Татко ми е мојот најдобар другар. Моето рамо за плачење. Мојот советник. А јас цели 27 год. сум неговата принцеза.
Среќна сум, се восхитувам на татковци кои имаат близок однос со децата, со ќерките посебно.... но истовремено и многу тажна и љубоморна...јас не сум го доживеала тоа, мојот татко е емотивно неспособен да сака, можеби не сака но не ни покажал....на моменти за него се што правиме нема вредност.. а боли тоа, многу боли... Јас не сум слушнала не сум доживеала мојот татко да ме гушне онака, да ми рече ќерко те сакам... да седне да поразговараме наменски за нешто... Затоа се восхитувам на таквите татковци и ги почитувам
Слабост сум му, а откако пораснав и тој мене. Поврзани сме на повеќе полиња - посебно и на професионално. Многу специфичен карактер, некогаш тежок, ама си го знам каков е. Не е многу отворен за емоциите, но се што прави и тој и мајка ми - прават за нас. Го изгубил својот татко во младоста. Специфичен е карактерно, ама е единствен и уникатен. Ја обожава ќерка ми. Блиски сме бо односот. Буквално ми е слаба точка. Многу го сакам.
Со еден збор - катастрофален. Никогаш не сме се согласувале и искрено жал ми е поради тоа. Не сакам да пишувам детали што и како ама тој не ја заслужува титулата татко. Никогаш не се однесувал така, посебична личност не верувам да постои. Понекогаш можеби подсвесно или несвесно сум љубоморна по малку на другарки и познаници кои имаат навистина добри односи со своите родители, јас тоа сум го немала и искрено ми недостига. Не се работи за материјални добра или пари, туку општо за неговиот однос. Тој никогаш не се однесуваше како да има деца, за него се е во парите. Најискрено не го мразам ама не го ни сакам, го почитувам како постар и човек со кого живеам и толку. Тој ја умре мајка ми и продолжи со истото однесување што го правеше дури беше жива, а тоа боли секогаш кога ќе го погледнам и не се заборава. Тој продолжи да живее и да врши тортура сега веќе над мене, а мајка ми гние под земја. Ваков родител не посакувам никому.
Ista situacija kako kaj mene. Samo sto majka mi se izvlece od nego a mene me ostavi da patam. Potoa i jas si otidov sea ostana sam pa da vidam kako ponataka. A godinite mu tezat ne e isto 20 i 50 .. ima gospod za site ne si sama da znaes.
Многу би сакала да имав некако однос без разлика дали добар или лош со мојот татко. Многу бев малечка,бев доенче кога ме напушти и замина на другиот свет . Многу ми недостасуваш татичко... Зошто татичко не беше покрај мене: -за мојот прв роденден, -кога ги направив првите чекори, -на првиот училишен ден, -на сите наши веселби, Татичко стана за прв пат дедо,имам син кој во очите личи на тебе.Иако е малечок му зборувам за тебе.... Те сакам тато....се би дала да си тука покрај мене...Многу ми недостасуваш....Ти си мојот чувар ангел од небото...Секогаш ќе те носам во срцево...Те молам татичко почесто иди ми сон,...
Со татко ми сум повеќе поврзана одколку со мајка ми . Тој ги дознавал сите инфромации врзани со мене секогаш пред мајка ми. Не знам многу посигурна се чувствувам кога сум покрај него. Неизмерно сум му благодарна што секогаш е бил добар татко но не и добар сопруг!
Многу добар однос имавме. Карактерно, емоционално, интелектуално исти. Се разбиравме со еден збор. Почина минатата година. Ми фали многу. Среќна сум што и сопругот и ќерка ми имаат сличен однос како јас со татко ми.
Цела сум на татко ми. Цела, и физички и карактерно.Буквално јас сум негова мини женска верзија. Многу често имаме судири бидејќи ни јас ни он не попуштаме и си тераме по своето.Порано секогаш беше по негово, го слушав ама почнаа и мене да ми работат бубачките па да се контрам. Кога почнав да се глупирам, имаше казни, забрани, дерења и др. Подоцна сфати дека сум ептен храбра да му се спротиставам и дема не ми е гајле дали ќе седам дома еден викенд или нема да имам телефон или ќе ми мавне шамар на пример и ја смени тактиката со мене. Вака не сме блиски нешто, не му кажувам кузнае какви работи.За школо, нешто општо и тоа е тоа. Почнува да се помирува со некои работи, мислам дека најтешко му паѓа што веќе не сум мала, не тоа што нема да има ,,контрола” врз мене ама мисли дека сум веќе голема и дека ,,ќе одлетам” а можеби и да плаши да изгуби контрола врз мене.
Zal mi e sto si go zagubila prerano tatkoti. Jas sum tatko na dve deca. Ja razgleduvam temava, bidejki neznam kako e pametno i pravilno da postapuvam. So soprugata, ne sme veke zaedno otprilika edna godina. Slicno, kako i tvoite roditeli, prodolzivme da kontaktirame. Bevme zaedno za 1 maj na izlet, za veligden pred crkva i slicno. No, toa ne mi e dovolno. Mnogu mi nedostigaat... Opsto, mi nedostiga semejstvoto. Najveke me boli, sto recisi nikogas ne me baraat. Resiv da se obidam da ne gi kontaktiram, za da vidam kako ke se odvivaat rabotite. Uste malku ke pominaat 48 casa, otkako posleden pat se slusnavme, no gi nema da se javat, nitu da pisat. Bev mnogu privrzan so niv i ne mozam da svatam, kako e toa vozmozno, i mnogu sum tazen poradi toa.