И како малечка ме чекаше пред врата да се вратам од работа, ииииииииииииии можам вака до утре
Татко ми си го сакам премногу. За мене тој е нааааааајдобриот татко на целиот свет. Абе Бред Пит да ми го даваат за татко па не си го менувам мојот...
Зошто го правиш ова тато те молам дозволини да ти помогниме,те молам вратисе тато биди пак тоа што беше порано,бидими татко многу ми недостигас тато твоите зборови убави твојата,смеа твојата утеха твоето присуство те молам вратисе тато ми недостигаш посебно сега кога срцето ми е скршено на милион парчиња вратисе тато
Татко ми буквално е мојот крал. Тој не шеташе како мали кога мајка ми имаше многу работни обврски. Тој не научи да пливаме во длабокото. Тој не водеше секое лето на одмор кадешто ги поминувавме најубавите денови. Тој ме научи колку е убаво да ја сакаш планината.
Татко ми е човекот кој ми го уништи секое здраво клетче во мозокот. Мојот најголем страв и трепет од детството што ми наби штрек во секоја ситуација со неговото викање и дерење за најмали ситници кои не се ниту вредни за внимание. Само затоа што не знаел како да си го среди животот. Од неговото викање скокав од столчето кога професорот ќе викнеше за тишина, и плачам и се извикувам во сон. Фин е и љубезен кон сите освен кон нас. Пичкетина што си го прокоцкала достоинството и сега сите и се криви. Го жалам. Затоа што не знае да живее, затоа што не знае да сака и затоа што не знае да се однесува. Најмногу од се жалам што ќе умре во заблудата дека најблиските му мислат лошо. Бесчувствителен човек кој не им дава никакво значење на работите. Најголемиот материјалист на светот што никогаш не го сфатил тоа. Човекот што никогаш не ме гушнал, човекот што никогаш не ми дал совет, човекот што никогаш не ме бакнал во чело. Човекот со најсуровиот, најтажниот и најгнасниот поглед на светот. Човекот за кој ни смртта не е доволна да се искупи од сите глупости и гомна во кои потонал. Човекот кој го преплакав, кој го прежалив и кој го закопав уште пред да умре. Налет нека е.
Татко ми во принцип е супер чоече знае од време на време да ми попува со тие негови закони и принципи за достоинство и чест ама се се сведува пак по мое малку живее во камено време ама и на тоа се прилагодува пополека...често знае да ме викне да шетаме заедно ли да одиме на шопинг заедно,на сладолед,на кафе...понекогаш ми се издерава зашо претерувам со мобилниот и му одам на живци ама и тоа знам да го смирам... знае да се зеза,и едно 5,6 пати дневно да викне по мене ќерко ај кафица правии(најубавото турко кафе го правам)
gingerchild не е само твојот таков ...и мојот е таков copy-paste И нај трегично во целата ситуација (сега сум мажена)кога ќе отидам во "мојата куќа" (само поради мајками) ми се преправа,како да е друг човек Зар верува дека ми е испран мозокот и дека незнам како со однесуваше со нас до пред 3 години? Зар мисли дека не знам дека уште психички ја малтретира мајками?Иако не ми кажува ништо жената да не ме секира и читам од очите Знам каков егоист,саможивен,себичен кретен е тој Нема да го наречам човек ќе го навредам човечкиот род... Те цитирам : Moнструмот кој го преплакав, кој го прежалив и кој го закопав уште пред да умре. Налет нека е. Нема да си простам што присуствуваше на мојата свадба како гостин,зошто свекрвами ми ја направи Како имаше образ да дојде до невестинската маса и да ме праша пред сите да не фалело нешто,дали се било во ред?Како тој да ми платил....а кога имаше пари се шеташе со такси Скопје-Охрид за сладолед ,бурек МАЛОУМЕН ЕДЕН ,a кога дојде време за свадба ми заврте грб стока покварена
Татко ми многу си го сакам, иако често се караме за 5 до 10 минути како ништо да не било Што е за кажување му кажувам, што не не, за негово добро Му нема замена