Немам никаков однос со него. Никаква комуникација. Никогаш не ме ни галеле ни мазеле ни мајка ми, а камо ли татко ми. Старомоден човек со старомодни убедувања. Немам што веќе да дискутирам на темава, само ќе кажам постот на Unfaithfoul18 скоро идентично го отсликува мојето секојдневие. Единствено не сум имала работа до сега. Наместо тоа, ми преговара за мојот музички вкус. Инаку, на некој начин се плашам да не го разочарам и растажам кога ќе му кажам дека не верувам во Бог, пошто он е голем верник... Во црква искрено одам само ради него.
Јас можам да кажам дека сум поблиска со татко ми отколку со мајка ми..Со неа и често доаѓам во судир ама жената е таква и тотално сме различни карактери..А со татко ми имаме и сличности со тоа што и повеќе личам на него т. е. на неговата фамилија повеќе влечам.. Инаку уште од малечка се грижел за се како да ми е мајка..Па дури и кога почнував со моите први излегувања во град кога ќе се вратев разочарана или сл знаеше што е проблемот, што ме мачи..И за врските и за другарките и се друго..Со него и го запишав и моето средно образование, па факултет..и ми помагал во тоа колку што можел..Секогаш бил тука за што и да ми треба.. А за пари па и да не зборам...Како со него што можам да купувам што сакам со мајка ми нема шанси ..Просто се договараме можам да го убедам иако треба малку време ама испаѓа по мое..Знае да ми даде критика ама тоа ретко сепак не наметнува свое мислење или став..Е сега не покажува чувства, делува може воздржано и по малку е саркастичен посебно кога се шали..ама е стабилен,толерантен и многу осетлив..Пример кога гледаме нешто и има сцена кај што е изразено тага он веднаш пушта солзи..Во суштина е многу осетлив..Никогаш не памтам да ме удрил ни мене ни брат ми ко мали..и да не навреди тоа кај него во речник нема,збор-увреда.Како и да е да ми е жив и здрав и среќен и благодарна сум што имам таков татко.
Не сум многу блиска со татко ми за жал,можеби затоа што стално патува надвор од државата и така е откако знам за себе.Односот ни е нормален,но не и близок.Секогаш се грижел да не ми недостига нешто,ама за жал само материјални ствари и пари,а блискоста и потребата од татко тие работи неможат да ја заменат.Но не се жалам таква му е работата,добар е секогаш со мене,затоа пак мајка ми ми е најголемата поддршка целиот мој живот.
Јас сум многу блиска и со татко ми. И со него и со мајка ми еднакво. Уствари ние сите четворица сме ептен отворени еден кон друг. Татко ми дури не трпи кога пример се караме со брат ми, му се плаче, се обидува за се да ни помогне, советува, ептен татковски штити. Па и немој некој нешто да му рекол за нас. На место убива. И искрено сум многу среќна што имаме таков однос дома. Многу примери сум видела каде татковците се ладни спрема децата, и ич тоа не ми се допаѓа.
Уште кога го видов насловов на темава помислив на татко ми и на тоа колку го сакам и дека животот би го дала за него. Не можам ни да опишам колку го сакам. Односот ни е прекрасен. Многу комуницирам со него (исто колку со мајка ми) и секогаш ме прашува за мислење (за што и да било) и тоа мислење го зема во предвид кога донесува некои одлуки. Се разбира дека имаме и црни моменти кога се расправаме (и двајцата не сме баш со сите со нервите, па знаеме ептен да се искараме), ама тоа брзо ни поминува и потоа и на двајцата ни е криво што сме викале. Разговарам со него за се‘, освен за дечковци и такви работи, пошо вооошто не го интересира тоа. Смета дека сум доволно зрела и воспитана за да знам каков избор да направам и не се сомнева во моите одлуки. За старомоден воопшто не е - многу пати знае да откачи и дури и да си игра мајтап со мене за претходноспоменатите работи. Во одредени ситуации ме разбира дури и подобро од мајка ми.... Би имала уште многу да пишувам, но во овој пост е доволно. Го сакам татко ми, и не знам што би правела да не беше тој тука
Јас како помала бев поблиска со татко ми отколку со мајка ми.Сега можам да кажам дека и со двајцата сум тука некаде.Сепак ми е многу драго што можам да имам таков однос со него и што никогаш за ништо не ме кара туку проблемите секогаш ги решава со разговор.Периодот кога беше во странство ми недостигаше ептен многу но сега е тука и можам да уживам во неговото присуство!
И со мајка ми и со татко ми имам прекрасен пријателски однос. Е сега татко ми е по терсене човек и многу пати знае да ме изнервира премногу, многу пати ми има згрешено и свесен е за тоа, зошто после осеќам дека се кае. Како и да е, имам супер отворен однос со него, разговараме за се, дури ме носи и на гинеколог(ова колку да сфатите, дека навистина имаме отворен однос, пријателски).
си го сакам тато мнооогу срцка е, ептен, евротатко (бил современ, така си се кажува) имаме другарски однос, знае да ги разбере моите потреби, да ми даде некое советче... знаеме да се зезаме, разговараме, ама знае и да биде многу напорен ... другарките кога доаѓаат кај мене повеќе со него си разговараат отколку со мене но сепаак, во секоја ситуација има едно гоолемо но ! не сме на иста бранова должинааа , не дека не се разбираме, туку јас од секогаш сум го правела тоа што ќе намислам, без разлика дали ќе ми рече вака или онака и човекот ептен се нервира што ете од мене создал и направил прекрасна личност а не можел да го искорени тоа од мене. и некоја негова постапка знае ептен од такт да ме извади и максимално да ме изнервира, што полудувам ама како и да си се разбираме до некаде
Кога бев помала сакав да не е толку строг, ама сега сум му благодарна што ме научи на ред и дисциплина. Секогаш го консултирам за важни одлуки, и знам да прифатам негов совет и кога не можам да си објаснам зошто треба да постапам така, и секогаш се покажува дека бил во право. Љубовни проблеми не споделував со него, ама затоа за проблеми поврзани со школо, кариера, другарки и слично - татко ми ми е главен советник Како поминува времето свесна сум дека еден ден ќе го нема, и него и мајка ми, и многу ми е страв од тој момент. Како и да е се трудам да им посветам време колку што можам, и да уживам во нивното друштво.
Со татко ми имаме коректен однос.Немам никакви забелешки во однос на неговото однесување и постапки,а се надевам и тој го мисли за мене,со оглед на тоа што не сме имале досега некои посериозни недоразбирања.Многу го ценам и почитувам како личност,и тука се оградувам од секаква пристрасност и субјективност,стварно имам многу квалитети човекот и горда сум што имам таков татко.Нормално дека не го идеализирам,си има и тој мани како и секој човек,но ситуацијата е сосема чиста кога се` ќе се стави на кантар. Сепак многу сме различни и можеби тоа,а можеби и не,воспостави една дистанцираност меѓу нас и тоа го сметам како најголем недостиг на нашиот однос.Не би можела да му се доверам за ништо.Знам дека веројатно моја грешка е,но така го оформивме и изградивме нашиот однос и мислам дека сега нема смисла и простор за промени,едноставно прекасно е.Што е најтрагично,никогаш не сум мислела дека ќе ме осуди,ќе ми вика или нешто така,туку бев уверена дека не постојат шанси да ме разбере и на некој начин би можел да се разочара од мене,или ај нека биде вака,би ја сменил сликата што си ја има за мене.Не дека глумам нешто што не сум,туку мислам дека колку помалку знае толку подобро,за се`. А да биде уште потрагично,истото го мислам и денес.
hm.. go sakam tatko mi no sto podaleku od mene-no sepak go sakammmmmmmmmmmmmm pa toj mi e roditel kakov takov moj si e
Браво за сите што имаат добар однос со својот татко Јас ја немав таа среќа бидејќи не сум израсната со мојот татко.Тој не функционира никаде во мојот живот.Но не се жалам затоа што мајка ми е тука за се.She's my hero за мама иако темава е наменета за татковците
Тој е тато ,тој е мојот херој мојата потпора ,кога имам некој проблем или ми е тешко само што ќе го погледнам на некој чуден начин ме смирува,доволно е да рече" се ќе биде во ред" и веднаш се смирувам....Ми дава некоја сигурност ,некоја позитива ,ме потсеќа на радост на нешто забавно нешто убаво,се се решава со демократски и трезен разговор ,мн сака да си раскажува како било на времето и тогаш се заборава од кажување Во срцево имам многу љубов за него ,и иако не искажувам сега веќе како повозрасна ,често знам да си го гушнам и бакнам, да го тормозам И секогаш сум на негова страна мајка ми вели дека сум му "дрвен адвокат" хаха
Па јас секогаш со татко ми многу подобро сум се разбирала отколку со мајка ми. И мајка ми е супер жена,многу ја сакам,ама со татко ми сме многу послични на карактер. Секогаш ме разбирал за што и да било,буквално,не се секавам некогаш да ми повишил тон,секогаш е тука за нас. Срекна сум што почнале од нула,и со многу труд и работа,успеале и да направат куќа,да ни обезбедат услови за добар живот на мене и на брат ми,и да не воспитаат добро Колку што повеке растам толку повеке сфакам колку треба да ги ценам и да се гордеам со нив
Девојки во постовите прочитав и добри и лоши односи спрема татковците,но верувајте како мојот татко нема да се роди уште еднаш таква душа. Многу го сакам и ме разбира во.Значи ме подржува во се едно нешто, ми дозволува се и дури некогаш си помислувам колкава одговорност е да израснеш деца и ќе ги спроведеш на прав пат. Тато секогаш бил покрај мене и за прва љубов,прва менструација итн. итн. не помислувајте дека живеам само со татко ми,сакам да кажам дека ние сме две сестри и тато сакал некел овде е меѓу три жени и мама е тука и е најдобрата мајка. Многу ги сакам и двајцата...
Leleee ariel, istooo... sega koga se omaziv ja sfakam nivnata ljubov, nivnata posvetenost i strogost... sega tatko mi mnogu cesto znae da rece, mi ja zemaa desnata raka... i mnogu mi e tesko sto taka se cuvstvuva... no najtesko mi e od pomislata koja i ti ja kaza na poslednata recenica...