Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос татко - ќерка

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 7 мај 2010.

  1. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Имам одличен однос со мојот татко,со оглед на тоа што е бивш спортист,а јас тренирам ракомет,се гордее со мене,се радува на моите успеси,секогаш ми угодува,не сум размазена ама ич,но се што ќе посакам-на! :D
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    сооглед на тоа дека имаме исти карактери .......можам да кажам дека имаме одличен однос
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Немам некој однос, кога како мала му сметаше што се смеевме со сестра ми, ми го одзема детството со наредби и забрани, не ми бил подршка а секогаш барал резултати, кога ми беше најтешко и молев за да ми помогне да си ја вратам ќерка ми, ми заврте грб. Боли многу што не сум почуствувала љубов и не ми подал рака кога највеќе ми требал. Комуницирам со него највеќе поради мајка ми, инаку би го избришала.
     
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    си имам татко, поцврст од карпа, кој за мене го понесол и најтешкиот товар и ги одвраќал и најсуровите удари на животот. Е баш ваков татко си имам :) најголема поддршка во мојот живот и безусловна љубов, горд на својата ќерка која неизмерно го сака.
     
  5. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    Јас можам само да се сеќавам на својот татко ;( но сепак ќе кажам дека беше најдобриот татко на цел свет и дека ми недостига најмногу ;( Но сепак од друга страна сум среќна што мојот сопруг е исто така прекрасен татко и нашите ќерки растат во среќно семејство :*
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Тато е зен човек. Не зборува многу, но со очите кажува се’. Секогаш бил на моја страна и ме бранел кога мајка ми ќе ме искараше како помала :D
    Никогаш, значи никогаш не кренал ни глас на мене, туку ми објаснувал смирено и стабилно.
    Понекогаш ми смета таа негова тишина, но го сфаќам комплетно, зашто и самата сум таква. Од него ја имам наследено таа повлеченост и навика да бидам мирен набљудувач на нештата.
    Во последно време го гледам дека страда, му читам во очите, и се јадам од мака што не можам да му помогнам. Тешката физичка работа го изеде и предвреме го остаре. :worried:
    Тато :hug:
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Го немаме оној татко - ќерка однос како на филмовите.
    Знае да ме насмее до солзи, тоа го прави секој ден и не паметам да ме искарал или да ми пререкол за нешто. Ако посакам нешто, го добивам, прво демек ќе мрчи и ќе се зеза како го трошам или слично, но на крај пак ми попушта. Секогаш се се сведува на шала.
    Јас ја носам неговата жичка од фамилијата, па си се дружиме по дома поради тоа. :D Не сум разговарала со него за некои сериозни тематики од причина што не е човек за таков разговор.
    Повторува се едни исти работи, јас едно зборувам он друго слуша и заклучив подобро е таквите разговори со мајка ми да ги водам. Постојано ми бега од тема и тоа многу ме нервира. :D

    За љубовни, приватни проблеми...знае отприлика.
    Да речеме ако имам дечко знае само дека има некој во мојот живот, и тоа не го дознал од мене туку од мајка ми. Јас не сум нашла момент да му кажам, бидејќи од односнот кој го имаме поставено, да не навлегува толку во моите приватни работи не дошло кога да кажам. Мајка ми за разлика од него знае повеќе од што знаат и моите другарки, со него плус ми е и непријатно да зборувам за дечко. Јас сум помалата ќерка, мене ме гледаат се уште како малата принцеза и ми велат дека уште мирисам на млекце, и потешко би се одделиле од мене како што велат. Сестра ми кога ќе се венча јас ќе останам дома да ме мазат, кога ќе отидам јас ќе бидат скроз сами. Со мене покрај сестра ми, јас останувам резервно дете. :D :)
     
  8. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    Татко ми е најдобриот човек на планетава за мене :) Секогаш е тука да ми помогне и да ме разбере. Најмногу од се кај него ценам што е искрен. Многу добар сопруг и татко :)
     
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    ако некој на овој свет знае најдобро да ме разбере и поддржи и насмее и да ми дај совет , тоа е татко ми, шо си го скам најмногу.
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    можам слободно да кажам дека е најдобриот човек во светот :)
    пример-на матурска му реков-тато, немој да ме земеш, некаде друго ке одиме-демек на журка :lol:
    после многу ме болеа нозете, немаше шанси на тие штикли да одам.
    И во 3 наутро, му се јавив-тато, дојди да ме земеш, да ме однесеш на журка, и кажи и на мама да ми ги стави тие црните штикли на најлон, и побрзај те молам.
    Тој дојде, видов дека погрешните штикли ми ги донесол ! :@ :@
    Отидовме до дома, зедов другите штикли, па ме однесе на журка.
    Телефонот го заборавив дома и му реков да ме чека саат и пол, па после да ме земе, потоа ме однесе дома, јас отидов да спијам, мајка ми му направи појадок, и откако заврши со тоа, отиде на работа... :)
     
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Цела сум на тато.

    Како прво, двајцата сме големи инаетчии, па можете да замислите што се случува во куќата (поточно, во маалото) кога јас и тато ќе се потскараме. :D Тато си тера неговото, јас моето, ама на крај тој пак ќе попушти, што му останува друго.

    Тато верува во мене. Секогаш кога некаде ќе одам, само ќе ме праша дека кај ќе сум и толку. Знае со кој се дружам и ме знае како дишам ( на нашки кажано ) :D

    За симпатии и други работи не сум зборувала со тато... А, мама знае се’. Што знам, сепак мама повеќе ме разбира. :lol:

    Кога имам проблем, прво го прашувам тато, зашто е многу снаодлив и има големо животно искуство, многу работи има преживеано и онака итар е, па знае да советува.

    Знае да не’ стега и мене и брат ми. И тоа како.

    Инаку, имаме супер однос. Понекогаш знае да ми писне, ама кога е во прашање излегување, одење на роденден, од тато имам загарантирано „да“, а мајка ми малку размислува. :D
    Си го сакам татичко. :)
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    неколку пати имам пишано на темата и кога пишам пофторно одново и одново плачам
    иако имам нарушени односи со таткоми по моја вина
    таткоми е најдобриот човек на светот поштен чесен и културен човек тој ми е пример во животот за све
    тато те сакам најмногу на светот и еден ден ќе се оддолжам за тоа што те повредив многу пати го имам кажано ова но нема да се откажам и ќе го исполнам
    те молам простими те сакам
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    јас со мојот татко имам многу близок однос тој ми е пред се родител но и голем другар и брат кој го немам, ние имаме многу слични карактери и отсекогаш совршено сме се разбирале, секогаш е тука за мене и е спремен да направи било што во било кое време за мене затоа многу многу си го сакам :inlove:
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    +1.

    Кога веќе почнав да пишувам во темата Абортус или Свадба, ја читам оваа, несакав да пишам, ја заобиколував, но ајде ете, кога веќе се отворив.

    Господинот Дотичен сум го пречкртала од списокот на живите. Никогаш не сум имала поддршка од него во животов, се сум правела на своја рака и кога нешто погрешно ќе сторев - добивав казни од него. Изиграваше некој чесен човек, живееше според некои правила и прописи како оние на Алириза, а на крај самиот себе се демантираше со тоа што го стори и сета чесност поради која страдавме во животот ја фрли во неповрат.

    Секогаш си се ставаше себе на прво место, нека немаме дома што да јадеме, но господинот беше облечен во адидас, а јас и сестра ми, се радувавме на дадена облека. Некој што веќе ја износил, ни ја дава и ние се радуваме како да е купена лично од нас од којзнае кој елитен бутик. Половина и повеќе што носам се е дадено и на тоа сум се радувала и сум била благодарна. И сеуште се случува, зашто господинот си отиде од дома, и сме со само едно редовно примање и воопшто не се потрудува да помогне, иако го нема пак ни го јаде лебот, сестра ми студира а абер нема да и даде пари за факултет, она ако собере пари си купува книги, си плаќа пат и.т.н. Воопшто не е заинтересиран, не барам да е за мене заинтересиран затоа што у кажав дека од него несакам ништо во животов, дури и утре да умре сеедно би ми било, дури можеби и би се радувала, една брука помалку.

    Се смееше на луѓе што имаа швалерки, а тој направи полошо. Уште па и гордо ја шета низ град за рака, сите му се смеат. Летото ми го зема телефонот мобилен за да и го даде на неа, наводно и требал и наводно тогаш беа пријатели. Кога почнав да се сомневам дека има нешто со неа, го предупредив, зашто ме знае какво ѓубре сум кога некој ќе ми настапи каде што не треба, дека ако има нешто со неа да не се осуди да ме гледа во очи. Негираше... Кога го фативме дека има врска со друга, беше накурчен ко демек, што имате да ми чепкате по приватноста, затоа што му ги прочитавме пораките во мобилниот. После тоа плачел пред мајка ми, ја молел да не натера мене и сестра ми да му зборуваме и на крај попуштивме, се заколна на Божиќ во мене и сестра ми дека нема повеќе да оди со таа.

    Ни ја стави во грев душата за да си го испере посраниот газ. Кој родител ќе го направи тоа? Јас раскрстив со него по втор и последен пат, и го советував да оди на лекар (со извинение) да си провери што болест има на половиот орган. Збесна и замислете, сакаше да ме удри пред дечко ми, но му се заканив дека ќе го пријавам без око да ми трепне. Му кажав, дека сам ќе умре како пес, од мене нема ни внуци да види, камо ли да ги допре... Што се однесува до мене, утре да умре нема ни на погреб да му отидам свеќа да му запалам.

    Милион пати докажа дека сам себе си се сака во животот и никој друг, дека си гледа само за сопствениот газ, па така, јас немам потреба да го сакам, уште полошо - го мразам. Имам огромна омраза кон него, ми се повраќа од него, од неговиот карактер. Сакам да го дочекам денот кога ќе проси под мало мовче, а јас ќе поминам и ќе му фрлам 2 денари - затоа што толку вреди.
     
  15. rosie

    rosie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    32
    Едноставно го обожавам татко ми !
    Тој е тука да ја подржи секоја моја идеа или пак да ме предомисли ако не е во ред.
    Тој е тука да ми даде пари на страна за да не види мама :)
    Тој е тука да ме гушне секој ден кога ќе се врати од работа.
    Заедно гледаме филмчиња. Од најновите филмови, може понекад да се деси и некој тинејџерски да изгледа со мене, па се до партизансите филмови :D
    Секогаш кога иде на пат а јас не сум во школо ме зема со него.
    Минатото лето бев со татичко на море.
    Тато ме носи на лекар кога сум болна.
    Тато оди на родителска и секогаш се договараме да не и кажуваме на мама ако има нешто лошо за да не се нервира.
    Тато е секогаш на моја страна кога се карам со брат ми.
    Татко ми го обожаваат сите мои другарки, не има носено на одмор и колку пати ќе му текне и ќе не седне на ручек негде.
    Тато ги знае сите личноси со кои се дружам.
    Но има некои работи и тато што не треба да ги знае. Има за некои работи што само мама знае да ме советува. Како и да е ги сакам еднакво, но темава е за тато :)
    Тато ти си еден и незаменлив! Не знам каква личност би била да не си ти. Те сака твоето гулабче :l:
     
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.595
    Пол:
    Женски
    Offspring, ме погоди многу. Душава ми ја стресе. Отприлика знам како ти е. Дедо ми мој на мајка ми така и правеше. Многу добро се сеќавам дека татко ми и вујко ми идеа да го собираат по пруги и патишта кај што паднал пијан, враќајки се одкај некоја швалерка.
    Друго ми беше муабетот: Кога умре мајка ми плачеше. Ја болеше многу. Татко и бил сепак, така викаше. А јас не. Не осеќав никаква потреба.
    Гледам дека сме исти години, незнам што да ти кажм освен БРАВО. Браво што си издржала и што сеуште си јака. Ти завидувам на силата
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Oва многу ме погоди. Навистина ми е многу многу жал Офспринг ;( ;( ;( ;(

    Но верувам дека Господ ги става во вакви ситуации оние личности кои се доволно силни за тоа да го издржат, да го пребродат и да продолжат со крената глава. Браво за тебе и твојот цврст став :clap: :clap:

    Навистина тој, колку и да ти е татко, со неговите постапки заслужува да го избришеш и ти тоа си го направила. Ти завидувам на храброста.

    Поентата на се ова ми е дека всушност ние кои имаме татковци за пример, не ги ни почитуваме, незнаеме да ги цениме и вреднуваме нивните совети, нивната љубов, нивната посветеност. Само знаеме да се буниме ако нешто не е како што треба. Еден ваков пост буквално ме тресна од земја.

    Ти благодарам што го сподели и што барем за момент станав свесна.
     
    На Smilly, Ket.Rin, LightBlue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Фала ви девојки за поддршката :) Јас се научив да живеам со тоа, а ова што го кажав е најмалиот дел накратко. Уште што не проживеавме. Пред да си оди од кај нас, т.е. денот кога ми беше роденден направи сообраќајка, имаше невреме и се удрил во друга кола, пришто нашата т.е. неговата беше смачкана. Во тој момент кога се удрил разговарал со "саканата" :D После тоа зема оштета од преку 100 000 денари и ни денар не и даде на сестра ми. Мене не, зашто јас сум скарана со него - не ни сакав. Но барем на неа да и дадеше... После, имавме наследство со сестра ми од баба ми, неговата мајка која тој ја наговори да си ја продаде куќата каде што таа живееше и да дојде да се пресели кај нас. Баба ми ни остави мене и на сестра ми добра сума на пари, по околу 3 000 евра и рече "тие пари се за децата, за кога ќе прават свадба", но бидејќи сестра ми студира се одлучи да не прави свадба туку да оди на факултет со тие пари кои фактички требаше да бидат наши. Баба ми му рекла, да ги ставиш парите во банка и во никој случај да не фаќаш од нив - тие се за децата, бидејќи сме и единствени внуки. Он никогаш не ги ставил во банка, туку си задоволувал свои потреби со тие пари. Ни ја прокоцка иднината мене и на сестра ми, што вика она сега мртви да паднеме ќе немаат со што да не закопаат. Ги потрошил сите пари, денар не оставил, и откако ги потрошил, дознавме дека никогаш не биле ставени во банката, а ништо чудно и да и ги давал на таа неговата. Кажете ми, како да го сакам? Зашто фрлил сперма во мајка ми? Тоа можел секој друг да го направи. Тој човек, ако воопшто може да се нарече човек да сум јас некој фактор во државава има да го бесам јавно, на јаворот во Велес, сите да видат. Никогаш не ми створил желба за да напредувам во животот, туку уште толку бил виновен за моите фрустрации и за тоа што сум несигурна личност. Не верувам во себе, не верувам во своите квалитети и брзо се откажувам. Но јас зацртав цел, и ќе ја остварам - јас пак ќе бидам некој и нешто без неговата помош туку со својата сопствена воља, и ќе го дочекам тој ден, кога швалерката ќе го избрка од таму кај што живее сега со неа, а колата која му е единствен извор на пари ќе му ја земат зашто не плаќа рати. Тогаш нека се слика слободно, ќе проси под некој мост или ќе чека Велигден пред Црквата седнат и ќе моли за некој денар за да преживее.

    Ценете го тоа што го имате, незнаете што ќе ви донесе животот и памет во глава, немајте многу доверба во луѓето, зашто и сопствените родители си ги изневеруваат децата, а камоли некој друг. :)
     
  19. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Offspring жал ми е што имаш таков (не)човек за татко :( Сепак ми изгледаш како цврста девојка која е решена да се избори сама за себе. Ти се восхитувам на храброста :clap: :clap: :clap:

    Инаку јас и татко ми имаме прекрасен однос! Секогаш е тука за мене, и коа сум среќна и коа сум тажна. Знаеме и понекогаш да се спукаме, и да не ми прави муабет ден два, ама сето тоа е поради тоа што јас сум премногу инаетлива и своеглава
    Пред 1 саат влезе кај мене во соба, да види како сум. Ме глеа дека сум утепана цела, и дека пак бев потечена од плачење, и ми вика АЈДЕ СО МЕНЕ ДА ЈА ЗЕМЕМ МАЈКА ТИ ОД РАБОТА И ТЕБЕ ДА ТЕ ФАТИ ВОЗДУХ, ИЗЛЕЗИ МАЛЦЕ ОД ДОМА, НЕ Е УБАВО ДА СЕ ЗАТВОРИШ. додека идевме сеа по мајка ми во кола ми кажуваше вицеви, само за да измами барем 1 насмевка на моето лице. Вчера му плачев на рамо, ме тешеше дека не ме заслужува дечкото (бифши веќе), дека вредам многу повеќе, дека не е за мене... едноставно го обожавам. Мојот татко е мојот херој!
    Се сеќавам бев малечка и јас и брат ми. Моите во ист миг ја загубија работата(работеа во иста фабрика која одтиде под стечај). Знам дека немавме еб*н денар дома, и дека татко ми со факултет се најде на улица, буквално се нафати се да работи за да истераме крај со крај. Таа агонија траеше скоро половина година, татко ми никогаш за тие 6 месеци не ни се развика, не не искара, а не па рака да ни крене, а ни сам не знаеше колку нервози има. Му благодарам што од устата си двоел за да ми даде мене. Сега веќе 10 години има супер работно место, и сите нервози му се намалени. Успеа и на мене и на брат ми да ни овозможи да се запишеме на факултет... Тука бил секогаш за мене... не знам што би правела без мојот татко...
    :l:
     
  20. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Јас многу личам на тато и двајцата супер си се согласуваме секогаш кога ми е најтешко ако може да ми помогне ми помага и за својата керка се прави па дури и ги задоволува моите глупи желби еве јас не сум од Скопје и го терам да ме носи често тамо за да си купам гардероба и така го шетам низ целиот град цел ден :D секогаш ме чека да се вратам од излегување колку и да е саатот малку тоа ме нервира али тоа го прави од грижа и од мала секогаш тој ме носи по болници кога не ми е добро (последен пат пред излегување ми падна пломба на предниот заб и ајс почнам да квичам и навечер баравме заболекар приватен и така срекна пото си излегов :D ) и така понекогас ме нервира али сепак го сакам и засега сум задоволна од него и повеке сум поврзана со него отколку со мајками :)