хехе како што обожава да ни рече мајка ми, ИСТИ СТЕ.. или ОРТАЦИ Многу често се караме, за совети е секогаш тука, знае да ме искара, сепак тато е НАЈДОБАР татко а јас сум татино злато http://www.youtube.com/watch?v=_D1QDfyIgLU
го обожавам мојот однос со татко ми.стварно е пријателски,имам човек кој ми е татко а во исто време и другар и моја најголема потпора и заштита.секогаш бил повлечен а ги знаел сите работи за мене.ми се случува да разговарам со него отворено за секоја тема па дури и за најинтимните.да ми купува Спојлер влошки и слични работи,другар во секоја смисла на зборот,за зафрканции без лутење е секогаш тука.иако мајка ми вика дека цела сум на него и дека него повеќе го сакам-не е така.едно време беше болен и затоа притресена сум повеќе кон него,но неможам да го замислам животот без него. никогаш не ме удрил или искарал за нешто но не ме ни разгалил.секогаш бил на моја страна и моето мислење го прифаќа како на негово ниво,и затоа можам од детски до возрасни дебати да дебатирам со него.премногу работи за да не издржува со сестра ми и затоа го жалам но иако му е тешка работата,цела нервоза во себе си ја чува а во последно време и ми се искажува.го обожавааааам татко ми. Спојлер ќе ми биде еден ден криво кога ќе треба да се збогувам од него на цреша се од корен корнеше
Тато е најдобар татко,а јас сум татино злато, не може мене за ништо, да ми се налути тато! Кратко и јасно, имам најдобар татко на светот!!! И можам да раговарам со него за се што сакам, можам да му барам да ми купи се што сакам - бидејќи нема срце да ме одбие А најинтересно од се ми е тоа што и малку да му се налутам веднаш прави се за да не му се лутам- како некое мало кученце Но и јас сум таква, најмногу ме боли ако тато ми се налути Едноставно кажано, го обожавам!
За мојот татко неможам да кажам лоши зборови, но сепак не сум баш задоволна од неговиот однос кон мене.Никогаш во животот не памтам да се заинтересира за мојот личен живот:како си го поминав денот,како сум, ми треба ли нешто.Сепак би сакала да сме многу поблиски одколку што сме.Но од друга страна па никогаш не ми преговарал за ниедна моја одлука во животот туку ме подржува во се.И тоа е добра особина, нели?
искрено,не сум задоволна од односот на татко ми кон мене.секогаш има замерки како сум направила нешто,секогаш ме споредувал со другите како се тие културни и вредни деца ,а ја сум само едно мрзливо дете.секогаш се обидував да бидам најдобра во се што правев,залудно.не добив ниедна пофалба.секогаш кај мене нешто му пречи,секогаш вика без потреба..веќе не се ни обидувам да ја 'спасам' овој однос татко-ќерка..
Мојот татко - мојата најголема поддршка. Мојот татко е склоп на сериозност и смеа,строгост и благост,горделивост и самоконтрола Мојот татко е најдобриот советник - со кој зборувам за секој проблем ( било мој или туѓ ). Мојот татко - мојот идол! Го сакам и почитувам !
Татко ми е прекрасен човек ... Никогаш не ми се развикал, а камоли да ме удри ... Сите грешки што сум ги правела се обидувал да ги поправи само со разговор, со разбирање, без малтретирање и присилување да го правам она што не го сакам.Секогаш сум имала слобода да го правам она што јас го сакам, да излегувам каде сакам и да си купам што сакам, но, секако, јас сама си ги знам границите.Свесна сум што треба да правам,а што не, па затоа татко ми има огромна доверба во мене. Инаку, со него не сум блиска колку со мајка ми, некако ми е незгодно да зборувам за моите лични проблеми со него,меѓутоа за се друго, тој е тука за мене секогаш и вечно ќе му бидам благодарна и горда на него ! Те сакам тато !!!
Јас не сум сфаќала колку го сакам татко ми(исто како мајка ми), се додека не се одделив од нив. Сум плачела, ако ми верувате, од што ми недостигале. Татко ми, се може да поправи, се што не е во ред може да среди. Едноставно го обожавам. Он е мојот херој
И моите родители беа разведени 20 год . ( во брак беа само 7 години колку да не создадат мене и брат ми) но татко ми никогаш не не напушти , не се ни прежени .Секогаш беше тука за нас ,а со мајка ми останаа пријатели и заедно ми славеа матура , па ме школуваа ,заедно одлучуваа за многу работи и за нас децата тоа беше многу здрав однос бидејќи не се караа ,искрено како луѓе јас не би ги споила , но ете тие си се вљубиле еден во друг ,како татко за него имам прекрасни зборови и се уште не можам да ја прежалам неговата прерана смрт и секогаш плачам кога ќе помислам на него , а го нема 6 годнини . Не можам да сфатам како другите татковци имаат студен однос со ќерките , јас за мојот однос имам само љубов и разбирање и можев се да му кажам и знаев дека тоа нема да ми го префрли или да ме издаде , но и јас секогаш бев тука за него , што и да му треба му се наоѓав . Можеби беше лош сопру (тоа е друга тема ) но како родител беше одличен воспитувач и цврста потпора .Жал ми е што не ја дочека мојата дипломска и што не беше на нашата свадба , но животот е чудна мистерија , дај боже и јас да бидам добар родител како него ,
со татко ми имам супер однос, но може да биде и многу подобар од што е. за совет ретко го прашувам почесто тоа со мајка ми, би сакала многу да го подобрам но за жал не знам баш како но сепак сум благодарна за тоа што е таков како што е бидејќи познавам девојчиња кои навистина немаат однос со нивните татковци па дури и некои од моите другарки поскауваат нивните татковци да умрат што за мене е нешто неверојатно глупаво, каков е таков е ипак ти е татко!
Еххх татооо.. Мојот човек! Незнам зашо, али толку го сакам човеков, што мислам дека не постои подобар татко на светов.. Секогаш е тука за мене, ме разбира, ми дава совети и се најдобро.. Никогаш ми нема кренато рака, за карање, да, ама секогаш тоа било за мое добро..
Мојот татко ми беше пример за се во животот, ми има поставувано многу граници, казни за непочитубање на договори, на пр. за излегување, но сето тоа ми помогна да стана добра личност.Значи ме подржувал во некои одлуки, ми давал совети и ме насочувал, учел со мене англ. , математика дури по ОТП ми помагаше(овој предмет го знаат малку постарите генерации). Ми даваше месечен џепарлак и ме научи како да го распоредувам финансиите, така што и денеска во моето семејство јас ги водам финансиите.Дури му имам кажувано и за дечковци,во смисла со кого излегувам и ако имам некој проблем со дечкото сум му кажувала. Денеска се уште сме блиски, понекогаш одам само со ќерка ми кај моите намерно за да поразговарам се татко ми за бракот, проблеми што имам, сум му кажала некои караници со свекрва ми, золва ми, сопругот и сум добила совет како да се однесувам.Мојот тако е прекрасен родител, му благодарам за се.
КАМО СИТЕ ДА ИМАВТЕ ТАТКО КО МОЈОТ.... ВЕРВАЈТЕ ОД КО СУМ РОДЕНА РАКА НЕМА КРЕНАТО НА МЕНЕ, МУ ГИ КАЖУВАМ СИТЕ ПРОБЛЕМИ МЕ РАЗБИРА ЗА СЕ, МЕ КРИЈА ОД МАЈКАМИ ЗА НЕКОИ РАБОТИ, МИ ГИ ДАВА НАЈДОБРИТЕ СОВЕТИ И МЕ САКА НАЈМНОГУУУУУУУУУУУУ ............. ЈАС СИ ГО САКАМ МНОГУ МНОГУ И НЕЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛА ВО ЖИВОТО АКО НЕКОГАШ МУ СЕ СЛУЧИ НЕШТО (СКРАЈА ДА Е)
Се гордеам со мојот татко.Тој е мој идол.Строг,но секогаш во право и за мое добро.Како што растам се повеќе се зближуваме.Многу работи имам споделено со него,дури и од темата љубов.Секогаш е тука за совет и помош.Никогаш не кренал рака на мене,но за мене да(една случка со манијак кога бев мала).Сега е надвор од Македонија,во странство работи и многу ми фали.Секој ден се слушаме,но зезанциите низ дома ми фалат.Едвај чекам да дојде лето да бидеме заедно.Благодарна сум што во животот ми покажа многу,како е да се има и да се нема,да бидеш горе и доле.Ми даде пример за чесен човек!
па односот со тато ми е ОК.. го сакам, го почитувам, никогаш ме нема удрено ни мене ни брат ми, ми нема забрането нешто, гледа да ми удоволи, не е воопшто строг.. но не знам не е баш оној однос, јас барем сум многу оддалечена од него, никогаш не сум ни била привирзана.. секогаш кога ми треба нешто, пари, совет, подршка секогаш сум ја барала мама..
односот ни е никаде,исто како да немам татко,комунициране само онака како си,каде ке идеш и тоа.Не го интересира ни дали ми требат пари ни дали имам проблем,ако не е мајка ми незнам што ке правам.
На човек и да не сака, ќе му омекне срцево читајќи ве тука. Морам да кажам дека многу работи се менуваат со текот на времето во односот татко - ќерка. Сепак познато е дека татковците се посебно поврзани и чуствителни кога се работи за нивните ќерки. Јас тоа го воочив за жал подоцна. Татко ми беше тврдоглав црвст заштитник, кој сепак знаеше и последната капка љубов да и ја даде несебично на својата ќерка. Го гледав во некои ситуации и му го надбљудував изразот на лицето кога ќе ме видеше во некаква опасност - тоа што јуначко срце не сакаше да покаже, очите го издаваа. Поглед преполн со грижа и со неизвесност. Тој беше најчесниот човек кој сум го познавала, најголемиот боем, најголемиот гурман, и најпаметниот човек кој некогаш ми заличуваше на Вујаклија. Полиглот кој знае да се снајде во секоја ситуација. Комуникативен и дружељубив. Одговорен сопруг и уште поодговорен татко. Горд татко на горда ќерка која е пресреќна што го имала. Неизмерно ми е жал што ми го зема онаа гнасна болест толку рано. Ама знам која сум и што сум благодарение на него. И сега кога ќе ме завлече патот на некои стари, познати местенца каде што знаеше да ме фати за раче и со часови да ми кажува како било во негово време, како изгледал градот и што се правело, знам да се насмевнам со замаглени очи од солзи и да му намигнам, бидејќи верувам дека ме чуствува и дека тие патишта ги гази заедно со мене
Како помала бев многу побврзана со татко ми отколку со мајка ми, но откако се разведоа и тој замина ми остана мајка ми..... со татко ми се слушаме многу ретко многу е строг ко ќе се јави незнае да каже нешто убаво само вика и урла ... ептен е лош