Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос татко - ќерка

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 7 мај 2010.

  1. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Исто како јас да сум го пишувала ова!

    Тој е тип на човек кој секогаш сака смирено да ги реши работите, повеќе страв имам од мајка ми отколку од него.
    Немам некој кој знае каков однос со него од причина што ретко го гледам-работа. Работи во странство и си доаѓа дома на двата месеци по две недели. Во секој случај можеме да зборуваме за секакви теми (тој е тип на човек кој може да разговара на скоро секаква тема, освен за дечковци, некои женски работи за кои не сакам и јас да зборувам) но проблемот додека да седнеме, па да пронајдеме нешто да зборуваме.. Имам приметено два пати беше дома на подолг период и комуникацијата ни се подобруваше, сигурна сум дека доколку беше почесто дома ќе имавме супер однос.
    I love you dad :l:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Татко ми - ако воопшто заслужува да го наречам така - ми направил повеќе проблеми и трауми во животот неголи што ми помогнал... разведени се со мајка ми, од мои 2-3 години,... не се ни сеќавам како се однесувал со мене во тоа време, можеби и подобро....

    Кога бев помала, во градинка уште... се случувало да дојде и да ме земе без прашање, ниту пак да каже на некого дека ме зел... и ме носеше некаде, не знам... кај некои чудаци и фрикови... па на пазар :^) и на крај ме однесе кај него дома - баба ми и дедо ми -неговите родители- полуделе од грижи, полиција чекаше пред врата, мајка ми доле пред зградата со дедо ми -татко и-... хаос... се сеќавам дека мајка ми беше ужасно бесна од односот во градинката,.. како дозволиле да ме земе... а јас цела испоплашена само си стоев и си гледав...

    Кога мајка ми се премажи, се закануваше дека со крв ќе му плател новиот маж на мајка ми... бог да чува и да брани... мама веќе 10 години е во брак со Х ( го викам на име ), и слободно можам да кажам дека Х сторил многу повеќе во животот за мене отколку татко ми...

    Подоцна, се прежени... и се разведе и со втората жена.... знам дека има и дете,... ама каде е појма немам... кога се прежени, идеше нонстоп кај мене на школо... ама учителката тогаш знаеше каква е сторијата, и му дозволуваше само на кратко да ме види...

    Единствен заклучок кој го имам за него - од тоа што го имам слушано од роднини - е дека нешто пукнало во него, дека бил супер дечко, имал многу пријатели... сега е потполно сам, со никого не комуницира... изолиран...

    Заради наследство, го претепал татко му -болен од рак- сега човекот живее настрана со ќерката.... страшно... се ужаснав, зарем такво чудовиште ми е мене татко... не сакам да го видам, но заради мир... правам лице пред него дека се е океј, се слушам еднаш на 2-3 месеца и некогаш ќе дојде на школо да ме види... ќе ми даде по 200-300 денари - како мене да ми требаат пари ОД НЕГО, во животот не ме прашал дали имам што да облечам, што да јадам и пари за трошење - и тоа е се...

    Од него, мислам дека имам потиснато толку многу негативни емоции во мене,... што некој ден ќе пукнам... чувствувам некој притисок да се однесувам фино со него, а што се однесува до мене не сакам да постои во мојот живот... наместо да биде голема поддршка и горд на мене и на тоа што го постигнувам, само е сумњичав и старомоден и закоравен...

    Уф, морав да го напишам некаде ова, ми дојдоа солзи на очите... идиот... засекогаш има оставено рана во мене...
     
  3. pa.ki

    pa.ki Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Татко ми си го сакам најмногу на свет,дури понекогаш се чудам како ме трпи кога сум станата на лева нога а тоа често ми се случува посебно последнава година бидејќи сум без работа.Отсекогаш сме имале супер однос,знаеше да биде и построг кога бев во оние луди годинчиња(фала му на тоа) иако и сега знае да ми каже „како веќе еднаш не излезе од тој пубертет„.Секогаш ме поддржувал во моите одлуки, иако ќе си го кажеше своето мислење оставаше на мене да одлучам.
    Секогаш ме бранел дома и мене и брат ми кога ќе направевме некоја мала глупост мајка ми во такви моменти ќе почнеше да црцори нешто и да подвикува а тој само ќе речи „остај ги деца се,убаво е да видат се во животот,дури не се мажени,женети се му доликува„(иако и јас и брат ми си ги знаевме границите и никогаш не ги посрамотивме).
    Многу често го нарекувам на име или му измислувам некој прекар и нон стоп се смее на тоа,а кога ми треба нешто тогаш му викам татичко и кога повеќе време го нарекувам така ми вели кажи веќе еднаш што сакаш не врти одоколу .Двајцата си ги знаеме нашите слаби точки и можеме да се изнервираме еден со друг за 20 секунди и после во следните 20 да се смириме и на крајо заедно да се смееме.
    Можеме да разговараме на секоја тема и ме нервира некогаш тоа што на секое мое прашање има одговор не мора да е точно но ќе се снајде некако ќе тресни некоја глупост и ќе одговори.Во текот на денот барем еднаш мора да пијаме кафе заедно со цигарче и мајка ми и брат ми викаат за димните завеси,а кога се возиме со колата само јас и тој тоа е скечови после цела недела се смееме за глупостите.
    Најмногу ме нервира насабајле ако ме задева кога ќе станам затоа што дури не го испијам кафето сум за нигде никаде,а тој го знае тоа и само ми зборува или прашува и во такви моменти знам и да му окарам,мајка ми црцори срамота вака така и тој пак ќе ме одбрани вели поубо да кара него да колни.
    Омилен е и кај цело мое друштво,кога и да дојдат нонстоп викаат оди викни го и татко ти да ни го разубави денот.Визбата и гаражата му се тотален хаос и згора на се не остава никој да средува таму човек можи и да се обеси на пајажина,ама тој така си сакал и јас еднаш му велам „леле овде се има само едно не со три букви„ почна да се смее,мајка ми си вика а јас велам „ред нема ред„.
    Има уште многу многу да се пишува за мојот татичко кој многу си го сакам со сите негови мани и доблести но доста е сега за сега.
     
  4. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    и јас таткоми си го сакам многу т.е го сакам двајцата со најками најмогу на свет.Тој ми е најголем другар секогаш пред за преземам некој чекор во животот него го прасувам и за децковци и за се. Искрено како со ми е мајками така и таткоми.
     
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Никој нема подобар татко од мојот! Па сега пукнете сите од завист :P
    Не постојат зборови со кои заслужено можам да го опишам својот татко.
    Тој е нешто посебно, навистина не е како сите останати татковци.
    За мене е нешто свето и завзема посебно место во моето срце.
    Тој е моето непроценливо богатство и навистина сум пресреќна што го имам токму него за СВОЈ татко.
    Секогаш бил и ќе биде авторитет во семејството, но не го стекнал авторитетот со својата строгост туку со својата пријателска наклонетост кон нас (неговите две ќерки).
    Тој е моја гордост, a ако ги пишувам сите причини поради кои сум горда на него никој нема да го дочита моето мислење. :)
    Неговиот живот се состои од два дела едниот се вика А другиот К :)
    Тој целиот свој живот до сега а и од сега ни го посветува нам. Ми ја има дадено најискрената и безрезервна љубов на овој свет. Никој како него никогаш нема да може да ме сака.
    Него никогаш нема да го разочарам! Правам се за да го усреќам и секогаш се прашувам дали е доволно?!
    На овој човек можам секогаш да се ослонам, нему можам секогаш и за се да му се доверам.
    Тој ме направи човек и нему му должам се`!
    Не постојат зборови со кои можам да опишам колку го сакам својот татко и колку тој ми значи!
     
    На karak и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    татко ми во суштина е многу добар човек(иако понекогаш знае да каже нешто што не треба)
    и помалку да се дружи со неговото омилено пријателче(што на сите дома ни пречи и нервира)
    секогаш помага по дома, се грижи за нас(и за мене и за брат ми) секако и за мајка ми
    и на него можам да му ги кажам сите тајни :$ оти знам дека ме слуша и ме разбира :)
     
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Бидејќи сум единица во семејство , и со мама и со тато сум преблиска.
    Дома не важат правилата родител - дете , сите тројца сме другари .
    Кога започнува кавга , не е меѓу двајца туку меѓу сите тројца.
    Инаку од астролошки аспект јас и татко ми сме лоша комбинација (тој е близнак,јас девица) , но во пракса и не е така страшно.
    Обично се караме за ситиници , за храна , за музика , за кој да го земе лап-топот , кој да го нахрани кучето и такви глупости.
    Но , кога се караме и се спротиставуваме е тогаш ечи цела маала. Двајцата сме брзи на уста и многу гласни.
    Но кавгата завршува после пола саат. Најсило саат.
    Најголем критичар , но и најголема поддршка.
    Најрационалната личност која ја познавам. Било за школо,за дечко,за политика ..буквално во секое поле од животов.
    E и да , најмногу се лутам кога прави шеги на моја сметка !!
     
  8. elena1347

    elena1347 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    однос татко-керка... со полно срце пишувам сега :) не само сто мислам дека го имам најдобриот татко, го имам и најдобриот другар :D и тоа прв во се што ми се случува :) значи, ги знае скоро сите мои тајни, секако кога се тајните во прашање тука е и мојата најдобра другарка-мајка ми :) но да се навратам на татко ми, сите најдобри љубовни совет и било какви други совети, најдобриот критичар кога е во прашање модата, најдобриот шопинк партнер... смешно е ова, но кога идам на шопинк си идам со него, јас првобувам во гардероба, а тој ми бара работи кои ми требаат, и верувајте сите до последно парче се во мој стил :) идеме заедно на кафе и знаеме да муабетиме со часови, а мајка ми во нејзин стил знае да каже, ејј ве знам јас вас татина керка :D татина галеница :D незнам на оваа тема можам искрено само да се гордеам кога зборувам :)
    и сакам само да ви кажам на сите што не сте биски со татковците или пак мислите дека не ви се добри родители, не се татковци како сто посакувате.... само едно ке кажам нема родител, нема таков татко, мајка што не му мислта најдобро на своето дете, само сватете го тоа како разлика во карактерите... ако некој може да ви биде најдобар другар тоа се насите радители.
     
  9. elena1347

    elena1347 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    ова се тешки зборови... да мразиш некого е тежок збор, никој на светов не заслузува да го мразиш. со тоа сто ке го мразиш нема да се исполниш, само ке си ја разипуваш убавата душа :) сакај ги луѓето безразлика на тоа кој се и колку ти згрешиле..
     
  10. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Сигурна си? :^)
    Па јас сум сигурна дека ни самата ти не го мислиш ова што си го напишала! :D

    Девојката која чувствува омраза кон сопствениот татко сигурно има добра причина за тоа, а богами и не и е лесно!

    Еве да кажеме (не дај боже) татко ти под дејство на алкохол да те тепа секој ден, ти и тогаш ќе го сакаш?
    Јас мислам дека нема! ;)
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Секогаш е еден чекор пред мене за да ми го отвори патот, еден чекор зад мене за да се потпрам на него и секогаш покрај мене за да желбите ми ги претвори во реалност.
    Мојот татко е мојот тотем.
    Го сакам најмногу на цел свет...и секогаш имам чувство дека и тоа е малку :l:
     
    На Hopeful и mime87 им се допаѓа ова.
  12. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    и мојов татко е мн добар се што сум посакала тој ми исполнил никоогаш не ми правел проблеми за ништо си го сакам
     
  13. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Татко ми е мудрец,трпелив,прекрасен....Имаме супер однос и супер се разбираме
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Со татко ми имам супер однос, иако ретко го гледам поради неговата работа, често патува.Со него споделувам многу работи и тој е секогаш тука кога ми треба совет, подршка, љубов.Мило ми е што имам ваков татко и мило ми е кога го поминувам времето со него :)
     
  15. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Ме пецка темата...боли. Го изгубив татко ми кога бев 12 години :( и до ден денес ужасно ми недостига. Беше буквално Бог во моите очи. Тој беше оној кој ми ја исполнуваше секоја желба, бевме тим. Ме разгалуваше на секој можен начин, се сеќавам кога сакав нешто скришно од мајка ми него му се обраќав. Ќе се насмевнеше и ќе речеше: не се секирај, ти тато гледај го, остај ја мајка ти шо си кажва...Ги обожавав деновите кога ме земаше со него на работа, станував специјално во 6 сатот сабајле за да се спремам, нестрпливо чекав да го поминам цел ден со него. Обожаваше да ме шета секаде, посебно кога беше изнервиран, обавезно ќе ми речеше: ај тато облечи се ќе одиме да шетниме. Ме сакаше премногу, онака чисто, безусловно. Бидејќи работеше во угостителска установа, кога сум била многу мала 2-3 години ми кажуваше мајка ми дека знаел да се напие, се до некој ден кога си дошол поднапиен и сум го видела. Сум почнала да плачам дека не го сакам таков. Ме гушнал и рекол дека никогаш во животот повеќе нема да проба алкохол. Не го памтам јас ова, ама памтам дека татко ми никогаш не пиеше алкохол, воопшто. Знаеше да ме подучи кога грешев, но никогаш не ме осудуваше. Иако бев мала, секогаш го поштоваше моето мислење и се однесуваше кон мене како со возрасен. Му се лутеше на мајка ми кога ќе ми речеше: мала си ти не разбираш, и велеше ако е мала не значи дека не гледа што се случува. Ми фали премногу секој ден. Ми фали тоа што никогаш не дознав како ќе реагирал на моите први излегувања, на моите први дечковци, криво што не ме виде како растам. Ми недостига времето со него, ми тој погледот што буквално вриштеше без зборови колку ме сака и се гордее со мене. Колку и да имаше работа секогаш беше присутен на секоја безвезна претстава во која учествував, секогаш и за било што имаше време за мене.
    Го изгубив ненадејно, неочекувано. Тоа е животот. Но секогаш бил и ќе остане најголем во моите очи. И знам дека ако денес беше жив, дека ќе бев нештото со кое се гордее најмногу во неговиот живот. И самата помисла дека е така, ќе ме правеше среќна.
     
    На Lolo5, Smilly, lolyta777 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ме расплака. Се што можам сега да ти кажам е тоа дека спомените никој нема да ти ги украде. Велат дека луѓето живеат се додека ги паметиме зборуваме за нив, ги сакаме. Тој живее во твојата душа. Колку и да звучи апсурдно, Златушко - јас денес го запознав твојот татко. Дели ги сеќавањата секогаш така како што тоа го направи денес.
     
    На Smilly, Hopeful, Zlatusko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Јас нажалост имам многу лош однос! Никогас не зборувам со татко ми, секогас сме лути еден на друг, а кога ќе се деси да прозборуваме.....тогас тоа мора да е тешка караница. Во текот на кавгите паѓаат многу тешки зборови но од негова страна и зборови кои никакко не му личат на еден татко да ги каже! Попуштена сум со живците ради него, а млада сум! Никако да се подобро тоа.. Секако и покрај гооооооолемите грешки што ги направил према мене и мајка ми сите викаат ок е татко ти е....ама неможам преку тоа! Заради него јас во никого повеќе немам поверење! :worried:
     
  18. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Што да кажам ???со мојот татко сме веќе подолго време во лоши односи ,не комуницираме туку се расправаме има проблеми со алкохолот и други проблеми со здравјето иако не признава ,никогаш не е задоволен од тоа јас како се однесувам со него ,се нешто ми префрлува јас веќе се навикнав на оваа ситуација и искрено не знам што би ми било спас од куќава освен да се отселам(ама тоа е невозможно затоа што не работам иако аплицирав на некои работни места не ме примија и не верувам дека и да добиев работа не верувам дека би ми биле доволни 7000денари иако би биле доволни да не рече дека на негов терет сум )мајка ми завзема неутрелен став гледа да смири расправиии иако понекогаш повеќе го брани него одошто мене ама тоа е таков е животот неко му мајка некому маќеа
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    немам никаков однос еднаш кажав дека нашиот однос порано беше мн.добар но неговата пропаст ме донесе и мене до пропаст сега секогаш ме обвинва мене за све никогаш не ме подржа во ништо не ми помогна кога ги имав најтешките проблеми за него само се битни парите и ништо друго немам никаков однос мислам дури дека го мразам
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Цела с енаежив и расплакав...се пронајдов и јас иако тато малку покасно го изгубив на 22 год,и да ,боли сеуште боли и ќе боли,особено за таков човек каков сме имале среќа да ни биде татко ;(
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.