Го сакам татко ми. Тој е најбитен човек во мојот живот. Имам напишано дека да сум бирала подобра фамилија немало да сум нашла. Ја сакам и мајка ми, ама го обожавам татко ми. Секогаш бил тука за мене и во буквална смисла мислам оти тој живее за мене и за брат ми ...... Секогаш кога нешто ќе сум тажна или било што, можам сите да ги излажам ама него не ..... отсекогаш било така, а ме види натажена и ајде што е, и ќе ме ислуша и секогаш знае да ме утеши. Пред 2 недели бевме за Скопје да го видам факултетот и да се рашетаме и цело време ми објаснуваше и кажуваше како ќе ми биде тешко отпрвин, но на се ќе се навикнам и оти тој ќе биде за мене секојпат тука ...... Пред сите се претставува како тежок човек, но за да ме насмее се има повеќе пати и глупирано Сега кога го пишувам ова ми идат солзи во очи, бидејќи никогаш не сум му кажала оти го сакам и оти сум најгорда на свет што тој ми е татко ТАТО, ТЕ САКАМ!!!!!
морам да ви пишам леле кога му кажав дека ќе се мажам само го виде прстенот ме гушна и почна да плаче. уште се ежам на таа сцена кога ќе ми текне. незнам како ќе го преживее сево ова многу сме поврзани. едно голмо за татко ми
Ех Карак, татко кој навистина си ја сака ќерката замисли ја таа среќа за нив, нели викаат дека татковците се повеќе поврзани со ќерките
Татко ми е најдобрата личност и за мене е најдобар татко-по добар неможам да замислам. Секогаш е тука за мене да ме посоветува и да ми помогне. Има некои луѓе сум приметила како да се срамат од нивните родители али јас од татко ми не. Секогаш он доаѓал во школо кога треба, а пошто сум јас мноогу чуствителна и една критика многу тешко ми паѓа една солза да пуштам одма ме гушка ме теши... Ќе отиде на работа и ке ми праќа пораки дека никој не ги заслужува моите солзи и дека се ќе биде ок, и дека сака одма да ме види како се смеам. Ова мислам дека секогаш ке го памтам. И кога раскинав до дечко ми ми беше рамо за плачење и многу корисни совети ми има дадено. Сите ми викаат дека сум негова копија, бидејки изгледот од надвор, а и од внатре сме исти. Ушите, очите, носот, устата, како збориме, некои покрети со рацете, навиките, изглед на телото... се се се е исто и знам дека засекогаш ке си носам со себе дел од него. Мислам дека на татко ми се би му кажала и се би направила тој да е среќен бидејки волку добар татко ретко се наоѓа! Те сакам татичко!!
Татко ми е најдобриот татко на светот. Мислам дека доколку би имала можност да бирам не би избрала подобар татко и пример од него. Се има премногу жртвувано за мене и цел живот се ми удоволува.Кога ќе посакам нешто,а не може да ми го оствари во моментот гледам дека се чуствува лошо. Тогаш ми е тешко и се каам за тоа што сум го побарала. Ми ги има најдобрите совети дадено, околу организацијата на времето, учењето,излегувањето,односот што треба да го имам кон пријателите.Имаме многу различни ставови,но секогаш со почит се однесувал кон моето мислење. Тоа ми беше многу важно за да зацврснам како личност и да не се плашам да ги искажам гласно своите ставови и мислења ако се спротивни од оние на околината. Има само една маана околу нашиот однос татко-ќерка, јас сум слободна да му кажам него се, да побарам било каков совет од него. Ама , ете не можам и не можам да му кажам кога не се чуствувам физички добро. Ако му речам тато ме боли тоа и тоа крева паника неверојатна и наредни две недели е не расположен. Душичка, многу си го сакам. И ќе го чувам секогаш како што ме чува тој мене сега.
Лелеллеле јас уште не сум оставила мислење на темава Значи вакаааа.Тато го сакам многу,најмногу.Ама имаме една маана.Исти сме карактерно и заради тоа што двајцата сакаме да е по наше некогаш доаѓа до жестоки расправии Не држиме лутина многу,максимално до кај 30 минути.Со него можам да разговарам за се.Значи толку информации има во мозокон,просто да се чудиш.Секогаш кога имам некоја потешкотија барам совет од него.На тема љубов разговараме од поучна страна,а иначе она да му кажувам леле тато како сме се залапале со онај,тоа не Претеризам ми е веќе така И кога плачам,плаче и тој со мене.Се труди се да ми овозможи.Многу ме форсира за учење.Знам дека ќе бидам благодарна за тоа еден ден,ама сега ми оди на нерви.И физички многу личам на него.На фаца сме исти. Кога ќе размислам и со мајка ми сум доста блиска.Отворени сме дома секој со секого.Нема тема што не сме ја чепнале.Најмногу срам ме фати кога татко ми дозна дека имам дечко т.е. јас му кажав.И почна човеков за секс да ми држи предавања.Не знаев кој пат да го фатам.
Со татко ми немам никаков однос. Во денот го гледам неколку часа и тие часа ги минува пред компјутер. И сум апсолутно рамнодушна на неговото постоење. Не можам нормално да разговарам со него, секогаш омаловажува, а јас сум таква па му враќам, му мавам сеир како некоја крајна идиотка и тој избувнува и јас влагам кај мене во соба и не го гледам до крајот на денот. Не го почитува моето мислење. Сељак е. И многу се дере, за се и сешто. И то...
Татко ми...би пишувала вечно за татко ми...го сакам премногу,премногу сум поврзана со него,го имам најдобриот татко на светот,за се,ама баш буквално за се е тука за мене-врска,факултет,глупости...за се...го обожавам,мислам дека да сум го бирала немало да биде таков каков што е-идеален...
Воопшто не сум поврзана со татко ми.Тој е многу ладнокрвен и добра човек и не се замара со ништо.За се ме контролира мајка ми,таа е столб на семејството.Никогаш ништо не ми е пререкол,не ме скарал,не ме посоветувал.....и воопшто немаме некој однос
Кога бев помала бев многу приврзана за татко ми. Секаде ме шеташе, се ми објаснуваше, имаше одговор за секое мое прашање... Сега е презафатен со работа и едвај го гледам по неколку часа на ден , сепак кога ми треба совет секогаш е тука.
Татко ми заминува на работа на утро кај 7 часот,а се враќа навечер кај 21 ч. Па сега можете да замислите колку работи и се случува некогаш и воопшто да не го видам. Заминува на утро-јас спијам. Се враќа навечер-јас сум излезена. Јас се враќам-тој е преморен и спија. Ете така но сепак јас си го сакам најмногу и сум приврзана кон него.
Кога бев помала немав некоја си близина со татко ми, освен што се плашев од него зошто секогаш строго ме воситување, беше секогап решителен во своите одлуки и кај него не палеа цимолења како го сакам тоа го сакам она купи ми го бла бла бла, иако на крај по некое време добивав што сакав но кога тој ќе сака.... Но сега баш ми е мило што бил таков, барем ме зачувал од синдромот на лигаво детиште. Секогаш разговарање со мене за се. Кога си го фатив првиот дечко тој ме седна на маса и ми кажа на што се е спремно машко да добие се што сака, значи ми правење отворен муабет од бакнеж па се секс и последиците од тоа. Со текот на годините како јас се менував така и тој се менуваше-на подобро.Можам да кажам дека заедно израснавме на некој начин. Од неговите старомодни сфаќања од мене научи да се однесува по модернистички, да ги гледа работите како што ги гледам јас. Секогаш е тука да ме критикува, да ми помогне, да разговара со мене за проблеми што ги има со колеги од работа, со пријателите, со мајка ми и бара мислење од мене. Сега кога веќе сум замината од кај нив, едвај ме чека да им идам на гости. Сега живеам во друг град, но сепак често се гледаме и обавезно кога ќе сум кај нив ме пречекува со насмевка од 6-ка до 6-ка Малку ќе ми биде цел ден да пишувам за него... Затоа само може да кажам дека си го сакам татко ми таков каков што е, а најмногу ми е мило што тој си го сака идното зетче како да е негово дете, се гордее со неговите успеси како да се мои Доста пишував, ми се излади кафето
Морам да кажам дека додека ве читав, солзи ми течеа од очите. Долго мислев дали да пишувам нешто во темава, ама денес собрав сила и ќе ви кажам и за мојот "Тато". Иако поголемиот дел од детството го поминав со него до мои 17-18 год кога реши да не напушти за двапати помлада од мама, немам некои убави спомени. Никогаш не ме прошетал, не ми купил било што, ниту па бил тука кога ми било лошо. Кога требаше да ја направам најголемата и најтешката одлука во мојот живот, само се насмеа и рече како сакаш . Е сега иако има внука од 4 ипол години ја има видено само еднаш и тоа јас му ја однесов, колку да ја види. Не можам повеќе да пишувам, го имам ама го немам
Леле Неса, ти се восхитувам на храброста и силата што ја имаш. Многу работи имаш поминато а уште се држиш цврсто ! БРАВО !
Мојот одност со татко ми...Односите ни се добри, меѓусебе се разбираме и сме доста слични во одлуките, можам да кажам дека имаме и исти карактер (многу луѓе ни го имаат тоа забележано). Тој кон мене е многу добар, секогаш ми е во пресрет кога ми треба помош, ме подржува за моите одлуки, понекогаш знае и да ме критикува, но знам дека тоа го прави за мое добро. Мала кога бев секогаш ми помагаше во учење, ги слушаше моите случки, дешавки...многу ретко да ме скара, во некои одредени ситуации. За темата околу љубов и не сум толку блиска како што сум блиска со мојата мајка, се знае мајка си е мајка, секогаш може да те посоветува, а на татко ми не се осмелувам да му кажам или пак да зборувам за оваа тема, сепак и јас имам некоја строгост, страв која ме спречува да му зборувам за тие работи...Можам да кажам дека секогаш ме подржува и бодри. Си го сакам...и сакам и понатаму вака да си се почитуваме еден кон друг... Знам дека секој би посакал татко како што го имам јас, со многу добро срце, човек кој знае да те ислуша и да те почитува..
темата ме допре толку многу што неможам солза да не пуштам со таткоми имав супер однос до пред неколку години све што праев праев за него само бев срекна кога ќе го видев него задоволен секогаш седевме заедно се смеевме ме прашуваше све му кажвав све ми даваше совети ме бодреше...но тоа беше порано сега таткоми е друг човек тотално со мајками воопшто не се сложуваат живеат заедно само поради мене и братми тој е постојано излезен само ги гледа сега моите грешки воопшто не е достапен за разговор не го интересира ништо во врска со мене само површни работи сега само со страв гледам на него и ги покривам само грешките што ги правам да не дознае тој воопшто поке немам никаков контакт емотивен со таткоми тоа ме боли но веќе несвесно се навикнав ми недостига таткоми ми недостига човекот што некогаш беше
Со татко ми си имам супер однос. Уште кога бев мала ми беше идол и толку многу се поистоветував што сакав да имам мустаќи како неговите Сега, кога сум на овие години, многу ми е мило што не ми се исполни таа желба Нашиот однос е ептен другарски, често знаеме да си излеземе на попладневно кафе. И со мајка ми ми е таков односот, ама нели, сеа темава е за татко-ќерка. Иначе нашиот другарски однос никогаш не ја довел во прашање мојата стравопочит кон него, и покрај тоа што сме блиски, секогаш неговиот збор е последен и мислам дека тој е единствениот човек на кого морам да му избројам до десет. Имам огромна почит кон него, тој за мене е најпаметниот и најдобродушен човек што го познавам. Тато, те сакам!