има човек за што да ти завиди бравос би сакала еден ден таков со таткоми да поминам јас но тоа е само сон...
Миме, мислам дека за тој сон да ти стане реалност треба да разговараш со татко ти. Тој мора да знае како и што чувствуваш. Потруди се да му дадеш до знаење колку ти значи и колку ти е потребен. Некогаш и возрасните знаат да се однесуваат к'о деца. Пробај да разговараш и да му кажеш се' што ти лежи на срцето. Ќе ти олесни тебе, а се надевам дека и тој после тој разговор ќе сфати колку сте си потребен еден на друг. Се надевам дека ќе успееш
ти благодарам се имам обидено и тоа со плачење тогаш за тогаш гледа само како со жал кон мене по некое време тој пак си е ист така поминаа 3 години се навикнав и немам поќе сила да се трудам имам и мои проблеми за кои сама се трудам да излезам напред бидејќи се осекам мн.осамено темата ме допре многу зато што ми фали таткото што го имав и имам мн.убави спомени се надевам дека еден ден ќе се кае и дека нема да биди касно...
татко ми си го сакам исто колку и мама, и двајцата се родители .. ама сега само за тато е оваа тема и пишувам само за тато со тато никогаш не ми се случило да се скарам, а особено кога се работи за излегување, татко ми ме пушта и ми го знае отприлика и друштвото па секогаш ми вели дека знае со какво друштво сум па не мора да се грижи со кого сум, ми вели каде сите таму и ти од него можам да научам многу работи, некои се снаодливи, па кога треба да решам некој проблем секогаш го прашувам него па тој ме советува и ми кажува кое е најлесно решение да се реши тој проблем..со татко ми никогаш не сум зборувала за симпатии и такви глупости секогаш знам да си седнам со тато на едно сокче, какао итн .. многу пати сум одела со него да си купувам гардероба, а посено кога се работи за чизми, патики ..си го сакам тато и секогаш го почитувам ... понекогаш знае да писне, ама ќотек никогаш ни од тато ни од мама не сум добила ќотек...
Мојот однос со татко ми беше нарушен уште пред 9 години кога почина мајка ми... Немам однос !! Готово помирена сум дека сум еден вид на сираче...Сепак многу ме сака и јас многу го сакам и се труди да имам се шо ќе посакам ...Ама нема комуникација ... то е
Јас тато повеќе го сакам, не дека не ја сакам мајка ми, ама тато и ја сме ист карактер, копи пејст... дури не ми се ни верува колку сме исти... не би можела без тој човек и не би била тоа што сум денес, ретко се караме, ама коа се караме зошто сме ист карактер сме многу смешни, ретко и ми се лути за нешто, ама коа ќе се налути знам дека стварно сум зафркнала нешто дури мајка ми коа ќе ми рече, како можеше толку да сте исти со татко ти, сум многу горда и си сакам што сум си на тато целата... таа сум си, на тато ќеркичката....
И јас со тато имам одличен, ама ептен одличен однос. Уште како мала ми беше идол, херој и најдобриот татко на светот. Со мама до пред неколку години многу се расправав, ама морам да признаам дека оа беше по моја вина, бев у тинејџерските години, а сега ми е супер односот и со неа. Повозрасна сум и сваќам што се имаат направено за мене. Да продолжам за татко ми: Тој лесно искажува емоции, значи секогаш ме гушка, никогаш не ми се обратил на име, туку секогаш со срце . Освен тоа, секогаш ме советуваше, понекогаш знаеше да биде и строг ама никогаш не викал и не се дерел по мене. А да видете само како баш тој говор од негова страна кога ќе згрешев нешто, делува подобро на мене, ја сваќам грешката што сум ја направила и дури ми стои грутка во грлото додека тој ми зборува. Кога треба да ми пратат пари, пошто студирам у ск, ако му речам дека ми требаат 1000 тој ми праќа 1500 Но немојте да сватете дека сме некои претерано богати или слично, напротив баш со тешка криза се соочуваме сега, меѓутоа тато си е тато. Не може а да не ми удоволи, да ме израдува Една случка додека имав негде околу 16,17 години, нема да ја заборавам. Мајка ми ми даде само 100 ден. и јас се налутив сметав дека ми се малку, ама сепак излегов. Одам надолу по улица, кога еве го татичко со точокот иде по мене да ми даде уште 100 ден. Да се навратам на муабетот, исто така, тој никогаш не ми рекол дека сум го разочарала, дека нема да биди ништо од мене и сл. Напротив, секогаш ми дава до знаење дека верува во мене и дека знае колку вредам. Секогаш кога ќе постигнам нешто ми кажува дека не се сомневал во мене дека ќе успеам. И секогаш ме фали и мене и брат ми пред сите, дека подобри деца не можел ни да има, дека е задоволен од животот шо му подарил добра сопруга и добри деца. И не е само пред другите така, он навистина е среќен и еден од ретките луѓе што знае да го цене тоа што го има, без секојдневно да се нервира за повеќе. И најмило од се ми е кога си доаѓам од скопје а тој е на работа трета смена и не се гледаме одма кога ќе си дојдам, ама секогаш буквално секогаш си иди од работа во 7 сабајле и влегува кај мене во соба да ме гушне, без разлика дали јас спијам или не(а најчесто спијам, ама имам лесен сон и секогаш го сетувам ) Лелелеее јас се заборавив пишувајќи, ама верувајте ни ова не е доволно за да опишам колку е добар мојот татичко Ах да, заборавив да додадам дек исто како и претходната форумџика, и мене сите ми велат дека сум плукната на тато по карактер, и јас исто така премногу се гордеам со тоа и убаво се чувствувам кога ќе ми речат така
прво морам да кажам дека го имам најдобриот татко на светот и дека си го сакам најмногу на светот татко ми е секогаш тука кога ми треба, секогаш расположен да ми дај некој совет, да ми кажи браво, да ме фали пред другите, ама за мојте љубовни проблеми не му кажвам пошо ќе ни биди незгодно, пошо сме различен пол нормално ахаха, мада мислам дека ако почна да му кажвам ќе ме свати наполно и ќе ми дава корисни совети.
Го имам, ама почитта што ја имав спрема него, повеќе ја нема... Така е кога не се размислува за последиците... Со него зборувам и му се обраќам само кога ми требаат пари. Поинаку не заслужил. ТоВа е тоВа
Мојот татко е најдобриот татко на светот многу си го сакам, можам со него да разговарам отворено но сепак не можам да му кажам се затоа што може да ми се кара за некои работи како за алкохолот или цигарите секогаш е добар спрема мене кога јас сум добра спрема него, за некои работи има разбирање а за некои не но сепак јас си го сакам
Имам читано дека секогаш ќерките се секогаш повеке поврзани со таткото отколку со мајката Си го сакам таткоми најмногу на светот, супер ми е односот со него, секогаш ни се стои од глупостии јас и он кога си правиме муабет мајмами и братми се газат од смеење ... Понекогаш доаѓа до конфликт ама секогаш го слушам него затоа е постар, а и секогаш е во право Инаку тој е повеке ладен тип не се замара за некои работи и затоа неможам сонего да правам муабет за љубов. Можеби и проблемот е до мене затоа што и со мајками е така неможам да правам муабет на таква тема повеке сум сврзана со тетками и стринами Сепак... Тато е најдобар татко а јас сум татино злато
Мојот однос со татко ми е катастрофа,впрочем не знам дали воопшто го има.Никогаш не сум го почувствувала како татко,секогаш како непријател.Фала богу со мајка ми си имам добри односи.
Јас без тато не можам ... тој е некој во кој гледам поддршка ... иако сме скоро исти па некогаш знаеме да ја спукаме после тоа не може да издржи и ке ме викне ќе ме гушне и ке разговараме за се да се среди ... тој е човек кој го почитувам и сакам бескрајно ... си има свои мани но јас го сакам највеќе на свет ... стварно сум му благодарна како ме воспитал ... порано го мразев зашто беше ептен строг но пораснав и сватив ... сега ке го мразев ако не бил таков ... ме направи човек на место ... Со еден поглед знае дали лажам дали не лажам Спојлер иако претежно не лажам освен некоја бела лага за брат ми да го прикријам ... со еден поглед знае дали сум добра дали ме мачи нешто ... ми верува бескрајно и за тоа сум му благодарна ... но ми рекол ако го разочарам кај него ке паднам многу ... до сега не се разочарал па нема ни натаму ... ме поддржува во секоја одлука моја па колку и да е луда освен ако е неизводлива или неразумна ... ги знае за мене основните работи кај одам,кој ми е дечко знае дека не пушам не пијам (освен црвено вино некогаш ) и понатака во подлабоки интимности не навлегуваме ... но некогаш кога ептен ке паднам само ке му речам тато дојди да те гушнам ке се изнаплачам ненормално ќе липам ама тој знае дека треба да ќути и ќути додека не го бацам и не му речам фала па да си дојдам во мојата соба ... Спојлер за разлика од мајка ми која знае да биде ептен напорна исто и од негова страна ... секогаш со мене зборува секогаш знае дека ке го разберам ... до најситен детал ми ги кажува проблемите .. можеби не можам да му помогнам ама со мило лице ке му речам татичко не се нервирај ке помине .... еден момент нема да го заборавам кога дома имавме стварно големи проблеми бевме потонати излез не се гледаше го видов колку му е тешко го гушнав и тогаш јас ќутев додека тој не се изнаплака па полесно беше се ... шкорпија е па е тежок човек малку но јас си знам како со него ..... Тој не е свесен за ова мое мислење зашто јас често го критикувам претерано како и тој мене ... така функционираме ... но така се поправаме како личности ... и иако е демек ладен и тврд јас знам колку тој ме сака и што тој мисли за мене и колку на мене е горд ... и иако сум да речам возрасна девојка пред спиење јас секогаш го бацувам и гушкам за добра ноќ и не се срамам да признаам ... кога ке дојдам од факултет исто така ... татина маза сум си и што не дозволува мама одма се оди кај тато ... и уживам во тоа иако не го користам на лош начин тоа ... би направила се за него Спојлер Би направила се за да може да биде пак здрав би си го дала мојот живот ако треба но за жал нема решение ... и за секој друг член од моето семејство . мислам дека целосно заслужил еден ваков пост од мене иако нема да го прочита заборавив ... И како помала иако имам брат јас со тато киснев на стадион навивав гледав утакмици ... одев со него по кафани на вечери...кога работеше на терен и тогаш некогаш си одев со него... одев со него и на работа ...од тогаш сум била татино мезимче ... ми фалат тие денови ... мислам дека целосно заслужил еден ваков пост од мене иако нема да го прочита
Блазе тебе што имаш таков татко,ептен ми е мило кога ке видам родител што има другарски однос со своето дете,.што за жал кај мене го немат ни од страна на мајка ми ни од страна на татко ми, ама ке преживеам до сега така туркав и натака така ке бидит тие ке ме барет не јас нив,ама дал ке сум тука,тоа ке видиме
^^^ Лавли ... твоите односи со родителите ке се средат ... не се секирај секој на 16 години така мисли .. ке видиш дека се ке биде добро.
Додека ги читав постовите можам да кажам дека на многу од вас ви завидувам за вашиот однос со таткото.Јас со мојот татко никогаш не успеав да воспоставам добар однос,мислам поголем дел од времето сме неутрални,никогаш комуникацијата не ни е била на некое вискоко ниво.Многупати така размислуам и се прашувам дали е тоа така од мене,од мојот специфичен карактер или пак од неговата премногу конзервативна визија за се.Не е лош татко,фала му на бога никогаш не ме физички малтретирал но може да биде далеку подобар но никогаш не се е потрудил.Како што кажав тој повеќе има неутрален став,мајка ми е таа која трче за се.Тој никогаш не пројавил некоја заинтересираност за тоа како ми е мене,како се чустувам,дали ми е потребен разговор.Се сеќавам дека додека учев ниту еднаш не отиде на родителски состанок,секогаш ја праќаше мајка ми а ако таа беше на работа и неможеше да оди тогаш немаше никој.Знам дека еднаш се превркнав од плачење и молење да отиде а тој не,воопшто мува не го лази,како што се вели.А ме нервира тоа што од друга страна пак кога разговара со некои луѓе знае да се фали,почнува еве мојата ќерка заврши со факултетот,таа е добра ученичка,знае да даде коментар и за мојата врска со дечко ми, а лично на мене никогаш не ми е кажал нешто такво.Потребно ми е тоа да го слушнам од него,барем еднаш да го почуствувам како близок,барем еднаш да ми внесе позитивна енергија.Верувајте дека е многу значајна подршката од родителите и од двајцата,искрено немам некој посебно близок однос и со мајка ми каков што би поскаувала но е далеку подобар од овој со татко ми.
Татко ми има многу добра душа...Поимот татко секогаш ме асоцирал на построгиот,полошиот,оној што те учи на дисциплина,авторитет,глава на семејството,понекогаш и дигнат затоа што е најголем,најглавен... Татко ми не е ваков...Не избувнува никогаш! Има толку добра душа,однесување,манири и понекогаш помислувам дека поблиска сум со него отколку со мајка ми.Има разбирање,ми дозволува да се искажам,обожавам да му се доверам за некои работи,да му побарам совет,да го гушнам онака без причина... Односот што го имам со тато посакувам и сите вие да го имате...Секогаш си велам дека тато не е обичен татко...Секогаш е насмеан,полн е со шеги,идеи,импровизира и секој ден ми го прави необичен со некои работи кои ги смислува.Знае да направи од нешто мало и обично нешто големо и убаво...Има моменти со него кои ми се незаборавни...Играв како луда со малите деца на макарена,а тој ни покажуваше како да играме,плачев од среќа на последната свадба каде што бев,а тој читаше говор,се смеам секојдневно бидејќи е до мене и можам да го гледам.Тоа е мојот татко,а јас неговата омилена цитирам "прва среќа" ... И сега знам да одам и да му влезам под ќебето па да го гушнам и да се бориме како уште да имам две-три години Го сакам најмногу ...
Немам никаков однос со татко ми, онака чисто службено едвај два збора ќе скрстиме. Како помала ме малтретираше психички и мене и мајка ми, па и неретко се случуваше рака да крени на нас. Дури и брат ми има вечен страв од него. Така да јас целосно се дистанцирав и воопшто не разговарам со тој човек ниту пак ми треба. Дома сум како кираџија, седам во мојата соба и не одам во дневната никогаш, па посебно кога тој е тука. Не ни ми треба тој човек ниту пак ми фали. Се што сум добила во животот сум добила од мојата мајка и љубов и поддршка и можам да кажам дека ја имам најдобрата мајка на светот.
Татина маза сум повеќе за материјалните работи(пари,облека,патувања итн итн) ,а со мама сум најдобра другарка ама не велам дека и тато не си го сакам ее колку ми има помогнато во животот
во многу нешта сум на татко ми тврдоглава, инаетлива,ке се трудам да докажам некому па макар и да не е точно. Најмногу му се чудам како ме трпи кога нешто ми збори. Не го гледам, се правам не заинтересирана (иако сепак внимателно слушам ), правам фаци како демек тоа е небитно. Поставувам 54354 нелогични прашања, повекето и немат врска со темата, ама тој пак наоѓа одговор и колку толку многу невозможни работи ми станаа јасни. Му се восхитувам. Не учел во основно и средно. Двојки, тројки, четворки. Факлутетот едвај го поминал. Ама знае дупло повеќе од мама која што си ја тупела главата учејки. Тој е и електричен мајстор дома , го чисти компјутерот од вируси дури и кога и нема спас и кога воопшто неможе да се подигне, самиот си ја поправа колата и сл... не дека не му се дават пари, туку тоа го интересира. Ке си земе целата книгичка од колата ке ја проучи, ке ги разглоби сите стари неупотребливи електроники. Ке се мачи , ке ги поправи и пак на таванот ке ги стави. Ама наредниот пат кога нешто ке се расипе одма знае што му е. Сакам да знам, се што тој знае. Ама па многу ја подржува мама кога ми вика Не разговарам многу за мене со него. Најчесто за друштво и никако не сфаќа како сега има дволични и недругарки. Мисли си замислувам и дека уште сме мали.